Англискиот фудбалски состав Евертон ќе направи напор во текот на летото да го обезбеди дефанзивецот на Феенорд, Давид Ханцко.
Според дел од локалните медиуми, скаутите на „карамелите“ во континуитет ги следеле настапите на 27-годишниот интернационалец од Словачка.
Се претпоставува дека за потписот на фудбалерот се заинтересирани уште неколку екипи од Англија.
Наполи го враќа Кулушевски во Серија А
Наполи започна преговори за потписот на крилниот фудбалер на Тотенхем, Дејан Кулушевски.
„Спарси“ сепак не се расположени да се разделат со Швеѓанецот кој има потекло од нашава земја. 24-годишниот играч има 138 настапи, 25 голови и 29 асистенции за англискиот состав.
Кулушевски има искуство од Серија „А“ бидејќи играше за Јувентус до летото во 2023.
Јуве поставил цена за Даглас Луиз, Бразилецот заминува од Серија А
Весникот „Тутоспорт“ објави дека Јувентус поставил цена за Даглас Луис во висина од 40 милиони евра.
„Старата дама“ се надева дека во текот на летото ќе може да го продаде 26-годишниот фудбалер кој не се наметна во тимот од Торино.
Тој по доаѓањето од Астон Вила врза серија на повреди и главно беше надвор од стадионите.
Англичанецот Рајс е играч на неделата во ЛШ
Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс е прогласен за играч на колото во Лигата на шампионите.
26-годишниот играч за врска постигна два гола во првиот натпревар од четвртфиналето на турнирот против Реал Мадрид (3-0). Двата гола ги постигна од слободни удари.
Англичанецот ги победи Квича Кварацхелија од ПСЖ, Алесандро Бастони од Интер и Роберт Левандовски од Барселона кои исто така беа во трка за признанието.
Вини одбил астрономска понуда од Саудиска Арабија за да остане во Реал
Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ја одбил богата понуда од Саудиска Арабија, пренесува „Кадена Сер“.
Саудијците на 24-годишниот фудбалер му понудиле петгодишен договор вреден една милијарда евра. Винисиус не бил заинтересиран за толку долгорочен договор, а од Саудиска Арабија, пак, не се подготвено да вложат многу пари во трансфер на играч за една или две сезони.
Напаѓачот продолжува да преговара со Реал Мадрид. Најверојатно, двете страни ќе го продолжат договорот на 2-3 години.
Бразилецот игра за Реал Мадрид од 2018. Заедно со мадридскиот тим три пати го освојуваше шпанското првенство, двапати ја освои Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА.
Мбапе уште не ги добил парите од ПСЖ, спремен е да оди на суд
Адвокатскиот тим на Килијан Мбапе тргна во напад во обид да го реши спорот меѓу фудбалерот и неговиот поранешен клуб, Пари Сен Жермен.
Францускиот напаѓач тврди дека ПСЖ му должи 55 милиони евра, а неговите адвокати истакнуваат дека побарале од судот во Париз да покрене постапка. Овој спор трае повеќе од една година, а Делфин Ферхејден, една од адвокатите, истакнува дека од францускиот министер за спорт било побарано да интервенира и правно да ја оспори одлуката на жалбената комисија на Француската фудбалска асоцијација, која одлучила дека жалбата на Мбапе е неприфатлива.
Верхејден додава дека ПСЖ, доколку го загуби спорот, може да остане без лиценцата за настап во Лигата на шампионите.
Минатиот октомври, апелациската комисија на француската лига ја потврди одлуката со која се наложува ПСЖ да ги исплати неисплатените плати на Мбапе.
Мбапе тврди дека клубот му должи три месечни плати и последната третина од бонусот за лојалност.
Да потсетиме, минатото лето тој во слободен трансфер се пресели во Реал Мадрид.
Мбапе е рекордер на клубот по бројот на постигнати голови (256) за седум години во Пари Сен Жермен.
Фабрегас го презема РБ Лајпциг?
Шампионот од Светското првенство во 2010 година со шпанската фудбалска репрезентација, Сеск Фабрегас, е опција за тренерската позиција во РБ Лајпциг за следната сезона, пренесува германското издание „Лајпцигер Фолксцајтунг“, истакнувајќи ги добрите односи меѓу Фабрегас и еден од шефовите на Ред Бул, Оливер Минцлаф.
Двократниот европски шампион Фабрегас моментално е тренер на италијанскиот елитен клуб Комо.
Привремената тренерска позиција во РБ Лајпциг ја има Золт Лев, кој беше назначен по отказот на Марко Розе минатиот месец, но клубот е во потрага по нов тренер за претстојната сезона.
На листата на кандидати, според извештаите, се менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, тренерот на Сент Паули, како и Роџер Шмит, кој моментално е без клуб.
Челзи за едно полувреме ја „потопи“ Легија
Фудбалерите на Челзи ја совладаа Легија во Варшава со 0-3 во првиот натпревар од четвртфиналето и практично веќе се во полуфиналето, во Конференциската лига.
„Сините“ заминаа во полската престолнина со комбиниран тим, но и тој беше пресилен за Легија, која усеа да издржи само едно полувреме.
Тренеот на Челси, Енцо Мреска комбинираше и им даде шанса на некои млади играчи, а тие му возвратија со деветтата победа од исто толку натпревари во Конференциската лига сезонава.
Првото полувреме беше лошо, без шанси на двете страни.
Мареска, која на полувремето го извади Кол Палмер и го внесе Нони Мадуеке, стрелецот на вториот и третиот гол на овој меч.
Првиот беше дело на Тајрик Џорџ, кој до дебито во дресот на тимот од Лондон стигна по гол во 49. минута. Мадуеке набрзо ја удвои предноста. Челзи потоа преку Дузбери-Хол избори пенал, одговорноста ја презеде Нкунку, но неговиот удар голманот на Легија го одбрани.
Само неколку секунди подоцна кога Мадуеке го постави конечниот резултат.
Черки го спаси Лион од пораз против Јунајтед
Манчестер Јунајтед прокоцка огромна шанса за победа на гостувањето кај Лион во првиот натпревар од четвртфиналната фаза во Лига Европа. Францускиот тим прв зададе удар, а откако „ѓаволите“ со два гола го презедоа водството и беа пред славје, во судиското надополнување Рајан Черки со мајсторска завршница стрелаше за конечни 2-2.
Камерунецот лошо интервенираше и во 26.минута кога Алмада центрираше, а тој лошо го процени летото на топката, потоа и лошо реагираше, а топката заврши зад неговиот грб.
Изедначи Јунајтед со голот на Лени Јоро, негов прв во дресот на „црвените ѓаволи“, во петтата минута од надополнувањето на времетов о првиот дел.
Немаше победник и голови во Глазгов на дуелот меѓу Ренџерс и Атлетик Билбао.
Тешко е да се каже кој е позадоволен. Гостите сигурно жалат бидејќи шкотскиот тим имаше играч помалку во поголемиот дел од натпреварот, поради црвениот картон што го доби Робин Пропер во 13. минута.
Баскијците имаа шанса за победа, но голманот Лиам Кели го одбрани пеналот на Алекс Беренгер во 82. минута.
Интереен ќе биде и реваншот во Франкфурт, кога Ајнтрахт ќе го пречека Тотенхем, откако вечерва одиграа 1-1.
Германскиот тим до предност дојде со голот на Уго Екитике, по грешката на Џејмс Медисон на средината на теренот, но англискиот фудбалер 20 минути подоцна се извади со асистенција за Педро Пора за израмнување. Всушност, тоа беше мајсторија на Шпанецот, кој со петица го совлада голманот на Ајнтрахт.
Олимпискиот фудбалски турнир намален на дванаесет учесници
Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) реши да направи промени на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. ИОК го зголеми бројот на репрезентации на женскиот дел од турнирот и во исто време донесе одлука да го намали брјот на учесници на машкиот дел од турнирот.
На Олимпијадата во Лос Анџелес наместо досегашните 12 ќе учествуваат 16 женски репрезентации, додека машкиот олимписки турнир ќе биде намален од 16 на 12 екипи.
ИОК рече дека причината за промената е брзо растечката популарност на женските тимски спортови, особено во САД и дека промената во форматот на натпреварувањето е одраз на тој брз раст.
„Сакавме да направиме нешто што ќе го одрази тој раст, а исто така и дека САД се дом на најпопуларниот женски фудбал“, рече спортскиот директор на ИОК, Кит Меконел на прес-конференција.
Тој нагласи дека ИОК разговарал за ова прашање со организаторите на Игрите во ЛА и ФИФА, управното тело на светскиот фудбал, пред да ја донесе одлуката.
Соединетите Американски Држави, кои исто така ќе бидат домаќини на Светските првенства за жени во 2026 и 2031 година, освоија пет златни олимписки медали во женска конкуренција.