фудбал

Флик ги собори сите „Ел Класико“ рекорди

Ханси Флик стана само вториот тренер во историјата кој успеал да забележи четири победи на првите четири „Ел Класико“ натпревари против Реал, учинок кој Германецот го поправи на вчерашниот дуел против ривалот од шпанската престолнина.

Победата вчера од 4:3 значи дека Барселона ја делат само два бода од математичко обезбедување на трофејот, нешто што може да се случи веќе во следното коло во кое каталонците играат градско дерби против Еспањол.

Флик е свесен дека неговиот тим со новата победа е на прагот од големо достигнување, но запрашан за се она што се случуваше на теренот, Ханси не пропушти да го нагласи и негативниот елемент од играта на неговиот тим.

„Убаво е кога ќе дадете четири голови за пресврт, но не е баш пријатно кога ќе примите три голови. Јасно е, мора многу да работиме и да се поправиме во играта во одбрана. Кога вршиме пресинг сме многу добри, но кога ја правиме првата грешка, работите ни се комплицираат во одбрана, најдобар доказ за тоа е првиот гол кој го примивме. Тимот носи многу добри колективни одлуки, а во ситуација кога играме натпревар на секои три дена, не е лесно да се коригира играта во одбрана“, вели Германецот.


Анчелоти и официјално е нов селектор на Бразил

Крај на сагата околу преземањето на Карло Анчелоти на селекторската позиција на Бразил. Бразилската федерација објави официјално дека е постигнат договор со Италијанецот, и тој ќе ја води репрезентацијата по завршувањето на сезоната во Шпанија.

Бразилската федерација соопшти дека Анчелоти ќе дебитира на дуелите со Еквадор и Парагвај во квалификациите.

„Да се ангажира Карло Анчелоти да го води Бразил е повеќе од стратегиски потег. Тоа е потег дека сме решени да ја вратиме селекцијата на највисокото место на подиумот. Тоа е најдобриот тренер во историјата и сега ќе ја води најголемата репрезентација во светот. Заедно ќе испишеме нови поглавја за бразилскиот фудбал“, стои во соопштението на бразилската федерација.


Родриго сам одбил да игра против Барселона

Навивачите на Реал Мадрид беа изненадени што Виктор Муњоз, 21-годишник кој вчера дебитираше за Реал Мадрид, беше испратен на теренот во финалето на „Ел Класико“. Шпанските медиуми објавуваат дека на навивачите не им било јасно како му е дадена предност во однос на Родриго.

Бразилецот, крилниот напаѓач на тимот вреден 100 милиони евра, остана на клупата во текот на целиот натпревар. Оваа сезона, Карло Анчелоти го стави Родриго во 50 натпревари на кои даде 13 гола и имаше 10 асистенции. Во последните денови се појави информација дека Родриго би можел да го напушти Реал и дека Манчестер Сити е заинтересиран за него. Денес шпанските медиуми пишуваат дека одлуката да не игра на натпреварот против Барса (Каталонците победија со 4:3) ја донел самиот.

Во саботата, дури ни 24 часа пред натпреварот, Анчелоти изјави дека Родриго е подготвен, дека добро тренира и дека е во комбинациите за дербито. „Постои опција тој да биде во почетните единаесет“, рече италијанскиот стручњак.

По натпреварот, тој објасни зошто Родриго не добил минутажа: „Тој се опорави, но не се чувствуваше добро. Да го ставите во игра шест или седум минути, само ќе се зголемат шансите да се повреди.“

Според некои шпански медиуми, одлуката да не игра во Ел Класико била одлука на играчот. Тој му рекол на Анчелоти дека чувствува дека нема доволно енергија за натпреварот, но и дека не се чувствува ментално подготвен за него.


ФФМ изврши инспекција на стадионот во Битола

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ, заедно со претставници од ФФМ, денес ја посетија Битола и извршија увид во состојбата на стадионот „Петар Милошевски“, со цел да се исполнат условите на УЕФА, за одигрување на меѓународен натпревар за селекциите до 21 година, помеѓу Македонија и Италија.

За одигрување на ваков натпревар од меѓународен ранг, потребно е да се извршат подготовки и да се исполнат критериуми за добивање на лиценца од комисија на УЕФА.

Градоначалникот Тони Коњановски и претседателот Масар Омерагиќ, разговараа околу подготовките и преземањето на обврските од страна на општината и од ФФМ, со цел Битола да биде претставена во најдобро светло.

На 9 септември, Битола треба да биде домаќин на натпреварот Македонија – Италија, за фудбалери до 21 година. По увидот на терен, претседателот на ФФМ, ја посети општина Битола, каде што со градоначалникот разговараа за успесите во спортот на битолските екипи, успесите во училишниот спорт и условите за развој на училишниот спорт, во кои општината постојано инвестира.

Градоначалникот посочи дека на последниот јавен повик од страна на Владата, општината аплицираше за изградба на 3 спортски училишни сали и 9 спортски игралишта во училиштата. Во знак на добрата соработка, Омерагиќ му подари на градоначалникот Коњановски репрезентативен фудбалски дрес со негово име, кое го носи бројот 9.


Алонсо ќе стане нов тренер на Реал Мадрид пред Светското Клубско Првенство

И покрај разочарувањето од уште еден Ел Класико пораз, навивачите на Реал Мадрид конечно имаат причина да гледаат напред со оптимизам.  
 
Тоа е затоа што, според „MARCA“, клубот направил голема одлука за својата иднина, потврдувајќи дека Чаби Алонсо ќе го преземе тимот пред Светското Клубско Првенство. Нема да има привремено решение, нема чекање, новиот проект започнува сега. 

Алонсо беше на радарот на Реал Мадрид веќе неколку месеци и враќањето во шпанскиот гигант, по неговото време како играч, стана неизбежно откако беше потврдено дека Карло Анчелоти ќе го напушти клубот. 
 
Анчелоти доживеа многу успеси како менаџер на Реал Мадрид, но оваа сезона беше катастрофална за нивните стандарди поради нивниот неуспех во освојување трофеи. 

Италијанскиот менаџер ќе се упати директно да го преземе Бразил, можеби најтешката репрезентативна работа во светот, додека Алонсо, со 3 годишен договор, ќе влезе во една од најугледните улоги во клупбскиот фудбал.


Рафиња: „Што е следно? Нов договор“

„Да се ​​размислува за достигнување врвот во фудбалот без Барселона е нелогично. Искрено, сега многу уживам. Не го очекував тоа ни во моите соништа. Не можам да замислам Барселона без Рафиња“. 

После неговите неверојатни бројки оваа сезона, Рафиња беше поврзан со заминување од Барселона. Клубовите од Премиер Лигата ја следат неговата ситуација, но тој сега јасно изјави дека нема желба да си замине. 

28-годишниот бразилец стана клучна фигура во тимот на Ханси Флик и веќе сака да го продолжи своето време во клубот. Со оглед на тоа што неговиот сегашен договор е до јуни 2027 година, веќе се зборува за нов. На прашањето што следува во неговата иднина со Барселона, Рафиња со насмевка одговори: „Обновување“. 

Рафиња е во одлична форма оваа сезона и продолжува да работи напорно. „Се обидувам да го дадам најдоброто од себе секој ден. Мислам дека ми оди добро и сакам да го задржам ова ниво“, изјави тој. 


Мбапе постави голгетерски рекорд за Реал Мадрид

Килијан Мбапе ги постигна единствените голови во поразот на Реал Мадрид со 3-4 од Барселона во неделата. Со хет-трик на Ел Класико, Французинот го постигна својот 39-ти гол за Лос Бланкос во сите натпреварувања оваа сезона.  
 
Ова достигнување во неговата прва година во шпанската престолнина значи дека Мбапе сега е највисокиот стрелец за Реал Мадрид во неговата дебитантска сезона. Надминувајќи го рекордот поставен од Иван Заморано во 1992/93 година, кој постигна 37 голови. Французинот веќе започна да се појавува во историските книги на Реал Мадрид. 

Рекордот на Заморано стоеше 32 години. Ниту најдобриот стрелец во клубската историја, Кристиано Роналдо, не можеше да го престигне Чилеанецот на листата на стрелци. Мбапе, кој беше критикуван на почетокот од сезоната, го стори тоа и има уште три натпревари да ја зголеми бројката. 

Мбапе води и на трката на Пичичи во Ла Лига; 26-годишниот играч има 27 гола во шпанската лига, два повеќе од Роберт Левандовски. Иако Реал Мадрид ќе ја заврши сезоната без трофеј, сепак може да се гордее со сезоната на Французинот. 


Вандерсон од Монако е замената за Трент на „Енфилд роуд“

Иако се шпекулира со недели наназад дека Џереми Фримпонг е првата опција за Ливерпул, во игра е и десниот бек на Монако – Вандерсон.

Медиумите во Бразил тврдат дека за нивниот репрезентативец сериозно е заинтересиран Арне Слот, откако беше потврдено дека Трент Александер-Арнолд заминува во Реал Мадрид.

Вандерсон одамна е на мета на Барселона, бидејќи го обожава спортскиот директор Деко, но Каталонците долго време не се во финансиска состојба за позицијата десен бек.

Вандерсон е проценет на 30 милиони евра, има 23 години и договор до летото 2028 година. Тој во Монако пристигна од бразилскиот Гремио, во зимата 2022 година и ова лето би можел да ја смени средината.


Рајс: Ливерпул ја заслужи титулата, но жалам за нашите испуштени шанси

Арсенал игра многу солидна сезона, но на крајот нема да има нов трофеј во својата витрина.

Што се однесува до Премиер лигата, работите веќе оддамна се јасни – Ливерпул и математички го обезбеди својот 20-ти трофеј како шампион на Англија.

Фокусот на „Топчиите“ оваа сезона не беше на домашните купови, а во Лигата на шампионите имаа респектабилен пат.

И на тој начин оваа сезона „Топчиите“ останаа без трофеј, а Declan Рајс ги отвори чувствата пред англиските медиуми поради таа тема.

„Многу ме боли и мачно ми е. Многу, многу ми е важен трофејот од Премиер лигата. Ова е спортот кој го сакам и во кој сакам да успеам. Да се освои трофеј со Арсенал би било одлично, но имам уште 4-5 години договор да го оствариме тоа. Верувам дека ќе успееме.

Ако имаш победнички менталитет, многу тешко е тоа да се прифати. Од друга страна, Ливерпул оваа година го заслужи сето тоа и не сум тип кој бара оправдувања“, додаде тој.


Арсенал спреми 70 милиони за Словенецот Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот Бенџамин Шешко од Лајпциг.

Овој 21-годишен напаѓач привлече големо внимание на неколку гиганти, а на Островот го нарекуваат „новиот Халанд“.

Минатото лето Шешко реши да остане во Лајпциг, но сега е спремен за чекор напред во кариерата и сака трансфер во Премиер лигата.

Арсенал веќе почнал преговори со неговиот агент, но проблем може да биде Лајпциг кој бара 70 милиони евра за неговиот потпис.