фудбал

Вардар и Струга впишаа витални гостински победи во второто коло

На двата денешни прволигашки натпревари гостинските екипи остварија победи од 1-2. Вардар славеше на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш и стигна до вториот триумф, додека Струга ТЛ истотака се радуваше по вторпат откако во Гостивар го совлада Арсими со 1-2, иако домаќинот водеше со 1:0.

Службена победа во второто коло „стигна“ и за екипата на Силекс, откако нивниот домаќин Шкупи не успеа да обезбеди терен за одигрување на дуелот што требаше да се игра во недела. Стадионот во Чаир не ги исполнува условите (пред се ВАР технологијата), а клубот не успеа да најде терен за одигрување на натпреварот.

Утре се играат два натпревара: Македонија ЃП – Шкендија и Работнички – Башкими.


Матиќ пред потпис со нов гигант: Бесплатно го засилува Ајакс

Немања Матиќ го напушти Олимпик Лион, откако согодбено се раздели со клубот.

Според холандските медиуми, Ајакс бара искусен играч од средниот ред, а поранешниот капитен на српската репрезентација е една од опциите.

Менаџерите на Ајакс не се загрижени од фактот дека Матиќ има 36 години, а она што ги прави среќни е што тој би можел да дојде како слободен играч.

Покрај Ајакс, интерес за Матиќ покажа и Валенсија.


Ромуло е замената за Шешко во РБ Лајпциг

Бразилскиот фудбалер Ромуло потпиша петгодишен договор со Лајпциг.

Магазинот „Кикер“ објави дека Лајпциг ќе плати до 25 милиони евра за трансферот на 23-годишниот напаѓач, од кои 20 милиони се фиксни, а 5 милиони преку потенцијални бонуси.

Ромуло играше како позајмен играч за Гезтепе минатата сезона и постигна 17 гола во турското првенство и Купот. Својата кариера ја започна во Атлетико Паранаенсе.

Лајпциг го донесе како замена за Бенјамин Шешеко, кој овој месец се пресели во Манчестер јунајтед во трансфер што би можел да достигне 85 милиони евра.

Лајпциг ја започнува новата сезона со Куп натпревар против четвртолигашот Зандхаузен во сабота, пред да го започне Бундеслигата, во првото коло ќе Лајпциг ќе игра против шампионот Баерн Минхен на 22 август.


Ламела ја заврши кариерата за да му биде „десна рака“ на Алмеида во Севиља

Напаѓачот Ерик Ламела го објави своето заминување од АЕК со објава на својата страница на социјалните мрежи.

33-годишниот Аргентинец ќе се врати во Севиља, каде што ќе се приклучи на тренерскиот штаб на тимот, објави новинарот Сезар Луис Мерло на „X“.

Ламела играше за Севиља од 2021 до 2024 година пред да се пресели во Грција. Претходно играше и за Тотенхем, Рома и Ривер Плата. Има 484 клупски настапи, 84 гола и 76 асистенции.


Милан потпиша со Закари Атекаме

Милан го објави трансферот на Закари Атекаме.

20-годишниот швајцарски дефанзивец потпиша договор со „росонерите“ до 2030 година.

Се вели дека Јанг Бојс добиле 10 милиони евра за играчот, плус 10% од секоја идна продажба.


Никола Серафимов потпиша за Левски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов денеска и официјално е промовиран како нов фудбалер на бугарски Левски. Договорот на 26-годишниот централен дефанзивец со софиските „сини“ е до летото 2028 година, а зделката стана факт откако беше раскинат неговиот договор со унгарскиот Фехервар.

Серафимов има 22 настапи и еден гол за репрезентацијата на Македонија. На 5 јуни 2022 година, тој го имаше своето деби за репрезентативниот тим во победата од 2:0 над Гибралтар на гости.


Барса доби висока понуда за Дани Олмо од Тотенхем

Финишот на преодниот рок може да донесе сензационален трансфер на Дани Олмo. Барселона се соочува со финансиски проблеми и бара нов напаѓач, а поради недостатокот на континуитет и честите повреди, Олмо се најде во незгодна ситуација и би можел да го напушти клубот.

Шпанскиот портал „Фичхјес“, пишува дека одличната предсезона на Фермин Лопез дополнително го намалила неговиот простор во тимот.

Доаѓањето на Маркус Рашфорд треба да ја затвори позицијата лево крило, Рафиња играл како „десетка“, а Фермин и Гави можат да играат зад напаѓачите. Во Барселона, затоа, веруваат дека продажбата на Олм би била логичен потег, особено ако се земе предвид неговата склоност кон повреди и фактот дека трансферот би донел 60 милиони евра.

Олмо пристигна во Барселона во 2024 година и оттогаш одигра 39 натпревари со 12 гола и седум асистенции. И покрај талентот што го цени тренерот Ханси Флик, повредите и недостатокот на континуитет го спречија да стане стандарден член на првиот тим.

Нема недостиг од интерес за шпанскиот репрезентативец, а истиот извор наведува дека Тотенхем е сериозно заинтересиран. На Спарс им е потребен креативен играч со искуство бидејќи Џејмс Медисон неодамна претрпе сериозна повреда, па Олмо би можел да биде идеално решение. Се наведува дека поранешниот играч на Динамо е достапен за бројка од 60-70 милиони евра.


Кони де Винтер е нов фудбалер на Милан

Дефанзивецот на Џенова, Кони де Винтер, потпиша договор со Милан, објави официјалната веб-страница на клубот од Милано.

Договорот со 23-годишниот Белгиец е со важност до летото 2030 година. Порталот „Transfermarkt“ го проценува трансферот на 20 милиони евра.

Де Винтер играше за Џенова од летото 2024 година, откако се пресели од Јувентус. Во сезоната 2024/25, фудбалерот постигна три гола на 26 натпревари.


Дембеле: ПСЖ е најдобрата светска екипа годинава

Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, по победата над Тотенхем (2:2, пенал – 4:3) во натпреварот за Суперкупот на УЕФА, истакна дека парискиот тим е најдобар во Европа во 2025 година.

Кога ПСЖ сè уште се бореше за Лигата на шампионите и се движеше напред од натпревар во натпревар, особено по осминафиналето, каде што го победивме Ливерпул, кој, според мене, е еден од најдобрите тимови во Европа, си рековме дека сè е можно. Четвртфинале, полуфинале, финале. Во 2025 година, бевме најдобриот тим во Европа, изјави Дембеле за сајтот на УЕФА.

Во 2025 година, ПСЖ го освои Суперкупот на УЕФА, Лигата на шампионите, Лига 1, Купот на Франција и Суперкупот на Франција.


Луис Енрике: Не знам дали заслуживме, но покажавме карактер и верба

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, го изрази своето задоволство по драматичната победа по изведувањето на пенали над Тотенхем во финалето на Европскиот Суперкуп. Сепак, Шпанецот призна дека Лондончани беа подобриот тим во поголемиот дел од натпреварот.

„Да бидам искрен, тешко ми е да дадам објективна оценка за овој натпревар. Имавме само 5-6 дена подготовка пред него, па затоа е неверојатно што триумфиравме. Благодарност до навивачите кои нè поддржуваа бескрајно од првата до последната минута. Среќен сум што возвративме на гестот со овој трофеј“, рече Енрике.

Тренерот не криеше дека противникот им го отежнал максимално можното натпреварување на Парижаните: „Тотенхем одигра силен натпревар – беа посвежи и подобро подготвени од нас. И покрај ова, покажавме карактер и се боревме до крај. Не можам да кажам дали нашата победа беше целосно заслужена, но тоа е фудбалот. Среќен сум за нашите навивачи. Знам дека сè уште имаме многу да подобриме – секогаш сакам повеќе од мојот тим“ изјави Луис Енрике по натпреварот.