фудбал

Интер Мајами преговара со Пол Погба

TURIN, ITALY – AUGUST 27: Paul Pogba of Juventus looks on prior to the Serie A TIM match between Juventus and Bologna FC at on August 27, 2023 in Turin, Italy. (Photo by Giuseppe Cottini/Getty Images)

Францускиот фудбалер Пол Погба, кому утре му истекува 18-месечната суспензија поради допинг, е многу блиску до потпишување договор со американскиот клуб Интер Мајами, пренесува денеска Радио Монте Карло.

Погба, кој со Франција ја освои светската титула во 2018 година, го раскина договорот со Јувентус минатиот октомври, а од есента лани живее со семејството во Флорида.

Францускиот фудбалер беше забележан како се среќава со претседателот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, а потоа присуствуваше на натпреварот на тимот против Њујорк Сити на 23 февруари. Трансфер пазарот во САД е отворен до 23 април.

Пол Погба нема официјален натпревар од 3 септември 2023 година и оттогаш тренира индивидуално.


Васоски казнет со забрана од еден месец заради црвениот картон против Вардар

Инцидентот кој се случи по последниот судиски свиреж на мечот меѓу Силекс и Вардар, го чини Александар Васоски долга суспензија.

Александар Васоски заработи црвен картон поради жестоки протести кон судиите, инцидентот се случи по крајот на мечот кога дојде до вербална расправија меѓу тренерот на Силекс и лицата кои ја делеа правдата.

За овој испад Васоски доби суспензија од еден месец и ќе треба да плати парична казна од 200 евра.

Во меѓувреме ќе има и репрезентативна пауза, па Силекс без својот тренер на клупата ќе биде во три натпревари, против Брера, Тиквеш и Воска.

Со еден меч суспензија е казнет и фудбалерот на Силекс, Илија Донов кој заработи црвен картон во финишот од првото полувреме.


Рушевиќ погоди од пенал, Работнички го совлада Тиквеш

Фудбалерите на Работнички триумфираа попладнево над Тиквеш со 1-0 во завршниот натпревар од 23 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Победничкиот гол за Работнички го постигна Анес Рушевиќ со прецизен удар од белата точка во 45 минута.

Со денешниот триумф, Работнички се израмни бодовно со третопласираниот Гостивар, додека Тиквеш остана на десеттото место на табелата.

Во петте вчерашни натпревари, лидерот Шкендија со совлада Пелистер, додека дербито во Кратово меѓу Силекс и заврши без победник.


Вирц се повреди, Алонсо без најдобриот фудбалер неколку недели

Во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Баерн, најдобриот играч на Баер, Флоријан Вирц, заработи повреда на колкот што ќе го оддалечи од терените неколку недели, потврдија од клубот од Леверкузен.

Изминатиот викенд беше ноќна мора за тимот на Чаби Алонсо. Загубија на домашен терен од Вердер Бремен (0:2) и останаа без најдобриот играч, кој теренот го напушти со патерици.

Баер потврди дека нема да може да смета на него во следните неколку недели поради повреда на зглобот. Тоа значи дека Вирц ќе го пропушти натпреварот против Баерн, но и други важни натпревари сега кога сезоната е при крај.

Баер во вторник од 21:00 часот игра на домашен терен против Баерн Минхен. Првиот натпревар заврши со победа на Баварците од 3:0.


Ливерпул го менува „Најк“ со „Адидас“

Лидерот на табелата во Премиер лигата и веројатно новиот англиски шампион, Ливерпул ја прекина соработката со компанијата „Најки“. По 13 години гермскиот гигант „Адидас“ се враќа на „Енфилд“.

Финансиските детали од договорот не се обелоденети, но локалните медиуми успеаја да „ископаат“ дел од договорот.

Ливерпул на социјалните мрежи објави дека потпишал долгорочен договор со спортскиот бренд „Адидас“ кој ќе стане официјален партнер на клубот. Ова ќе биде трет пат во историјата, „црвените“ да соработуваат со компанија од Херцогенаурах.

Медиумите тврдат дека се работи за петгодишен договор вреден околу 70 милиони евра годишно.

„Ливерпул и Адидас договорија ново повеќегодишно партнерство, со кое спортскиот гигант повторно ќе стане официјален партнер на клубот. Од 1 август 2025 година, нашиот клуб ќе ги носи легендарните три риги, трет пат во историјата“, објави „Енфилд“.

Адидас со опрема ќе ги снабдува сите машки, женски и младински секции на Ливерпул, како и персоналот на клубот.

Англискиот гигант и германскиот производител на спортска опрема претходно соработуваа во два периода, од 1985 до 1996 година, а потоа и од 2006 до 2012 година.


Александар Митровиќ пренесен во болница поради проблеми со срцето

Медиумите од Саудиска Арабија објавија дека српскиот напаѓач, Александар Митровиќ, бил пренесен во болница откако се пожалил на срцеви проблеми.

Офанзивниот фудбалер неодамна се врати на терените после повреда на тетивата, а веднаш по натпреварот со Ал-Фејха се пожалил на забрзана срцева работа и морал веднаш да замине во болница.

Докторите утврдиле тахикардија и аритмичана работа на највиталниот орган, по што препорачале целосно мирување во траење од најмалку десетина дена.

Митровиќ сезонава е главна алка во тимот на Ал-Хилал и досега забележа учинок од 18 голови и три асистенции.


Гасперини: Мојата Аталанта уште го сонува скудетото

По синоќешната блескава партија на гостувањето кај Јувентус и победата од 0:4, тренерот на Аталанта Џан Пјеро Гасперини ги оцени шансите на својот тим во трката за Скудетото.

По 28 кола, Божицата од Бергамо го зазема 3. место на табелата со три бода помалку од водечкиот Интер.

„Секако дека уживаме! Луѓето треба да сонуваат, а ние секогаш треба да им даваме надеж. Можеби некои ветал дека тоа е невозможно, но ако силно верувате, може да стане и реалност. Знаеме дека Интер и Наполи се две големи екипи, ги загубивме последните 7 натпревари од Интер, но и ова може да биде сигнал. Во оваа фаза од сезоната, Аталанта никогаш не била толку далеку пред Јувентус и никогаш не била во конкуренција за првото место, така што никогаш не се знае“, изјави тренерот на Аталанта.


Анхел Кореа се извини за навредите кон судијата на дуелот со Хетафе

GETAFE, SPAIN – AUGUST 03: Angel Correa of Atletico de Madrid celebrates after scoring his team’s third goal during the Pre-Season Friendly match between Getafe CF and Atletico de Madrid at Coliseum on August 03, 2024 in Getafe, Spain. (Photo by Mateo Villalba/Getty Images)

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа му се извини на судијата за пцостите упатени кон него по вчерашното исклучување на мечот со Хетафе. Напаѓачот на Атлетико Мадрид доби црвен картон во 88. Минута, а откако беше исклучен, го навредуваше судијата Фернандез со погрдни зборови и пцости.

„Би сакал да му се извинам на судијата Гиљермо за мојата реакција по исклучувањето. Мојата почит кон судиите е непобитна, а таквата реакција не е типична за мене. Бев многу изнервиран што го оставив тимот со десетмина во толку тежок момент и реагирав на најлош можен начин. Се надевам дека ќе го прифати моето искрено извинување. Исто така, сакам да им се извинам на моите соиграчи, стручниот штаб и нашите навивачи за акцијата што не требаше да ја преземам и која скапо не чинеше“, напиша Кореа.


Ливерпул го носи Милош Керкез од Борнмут

Милош Керкез е едно од најпосакуваните имиња на „Енфилд Роуд“. Според информациите на инсакдерот Фабрицио Романо, менаџерот на „црвените“, Арне Слот дал зелено светло да се почне акцијата за доведување на дефанзивецот на Борнмут.

Керкез овој јануари одлучи да потпише со нов менаџер, Фали Рамадани и неговата Лиан Спортс агенција, што е јасна порака дека бара ново поглавје во својата кариера. Рамадани е истиот агент кој го донесе Федерико Киеза во Ливерпул, па голема е веројатноста дека тој ќе биде фактор плус за реализација на овој трансфер. Се очекува преговорите да почнат во следните месеци, со оглед на тоа што интересот на Ливерпул е искрен и конкретен.


Реал не блескаше, но го победи Рајо во малото мадридско дерби

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Рајо Ваљекано во 27. коло од Ла Лига.

„Врие“ во борбата за трофејот во шпанското првенство, моментално Реал Мадрид и Барселона имаат по 57 бода, Атлетико бод помалку.

Ова се случи по победата на Реал над Рајо Ваљекано (2-1) во 27.коло, а Барселона има меч помалку откако им беше одложен дуелот со Осасуна.

Реал уште во првото полувреме го трасираше патот до триумфот. Првиот гол го постигна Килијан Мбапе во 30. минута, додека Винисиус четири минути подоцна ја удвои предноста на „кралскиот клуб“.

Стрелец на единствениот гол за Рајко Ваљекано беше Дијаз во судиското надополнување на првото полувреме, а бидејќи во вториот дел немаше голови, Реал Мадрид ги освои трите бода.