фудбал

Македонија потфрли во вториот дел и загуби од Словенија во Скопје

Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Словенија со 26-32 во квалификацискиот натпревар за Европското првенство, кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Момците на Кирил Лазаров покажаа две лица на овој натпревар, одигравме одлично во најголемиот дел од првото полувреме, но попуштивме во вторите триесет минути.

Македонија одлично го почна натпреварот, во текот на првиот дел имавме предност и од шест голови разлика, беше 11-5 за нас, но како одминуваше времето Словенија почна да ја топи нашата предност. Првото полувреме заврши со водство на македонската репрезентација од 16-15.

Во вториот дел Словенија брзо излезе од негатива, Македонија особено падна во финишот од мечот во кој противникот направи серија од 5-1 и на крајот победи со убедливи 26-32.

Филип Кузмановски со десет голови беше најефикасен наш ракометар, Митев постигна пет, а Пешевски четири. Митревски запиша девет одбрани.

В недела овие две селекции играат во Копер, во рамките од четвртото коло на квалификационата група.


Кејн: Не браневме предност, игравме на победа во Леверкузен

Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн ги искажа своите впечатоци по победата над Баер Леверкузен (0-2) синоќа во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Многу добар натпревар. Од првата минута не сакавме да бидеме тим што се повлекува за да одбрани предност. Сакавме да бидеме офанзивни, да извршиме притисок, да создаваме шанси и да победиме. Направивме многу од ова и во првото полувреме, кога бевме поблиску до гол. Што се однесува до второто полувреме, разбравме дека противникот ќе се обиде да промени нешто, но го казнивме. Ова е петти пат да играме со Баер, а тука победија само еднаш пред еден месец. Во други случаи победивме. Ова во голема мера се должи на активниот висок пресинг“, изјави Кејн.

Баерн ќе игра против Интер во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар е закажан за 8 април во Минхен, а реваншот по седум дена во Милано.


Сари фаворит за тренерското место во Рома

Италијанските медиуми објавија денес дека Клаудио Раниери, и покрај одличните резултати, нема намера да остане на клупата на Рома следната сезона, а прв фаворит за негов наследник е Маурицио Сари.

Раниери ја презеде Рома минатата есен по отказот на Иван Јуриќ и успеа да го извлече тимот од кризата. Сепак, медиумите наведуваат дека искусниот тренер ќе се држи до првичниот план да го води тимот до лето, по што ќе ја преземе функцијата извршен директор на клубот.

Наследникот на 73-годишниот Раниери сè уште не е познат, а во моментов најголеми шанси му се даваат на поранешниот тренер на Наполи, Јувентус и Лацио, Маурицио Сари.


Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите со Лихтенштајн и Велс

Селекторот на македонската фудбалска репрезентацијата, Благоја Милевски го објави денес го објави списокот со повикани фудбалери за претстојните натпревари од квалификациите против Лихтенштајн на 22 март и против Велс на 26 март.

На списокот на Милевски за двата меча се наоѓаат следните фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски.

Одбрана: Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Стефан Ашковски, Андреј Стојчевски, Висар Муслиу, Бојан Илиевски и Ѓоко Зајков.

Среден ред: Енис Барди, Јани Атанасов, Исник Алими, Давид Бабунски, Тихомир Костадинов и Агон Елези.

Напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Лирим Ќамили, Александар Трајковски, Кристијан Трапановски Лука Станковски.


Слот без два важни дефанзивци во финалето на Карабао Купот

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, призна дека би бил „изненаден“ доколку Трент Александер-Арнолд биде подготвен за настап во финалето на Карабао Купот во недела, но сепак, е поголем оптимист кога станува збор за повредата на Ибрахима Конате.

Двајцата дефанзивци се повредија синоќа во поразот на „црвените“ во реваншот од Пари Сен Жермен во осминафиналето на Лигата на шампионите во вторникот. Александер-Арнолд ја напушти играта во 73-та минута, откако се покажа дека го изврте коленото, додека Конате не можеше да го заврши продолжението на Енфилд поради болки во мускулите. Ливерпул сега може да остане без двајца стартни дефанзивци за мечот со Њукасл на Вембли и битката за прв трофеј сезонава.


Слот: Ова е најдобриот натпревар во мојата кариера

Ливерпул доживеа елиминација од ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампионите на пенали на „Енфилд“ пред своите гледачи.

Во првиот меч парижаните целосно ги надиграа „црвените“, но на крајот загубија од вториот удар на гостите кон голот на Донарума. Овој пат среќата се сврте во корист на тимот од француската престолнина и може да се каже дека ПСЖ заслужено напредуваше.

По натпреварот, Арне Слот го истакна фактот дека ова бил неверојатен дуел.

„Ова беше најдобриот фудбалски натпревар на кој сум бил. Ова беше неверојатен настап, особено кога ќе се спореди со претходната недела. Создававме шанси и кога губевме. Немавме среќа по минатата недела“, рече Слот.

Холандски стручњак даде интересна опсервација и на овој дуел:

„Се чинеше дека заслуживме повеќе отколку да имаме гол негатива. Одигравме совршен натпревар, освен што не постигнавме гол. Слично беше и со Париз минатата недела, кога одиграа совршен натпревар. А потоа во продолженијата време беа можеби малку подобри“.

Во четвртфиналето ПСЖ ќе игра против победникот од пресметката меѓу Астон Вила и Клуб Бриж.


Енрике: Воопшто не вежбавме пенали пред натпреварот

Во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и ПСЖ на „Енфилд“, францускиот шампион направи подвиг и по подоброто изведување пенали обезбеди пласман во четвртфиналето.

Во регуларното време единствениот гол го постигна Усман Дембеле, а потоа пеналите за ПСЖ ги реализираа Витиња, Гонзало Рамос, Усман Дембеле и Дезире Дуе. Само Мохамед Салах постигна гол за Ливерпул.

Дали ги вежбале пеналите?

Не. Искуството ми покажа дека тоа не е потребно. Особено по елиминацијата со Шпанија против Мароко на Мундијалот (осминафинале 0-0, 0-3 на пенали). Денеска играчите се чувствуваа дека мора да шутираат.


Дембеле двоен стрелец, Барса пак ја совлада Бенфика

Барселона е сигурен четвртфиналист во Лигата на шампионите. Каталонците во реваншот ја победија бенфка со 3-1 и со вкупен резултат 4-1 се пласираа меѓу најдобрите осум екипи во Европа.

Натпреварот на „Монжуик“ во Барселона беше решен во првото полувреме. Барселона излезе со јасна намера најбргу што може да ги ршеи дилемите околу пласманот во четвртфиналето.

Рафиња ја отвори серијата во 11. минута, меѓутоа Бенфика експресно изедначи, преку капитенот Отаменди. Следуваше потегот на мечот во 27. минута кога асистентот за првиот гол, Ламин Јамал го погоди подалечнитот агол од голот на трубин.

Точка на мечот со својот втор гол стави Рафиња. Бразилецот во 10 натпревари сезонава во ЛШ има постигнато 11 голови.

Барселона во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Лил и Борусија Дортмунд.


Анчелоти во проблеми, Мбапе неизвесен за дуелот со Атлетико

Килијан Мбапе е под знак прашалник за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу Атлетико и Реал. Реал Мадрид ќе го брани водството од 2-1 од првиот натпревар против градскиот ривал, но можно е тоа да биде без својот најдобар стрелец.

Мбапе претрпе удар во зглобот на натпреварот против Рајо Ваљекано овој викенд и утре ќе биде подложен на тестови за да се утврди дали може да игра против Атлетико. Поради гореспоменатите проблеми со зглобот, Мбапе воопшто не тренираше во понеделникот, додека во вторникот работеше индивидуално.

Мбапе има одлична дебитантска сезона за Реал Мадрид. Французинот веќе постигна 29 гола на 42 натпревари и е најдобар стрелец. Мбапе е исто така на добар пат да стане рекордер на Реал во својата дебитантска сезона, бидејќи актуелниот рекордер Иван Заморано постигна 37 гола во својата прва сезона.


ПСЖ го исфрли Ливерпул, Донарума јунак во пенал-рулетот

Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул испадна од Лигата на шампионите. На „Енфилд“, ПСЖ го елиминира Ливерпул по избедувањето пенали со 4-1, откако претходно го доби натпреварот по 90 и 120 минути игра со голот на Дермбеле во 12. минута.

ПСЖ на „Енфилд“ имаа перфектна пенал серија. Четворица погодија: Витиња, Гонзало рамош, Дембеле и Дезире Дуе, но апсолутен херој е голманот Донарума кој ги одбрани ударите на Дарвин Нуњез во втората и Џонс во третата серија. Само Салах реализираше пенал за Ливерпул во првата серија.

ПСЖ во четвртфиналето ќе игра против Астон Вила и Клуб Бриж. Првиот натпревар, одигран минатиот вторник, Астон Вила го доби со 3-1.

Претходно пласман во четвртфиналето изборија Барселона, Баерн Минхен и Интер.