фудбал

Астон Вила нуди 50 милиони евра за Феран Торес

Астон Вила покажува интерес за 25-годишниот напаѓач на Барселона, Феран Торес . Ова го објави „Бермингем меил“.

Според изворот, клубот од Бирмингем може да го стекне шпанскиот фудбалер следното лето. Барселона разгледува понуда од 50 милиони евра за Феран Торес

Торес оваа сезона одигра 45 натпревари во сите натпреварувања, постигна 19 гола и имаше седум асистенции. Тековниот договор на играчот со клубот е со важност до летото 2027 година. Според информациите доставени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 28 милиони евра.


Охрид падна во Битола, Еурофарм Пелистер се врати на врвот на табелата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над ГРК Охрид од 34-30 во натпреварот од седмото коло од плеј-офот во Суперлигата. „Зелено-белите“ го одбранија домашниот терен во салата „Боро Чурлевски“ и ја продолжуваат борбата со Вардар за титулата во домашниот шампионат.

Ракометарите на Охрид одлично го почнаа мечот, на двапати имаа предност и од два гола разлика, беше 6-4 и 7-5, но како одминуваше времето Пелистер играше се подобро и на одморот замина до предност од 17-14. Охрид не се предаде, во вториот дел неколкупати дојдоа до само еден гол негатива, но не успеаа да го свртат резултатот. Финишот му припадна на Пелистер кој на крајот славеше победа од 34-30.

Популарните „гладијатори“ беа достоинствен ривал, се бореа низ сите 60 минути, меѓутоа Пелистер е поквалитетен тим и дојде до посакуваниот триумф, победа број шест во оваа фаза. Кузмановски со девет гола беше лидер кај актуелниот шампион, Јукиќ со седум ја предводеше листата на стрелци кај поразените.

Со оваа победа Еурофарм Пелистер се израмни на врвот на табелата од плеј-офот со Вардар 1961. Следниот викенд, во рамките на деветтото коло, Еурофарм Пелистер во Битола ќе го пречека Бутел Скопје.


УЕФА жестоко го казни Хрватскиот фудбалски сојуз

Европската куќа на фудбалот строго го казни Хрватскиот фудбалски сојуз за инцидентите предизвикани од неговите навивачи на четвртфиналниот натпревар од Лигата на нациите против Франција.

Во март, Хрватите го добија првиот натпревар со 2:0, но загубија во реваншот со ист резултат, а по изведувањето пенали во Париз беа елиминирани од понатамошното натпреварување.

Според извештаите на УЕФА, хрватските навивачи извршиле расистички и дискриминаторски испади, за што сега се казнети со висока казна, во вкупен износ од 93.000 евра.

Поради првиот натпревар, 32.000 евра, од кои 10.000 евра за пиротехника, 8.000 евра за употреба на ласери и 14.000 евра за блокирани премини.

За натпреварот во Париз, 25.000 евра за пиротехника, 8.000 евра за предизвикана штета. Хрватскиот сојуз ќе мора да ја плати штетата на стадионот „Стад де Франс“.


Клуб Америка и Лос Анџелес ќе се борат за последното мундијалско место

Со одлука на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), а потоа и со потврда од Арбитражниот суд за спорт, фудбалскиот клуб Леон беше исклучен од Светското клупско првенство бидејќи има иста сопственичка структура како Пачука.

Откако Арбитражниот суд за спорт ја отфрли жалбата на Леон и ја потврди одлуката на ФИФА, беше одлучено Лос Анџелес и Клуб Америка да се натпреваруваат за испразнетото место на Светското клупско првенство.

Во петокот беше потврдено дека двата тима ќе одиграат само еден натпревар на 31 мај.

Домаќин на овој дуел ќе биде Лос Анџелес.

Победникот ќе се пласира на Светското клупско првенство, кое ќе се игра за прв пат оваа година во нов формат, со 32 тима и тоа во рок од еден месец.

Лос Анџелес или Клуб Америка ќе играат во групата Д со Челзи, Есперанс од Тунис и Фламенго.


Чаби Алонсо добива нов дефанзивец, Хујсен се договори со Реал

Високиот шпански стопер Дин Хујсен ќе биде првото засилување на новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.

Според италијанскиот фудбалски „инсајдер“ Фабрицио Романо, неговиот трансфер е договорен со Борнмут, и наскоро зделката ќе биде официјализирана.

Хујсен има само 20 години, висок е 195 сантиметри, по завршувањето на лекарските прегледи, ќе потпише договор со Реал до 2030 година.

Веќе беше познато дека Шпанецот е на прагот на „кралскиот клуб“, Романо веќе објави дека обештетувањето за талентираниот фудбалер ќе биде околу 60 милиони евра.

Хујсен е роден во Амстердам, кога имал само пет години неговото семејство се преселило во Шпанија, а откако играл за помладите селекции на Холандија, решил да ја промени репрезентацијата и оваа година дебитираше за „Црвената фурија“.


ФФМ го поништи сомнителниот натпревар меѓу Кожуф и Башкими

Комисијата за натпревари на ФФМ, на седницата одржана на ден 16.05.2025 година, донесе одлука со која го поништи натпреварот од 28. коло од Втора МФЛ помеѓу КОЖУФ Гевгелија и ФК БАШКИМИ 1947 Куманово, одигран на 06.05.2025 година во Гевгелија.

Натпреварот го евидентира како одигран, бодовите од натпреварот не се доделуваат на ниту една екипа, постигнатите голови не се евидентираат и не влегуваат во евиденција на дадени голови на фудбалерите.

Комисијата, имајќи го предвид Правилникот за натпреварување, но и етичкиот аспект на случајот, со цел заштита на интегритетот на натпреварувањето и зачувување на угледот на фудбалот како спорт, ја донесе оваа одлука со која се настојува да се избегне какво било легитимирање на неспортски и неетички дејствија, кои се спротивни на вредностите на Фудбалската федерација на Македонија.


Конте од следната сезона се враќа во Јуве?

epa09623802 Tottenham’s manager Antonio Conte reacts during the English Premier League soccer match between Tottenham Hotspur and Norwich City in London, Britain, 05 December 2021. EPA-EFE/ANDY RAIN EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or ‘live’ services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Италијанските познавачи на фудбалот и дел од медиумите наведуваат дека луѓето од Јувентус ќе се обидат да го вратат Антонио Конте на тренерската позиција.

Искусниот стратег засега има добра сезона со Наполи бидејќи е во трката за титулата во Серија „А“. Неговото име и претходно се поврзуваше со „старата дама“.

Конте работеше во екипата од Торино од 2011 до 2014 година, освојувајќи 3 последователни титули во елитниот фудбалски шампионат на Италија.


Изјавен летниот буџет на Микел Артета

Се очекува интензивен трансфер период, при што „Sky Sports“ известува дека Арсенал е подготвен да инвестира најмалку 100 милиони фунти, плус дополнителни средства од продажба на играчи за нови засилувања. 

Клубот од северен Лондон е во здрава финансиска состојба, удобно се вклопува со правилата за профитабилност и одржливост на Премиер Лигата и е решен да го засили тимот. 

Арсенал има потреба од засилувања на неколку позиции, а навивачите се загрижени дека сумата можеби нема да биде доволна, особено со оглед на тоа што клубот е близу до потпишување на Мартин Зубименди за 50 милиони фунти. 

Се вели дека новиот спортски директор на Топџиите, Андреа Берта, има на листата четворица фудбалери кои сака да ги донесе ова лето: Александер Исак, Мартин Зубименди, Матеус Куња и Нико Вилијамс. 

Во однос на играчите кои би можеле да заминат, Арсенал размислува за продажба на Габриел Мартинели и Леандро Тросард, додека Олександр Зинченко, Нуно Тавареш, Алберт Самби Локонга, Реис Нелсон и Маркињос најверојатно ќе го напуштат клубот. 

Со јасни цели и приоритети, Арсенал се подготвува за активно лето со цел да го освежи тимот и да се подобри под водство на Артета.  


Гатусо и Хајдук спогодбено ќе се разделат, Италијанецот заминува бесплатно

Џенаро Гатузо ќе го предводи Хајдук за последен пат на натпреварот во Пољуд во недела. Дербито против Риека ќе биде негово збогување со сплитската публика, а натпреварот од последното коло, кој Хајдук ќе го игра во Шибеник, ќе биде негово збогување со клупата на сплитскиот тим.

Италијанскиот стручњак има договор за уште една година, но нема да го доврши и ќе го напушти клубот без отпремнина, објави „Индекс“ повикувајќи се на свои извори.

Гатузо одамна одлучи да си замине, дури и по победата од 1:0 во Копривница во натпреварот од 28. коло. Тогаш, Хајдук беше во многу подобра ситуација отколку денес, кога од третото место натабелата, може само да се надева на чудо што ќе им ја донесе титулата.

Доколку Динамо не попушти на утрешниот натпревар против Локомотив на „Максимир“, таа шанса повеќе нема да постои. Последната титула Хајдук ја освои во сезоната 2004/05.

Гатузо ќе го напушти Сплит без обештетување со спогодбен раскин на договорот. Во оваа сезона, Хајдук го водеше во 41 натпревар со сооднос од 18 победи, 14 нерешени и девет порази.


Реал мора да плати милион евра за да го добие Трент еден месец порано

Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната и официјално ќе стане играч на Реал Мадрид.

Тоа ќе се случи на 1. јули, кога официјално истекува неговиот договор со Ливерпул.

Реал Мадрид сака Арнолд порано да го облече белиот дрес и да игра за нив на Светското клупско првенство, кое започнува на 15. јуни.

Со оглед на околностите, Ливерпул не сака да им излезе во пресрет на, но под услов Реал да плати 1,5 милиони евра, за да го раскине договорот со Трент три недели порано.

Според странските медиуми, Реал е подготвен да ја плати таа сума за англискиот дефанзивец, но велат дека Ливерпул би можел да побара повеќе, со оглед на околностите под кои Трент ги напушта „црвените“.

Англискиот репрезентативец без обесштетување ќе го напушти клубот.