фудбал

Лион го откупи Ернест Нуама од Моленбек

Напаѓачот на репрезентацијата на Гана, Ернест Нуама од белгиски Моленбек потпиша четиригодишен договор со Олимпик Лион, а клубот за неговите права ќе плати 28,5 милиони евра.

Тој минатата сезона веќе настапуваше за францускиот тим како позајмен играч. Нуама остави впечаток во данскиот Нордсјеланд, каде одигра 49 натпревари помеѓу јануари 2022 и август 2023 година, постигнувајќи 20 гола.

Од почетокот на летниот преоден рок, клубот од Лион веќе потроши 158,5 милиони евра, а ги донесе Муса Ниакате од Нотингем Форест, Абнер Винисиус од Бетис Севиља и комплетирајќи ги трансферите на Орел Мангала и Саид Бенрама.


Галатасарај го претстави Белгиецот Батшуаји

Белгискиот напаѓач Миши Батшуаји , кој претходно играше за Фенербахче, стана фудбалер на Галатасарај, објави прес-службата на клубот на социјалната мрежа Х. Да напоменеме дека напаѓачот пред да се пресели во Фенербахче успеа да игра и за Бешикташ.

30-годишниот Батшуаји играше за Фенербахче од 2022 година. За тоа време, напаѓачот одигра 75 натпревари за тимот од Истанбул на сите турнири, на кои постигна 44 гола и даде девет асистенции. Белгиецот во текот на кариерата настапуваше и за Стандард, Челзи, Марсеј, Борусија Дортмунд, Кристал Палас и Валенсија. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 8,5 милиони евра.

Во сезоната 2023/2024, Галатасарај стана шампион на турската Суперлига, освојувајќи 102 бода. Тимот имаше три бода предност пред второпласираниот Фенербахче. Галатасарај има 24 шампионски титули на Турција во историјата.


Љуботен го доби противникот во квалификациите на ЕП

Во седиштето на УЕФА денеска беше одржана ждрепката за 1. Квалификациско коло во женската Лига на шампиони, а на ждрепката македонскиот шампион го доби својот ривал.

Тимот на Љуботен ќе игра против исландскиот Валур. Првиот натпревар ќе биде одигран на гостински терен во Исланд, додека реваншот е во Македонија.

Победникот во следната фаза ќе игра со подобриот од средбата Твенте – Кардиф.


Ливерпул ги ремети плановите на Јуве за Копмајнерс

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туен Копмајнерс.

25-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па и самиот сака да направи чекор напред во кариерата.

Компајнерс одигра одлично на дуелот со Ливерпул во Лига Европа, па „црвените“ останале импресионирани и сакаат да ја победат конкуренцијата за неговиот потпис.

Интерес за Копмајнерс покажува и  Јувентус, но Ливерпул во моментов е во предност бидејќи испратил подобра понуда до фудбалерот.

Аталанта за слободата на Холанѓанецот бара 70 милиони евра, а „црвените“ се спремни да платат 60 милиони, па двете страни се блиску до договор.


Тиаго Алкантара ја заврши кариерата на 33 години

Шпанскиот репрезентативец со бразилско потекло, Тиаго Алкантата одлучи да стави крај на професионалната кариера.

33-годишниот плејмејкер имаше богата кариера со многу трофеи и успеси. Започна во Барселона во пазнатата школа „Ла Масија“ од каде се проби во првиот тим.

Алкантара својата фудбалска афирмација ја стекна во Барселона каде освои се што можеше да се освои и потоа се пресели во Баерн Минхен. Таму уште еднаш ја освои тројната круна со Баварците.

Потоа направи трансфер во Ливерпул и после одличните две сезони, последните две сезони имаше проблем со повреди, па реши да стави крај на кариерата откаку му заврши договорот со „црвените“.


ПСЖ спремен да се вклучи во трката за Џошуа Кимих

Пари Сент Жермен сериозно се вклучи во трката за потписот на ѕвездата на Баерн Минхен, Џошуа Кимих.

Кимих има договор со Баерн до следното лето, па Баерн е подготвен да го продаде за сума од 50 милиони евра.

Претходно Кимих се поврзуваше со Ливерпул, Арсенал, Реал Мадрид и Барселона, а сега во трката се вклучи и ПСЖ. „Светците“ испратиле богата понуда до агентот и чекаат понуда.

Кимих девет години е член на Баерн и во тој период одигра 390 натпревари во кои постигна 42 гола, подели 104 асистенции и освои трофеи.


Тиаго Мота не смета на Киеза, репрезентативецот на трансфер листа

Новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота oдлучил да направи промени во тимот па така најверојатно ќе си замине и Федерико Киеза.

Според последните информации кои ги објави италијанскиот инсајдер, Фабрицио Романо. Киеза не е во плановите на Мота и може да си замине за сума од 25 милиони евра. Киеза има договор со Јувентус уште една сезона, па затоа и сумата не е голема.

Во ваква ситуација сигурно дека ќе се појават повеќе клубови кои ќе бидат заинтересирани да го доведат Италијанецот.

Киеза во Јувентус е од 2020 година и во тој период на 131 натпревар постигна 32 гола и подели 23 асистенции. Во минатата сезона на 37 натпревари постигна десет гола и запиша три асистенции.


Интер го претстави бесплатното засилување од Наполи

Управата на италијанскиот шампион, Интер, официјално го потврди доаѓањето на Полјакот Пјотр Зиелински, кој пристигнува во милано како слободен играч по истекувањето на договорот со Наполи.

Трансферот беше договорен уште пред половина година, но се чекаше почетокот на летниот преоден рок, а Зиелински стави потпис на договорот веднаш по завршувањето на неговиот настап на Европското првенство.

Се очекува Полјакот да биде големо засилување за ротацијата на Симоне Инзаги, затоа што има огромно искуство од настапите во Серија А. 30-годишниот Зиелински ја започна кариерата во Удинезе, а потоа за Наполи одигра 281 натпревар и постигна 37 голови. Во меѓувреме беше и на позајмица во Емполи, каде исто така бележеше одлични игри.

Соработката со „нероаѕурите“ е со траење до 2027 година, со опција за продолжување на договорот за уште една сезона.


Бенефика и Атлетико пред договор за Жоао Феликс

Жоао Феликс вчера беше трагичар за Португалија откако единствено тој го промаши ударот од 11 метри и Португалците беа елиминирани, денеска медиумите пишуваат и за неговата клупска иднина.

Најавите се дека Феликс би можел наредната сезона да игра во својата татковина бидејќи за него е заинтересирана Бенфика.

Барселона нема намера да го задржи, додека Бенфика е спремна да откупи 50% од неговиот договор со Атлетико. Првата понуда на португалскиот клуб изнесувала 20 милиони евра, а откако била одбиена, стигнала нова од 32.5 милиони евра.

Се очекува тоа да биде доволно Атлетико кој исто така не смета на него да го пушти во Лисабон. Барселона од друга страна е насочена кон доведување на Нико Вилијамс или Дани Олмо.


Томас Милер се збогува со германската репрезентација

Четвртфиналниот натпревар во кој Германија во петокот загуби од Шпанија (0-1) на Европското првенство беше последен во германскиот дрес за 35-годишниот Тони Крос, а крај на репрезентативната кариера најави и неговиот сонародник Томас Милер.

„Да, многу е можно ова да беше мојот последен натпревар за Германија“, изјави по натпреварот Милер за Скај Спорт.

Милер дебитираше за Германија во 2010 година и оттогаш одигра 131 натпревари, постигнувајќи 45 голови, како и 41 асистенција.

„Горд сум што сум дел од овој тим и пред сè горд што сум Германец. Благодарност до сите што навиваа со нас и беа одлични домаќини. Да го внесеме ова чувство во нашиот секојдневен живот токму сега во сегашно време“, напиша Милер на социјалните мрежи.

Неговиот најголем успех со репрезентацијата е освојувањето на Светското првенство во 2014 година.