фудбал

Јуве се вклучува во трката по Милинковиќ-Савиќ

Примарна трасфер цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесува „Газета дело Спорт“.

28-годишниот фудбалер влегува во последната година од договорот со Лацио и нема намера да ја продолжи соработката. Поради тоа Лацио е спремен да го продаде ова лето и за неговата слобода бара 40 милиони евра.

Јувентус е заинтересиран, но не е спремен да ја плати таа сума, па сака во трансферот да вклучи и други фудбалери. „Бјанконерите“ на Лацио му ги понудиле потписите на Пелегрини и Ровела.

Јувентус веќе е во контакт со агентот на Србинот и му нуди плата од 6 милиони евра по сезона.


Почетино потврди дека Кепа ќе биде негов прв голман

Менаџерот на Челзи, Маурисио Почетино се чини дека се откажа од идејата да бара нов голман ова лето. Аргентинскиот стручњак решил да ризикува и да му даде шанса на Кепа Аризабалага да биде број 1 на голот на лондончани во новата сезона, тврди „Ивнинг стандард“.

Во последните денови многу се шпекулира дека Челзи е во потрага по нов голман, а последен се споменуваше Џорџ Мамардашвили од Валенсија. Привлекувањето на нов голман изгледа уште поитно откако стана јасно дека Едуард Менди е пред трансфер во правец на Саудиска Арабија. Сепак, Почетино не сака нов голман и има намера да се потпре на Кепа, со надеж дека ќе го врати Шпанецот во најдобрата форма.

Челзи плати рекордни 80 милиони евра на Атлетик Билбао за Кепа во 2018 година. Сепак, Шпанецот прикажа променлива форма и во еден момент го загуби стартното место. Минатата сезона, забележа 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои прими 45 гола и имаше 12 „чисти“ мрежи.


Кристанте доби нов договор на „Олимпико“

Рома го продолжи договорот со својот играч за врска Брајан Кристанте . Ова го соопшти прес-службата на римскиот клуб.

„Многу сме задоволни што можеме да објавиме продолжување на договорот со Кристанте. Овој играч е се подобар од година во година и целосно го заслужува сето она што го постигна, вклучувајќи ги и трофеите што ги освои со Италија и Рома. Брајан отсекогаш ги ставал интересите на Рома над сè друго и покажува многу од клучните вредности што сакаме да им ги пренесеме на нашите млади играчи, како што се професионализмот и храброста“.

Според изворот, новиот договор со 28-годишниот играч за врска ќе биде со важност до 2027 година. Во сезоната 2022/2023, Кристанте одигра 53 натпревари за Рома во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол и една асистенција. Претходниот договор на играчот од средниот ред со римскиот клуб беше до крајот на јуни оваа година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт, е 20 милиони евра.


Шпанецот Ираола именуван за нов тренер на Борнмут

Шпанскиот стручњак Андони Ираола потпиша двегодишен договор со Борнмаут. Претходно Ираола три години раководеше со Рајо Ваљекано, договорот кој му важеше до крајот на минатата сезона.

„Среќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Андони во клубот. Бидејќи летово му заврши договорот во Шпанија, сакавме да дејствуваме брзо. Тој беше многу баран кај другите клубови ширум континентот и неговиот стил на игра беше важен фактор во одлуката. Неговите достигнувања во Шпанија секако беа многу импресивни и сигурни сме дека тој е вистинската личност да го напише нашето следно поглавје. Идентификувавме голем број цели на трансфер пазарот кои, заедно со нашите јануарски засилувања, ќе го направат тимот посилен. Ова ќе му овозможи на Андони да го обезбеди клубот како постојан член на Премиер лигата и да продолжи да напредува“, се вели во објавата за клупската прес-служба на сопственикот и претседател на Борнмаут, Бил Фоли.


Барса и Атлетико Параненсе се договори: Витор Роке доаѓа во Каталонија

Барселона е пред комплетирање на трансферот на големиот бразилски талент Витор Роке, пренесуваат каталонските медиуми.

Барселона беше во потрага по напаѓач кој ќе биде алтернатива за Левандовски и се одличи за младиот Бразилец.

Станува збор за 18-годишен напаѓач на Атлетико Параненсе, кој веќе дебитираше за бразилската репрезентација.

Роке беше на мета на многу европски гиганти, но Барселона ја победи конкуренцијата благодарение на Деко, кој е последник при трансферот.

Според информациите каталонскиот гигант за неговиот потпис ќе плати 35 милиони евра на три рати, плус 10 милиони како бонуси, а Роке ќе стави потпис на договор до 2028 година.


Роџерс се врати во Селтик, ќе го заземе менаџерското место на Постекоглу

Oткако Постекоглу се пресели на клупата на Тотенхем тимот на Селтик брзо пронајде нов стратег, тригодишен договор со шкотскиот гигант потпиша Брендан Роџерс.

За поранешниот тренер на Ливерпул и Лестер ова е враќање во клубот со кој во првиот мандат имаше голем успех и освои дури седум трофеи. Од Селтик, Роџерс си замина во текот на сезоната 2018/2019 и потпиша за Лестер.

Лестер го водеше неколку сезони, но во изминатата доби отказ поради лошите резултат. Лестер не успеа да ја поправи формата ни по неговото заминување, па наредната сезона ќе игра во Чемпионшип.

„Навистина сум среќен што се враќам во Селтик, добив можност да се вратам во голем клуб и не размислував многу, ниту јас, ниту членовите на моето семејство. Уживавме во прекрасните моменти од првата заедничка авантура“, изјави Роџерс по потпишувањето на договорот.


Барса се вклучи во трката за Адриен Рабио

Францускиот играч за врска Адриен Рабио би можел да се пресели во Барселона. Новинарот Жерар Ромеро објави дека играчот на Јувентус им бил понуден на Каталонците како слободен играч, а Барселона веќе најавила преговори со неговата мајка, која воедно е и негов застапник.

Италијанците и натаму се обидуваат да го продолжат договорот со него, но претставниците на играчот велат дека во моментов разгледуваат многу други опции.

Рабио одигра 32 настапи во Серија А минатава сезона и постигна осум гола.


Пикфорд е првата опција на Јунајтед за замена на Де Хеа

Манчестер јунајтед е заинтересиран за голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, пренесуваат медиумите на Островот.

„Црвените ѓаволи“ се во потрага по нов голман откако потврдија дека Де Геа нема да го продолжи договорот. Прва мета е токму англискиот репрезентативец Џордан Пикфорд, и Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 45 милиони фунти за неговиот потпис.

29-годишниот Пикфорд веќе неколку сезони е еден од најдобрите голмани во Премиер лигата и сака да направи чекор напред во кариерата.

Како алтернатива се споменува Андре Онана од Интер, чија цена исто така е околу 50 милиони евра.


Интер спремен да го откупи договорот на Франческо Ачерби

Интер одлучи да го откупи дефанзивецот Франческо Ачерби од Лацио, пренесува „Газета дело Спорт“.

Ачерби влезе во расправија со раководството на Лацио минатото лето и беше исфрлен од тимот, па Интер ја искористи ситуацијата и го доведе на позајмица. Дефанзивецот одигра одлична сезона, па Интер сака да го задржи и почнал преговори со Лацио.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер ќе плати 2,5 милиони евра за да го откупи 35-годишниот дефанзивец.

Лацио првично бараше четири милиони евра, но Интер успеа да ја намали цената преку преговори.


Азар: Одморав три години во Мадрид, спремен сум за нов предизвик

Еден Азар минатиот месец го напушти Реал Мадрид после три години, но вели дека се уште е рано за пензионирање.

Азар се покажа како големо промашување во Реал, главно беше повреден и на клупата за резерви, но сега сака нова авантура.

„Се одмарав три гоини во Реал Мадрид, така што не сум уморен. Пензионирање? Уште не знам. По овие три години, сакам да поминам време со семејството и да одам на одмор како сите останати“.

„Прочитав многу глупости за мене последните неколку денови. Дали ќе одам во Моленбек со мојот брат? Не знам дали тоа е глупаво, ќе видиме. Не ви ги давам одговорите кои ги очекувате, бидејќи искрено ниту јас уште ги немам“, изјави Азар.