фудбал

Шешко го избра Јунајтед, доаѓа на лекарски прегледи на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед постигна принципиелен договор со РБ Лајпциг за трансферот на Бенџамин Шешко.

Њукасл даде почетна понуда од 69,9 милиони фунти за 22-годишниот напаѓач пред една недела, но Манчестер Јунајтед се приклучи на лицитацијата со своја понуда.

Шешко јасно стави до знаење дека сака само преселба на Олд Трафорд – уште еден удар за трансфер кампањата на Њукасл, кој веќе не успеа да ги потпише Лиам Делап, Жоао Педро, Уго Екитике и Џејмс Трафорд ова лето.

Според новинарот Фабрицио Романо, трансферната цена ќе биде 76,5 милиони евра, од кои 8,5 милиони евра се бонуси. Договорот со 22-годишниот Шешко ќе важи до 2030 година.

Минатата сезона, 22-годишниот напаѓач одигра 45 натпревари на сите турнири, постигнувајќи 21 гол и шест асистенции. Тековниот договор на играчот со германскиот клуб е со важност до летото 2029 година. Според информациите пазарната вредност на играчот е 70 милиони евра.


Пет клуба номинирани за тим на годината

Француското списание „Франс фудбал“ објави листа на кандидати за титулата најдобар фудбалски клуб до крајот на 2025 година. Меѓу номинираните се францускиот ПСЖ, бразилскиот Ботафого, шпанската Барселона, како и англиските екипи Челзи и Ливерпул.

Во сезоната 2024/2025, ПСЖ стана шампион, победник на Купот и Суперкупот на Франција, како и на Лигата на шампионите на УЕФА. Во финалето на Светското клупско првенство 2025, Парижаните загубија од Челзи (0:3), кој исто така стана победник на Конференциската лига на УЕФА.

Ботафого е актуелен бразилски шампион и победник на Копа Либертадорес. Ливерпул ја освои англиската Премиер лига во сезоната 2024/2025, а Барселона стана најдобриот тим во шпанската Ла Лига и стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите.


Девет фудбалери на ПСЖ во изборот за „Златна топка“

Фудбалерите на освојувачот на Лигата на шампионите – Пари Сен Жермен, доминираат во номинациите за „Златната топка“. Списанието „Франс фудбал“ ги објави играчите номинирани за наградата за најдобар фудбалер на годината.

На листата се наоѓаат имињата на 9 играчи од Европскиот шампион. По ПСЖ, најмногу играчи има од Барселона – 4. Победникот ќе биде објавен на церемонијата на доделување на наградите на 22 септември. Актуелен освојувач на „Златната топка“ е Родри од Манчестер Сити.

Еве ги сите номинирани:
Осман Дембеле (ПСЖ)
Џанлуиџи Донарума (ПСЖ)
Дезире Дуе (ПСЖ)
Ахраф Хакими (ПСЖ)
Фабијан Руиз (ПСЖ)
Нуно Мендеш (ПСЖ)
Жоао Невеш (ПСЖ)
Витиња (ПСЖ)
Хвича Кваратцхелија (ПСЖ)

Рафиња (Барселона)
Роберт Левандовски (Барселона)
Ламин Јамал (Барселона)
Педри (Барселона)

Вирџил ван Дијк (Ливерпул)
Мохамед Салах (Ливерпул)
Алексис Мек Алистер (Ливерпул)
Флоријан Вирц (Ливерпул/Баер Леверкузен)

Килијан Мбапе (Реал Мадрид)
Џуд Белингем (Реал Мадрид)
Винисиус Јуниор (Реал Мадрид)

Лаутаро Мартинез (Интер)
Дензел Дамфрис (Интер)

Хари Кејн (Баерн)
Мајкл Олисех (Баерн)

Деклан Рајс (Арсенал)
Виктор Ѓокереш (Арсенал/Спортинг Лисабон)

Кол Палмер (Челзи)
Ерлинг Халанд (Манчестер Сити)
Скот Мектоминај (Наполи)
Серу Гираси (Борусија Дортмунд)


Наполи го доведе Мигел Гутиерез од Џирона

Наполи чекаше на одлуката на Реал Мадрид, прашање беше дали фудбалерот на Жирона Мигел Гутиерез ќе биде вратен по клаузулата во “галактикосите”, но тоа на крајот не се случи.

Поради тоа, Гутиерез ја продолжува кариерата во Неапол, постигнат е договор меѓу сите три страни и нема повеќе никакви пречки овој лев бек да се најде во составот на Антонио Конте.

Наполи ќе плати 18 милиони евра, плус 2 милиони евра за бонуси.

Играчот ќе потпише договор до 2030 година, а според информациите од италијанските медиуми, Гутиерез ќе заработува 2.3 милиони евра годишно.

Роден е во 2001 година, кариерата ја започнал во Реал Мадрид, а за првиот тим на тој клуб има одиграно девет првенствени натпревари.


Барса му дозволи на Иниго Мартинез да потпише за Ал-Наср

Барселона изненадувачки ќе се раздели со првотимецот Иниго Мартинес, пренесуваат водечките спортски изданија во Шпанија и Европа. 34-годишниот централен дефанзивец ќе премине во тимот на Кристијано Роналдо Ал-Наср, што веќе изгледа сигурно.

Саудискиот клуб е пред разделба со друг шпански дефанзивец – Ајмерик Лапорт, и сега е очевидно дека негов заменик ќе биде токму Мартинес. Се очекува Иниго да го раскине договорот со Барселона и да потпише како слободен агент со Ал-Наср до јуни 2026 година со опција за уште една дополнителна година.

Мартинес беше сигурен првотимец во селекцијата на Ханси Флик минатата сезона, запиша вкупно 46 натпревари со 3 гола и 6 асистенции и беше еден од најстабилно претставените играчи во одбраната. Баскиецот премина во Барса во 2023 година и постепено се утврди, имајќи значаен придонес во двојната круна минатата сезона.


Луис Енрике изразит фаворит за „Јохан Кројф“ признанието

Веќе се познати номинациите за наградата „Јохан Кројф“ за најдобар тренер за минатата сезона, која е дел од церемонијата на доделување на „Златната топка“. Индивидуалната награда го носи името на легендарниот холандски фудбалер и тренер.

Во оваа класација номинирани се петмина. Не е изненадување што таму е и Луис Енрике, кој освои триплета со Пари Сен Жермен и изгледа како фаворит за индивидуалната награда. Покрај него, тука се и тренерите на шампионите на Англија, Шпанија и Италија – Арне Слот (Ливерпул), Ханзи Флик (Барселона) и Антонио Конте (Наполи).

Уште еден Италијанец ги комплетира номинираните и тоа е Енцо Мареска, кој со Челси ја освои Лигата на конференциите, а потоа и Светскиот клупски шампионат.


Забарњи се согласи, ПСЖ добива големо засилување во одбраната

Луис Енрике успеа во намерите да го донесе дефанзивецот Илија Забарњи во редовите на Пари Сен Жермен.

Од почетокот на летото се знаеше дека нема да има место за Бералдо во Пари Сен Жермен, па Луис Енрике го означи Украинецот како уште еден играч во ротацијата.

Забарњи има одлична сезона зад себе во која играше во тандем со Дин Хујсен.

Исто како и младиот Шпанец, Украинецот ќе ја полни касата на Борнмут, бидејќи ПСЖ ќе плати 63.000.000 евра веднаш, како и дополнителни бонуси до 70.000.000.

Забарњи одамна ги договори личните услови, сакаше да му се приклучи на ПСЖ.

Европскиот првак наскоро треба да го реши и прашањето на голманската позиција, откако Џиџи Донарума реши да не го продолжи договорот.

Кога Италијанецот ќе најде клуб. тогаш во Париз за 40.000.000 евра ќе пристигна Лука Швалие од Лил.


Дарвин добива астрономска плата во Ријад

Дарвин Нуњез ќе добива 15 милиони евра годишно, плус бонуси од трансферот во Саудиска Арабија.

Синоќа беше објавено дека Ал-Хилал се договорил со Ливерпул за трансфер на уругвајскиот напаѓач за 65 милиони евра и бонуси. Платата на фудбалерот во саудискиот клуб ќе биде значително висока, што веројатно е една од главните причини за негово заминување од Англија.

Дарвин Нуњез постигна пет гола и имаше две асистенции во 30 натпревари во Премиер лигата минатата сезона.


Рубен Диаш добива нов договор во Сити

Португалскиот репрезентативен стопер Рубен Диaш треба да потпише нов договор со Манчестер сити. Актуелниот договор му истекува во јуни 2027 година.

Тренерот Пеп Гвардиола има на располагање дури седум стопери, но најголема доверба има во Диаш, кој има загарантирано место во првиот тим.

Сити го донесе пред пет години од Бенфика за 70 милиони евра, а досега одигра 222 натпревари за англискиот клуб.

Медиумите не споменуваат до кога ќе трае новиот договор, но јасно е дека ќе добие поголема плата. Претходниот договор му гарантираше годишна плата од 11 милиони евра.


Барса ќе му ја одземе траката на Тер Штеген

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, ќе ја изгуби капитенската лента на барање на раководството на клубот.

Како што објави „3Cat“, на главниот тренер Ханс-Дитер Флик му било кажано дека е потребно да се назначи нов капитен како дисциплинска мерка против 33-годишниот Германец.

Голманот одбил да потпише извештај за повреда која требало да се достави до медицинската комисија на Ла Лига. Клубот сакал да регистрира нов играч користејќи клаузула во прописите, но за тоа е потребна потврда дека на повредениот ќе му бидат потребни најмалку 4 месеци за да закрепне.

Тер Штеген брани за Барселона од 2014 година. Тековниот договор на играчот е до 2028 година. Во сезоната 2024/25, тој беше на голот девет натпревари во сите натпреварувања и прими 11 гола.