Столе Димитриевски има три понуди да замине од Валенсија
Италијанскиот новинар Матео Морето објави дека македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски има три опции за да ја продолжи својата фудбалска кариера. Откако во Валенсија очигледно нема да биде прв избор за чувар на мрежата, Столе сега е на потег да избере нова средина.
Морето пишува дека Лил, Фенербахче и италијанска Џенова се заинтересирани за услугите на нашиот репрезентативец. Најголем интерес очигледно има од Фенербахче предводен од Мурињо, но отворени се и преостанатите две опции.
Македонија и Саудиска Арабија договорија тест во Прага
Македонската репрезентација ќе одигра контролен натпревар против Саудиска Арабија на 4 септември во рамки на официјалниот ФИФА термин. Дуелот ќе се одигра на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток во 17:00 часот.
Ова ќе биде трет меѓусебен натпревар помеѓу двете репрезентации. Првиот се одигра на 1. август 2001 година во Ријад и заврши без победник (1:1). Вториот меч беше на 22. октомври 2022 година во Абу Даби, кога Саудиска Арабија славеше со 1:0. За Македонија на натпреварот настапија фудбалери од домашниот шампионат.
Контролниот меч во Прага ќе биде важен тест за нашите најдобри фудбалери и можност за селекторот Благоја Милевски да ја провери формата и тактичките замисли пред продолжението на квалификациите за Светското првенство 2026. Само три дена подоцна, на 7 септември, Македонија ќе го пречека Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Ливерпул има намера да ѓи засили дефанзивните редови со Гуеи и млад талент од Италија
Ливерпул е во напредна фаза од преговорите за доведување на стоперот на Кристал Палас, Марк Гуеи, додека летниот преоден рок влегува во своите последни недели. Засилувањата во одбраната се приоритет за англискиот шампион, а Гуеи е идентификуван како клучна цел во тој процес.
Англискиот репрезентативец и капитен на Кристал Палас има уште само една година од договорот, што го става клубот под притисок да го продаде сега, за да избегне да го загуби без надомест следното лето. Се верува дека Гуеи веќе постигнал личен договор со Ливерпул, а разговорите меѓу клубовите се во напредна фаза. Договор вреден околу 35 милиони фунти е блиску до финализација.
Покрај Гуеи, Ливерпул има сериозен интерес и за Џовани Леони, 18-годишен дефанзивец од Парма. Клубот го гледа Леони како долгорочна инвестиција и дел од поширока стратегија за создавање стабилна одбранбена линија. Додека Гуеи би донел искуство и лидерство, Леони се смета за талентиран играч со голем потенцијал.
Овие чекори го одразуваат внимателното планирање на тимот од „Енфилд“, по лето исполнето со одредени заминувања. Со јасна намера да обезбеди и квалитет и длабочина во тимот, Ливерпул се подготвува за уште една интензивна сезона на домашната и европската сцена.
Финални преговори меѓу Челси и Јунајтед за Гарнаџо
Челси ги
засили своите напори за ангажман на Алехандро Гарнаџо, влегувајќи во напредни
преговори со Манчестер Јунајтед во обид да го обезбеди потписот на
аргентинското крило.
Гарнаџо, кој
има 21 година, јасно ставил до знаење дека сака преселба на „Стемфорд Бриџ“ и
веќе ги договорил личните услови со лондонскиот клуб. Разговорите меѓу двата
премиерлигаши траат подолго време, но во последните денови забележан е
значителен напредок кон финализирање на трансферот.
Јунајтед го
проценува Гарнаџо на сума меѓу 50 и 60 милиони фунти и е подготвен да го пушти
како дел од пошироката реконструкција на тимот ова лето. Клубот неговото
заминување го гледа како дел од таа поголема промена.
Челси,
охрабрен од неодамнешните успеси, гледа во Гарнаџо клучно засилување за
офанзивата. Со играчот кој е целосно посветен на трансферот и со одбивање на
другите понуди, расте оптимизмот дека договорот наскоро ќе биде финализиран.
Изак сеуште бунтува – решен да го напушти Њукасл за Ливерпул
Александар
Изак го направи најрешителниот чекор досега во својата намера да го напушти
Њукасл Јунајтед, со јасна желба да се пресели во Ливерпул. Шведскиот напаѓач,
кој има договор со клубот до 2028 година, јасно стави до знаење дека не сака
повеќе да игра за Њукасл.
Ливерпул
веќе ја направи првата понуда, околу 110 милиони фунти со бонуси, но истата
беше одбиена. Њукасл останува на својата проценка од 150 милиони фунти. И
покрај тоа, интересот на Ливерпул не стивнува. Тренерот, Арне Слот, наводно е силно
заинтересиран да го донесе Изак на „Енфилд“, дури и по потпишувањето на Хуго
Екитике за 95 милиони евра – трансфер кој дополнително ја комплицира
финансиската слика.
Ставот на
Изак предизвика тензии во Њукасл. Менаџерот Еди Хау призна дека напаѓачот
моментално не е дел од неговите планови и повика на професионализам додека
ситуацијата се разреши. Сепак, остави мала можност за реинтеграција. Од друга
страна, блиски извори до играчот велат дека Изак ја смета својата кариера во
Њукасл за завршена. Клубот веќе бара замена, но неколку главни цели веќе им
избегаа.
Со
затворањето на трансфер-пазарот закажано за 1 септември, времето истекува за да
се најде решение. Навивачите на Ливерпул внимателно следат, надевајќи се на
нова, подобрена понуда. Поранешниот дефанзивец на „црвените“, Џејми Карагер,
изрази уверување дека Изак на крајот ќе заврши на „Енфилд“, но предупреди дека
тој сам нема да биде гаранција за титула. Следните неколку недели би можеле да
ја одредат судбината на една од најголемите трансфер приказни ова лето.
Атлетико Мадрид го претстави Распадори
Денес беше објавен новиот играч на Атлетико Мадрид. Џакомо Распадори потпиша договор со клубот од Ла Лига до 2030 година, по трансферот вреден 26 милиони евра од италијанскиот шампион Наполи.
Италијанскиот репрезентативец е одлично засилување на сите напаѓачки позиции.
Тој својата кариера ја започнал во Сасуоло академијата во 2009 година, а неговото деби со првиот тим дошло десет години подоцна во мечот против Аталанта.
Ињиго претчувствувал понуда од Саудиска Арабија
Ињиго Мартинез ја напушти Барселона и се пресели во Ал Наср. Целата работа околу трансферот беше завршена за 48 часа.
Мартинез, пред две години, како слободен играч дојде во Барселона од Атлетик Билбао. Во првата сезона поради повредите не успеа да се наметне, во во втората блескаше и беше незаменлив во одбраната.
Медиумите во Шпанија открија како фудбалерот експресно успеа да го реализира трансферот и да замине без обесштетување во Ал наср.
Кога пред две години го ставил својот потпис на договорот со Барселона, Мартинез инсистирал да биде вметната клаузула, според која има право да го напушти клубот доколку добие понуда од Саудиска Арабија.
Очигледно, Ињиго имал желба кон крајот на својата кариера да ја зголеми сметката во банката и се подготвил сè за потенцијален трансфер.
Донарума не е во комбинација за Суперкупот против Тотенхем
Иднината на Џанлуиџи Донарума во Пари Сен Жермен е под голем знак прашалник.
Италијанскиот голман не е вклучен во составот на „Светците“ за натпреварот во среда против Тотенхем во Европскиот Суперкуп.
Донарума имаше една од клучните улоги во освојувањето на Лигата на шампионите, но Луис Енрике и клупските челници решија да го отстранат откако тој одби да го продолжи договорот. Договорот на Донарума со ПСЖ истекува наредното лето.
За 40 милиони евра, ПСЖ го донесе Лукас Шевалие од Лил, кој ќе биде прв избор, а тука се и Матвеј Сафонов и Арно Тенас.
Менаџерот на Донарума, Енцо Раиола е во контакт со гиганти како Манчестер јунајтед, Челзи и Интер, кои внимателно ја следат ситуацијата.
Минатата сезона, Донарума прими 43 гола на 47 натпревари, а во 17 од нив не прими гол.
Барса и Виљареал ќе играат за бодови во САД
Натпреварот од 17. коло од шпанската Ла Лига помеѓу Виљареал и Барселона треба да се игра на 20 декември во Мајами, беше објавено на официјалната веб-страница на натпреварувањето.
„Одборот на директори на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) денес го одобри барањето на Виљареал и Барселона натпреварот од 17-то коло од Ла Лига да се игра во Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението.
Формален домаќин на овој дуел ќе биде Виљареал. „Марка“, известува дека по ова одобрување, RFEF ќе поднесе барање до Европската фудбалска унија (УЕФА) за започнување на процесот на одобрување од страна на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) натпреварот помеѓу Виљареал и Барселона да се игра на 20 декември оваа година на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, во согласност со меѓународните прописи на ФИФА и имплементациските прописи одобрени од RFEF.
Истиот извор понатаму наведува дека ова ќе биде прв пат во историјата натпревар од Ла Лига да се игра надвор од Шпанија.
Дебакл на Брера со играч помалку во Кратово
Силекс оствари убедлива победа од 5-0 против АП Брера во последниот меч од првата рунда во Првата лига, кој се одигра во Кратово.
Гостите се држеа едно полувреме, а се чини дека пресуден момент беше 28. минута, кога останаа со играч помалку поради грубиот старт на Никола Величковски над Ѓорѓе Џеков.
АП Брера издржа со мирна мрежа до крајот на првото полувреме, но потоа комплетно потона. Португалскиот интернационалец Мигел Пиреш го отвори резултатот со удар со глава во 47. минута, по центаршутот на Рајков од десната страна. Кристијан Ефтимов зголеми на 2-0 шест минути по една одлична соло акција од левата страна, а третиот гол беше дело на Илија Донов во 57. минута.
Во финишот, уште два гола. Кристијан Велиновски се запиша меѓу стрелците во 85. минута, а во 90. минута, Мигел Пиреш со удар од далечина ги постави конечните 5:0 за Силекс.