фудбал

Мане и Гнабри заминуваат од Баерн ова лето

Баерн Минхен е спремен летово да ги продаде Садио Мане и Гнабри.

Мане е незадоволен во Германија, не се снајде најдобро во Баерн, а инцидентот во соблекувалната и ударот на Лерој Сане е капка која ја пречи чашата. Баварците му соопштиле на неговиот агент дека слободно може да си бара нов клуб, а најсилен интерес покажува Пари Сент Жермен.

Проблемот со Серж Гнабри е падот на неговата форма, а раководството на клубот верува дека сега е идеален момент за негова продажба.

Гнабри исто така сака да ја промени средината, а има понуди од Премиер лигата.


Хаверц заминува од Челзи, Баерн фаворит за неговиот потпис

Каи Хаверц на лето би можел да го напушти Челзи, пренесуваат англиските медиуми.

Германецот оваа сезона не игра на препознатливото ниво, а медиумите тврдат дека сака да ја промени средината на крајот на сезоната. Хаверц веќе го известил раководството на Челзи кое му порачало дека слободно може да си бара нов клуб.

Хаверц има договор со „сините“ за уште две години, а Челзи нема да се противи на неговото заминување и му поставил цена од 60 милиони фунти.

Германските медиуми пренесуваат дека Хаверц е голема желба на тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, кој имаше одлична соработка со него на „Стенфорд Бриџ“.


Легендата на Барселона се враќа во клубот

Поранешниот фудбалер на Барселона  и португалски репрезентативец Деко, е еден од кандидатите за нов спортски директор на клубот од Камп Ноу, објавија шпанските медиуми.

Деко на позицијата би го заменил Матеу Алемани кој ја напушта Барселона и најверојатно ќе биде нов директор на премиерлигашот Астон Вила.

Деко е роден во Бразил, а за Барса настапуваше во периодот од 2004. до 2008. година. После завршувањето на играчката кариера, тој основа агенција за фудбалски менаџмент што би претставувало пречка за новата позиција. Останува да се почела одлуката на раководството на Барселона.


Бускетс: Деновиве ќе ја донесам одлуката за мојата иднина

Серхио Бускетс откри дека наскоро ќе го информира клубот за одлуката далу ќе остане или ќе си замине на крајот на сезоната. Договорот на 34-годишниот играч за врска истекува на крајот на сезоната, а тој има понуди од САД и Саудиска Арабија.

„Одлуката е скоро донесена. Имаме неколку денови одмор, а после веројатно ќе го информирам тренерот и клубот“, изјави Бускетс.

Тренерот Чави настојува Бускетс да го продолжи договорот бидејќи смета дека може де биде многу важен за тимот и следната сезона.


Тен Хаг: Варан ќе се врати побрзо од МекТоминеј

Менаџерот, Ерик Тен Хаг, проговори за повредените фудбалери во  Манчестер Јунајтед. Тој се осврна на дефанзивецот, Рафаел Варан и играчот од средниот ред Скот МекТоминеј.

„Варан е поблиску до враќање во игра отколку МекТоминеј. Засега можам да кажам дека сигурно ќе ги пропуштат наредните два меча“, потенцираше тренерот на „црвените ѓаволи“.  

Неговиот тим со 63 бодови го има  4. место на табелата во Премиер-лигата.


Гвардиола: Ако не го менував, Халанд ќе постигнеше повеќе голови

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола признава дека неговите замени го спречиле Ерлинг Халанд да постигне повеќе голови. На натпреварот со Вест Хем (3:0), напаѓачот на Манчестер Сити го собори рекордот во Премиер лигата постигнувајќи го 35. гол сезонава во лигата.

„Неверојатно. Има само 22 години и има уште пет натпревари до крајот. Колку пати сум го сменил по хет-трик во 60-тата минута. Можеби Халанд ќе постигнеше и повеќе голови, ако не беа овие замени. Или можеби ќе се повредеше, кој знае. Тој е посебен, честитки за него. Очекувавме да постигне гол, но да го собори рекордот на Кол и Ширер… Сигурен сум дека сака да ја освои Премиер лигата“, изјави менаџерот на Сити.


Абердин спремен добро да го наплати заминувањето на Миовски

Извршниот директор на шкотски Абердин, Алан Бароус, ги предупреди клубовите кои се заинтересирани за нашиот репрезентативец Бојан Миовски дека ќе мора да издвојат големи пари доколку сакаат ова лето да го добијат нашиот голгетер.

Абердин плати 550.000 фунти за Миовски при трансферот од МТК, но неговата цена по одличната сеозна во шкотската елита е многу поголема.

„Кога играчите работат добро, другите тимови се интересираат за нив. На некој начин, тоа е комплимент за клубот. Ако некој ги сака нашите најдобри играчи, особено оние како Дук и Миовски кои имаат долги договори со клубот, ќе мора да излезат со големи понуди и фер цена за нив. Бараме начин да изградиме тим. Истовремено, сакаме да бидеме конкурентни во домашните натпреварувања, па дури и во Европа. Затоа, ако некои сакаат да се обидат да го нарушат тоа, ќе мора да платат прилично висока цена, тоа е сигурно“, вели Бароус.


Њукасл спремен да прати астрономска понуда за Рафиња

На адреса на Барселона би можела да стигне понуда од Њукасл за крилниот напаѓач Рафиња.

Ова се како што стојат работите идеални вести за Каталонците и тоа само еден ден откако ПСЖ го суспендираше Меси. Барселона за Рафиња би можела да добие понуда и од 80 милиони евра. Њукасл е заинтересиран да ја плати споменатата сума, а бидејќи Барселона сака да продаде одедени фудбалери и да ги намали платите за да го врати Меси ова се одлични вести.

Се шпекулира дека Лапорта ќе се обиде да извлече колку што може повеќе пари за Рафиња, меѓутоа тој нема да биде единствен кој ќе го напушти клубот. Се најавува заминување на Франк Кеси, Феран Торес…со приходите од нивните заминувања Барса веројатно би ослободила доволно простор за да го регистрира Меси.


Белингам одлучил да потпише за Реал

Џуд Белингам договорил трансфер во Реал Мадрид, објави шпанска „Марка“.

Иако претходно се пишуваше дека Ливерпул и Манчестер Сити се фаворити за потписот на Белингам сега ситуацијата се променила, посебно откако Клоп проценил дека фудбалерот е прескап. Реал работел во сенка и успеал да го убеди Белингам да заигра на „Сантијаго Бернабеу“. Според договорот кој наводно го постигнал, Белингам ќе потпише до 2029 година, а „кралевите“ ќе платат сума помеѓу 100 и 120 милиони евра.

Според најавите, претставници на клубот наскоро планираат заминување во Дортмунд каде што ќе биде завршено и од наредното лето Белингам ќе заигра за Реал Мадрид кој така успеа да доведе уште еден фудбалер кој ветува по Орлиен Чуамени и Едуард Камaвинга.

Официјализација на трансферот би можело да следи откако сезоната ќе заврши бидејќи Борусија во овој момент е фокусирана на битката за титулата со Баерн во Бундеслигата.


Лаутаро заминува од Интер во летниот преоден рок

Интер е спремен да го продаде Лаутаро Мартинез на лето.

Лаутаро е најплатен фудбалер во тимот, а Интер сака да ги намали трошоците и верува дека сега е идеален момент за продажба. Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор до 2026 година, но Интер е спремен да го продаде поради финансиски проблеми.

Најсилен интерес за него покажува Манчестер Јунајтед, бидејќи приоритет на Тен Хаг ќе биде доведување на врвен напаѓач.

Во моментов Лаутаро е проценет на 75 милиони евра, сума која нема да биде проблем за „црвените ѓаволи“.