фудбал

Осимен, Салах и Хакими: Финалисти за Африканската Златна топка 2025

Osimhen, Salah and Hakimi

Виктор Осимен беше еден од најсјајните напаѓачи во дресот на Галатасарај и на Нигерија во 2025 година. Од јануари до средината на октомври, тој покажуваше извонредна способност за постигнување голови, вклучително и спектакуларен хет-трик против Бенин во октомври, кој им обезбеди на Нигеријците место во плејофите за Светското првенство. Неговите клучни настапи продолжија со два гола против Габон во ноемвриските плејофи, потврдувајќи ја неговата важна улога во потрагата на Нигерија по пласман на СП. Во Суперлигата, Осимен постигна 26 гола во 30 натпревари, со прецизност на шутирање над 50%, демонстрирајќи клиничка ефикасност пред голот.

Мохамед Салах продолжи со доминантните настапи за Ливерпул оваа година. Познат по брзината, прецизноста и креативноста, Салах заврши во Премиер лигата со 29 голови и 18 асистенции, кршејки го рекордот за најголем број на гол-контибуции во сезона со 38 натпревари. До октомври 2025 година, иако формата од минатата сезона забележливо е згасната, Египќанецот сеуште знае да ја пронајди мрежата и да му помогне на клубот од Мерсисајд .

Во ПСЖ, Ашраф Хакими продолжи да импресионира и оваа сезона. Тој беше клучен за стабилноста на одбраната, но и за офанзивната игра на тимот. Хакими редовно се појавуваше во Лига 1, со значајни асистенции и солидни дефанзивни перформанси, како и во во Лигата на шампионите. Со својата брзина, прецизни центрирања и дефанзивна способност, Мороканецот му помогна на ПСЖ да ја освој престижната тројна круна минатата сезона. Според многу аналитичари и фанови, овие признанија го прават главен кандидат за наградата.


Алварез или Кејн се најпосакуваните опции во Барса за замена за Левандовски

Според „Мундо Депортиво“, Барселона сака да купи врвен напаѓач кој ќе го замени Роберт Левандовски, чиј договор истекува следното лето.

Клубот верува дека неговите финансиски можности дозволуваат скап договор. Се очекува заминувањето на Левандовски да му обезбеди на клубот 40 милиони евра за трошоците за екипата, кои Барселона би можела да ги искористи за да го потпише играчот. Дополнителни приходи се очекуваат и по враќањето на тимот на „Камп Ноу“.

Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид е претпочитаната опција на клубот. Барселона е заинтересирана и за Хари Кејн од Баерн Минхен, Серху Гираси од Борусија Дортмунд и Виктор Осимен од Галатасарај. Карл Ета-Ејонг од Леванте се смета за „буџетска“ опција, додека Ерлинг Халанд од Манчестер сити се смета за прескап.


Познати 32 учесници на Мундијалот

По вчерашните натпревари во квалификациите, пласман на Светско фудбалско првенство 2026 во Канада, Мексико и САД изборија Португалија и Норвешка. Тие се 31-от и 32-учесник на Мундијалот 2026.

Во Европа, квалификациската рунда, вклучувајќи го и плејофот, трае од март 2025 година до март 2026 година.

Пласман на СП 2026 досега изборија: Канада, Мексико, САД, Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Аргентина, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, Бразил, Еквадор, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис, Египет, Алжир, Гана, Зелен ’Рт, Јужна Африка, Катар, Англија, Саудиска Арабија, Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Франција, Хрватска, Португалија, Норвешка.


Алаба и Рудигер ќе го менуваат Реал со Саудиска Арабија

Иднината на двајца од дефанзивците на Реал Мадрид е под знак прашалник. Според „АС“, Антонио Рудигер и Давид Алаба се на чекор да се разделат од кралскиот клуб и веројатно ќе се упатат кон Блискиот Исток.

Понудите за Алаба вклучуваат исклучително висока плата. Сепак, самиот играч сè уште чека на позицијата на Реал Мадрид и се очекува да донесе конечна одлука за својата иднина во следните неколку месеци.

Според изданието, раководството на Реал Мадрид има одредени двоумења околу задржувањето на Алаба и Ридигер. Главната причина за ова е нивната подложност на повреди.

Договорите на двајцата играчи со мадридскиот гигант истекуваат во јуни 2026 година.


Рекордите на Халанд: Голови на осум репрезентативни меча по ред

Напаѓачот на Манчестер Сити и Норвешка, Ерлинг Халанд, постигна два гола во победата од 1-4 над Италија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година, со што ја продолжи својата серија голови во квалификациските натпревари за Светското првенство на осум натпревари.

Според „Mister Chip“ , ова е втората најдолга серија голови во историјата на квалификациите за Светското првенство во Европа. Рекордот му припаѓа на Португалецот Педро Паулета , кој постигна голови во девет последователни натпревари помеѓу 2001 и 2004 година.

Вреди да се напомене дека норвешката репрезентација обезбеди директен пласман на Светското првенство во 2026 година со освојувањето на првото место во групата со Италија, Молдавија, Израел и Естонија, победувајќи на сите осум натпревари со гол-разлика од 37-5.

Покрај тоа, 25-годишниот Халанд е огромен лидер во трката за најдобар стрелец во квалификациите за Светското првенство во УЕФА 2026 година со 16 гола, осум повеќе од неговите најблиски ривали.


Касемиро: Нејмар треба да игра за Бразил како што Меси играше за Аргентина

Фудбалерот на Бразил, Касемиро, апелира неговиот соиграч Нејмар да се користи во репрезентацијата на „кариоките“ на истиот начин како што Аргентина го искористи Лео Меси на Мундијалот во 2022 година.

„Можете да го оставите Нејмар и да играте околу него. Не е како тој само да стои таму а ние да трчаме наоколу – не, не функционира така.

Аргентина играше така: Хулијан Алварез се спушти длабоко, а Меси играше како лажна деветка. Тимот се бранеше со низок блок а Меси стоеше напред“, потенцираше играчот на Бразил.


Линекер не верува премногу во шансите на Англија на Мундијалот

Легендарниот напаѓач на Англија, Гери Линекер вели дека „трите лава“ ќе имаат тежок период на Светското првенство.

„Шпанија е меѓу главните кандидати. Тие имаат фантастичен тим. Англија има многу добри играчи и шанси но, како што знаеме, многу е тешко за нашата земја да го освои Светското првенство.

Исто така мислам дека Франција и Аргентина имаат шанса“ , потенцираше некогашниот репрезентативец на „Гордиот Албион“.


Пеп го сака назад Ечевери во Манчестер уште во јануари

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, размилува да ја прекине позајмицата на Клаудио Ечевери во Баер Леверкузен и да го врати во Англија.

Во август, германскиот клуб го потпиша 19-годишниот играч од средниот ред на „граѓаните“ на едногодишна позајмица. Луѓето од „Етихад“ не се задоволни од минутажата што ја добива младиот играч и затоа сакаат да разговараат со колегите од Германија.

Весникот – „Билд“ тврди дека Ечевери веројатно ќе се врати во Манчестер во текот на зимскиот трансфер период во јануари.


Македонија до 19 година поразена од Португалија на квалификацискиот турнир за Елитна фаза

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години го запиша вториот пораз во квалификациите за пласман во Елитна фаза квалификации за Европското првенство. Домаќинот на турнирот, репрезентацијата на Португалија славеше со 4-1 од Португалија.

Силната португалска селекција уште еднаш го потврди својот квалитет и пред домашната публика беше пресилен противник за нашите млади надежи.

Во првото полувреме, Патрао, Силва и Соареш ја погодија нашата мрежа за високо водство. По одморот, Тровиско зголеми на 4-0, по што Македонија успеа да намали преку фудбалерот на Вардар, Емир Шаботиќ, кој погоди во 71. минута.

За Македонија ова беше втор пораз, по стартниот меч со Белгија. Нашата селекција ќе го заврши квалификацискиот циклус со дуелот против Естонија, која досега одигра два нерешени натпревари, против Португалија и Белгија (1-1).


Макеле главен судија на натпреварот против Велс

Македонската фудбалска репрезентација во вторник во Кардиф против Велс ќе го одигра решавачкиот натпревар за освојување на втората позиција во квалификациската група за пласман на Светскиот шампионат.

Со оглед дека ова е дуел кој директно решава која од двете селекции ќе обезбеди место во баражот, УЕФА го делегираше еден од најдобрите арбитри во Европа.

Главен судија е Холанѓанецот, Дани Макеле, а ќе му помагаат Хесел Стегстра и Јан де Фрис. Четврти арбитар е Марк Нагтегал.

Холандска двојка ќе биде и во ВАР собата, а таму се делегирани Пол ван Бокел и асистентот Рихард Мартенс.

Четириесет и две годишниот полициски службеник од Дордрехт, кој знакот на ФИФА го носи од 2011-тата судел на Светскиот куп во Катар 2022 и на последните два Европски шампионати.

Бил делегиран на финалето во Лигата на шампионите пред пет години меѓу ПСЖ и Баерн како на финалето во Лига Европа во кое се соочија Севилја и Интер,

Макеле три пати бил главен арбитар на мечеви во кои настапила репрезентацијата на Македонија.

Во 2016-тата во Скопје на натпреварот во кој Италија ја совлада нашата селекција со 3:2. Три години подоцна на дуелот Македонија – Словенија исто така во Скопје кога славевме со 2:1 и во 2021-та на мечот на арената Тодор Проески против Германија во кој гостите триумфираа со 4:0.

Холанѓанецот е еден од најискусните судии на Стариот континент. Во кариерата има 750 натпревари од кои 362 во националниот шампионат, 54 во Лигата на шампионите, 18 во Лига Европа, а 31 пат бил делегиран на квалификациски мечеви за пласман на Светските и Европските шампионати.