фудбал

Рајс: Целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите

Деклан Рајс, фудбалерот на Арсенал го најави освојување на Лигата на шампионите.

Арсенал оваа сезона стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, а во четвртфиналето го исфрли Реал Мадрид, убедливо со вкупен резултат 5:1.

Еден од хероите на тимот од Лондон изјави дека целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.

„Средата беше исклучителна ноќ за нашиот клуб, историска ноќ. Имаме цел во ова натпреварување, а тоа е да ја освоиме Лигата на шампионите“, рече Рајс.

Англичанецот потоа ги пофали соиграчите.

„Бевме навистина полни со самодоверба и верба дека можеме да победиме во Мадрид. Тоа што го имавме во нашите глави го спроведеме во пракса“, изјави Рајс и додаде:

„Имав чувство дека напредуваме, ова е навистина неверојатно. Завршивме неверојатна работа досега во ЛШ. Имаме верба во себе, му веруваме на тренерот без резерва, тој е неверојатен. Полуфиналето е голема работа за нас и сакаме само да уживаме во се“.


Баркола добива нов договор во ПСЖ

Раководството на Пари Сен Жермен планира да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Бредли Баркола, објави новинарот Николо Шира на својата страница на социјалната мрежа Х.

Според изворот, новиот договор со фудбалерот ќе трае до 2030 година. Исто така, се истакнува дека клубот ќе ја зголеми платата на играчот.

22-годишниот офанзивен играч за врска Баркола одигра 48 натпревари за парижаните во сите натпреварувања во сезоната 2024/2025, постигнувајќи 18 гола и 16 асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2028 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 70 милиони евра.


Чаби Алонсо го води Џонатан Тах со себе во Мадрид

Централниот дефанзивец на Баер Леверкузен и германски репрезентативец Џонатан Та би можел да го следи Чаби Алонсо во Реал Мадрид доколку шпанскиот стручњак биде назначен за нов тренер на „кралскиот клуб“.

Според информациите на Флоријан Плетенберг од „Скај Спорт Германија“, евентуалната преселба на Алонсо во Мадрид би можела да го отвори патот за трансфер на Џонатан Та на „Сантијаго Бернабеу“. Реал Мадрид има итна потреба од освежување на одбраната, откако минатото лето не успеа да потпише замена за Начо, а сезоната 2024/25 започна со само тројца природни централни бекови – Едер Милитао, Антонио Рудигер и Давид Алаба.

Сепак, Милитао заработи втора последователна тешка повреда на вкрстените лигаменти на коленото, а другите двајца сега имаат над 30 години. Ова бараше употреба на играчот од средниот ред Аурелиен Чумане како импровизиран централен дефанзивец, додека Раул Асенсио почна да се наметнува како опција во одбраната.

„Доколку Чаби Алонсо се пресели во Реал Мадрид, фокусот на трансферот нема да биде толку на Флоријан Вирц, туку на Џонатан Та. Тој е оној кој би можел да го следи во Шпанија“ напиша Плетенберг.


Три гиганти го сакаат Зубименди од Реал Сосиедад

Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, ова лето е приоритет на трансферот во Реал Мадрид, ова го објавија дел од медиумите во Шпанија.

Според истите, и Кралскиот клуб е многу заинтересиран за 26-годишниот фудбалер. Претставниците на Реал Мадрид стапиле во контакт со Зубименди и му кажале за плановите за него.

Претходно медиумите објавија дека интерес за шпанскиот играч за врска покажуваат и Арсенал и Манчестер Сити.

Сезонава Зубименди одигра 42 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна два гола и имаше две асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2027 година, а неговата пазарна вредност е 60 милиони евра.


Аргентинецот Дијаз доби отказ од клупата на Коринтијанс

Бразилскиот фудбалски гигант Коринтијанс му врачи отказ на тренерот Рамон Дијаз по само четири кола од националниот шампионат.

Под водство на аргентинскиот стратег, Коринтијанс минатиот месец го освои Паулиста, трофејот во првенството во сојузната држава, но имаше очаен старт во бразилскиот шампионат.

Четирите бодови освоени во првите четири кола од бразилскиот шампионат и поразот од Флуминенсе со 0-2 пред два дена, заедно со лошите настапи во Копа Судамерикана, придонесоа за одлуката на клупското раководство да ја прекине соработката со аргентинскиот тренер.

Дијаз (65) беше на чело на Коринтијанс од јули минатата година, а лани го спаси клубот од испаѓање.


Фабрегас негира заминување од Комо

Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, ги отфрли наводите на италијанските медиуми дека ќе биде нов тренер на Милан или Рома следната сезона.

„Можам да ве уверам, никој не ми се јавил“, изјавил Шпанецот.

Фабрегас го одведе Комо од промоција од Серија Б во Серија А и тие моментално се движи кон безбедната зона на средината на табелата во италијанската елита.

Тоа донесе многу шпекулации кои го поврзуваат со неколку нови работни места во тимовите од Серија А следната сезона, пред се Рома и Милан, но во игра се споменуваше и германски РБ Лајпциг.


Јуве го враќа Тонали во Серија А?

Јувентус сериозно работи на трансферот на Сандро Тонали од Њукасл. Фудбалерот е проценет на 60-70 милиони евра, а Јувентус бара начин како да ги исполни и неговите барања за враќање во Италија.

Во фокусот на Јуве остануваат и Ретеги и Лука.

„Газета дело Спорт“ тврди дека клубот од Торино се обидува да го засили својот тим со италијански играчи, а играчот од средниот ред на Њукасл е на врвот на листата на цели. Спортскиот директор Кристијано Џунтоли веќе почна да работи на трансферот.


Артета го сака Коман во Арсенал од следната сезона

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман се смета за една од приоритетните трансфер цели на Арсенал ова лето. Менаџерот Артета веќе најавил дека би сакал да го добие Французинот во тимот за идната сезона.

27-годишниот фудбалер има договор со баварскиот гигант до 2027 година, но тој изјави дека има намера да прифати нов предизвик, доколку добие добра понуда. Баерн исто така е отворен за продажба на Коман за да собере средства за негова замена.

Дел од англиските медиуми пишуваат дека Арсенал долго време го следи Французинот, практично уште од времето на Еду кога тој беше спортски директор. Артета во Коман гледа одлично ново лево крило кое ќе биде одлична конкуренција за Габриел Мартинели и Леандро Тросард, кои имаа доста проблеми со повреди оваа сезона.


Интер пред потпис со Луис Енрике

Според информациите од Италија фудбалскиот тим на Интер е во преговори со бразилскиот фудбалер, кое е цел на интерес и на Баерн Минхен.

Интер преговара и со Марсеј, но постои финансиска разлика од околу 10 милиони евра, бидејќи францускиот клуб бара 35 милиони евра, а Италијанците се обидуваат да ја спуштат таа сума.

Луис Енрике оваа сезона има одиграно 31 натпревар за Марсеј, со девет голови и осум асистенции, што го прави еден од поатрактивните крилни напаѓачи на пазарот.


Аморим: Нашата јасна цел сега е Лига Европа

Манчестер Јунајтед се пласираше во полуфиналето на Лига Европа по сензационалниот камбек против Лион.

„Црвените ѓаволи“ водеа со 2-0, па губеа со 2-4 на само шест минути до крајот на продолжението, а потоа го направија еден од најголемите пресврти и стигнаа до 5-4.

Многу работи беа чудесни во пресвртот на Јунајтед, но многу работи ќе треба да се поправат за повеќе да не се соочуваат со ситуација да примат два гола со играч повеќе на теренот. За тоа е свесен и Рубен Аморим.

Тренерот на англискиот клуб како прва цел до крајот на сезоната ја спомена Лигата на Европа.

„Освојувањето на ова натпреварување би било единствениот билет за Манчестер Јунајтед за Европа следната година: „Мораме да ризикуваме со децата во Премиер лигата, мора да се фокусираме на Лига Европа“, изјави Аморим.

Јунајтед одамна ги загуби сите шанси да дојде до добра позиција во Премиер лигата за Европа, а Атлетик Билбао ќе им застане на патот во полуфиналето на Лига Европа.