фудбал

Деби од соништата за Лукман: Атлетико со „петарда“ среде Севиља до полуфинале

Играчите на Атлетико Мадрид, Џулијано Симеоне и Адемола Лукман, слават гол

Она што требаше да биде тактичко надигрување меѓу Мануел Пелегрини и Диего Симеоне, се претвори во вистинска лекција по фудбал. Во четвртфиналето на Купот на Кралот на стадионот Ла Картуха, Атлетико Мадрид не само што победи, туку буквално го демонтираше Реал Бетис со 5:0. „Јорганџиите“ покажаа клиничка ефикасност која одекна низ цела Шпанија, а во главна улога беше новото засилување на мадридскиот клуб.

Пред почетокот на мечот, главната дилема беше колку брзо зимското засилување Адемола Лукман ќе се вклопи во строгиот систем на Симеоне. Одговорот пристигна по само 37 минути игра. Откако Давид Ханко го отвори резултатот со прецизен удар со глава по корнерот на Коке, а Џулијано Симеоне зголеми на 2:0, Лукман стапи на сцена.

Нигерискиот репрезентативец на своето деби покажа зошто беше донесен како големо засилување. По една фуриозна контра предводена од Пабло Бариос, Лукман мајсторски издрибла двајца дефанзивци на Бетис и ја затресе мрежата. За да биде неговата вечер комплетна, во 62-та минута му асистираше на Антоан Гризман за четвртиот гол, со што стана првиот дебитант на Атлетико по повеќе од една деценија со гол и асистенција на својот прв официјален настап.

Иако Лукман го донесе сјајот, темелот на оваа победа беше застрашувачката ефикасност на играта на Симеоне. Реал Бетис се обидуваше да го контролира поседот на топката, но секој нивен напад завршуваше во „челичната“ прегратка на компактниот блок на Атлетико. Статистиката само го потврди она што се гледаше на теренот: посед без конкретна завршница за домаќините.

„Петардата“ ја заокружи Тијаго Алмада во 83-та минута. Аргентинецот најбрзо реагираше по еден одбиен удар на Гризман. За Бетис, ова беше суров потсетник за разликата во класи, особено против одбраната на Атлетико која моментално важи за една од најстабилните во Европа.

За Мануел Пелегрини овој пораз е тежок психолошки удар кој бара итна анализа. Отсуството на клучни играчи како Кучо Ернандез беше повеќе од видливо. Од друга страна, за Атлетико Мадрид оваа „петарда“ е пресвртница во сезоната. Мадридскиот тим веќе шест пати по ред го елиминира Бетис во куп-пресметките, одржувајќи ја низата од 11 меча без пораз против овој ривал.

„Колчонеросите“ се враќаат во Мадрид како полуфиналисти, но и како тим кој конечно ја пронајде својата голгетерска форма. Главното прашање е: Дали дебито на Лукман е најава за она што следува?


Џон Дуран потпиша за Зенит

Колумбискиот напаѓач Џон Дуран е пред нова промена, трета во последните 12 месеци, наскоро ќе потпише за Зенит.

Џон Дуран се најавуваше како нова ѕвезда во Премиерлигата откако блесна во дресот на Астон Вила и го привлече вниманието на многу клубови.

Наместо да одбори подем во кариерата, се полажа по парите, и на почетокот од 2025 ја прифати понудата на Ал Наср, му стана соиграч на Кристијано Роналдо.

Сепак, авантурата во Саудиска Арабија траеше кратко, не се снајде ниту на теренот ниту надвор од него, па летоска се врати во Европа и замина на позајмица во Фенербахче.

Проблемите продолжија и во Истанбул, па Џон Дуран сега е на чекор до нов трансфер, неколку извори пренесуваат дека колумбискиот напаѓач е на пат за Русија, наскоро ќе потпише со Зенит, се работи за позајмица до крајот на сезоната.

Џон Дуран има 22 години и доволно време да ја врати кариерата на вистинскиот пат, но очигледно е дека ќе мора да направи сериозни промени.


Родриго ќе ги пропушти двата натпревари против Бенфика

Бразилскиот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго, нема да игра на двата натпревари против Бенфика од плејофот за осминафинале во Лигата на шампионите.

Родриго доби црвен картон во финишот на средбата токму со Бенфика, последна од лигашката фаза го чинеше прво исклучување откако е во првиот тим на Реал, поради кое доби суспензија од два меча.


Палмеирас пред потпис со Џон Аријас

Фудбалерот на Вулверхемптон, Џон Аријас, дефинитивно ќе ја продолжи кариерата во екипата на Палмеирас.

Трансферот ќе биде вреден 25 милиони евра а 28-годишникот ќе потпише договор до крајот на 2029 година.

Аријас во сезонава одигра 26 натпревари со ефект од 2 гола и една асистенција.


Стерлинг и Наполи во завршни преговори

Челниците на Наполи започнале преговори со фудбалерот, Рахим Стерлинг, кој деновиве ја прекина соработката со Челзи.

Медиумите тврдат дека крилниот напаѓач е заинтересиран да замине во Италија. Според нив, 31-годишниот фудбалер има желба повторно да настапува со Кевин Де Бруин. Тие беа заедно во редовите на Сити од 2015 до 2022 година.

Стерлинг во изминатите три години имаше неславни епизоди во Арсенал и во Челзи.


Јуве го обнови интересот за Тонали

Италијанскиот елитен состав, Јувентус, ќе се обиде да издејствува трансфер на фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали, наведуваат медиумите во Италија.

„Газета дело Спорт“ пишува дека поранешниот играч на Милан е голема цел на „старата дама“ за летниот трансфер период.

Јуве планира да се ослободи од неколку играчи за да може да обезбеди доволно средства за потписот на Тонали.


Гнабри доби нов договор во Минхен

Тимот на Баерн Минхен го продолжи договорот со еден од своите најдобри играчи Серж Гнабри до 2028 година.

Гнабри според договорот се согласи да остане во Баерн уште минимум три сезони.

Гнабри постигна седум гола и имаше осум асистенции во 26 настапи во сите натпреварувања оваа сезона, а Баерн има шест бода предност пред Борусија Дортмунд на врвот на Бундеслигата.

Гнабри е дел од баерн од 2017 година кога пристигна од Вердер Бремен и досега има одиграно преку 300 мечеви во дресот на Баварците.


Саша Боеј се врати во Галатасарај

Иако во поголем дел од Европа преодниот рок е затворен, во Турција клубовите сѐ уште имаат можност да ангажираат нови фудбалери, па тоа го искористи Галатасарај која се засили од Баерн Минхен.

Нов фудбалер на Галатасарај е Саша Боеј кој од Минхен се сели во Истанбул. Во Баерн тој не беше задоволен со минутажата бидејќи одигра само 15 натпревари и запиша една асистенција во купот, поради тоа и самиот имаше желба да ја промени средината.

Галатасарај се покажа како идеално решение. Боeј доаѓа во Истанбул како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, а турскиот шампион ќе ја преземе целосната плата на играчот, која изнесува околу три милиони евра на годишно ниво, односно околу 1,5 милиони евра до крајот на актуелната сезона.

Во договорот е вклучена и опција за откуп, но конечната одлука околу неговата иднина ќе биде донесена по завршувањето на сезоната.


Моизе Кин следното лето доаѓа во Милан

Италијанскиот фудбалски тим Милан ќе продолжи да бара напаѓач и во летниот преоден рок. Се споменуваше Душан Влаховиќ, но јасно е дека ќе им биде тешко да го обезбедат финансирањето за српскиот напаѓач, па се свртеа кон напаѓач на Фиорентина.

Моизе Кин е новата цел на клубот. Алегри добро ги познава неговите квалитети бидејќи соработуваше со него во Јувентус, но за неговиот ангажман е потребно да се издвојат 62 милиони евра.

Неговиот нов договор со Фиорентина важи до 2029 година, а Милан ќе се обиде да го доведе за сума помала од откупната клаузула.


Икарди испиша историја, стана најдобар странски стрелец во историјата на Галатасарај

Џовани Ди Лоренцо од Наполи ќе биде подложен на операција на ногата, објави италијанскиот шампиони.

Дефанзивецот ја претрпе повредата на натпреварот од 23-то коло од Серија А против Фиорентина откако падна на теренот, а потоа го напушти теренот со помош на медицинскиот тим. По натпреварот, главниот тренер на Наполи, Антонио Конте, посочи дека Ди Лоренцо ги повредил вкрстените лигаменти.

Медицинската интервенција ќе помогне да се отстрани еден стар проблем за Ди Лоренцо. Сè уште не е познато точно колку долго ќе трае неговото закрепнување. Се очекува играчот од Наполи да се врати на теренот во рок од еден месец.

„По тоа нетипично движење на коленото, се плашев од најлошото. Последователните тестови открија сериозни повреди, но за среќа лигаментот на коленото не беше целосно оштетен. Последните шест месеци играв со проблеми со ногата, но малкумина знаеја за ова. Не сакав да го напуштам тимот во толку важен момент, но болката стана неподнослива“, коментираше 32-годишниот Џовани ди Лоренцо.