фудбал

Силекс службено го доби натпреварот против Шкупи

ФФМ денеска потврди дека кратовци го добиваат натпреварот од второто коло против Шкупи со службен резултат 0-3.

„Причината за неодигрување на натпреварот е необезбедување соодветен домашен терен од страна на клубот, домаќин. Воедно, ФФМ укажува дека во изминатите денови, управата на ФК Шкупи неточно праќаше информации во „Куќа на фудбалот” за четири различни стадиони на кои наводно ќе го одигра натпреварот, со што дополнително создаде погрешна слика за состојбата.

ФФМ е должна да ги почитува пропишаните регулативи и тоа ќе го прави во целост. Се надеваме дека ФК Шкупи ќе ја надмине актуелната состојба и наскоро ќе создаде услови за нормално одвивање на натпреварите“, се вели во соопштението на ФФМ.


Павар на чекор до потпис во Саудиска Арабија

Одбранбениот фудбалер на Интер, Бенџамин Павар доби понуда од НЕОМ за започнување преговори, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.

Според Романо, саудискиот клуб ќе започне преговори со Интер доколку 29-годишниот Французин се согласи да се пресели во Саудиска Арабија.

Тековниот договор на Павар со Интер е со важност до 2028 година.

Трансфермаркт ја проценува трансферната вредност на играчот на 25 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Павар постигна еден гол и имаше една асистенција на 38 натпревари. Неговиот договор е до 30 јуни 2026 година.


Киеза не мрда нигде од Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза, по победата над Борнмут (4-2) во првото коло од Премиер лигата забележа дека не сака да го напушти клубот.

„Многу сум среќен во Ливерпул! Ќе разговарам со клубот, но сакам да останам тука и да се борам за многу трофеи“, го цитира Киеза инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.

Претходно се појави информација дека 27-годишниот Италијанец сака да се врати во Италија.


Левандовски се враќа во полската репрезентација

AL RAYYAN, QATAR – NOVEMBER 26: Robert Lewandowski of Poland celebrates after scoring their team’s second goal during the FIFA World Cup Qatar 2022 Group C match between Poland and Saudi Arabia at Education City Stadium on November 26, 2022 in Al Rayyan, Qatar. (Photo by Hector Vivas – FIFA/FIFA via Getty Images)

Роберт Левандовски се подготвува за враќање во репрезентацијата на Полска, но сè уште е неизвесно дали повторно ќе ја добие капитенската лента која му ја одзеде поранешниот селектор Михал Побиерж.

Актуелниот селектор Јан Урбан потврди дека ѕвездата на Барселона изразила голема желба повторно да заигра за националниот тим, нешто што, како што вели, сигурно ќе ги израдува навивачите. Сепак, Урбан не откри дали капитенската лента ќе му биде вратена на Левандовски или ќе остане кај актуелниот капитен Пјотр Зиелински од Интер.

Левандовски досега има 185 настапи и 85 погодоци за Полска. Во септември репрезентацијата ќе одигра два квалификациски натпревари за Светското првенство, против Холандија и Финска.


Давид Бабунски потпишува нов договор со Абердин

Македонскиот фудбалер, Давид Бабунски наскоро би можел да стави потпис на договор со Абердин, клубот каде што во минатото одлични настапи прикажуваше Бојан Миовски.

Шкотските медуми пренесуваат дека преговорите помеѓу двете страни се во завршна фаза и наскоро би можела да пристигне официјална потврда.

Бабунски и во минатата сезона беше дел од шкотскиот фудбал носејќи го дресот на Данди јунајед за кој одигра 20 натпревари, постигна еден гол и додаде една асистенција.

Низ кариерата во која има 18 настапи и за македонската репрезнетација, Бабунски настапуваше за: Деберецен, Вторул, Ботошани, Омја, Јокохама, Црвена Звезда, а беше дел и од младинските категории на Барселона.


Турски клуб го купува Тамба од Шкендија

Шкендија испиша историја и ќе игра во групи на едно европско натпреварување на УЕФА.

Сепак, од оваа историја веројатно нема да биде дел Фабрис Тамба кој според турските медиуми се сели во Втората лига на оваа земја. Се очекува крилниот фудбалер да потпише тригодишен договор со екипата од Турција и да се пресели таму во наредните денови.

Ова е сериозен удар и проблем за Шкендија која во моментите кога треба да биде најсилна, решава да продаде еден од своите најдобри фудбалери.

Од друга страна изненадувачка е и одлуката на Тамба да прифати трансфер во второлигашки клуб, наместо да заигра во Лигата на Европа или Конференциската лига.

Во секој случај, Шкендија се очекува да заработи трансфер сума за Фабрис Тамба кој е под договор, а потоа и да доведе адекватна замена за оваа позиција. Веќе досега веројатно се очекуваа и засилувања за европскиот предизвик, но засега во Тетово е мирно.


Конте загрижен, се повреди Ромелу Лукаку

Италијанскиот шампион Наполи ја заврши својата предсезонска подготовка со успех, победувајќи го со 2-1 грчкиот првак Олимпијакос во денешната контрола.

Матео Политано го отвори резултатот во 16-тата минута, кога со технички удар од работ на казнениот простор постигна гол. Во 33-тата минута, сепак, дојде до принудна замена на Ромелу Лукаку, кој се здоби со повреда на левото бедро и беше заменет од Лоренцо Лука.

Токму напаѓачот постигна гол во 54-тата минута, користејќи асистенција од Скот Мактоминеи за удар одблизу. Голот за гостите пристигна во додаденото време на натпреварот, кога Шикињо го префрли Ванја Милинкович-Савич по грешка на голманот.


Давор Здравковски се врати во АЕЛ Лимасол

Македонскиот фудбалер Давор Здравковски по две години минати во шкотскиот Мадервел повторно ќе заигра на Кипар, враќајќи се во својот поранешен клуб АЕЛ Лимасол.

Денеска клубот официјално го објави неговото враќање, а за навивачите на АЕЛ тоа е добро познато име – Здравковски шест сезони беше дел од тимот, од 2017 до 2023 година, пред да замине во Шкотска.

Во тој период одигра повеќе од 160 натпревари и во 2019 година го подигна трофејот од Купот на Кипар, оставајќи длабока трага во историјата на клубот.


Атлетико го сака Кубо, Реал може да заработи половина од трансферот

Реал Мадрид ова лето би можел да добие сосема неочекувана финансиска поддршка благодарение на трансферите на други клубови.

Имено, Атлетико Мадрид се сè поинтензивно интересира за јапонскиот фудбалер Такефуса Кубо, кој сега игра за Реал Сосиедад. Марка известува дека наскоро се очекува и значителна понуда да пристигне во клубот од Сан Себастијан.

Целта на Атлетико Мадрид е да ја искористи клаузулата за откуп во договорот на Кубо, која изнесува 60 милиони евра. Верувале или не, половина од оваа сума би завршила кај градскиот ривал Реал.

Пред три години, Реал Мадрид го продаде Кубо на Реал Сосиедад за 6,5 милиони евра и склучи договор според кој половината од следниот трансфер на Јапонецот би му припаѓала на Реал.

Сега се чини дека Кубо е пред голем трансфер, што би било причината за радост на сите во „Сантијаго Бернабеу“.

Кубо има само 24 години и неговиот договор со Сосиедад трае до 2029 година. Минатата сезона ја заврши со учинок од седум голови и четири асистенции на вкупно 52 натпревари.


Киеза јунак во спектакуларната победа на Ливерпул против Борнмут

Новата сезона во Премиер лигата започна со натпреварот помеѓу шампионот Ливерпул и Борнмут. По голема борба, „црвените“ победија на „Енфилд“ со резултат од 4-2.

Првото полувреме беше резервирано за Уго Екитике, Французин чии способности беа доведени во прашање поради парите што беа издвоени за него.

Напаѓачот на домашниот тим беше сеприсутен. Веќе по 10 минути од играта, тој беше во крупен план откако Сенеси играше со рака и со тоа го спречи противникот да има еден на еден со голманот Ѓорѓе Петровиќ.

По проверката во ВАР собата, беше утврдено дека нема основа за црвен картон, првата контроверзна одлука во Премиер лигата оваа сезона што вклучуваше видео преглед.

Екитике не дозволи оваа ситуација да го исфрли од ритам и до крајот на полувремето токму тој ја затресе мрежата откако топката буквално му се залепи за ногата, по што следеше ладнокрвен финиш.

На почетокот на вториот дел Екитике му асистираше на Коди Гакпо, кој си направи простор и погоди за 2-0.

Следуваше период во кој Арне Слот направи неколку измени и впечатокот е дека со тоа го наруши ритамот на својот тим.

Анотан Семењо тогаш стапи на сцена, најпрвин го намали резултатот, а потоа изведе вистинска мајсторија. Го прерча речиси целиот терен и го изедначи резултатот.

Во финишот Ливерпул сепак успеа да дојде до победата. Неочекуван херој е федерико Киеза,кој во 88.минута ја искористи лошата реакција на двајца дефанзивци на Борнмут.

Точка на мечот стави најдобриот стрелец во лигата минатата сеозна, мо Салах во 94.минута.