фудбал

Челзи ризикува казна од УЕФА

Европската фудбалска федерација (УЕФА) утврди прекршување на правилата на финансискиот фер плеј од страна на Челзи и англискиот клуб се соочува со можна казна и исфрлување од европските купови.

Познато е дека Челси беше во голема негатива поради големите инвестиции во трансфери последните години, па изминатиов период се обидуваше да го подобри статусот со излезни трансфери, како и продажба на женскиот клуб.

Токму последната ставка тешка 200 милиони фунти не била призната од УЕФА како соодветна во прикажувањето на приходите, а причина е фактот што купувачот е сестринска компанија на клубот.

Овој договор за продажба помина кај одговорните во Премиер лигата кои го признаа како соодветен приход и Челси избегна казна на домашен терен, но УЕФА отворила случај затоа што англискиот клуб има поголеми трошоци од предвиденото.


Мурињо казнет со три меча заради инцидентот во дербито со Галатасарај

Дисциплинската комисија на турскиот фудбалски сојуз го казни тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо со суспензија од три натпревари.

По поразот од Галатасарај на домашен терен со 1-2 во четвртфиналето на Купот на Турција, Мурињо му го штипна носот колегата од спротивниот табор Окан Бурук, што беше окарактеризирано како напад.

Порадит тоа, Португалецот беше суспендиран за следните три првенствени натпревари.

Под водство на Мурињо, Фенербахче ги загуби двете големи дербија на домашен терен од Галатасарај, во првенството беше 3:1.


Моизе Кин интересен за Евертон

Напаѓачот на Фиорентина, Моизе Кин, ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во досегашниот тек од сезоната постигна 16 голови во Серија А, со што го собори својот личен рекорд. Неговата форма не минува незабележано во Европа.

Италијанските медуми тврдат дека е можно Кин да се врати во Премиер лигата. Пред неколку сезони го носеше дресот на Евертон.

Според овие извори, претставниците на Њукасл започнале преговори со неговиот менаџер за евентуален трансфер во летниот преоден рок.


Милан едвај извлече реми со Фиорентина

Тимот на Милан успеа да освои бод на домашен терен против Фиорентина иако имаше минус од два гола. Натпрвеварот на „Сан Сиро“ заврши 2-2.

Фиорентина на тој начин ја прекина серијата од два натпревари без победа, додека Милан по поразот од Наполи сега ремизираше со тимот од Фиренца.

Фудбалерите на Милан имаа очаен старт на натпреварот и по само десет минути игра резултатото беше 0-2.

Најпрвин автогол постигна Малик Чоу, кој при обидот да прекине додавање, несреќно ја испрати топката во сопствената мрежа. Во десеттата минута Мењан го совлада и најдобриот стрелец на Фиорентина, Моис Кен.

Милан успеа да ја намали предноста на Фиорентина до крајот на првото полувреме. Теми Ејбрахам со прецизен удар ја погоди „малата мрежа“.

Милан резултатото го изедначи со голот на Лука Јовиќ, негов втор на последните два натпревари. Јовиќ беше на теренот од 23. минута кога го замени индиспонираниот Јунес Муса. До крајот на мечот дбата тима имаа неколку дбри панси, но голманите Мењан и Де Хеа блескаа со своите одбрани.

Фиорентина постигна гол во претпоследната минута преку Додо, но ВАР го поништи поради мал офсајд.


Бетис извлече реми од гостувањето во Барселона

Во последниот натпревар од саботната програма од 30. коло на Ла Лига, Барселона и Бетис ремизираа 1-1.

Барселона пред натпреварот доби добри вести од Мадрид. Реал доживеа пораз од Валенсија (1-2) но не успеа да се одлепи на +6 од конкурентот за титулата.

Сепак, избраниците на Хансија Флик само делумно ја искористија својата шанса, бидејќи и со реми со Бетис ја зголемија предноста во поредокот на четири бода.

Сè започна брилијантно за лидерот. Феран Торес во седмата минута одлично го проигра Гави кој ја погоди малата мрежа за 1:0. Сепак, веќе во 17. минута Ло Селсо одлично нафрли од корнер, буквално го погоди Нејтан во главата кој изедначи на 1-1.

Барса очекувано доминираше, но не можеше да дојде до вториот гол. Имаше 76 отсто од поседот на топка, имаше повеќе удари кон голот 5-2, но не успеа да постигне уште еден гол и да освои три бода.

Нејтан можеше да ги шокира во 90.минута, кога неговиот удар од 25 метри Шчешни со крајни напори го исфрли во корнер.


Пеп го сака Морган Роџерс како замена за Де Брујне

Манчестер Сити ќе се обиде да го привлече својот поранешен фудбалер Морган Роџерс од Астон Вила, објавија медиумите во Англија.

Вчера стана јасно дека ѕвездата на тимот Кевин де Бруин ќе го напушти клубот на лето, а како негова замена се шпекулира Роџерс.

Се очекува „Граѓаните“ да бидат доста активни на трансфер пазарот ова лето во обид да го засилат својот тим по лошата сезона во Премиер лигата. Сити е само петти на табелата на осум кола до крајот.

Во периодот од 2019 до 2023 година, Морган Роџерс беше одличен во академијата на Манчестер Сити пред да биде продаден на Мидлсброу за сума од 1 милион фунти.


Мурињо го чека казна од десет натпревари

Жозе Мурињо имаше свое шоу по натпреварот против Галатасарај, кога по поразот во четвртфиналето на Купот (1-2) за нос го фати противничкиот тренер, Окан Бурук.

Ден по натпреварот, португалскиот стручњак беше осуден од голем број луѓе, кои не можеа да поверуваат што направи.

Фудбалскиот сојуз на Турција покрена постапка, ги прегледува снимките, по што ќе донесе одлука околу казната за Жозе Мурињо. Според некои медиуми, бидејќи ова не му е прв инцидент од доаѓањето во Турција можно е да добие суспензија од 10 натпревари.

Челниците на Фенербахче не се огласуваа по инцидентот, но медиумите тврдат дека во секој случај ќе застанат на негова страна, бидејќи и тие сметаат дека се оди на штета на нивниот тим.


Шкендија жестоко казнета за нечовечкото однесување на навивачите

Фудбалскиот клуб Шкендија, поради нецивилизираното однесување на навивачите, кои пееја додека им се одаваше почит на жртвите во пожарот во Кочани, до крајот на сезоната ќе игра пред празни трибни.

„Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика.

Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ.

Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.

Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на било каква функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.

Делегатот на натпреварот во Тетово не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и не постапил според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат и празнење на трибината во вакви случаи.

ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.

ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.


Валенсија по седумнаесет години го освои „Сантијаго Бернабеу“

Валенсија среде Мадрид го шокира Реал во 30.коло и веројатно ја забележа клучната победа во борбата за опстанок. „Лилјаците“ победија со 1-2, а голот за победа го постигна поранешниот играч на Реал, Уго Дуро во 95. минута. Овој пораз претставува тежок удар за шампионските амбиции на Реал.

Натпреварот на „Бернабеу“, покрај стрелецот Дуро, го обележаа апсолутниот херој на Валенсија, голманот Мамардшвили и трагичарот кај Реал, Вунисиус.

Грузиецот му одбрани пенал на Винисиус во 13.минута, а во текот на натпреварот имаше уште неколку брилијантни интервенции.

Винисиус не успеа да го реализира вториот пенал по ред, претходно не погоди и против Атлетико во Лигата на шампионите.

Откако Винисиус го промаши пеналот, казната Реал го стигна во 15. минута кога Дијакаби и донесе предност на Валенсија.

Винисиус се искупи за промашениот пенал во 50.минута кога го изедначи резултатот. Реал потоа нападна со сите сили, но Мамрдашвили не дозволи уште еднаш да биде совладан.

Наместо тоа Дуро го шокира „кралскиот клуб“ со што и ја донсе на Валенсија првата победа на „Бернабеу“ по пауза од 17 години.


Фудбалерките неочекувано загубија од Летонија во Скопје

Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби со 2-1 од селекцијата на Летонија на домашен терен во рамките на второто коло од групата 6 (сегмент Ц) од новото издание на Лигата на нации за пласман на СП 2027.

На тренинг центарот „Петар Милошевски” двете репрезентации одигра доста возбудлив натпревар со многу пропуштени прилики за гол.

Репрезентација на Летонија одлично го започна натпреварот и рано во 2. минута успеа да поведе. Стрелец на водечкиот погодок беше Миксоне.

Македонија брзо ги стабилизираше своите редови, наметна иницијатива и сосема заслужено во 31. минута од средбата преку Максути успеа да го изедначи резултатот.

Миксоне во 81. минута уште еднаш се запиша во листата на стрелци поставувајќи ги конечните 2:1 за Летонија.

На 8. април, женската репрезентација на Македонија на гостински терен ќе игра против Косово во рамките на третото коло од нашата група.