фудбал

Слот два месеци без најдобриот свој голман

Фудбалерите на Ливерпул, влегуваат во серијата тешки натпревари, без голманот Алисон Бекер.

Бразилскиот голман се повреди во средата, во поразот од Галатасарај (1:0), во Лигата на шампионите.

Алисон се пожали на повреда на „задната ложа“. Според првичните информации тој ќе отсуствува до крајот на ноември.

Голманот ќе пропушти неколку важни натпревари во овој период, како што се дуелите со Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, како и Реал во Лигата на шампионите.

Арне Слот сега ќе се потпира на Георги Мамардашвили. Голманот на репрезентацијата на Грузија, минатото лето беше купен од Валенсија за 30 милиони евра, а на „Енфилд“ пристигна ова лето.


Форест има најлош старт на сезоната и покрај доаѓањето на Постекоглу

Менаџерот на Нотингем Форест, Анѓе Постекоглу ќе остане запишан во клупската историја. Имено, Постекоглу е првиот менаџер на Нотингем во последните 100 години кој нема победа на првите шест натпревари на клупата на „шумарите“.

Англискиот тим синоќа загуби од Митјиланд (2:3) во 2. коло од главната фаза на Лигата на Европа.

За Постекоглу, кој го замени Нуно Еспирито Санто како менаџер на Нотингем Форест, вчерашниот натпревар беше шести на клупата на тимот, во кои имаше само две ремија и дури четири порази.

Последниот пат вакво нешто со тренерите на Нотингем Форест се случило во 1925 година, кога Џон Бејнс не успеа да победи ниту еден натпревар во своите први седум натпревари.


Синот на Зидан ќе одигра за алжирската репрезентација

Синот на Зинедин Зидан, Лука, е повикан да настапи во репрезентацијата на Алжир за натпреварите против Сомалија и Уганда. 27-годишниот голман го промени своето спортско државјанство во септември.

27-годишниот голман е вклучен во репрезентацијата на Алжир за првпат откако ја смени својата спортска националност. Во октомври, Алжир ќе игра против Сомалија и Уганда во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Лука Зидан игра за Гранада од 2024 година, а од 2014 до 2018 година играше и за младинските репрезентации на Франција.


Атлетико Мадрид го сака Мајно од Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Коби Мајно, може да добие понуда да се пресели во редовите на Атлетико Мадрид, наведуваат дел од медиумите во Англија.

Според нив, 20-годишниот играч влегува и во плановите на Наполи кој претходно сакаше да го ангажира на позајмица. Играчот од средниот ред во тековнава сезона се појави на пет средби.

Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ е активен до 2027 година.


Игли Таре: Алегри беше вистински избор за Милан

Новиот спортски директор на фудбалскиот состав Милан, Игли Таре, откри зошто го избра Масимилијано Алегри за тренер на „росонерите“.

„ Клубот го поддржа моето мислење да го назначам Алегри поради неговото искуство и начинот на кој се справува со различни ситуации.

Сакам да останам што е можно подолго бидејќи за мене овој клуб го претставува врвот. Не можете да бидете повисоко од Милан“, рече Таре.


Манчестер Јунајтед потпиша со 17-годишен Колумбиец

Кристијан Ороско, 17-годишен тинејџер од Колумбија, е нов член на Манчестер Јунајтед.

Англискиот клуб за Ороско на Форталеза и плати обесштетување од плати еден милион долари.

Адвокатите на Манчестер Јунајтед ги одобрија сите договори, а главниот скаут Антоначио беше медијатор.

Ороско игра како заден играч за врска, а одигра девет натпревари за репрезентацијата на Колумбија до 17 години.


Шкендија прими два гола во пет минути и загуби од Рајо во Мадрид

Македонскиот шампион Шкендија со пораз стартуваше во главната фаза во Конференциската лига. Вечерва во Мадрид, Рајо Ваљекано ја порази Шкендија со 2-0.

На „Ваљекас“, Рајо мечот го реши во првите половина час, во интервалот од 28-та до 32-та минута.

Унаи Лопез го постигна првиот, а Фран Перез вториот гол.


Рома промаши три пенали и загуби од Лил на „Олимпико“

Првите натпревари од второто коло во Лига Европа, го обележа натпреварот на „Олимпико“ во Рим. Рома три пати промаши еден ист пенал и загуби од Лил со 0-1.

Фудбалерите на лил поведоа во шестата минута, кога грешката во одбраната на Рома ја казни Харалдсон.

Она што го обележа натпреварот се случи во 82-та минута. ВАР и додели пенал на Рома, одговорноста ја презеде Довбик. Голманот Озер го одбрани пеналот, но излегол пред време од гол-линијата и Довбик доби нова шанса.

Повторно Озер му го одбрани ударот на Украинецот, но повторно пред време ја напушти гол-линијата. Третиот пенал го изведе Суле, Озер го одбрани и овој удар.

После тоа, Лил успеа да ја задржи предноста и да ги однесе бодовите за Франција.


Јуве неколку недели без Колумбиецот Кабал

Јувентус ќе биде најмалку две недели без колумбискиот дефанзивец Хуан Кабал, кој се повреди на дуелот во средата против Виљареал во Лигата на шампиони, објави денеска италијанскиот клуб.

-Прегледите спроведени во четврток наутро утврдија дека играчот има умерена повреда на бицепсот на феморисот. Понатамошни тестови ќе бидат извршени за две недели за да се утврди точното времетраење на неговото закрепнување, соопшти Јувентус.

Според „Газета дело Спорт“ и „Скај Спорт“, 24-годишниот Кабал би можел да отсуствува до еден и пол месец поради повредата.

Колумбиецот му се приклучи на Јувентус во јули 2024 година од Верона, а својата прва сезона во Торино ја заврши во ноември, откако го повреди коленото на натпревар во дресот на колумбиската репрезентација.


Кунде ја призна физичката супериорност на ПСЖ

Жил Кунде ја призна супериорноста на ПСЖ над Барселона во синоќешната победа од 1-2 на теренот во Каталонија.

„ПСЖ беа физички посилни од нас. Не можевме да извршиме толкав притисок колку што сакавме. Мислам дека тоа ни недостасуваше. Важно е да се напомене дека нашиот противник одигра многу добар натпревар. Разочарани сме, но не и изненадени. Го знаевме нивото на овој тим. Тие се самоуверен тим со играчи од многу високо ниво. Тие се докажаа како се победници на Лигата на шампионите.

Беше тежок натпревар, но ПСЖ беа подобри“, рече дефанзивецот на Барселона.