фудбал

Харви Елиот прави изненадувачки трансфер во МЛС лигата

Американскиот клуб од врвната лига, Шарлот, ја анализира состојбата на Харви Елиот во Астон Вила, но секоја трансфер активност ќе зависи од одлуките кои ќе ги донесат Астон Вила и Ливерпул. Англискиот репрезентативец не добива шанса за играње во Вила, а Шарлот претставува еден од малкуте клубови што би можеле да му понудат нова можност веќе во јануари.

Елиот премина во Вила на последниот ден од преодниот рок на позајмица со обврска за откуп доколку одигра 10 натпревари. До сега, забележал само пет настапи и не влегол во игра од септември, што покажува дека Вила не е заинтересирана да ја активира клаузулата за откуп.

Според ФИФА правилата, играчот не може да настапи за три клуба во текот на една сезона која се простира од лето до пролет. Бидејќи Елиот одиграл една минута за Ливерпул пред да оди во Вила, за него се затворени вратите на многу европски лиги.

Сепак, американската МЛС лига користи различен календар, што го отвора патот за Шарлот да му ја обезбеди потребната играчка практика на Елиот пред Светското првенство, ако Вила и Ливерпул не планираат да го користат во втората полусезона. Извори велат дека ситуацијата е сѐ уште во фаза на истражување, а за интересот на американскиот клуб прв објави Фабрицио Романо.


Израелецот Соломон претставен во Фиорентина

Фиорентина вчера го комплетира трансферот на Манор Соломон но зделката предизвика и бурни реакции кај навивачите, кои порачаа дека Израелецот „не е добредојден“.

Фиорентина целосно потфрли во првиот дел од сезоната и со само 9 освоени бодови се наоѓа на последното место на табелата.

Па клубот од „Артемио Френки“ не трошеше многу време и вчера го потврди Манор Соломон како прво засилување.

Тој пристигнува на позајмица од Тотнем со опција во целост да биде купен за 10 милиони евра, но неговиот трансфер предизвика голема бура помеѓу навивачите.

Не се проблем неговите квалитети, туку неговото израелско потекло, па поради војната помеѓу Израел и Палестина, доби многу пораки дека „не е добредојден“.


Јунајтед и Брајтон преговараат за Балеба

Манчестер Јунајтед наводно планира да го потпише играчот од средниот ред на Брајтон, Карлос Балеба, во јануарскиот преоден рок за 115 милиони фунти (околу 132 милиони евра).

21-годишникот, беше цел на клубот од „Олд Трафорд“, пред шест месеци. Тогаш клубовите не постигнаа договор, но Јунајтед не се откажа од Балеба.

Јунајтед сега ги разгледа условите за можен трансфер во јануари, пишува „Скај Спортс“, истакнувајќи дека позицијата на Брајтон останува иста, Балеба не е на продажба.

Доколку Јунајтед се согласи на цената што ја бара Брајтон, ќе мора да го сруши клупскиот рекорд.

Од Брајтон во август, изјавија дека младиот Камерунец би можел да замине за не помалку од 115 милиони фунти (132 милиони евра), што би ги надминало 105-те милиони евра потрошени за Пол Погба во 2016 година.

Договорот на Балеба е до 2028 година и вклучува опција за продолжување за уште една година. Долгорочниот договор му дава на Брајтон силна преговарачка позиција и им овозможува да бараат огромна сума за играчот од средниот ред.

Карлос Балеба веќе има одиграно над 70 натпревари во Премиер лигата откако му се приклучи на Брајтон од Лил за 23 милиони фунти.


Интер го нуди Ачерби како дел од трансферот на Кансело

Интер и Ал Хилал се во преговори за трансфер на Жоао Кансело, се верува дека на крајот тие ќе завршат позитивно и Португалецот ќе се пресели во Милано.

Наводно Интер ги понудил Ачерби и Де Вриј, Ал Хилал може да бира еден од нив кој би се преселил кај нив, а за возврат нероазурите би го добиле Кансело.

Во овие часови се водат интензивни преговори меѓу двата клуба, има повеќе опции и начини на кои може да се реализира трансферот.

Тоа за Кансело би било враќање во Интер, тој го носеше сино-црниот дрес во сезоната 2017-18 кога настапуваше како позајмен играч од Валенсија.


Еквадорецот Ордоњез пред потпис со Ливерпул

Централниот бек на белгискиот Клуб Бриж, Жоел Ордоњез, треба да потпише за Ливерпул во јануари, а трансферот се проценува на 50 милиони евра, јавија денеска британските медиуми.

Челзи, исто така, беше заинтересиран за него, но лондонскиот клуб на крајот се откажа од трката за потписот на еквадорскиот репрезентативец. Ордоњез ја почна својата кариера во еквадорскиот тим Индепендиенте, а во 2022 година се пресели во Клуб Бриж, во вредност од четири милиони евра.

Досега има 14 настапи за еквадорската репрезентација.


Фратези ги одбива сите опции, сака само во Јуве

Играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези, е подготвен да се приклучи на Јувентус.

Претходно беше објавено дека Фенербахче сака да го земе 26-годишниот фудбалер на позајмица со задолжителен откуп и е подготвен да потроши околу 40 милиони евра.

Јувентус, Рома и Наполи исто така покажуваат интерес за играчот од средниот ред, но „нероаѕурите“ не сакаат да го дадат играчот на своите директни конкуренти.

Сепак, според „Тутоспорт“, Италијанецот одбил трансфер во турскиот клуб. Тој би сакал да се приклучи на Јувентус бидејќи сака да работи со Лучијано Спалети.

Поточно, бидејќи тренерот му верувал на стартното место додека ја тренирал италијанската репрезентација, додека Давиде бил резерва во Интер.

Сега, кога Интер сè уште не успева да му го даде на играчот од средниот ред времето за играње што го посакува, Фратези размислува за трансфер во јануари како можен начин да ја подобри неговата ситуација, а Јуве се смета за негова најдобра опција.


Роберто Карлос отпуштен од болница по зафатот на срцето

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Интер, Фенербахче и неколку други клубови, Роберто Карлос, е отпуштен од болницата каде што му беше извршена операција на срце, објави „Мундо Депортиво“.

52-годишниот Бразилец објави фотографија на социјалните мрежи со лекарите кои ја извршија операцијата, а во описот напиша: „Му се заблагодарувам на целиот медицински персонал за нивното внимание и грижа“.

На 31 декември 2025 година, лекарите открија згрутчување на крвта во ногата на Бразилецот за време на преглед. По анализа на целото тело било откриено дека неговото срце не функционира правилно. Роберто Карлос беше хоспитализиран за операција, која, поради компликација, траеше три часа наместо предвидените 40 минути.

Роберто Карлос играше за Реал Мадрид од 1996 до 2007 година. Со мадридскиот клуб освои четири шампионски титули во Шпанија и три титули во Лигата на шампионите. Исто така, го освои и Светското првенство во 2002 година со бразилската репрезентација.


Леао човек на одлука, Милан се враќа со три бода од Сардинија

Милан со гол на Рафаел Леао во второто полувреме го победи Каљари со 0-1 во првиот меч од 2026 година.

Росонерите не блескаа во првиот дел, но одиграа сосема солидно во вторите 45 минути од дуелот на Сардинија.

Веднаш во второто полувреме Милан нападна, а таквата игра брзо вроди со плод, во 50. минута Рафаел Леао постигна гол за водство од 1-0, што значеше и победа.

На овој меч за Милан дебитираше новото засилување Филкруг кој во игра влезе во 69. минута.

Сега Милан е на првото место на табелата, о Интер допрва треба да го игра својот меч од ова 17. коло.


Фабио ќе брани и во 47-та година од животот

Легендарниот бразилски голман Фабио го продолжи договорот со Флуминенсе до крајот на 2027 година. Тоа значи дека рекордерот по бројот на одиграни натпревари дополнително ќе ја помести границата на одиграни натпревари.

Ова значи дека со продолжување на договорот тој ќе може да брани до својата 47-та година од животот.

Фабио претходното лето го надмина легендарниот англиски голман Питер Шилтон и официјално стана играчот со најголем број одиграни натпревари во историјата на фудбалот. Изминативе четири години Фабио имаше 261 натпревар и беше еден од клучните играчи за успесите на неговиот тим, а секако најголем успех е триумфот со клубот 2023 година во Копа Либертадорес.


Артур Мело блеска во дресот на Гремио

Некогашната голема надеж на Барселона и Јувентус, Артур Мело, по неуспешниот период во Европа повторно игра на високо ниво во татковината. Бразилецот, кој сè уште е под договор со Јувентус, настапува како позајмен фудбалер во Гремио и има клучна улога во тимот.

По неговото доаѓање, Гремио значително ги подобри резултатите, а Артур стана лидер на средниот ред.

Досега одигра 13 натпревари и собра 1.088 минути, со големо влијание врз играта и исклучителна прецизност во додавањата од речиси 94 проценти.

Статистиката покажува дека тимот е далеку поуспешен со него на теренот, а ваквите настапи му донесоа место меѓу петте најдобри играчи за врска надвор од најсилните европски лиги според ЦИЕС. Се чини дека далеку од Европа, Артур Мело повторно се пронаоѓа.