фудбал

Кимих отвора простор за трансфер во Англија

Џошуа Кимих ќе биде на летната трансфер листа на Баерн Минхен, тврди германски „Ску Спорт“.

Џошуа Кимих е заинтересиран за нова авантура, а бидејќи влезе во последната година од договорот, Баерн е спремен да го продаде ова лето за да не го загуби без пари.

Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал се клубовите кои покажуваат најголем интерес, а Германецот е отворен за преселба во Премиер лигата.

Кимих е отворен и за преселба во Барселона, но Каталонците немаат финансиска моќ за овој трансфер.


Рекорд на Шпанија на Европските првенство: Без примен гол во групната фаза

Репрезентацијата на Шпанија ја победи Албанија (1-0) во натпреварот од третото коло од групната фаза на Евро 2024 година. Така, шпанската репрезентација со стопроцентен резултат ја заврши групната фаза на ЕП 2024 и стана првата селекција што не примила ниту еден гол во групната фаза на турнирот.

На ова ЕП, Шпанците ги совладаа Хрватите со резултат 3-0. Во натпреварот од 2. коло на Евро 2024, Шпанија се покажа посилна од селекцијата на Италија благодарение на автогол – 1-0.

Шпанскиот тим освои девет поени и го освои првото место во групата Б. Италија го зазеде второто место. Тимот на Лучијано Спалети освои четири поени. Репрезентацијата на Хрватска е на третото место со два бода. Албанскиот тим освои еден бод


Коман се враќа во ПСЖ?

Иднината на Кингсли Коман во Баерн Минхен е неизвесна и ова лето би можел да се врати во ПСЖ.

Коман неодамна потпиша нов договор до 2027 година, но Баварците се спремни да го продадат на лето, а и самиот е спремен да испроба нова авантура.

Коман поникна во академијата на ПСЖ од каде се пресели во Јувентус како тинејџер, а потоа веќе осум сезони е дел од Баерн Минхен.

ПСЖ е спремен да плати 50 милиони евра колку што бараат Баварците бидејќи веруваат дека би бил идеална замена за Мбапе.


„Пукна тиквата“, Мората заминува од Мадрид

Атлетико Мадрид ова лето ќе прави реконструкција на тимот и најверојатно ќе се ослободи од Алваро Мората.

Според Фабрицио Романо, Мората ова лето меже да го напушти Атлетико Мадрид за само 12 милиони евра. Тој влезе во последната година од договорот и неговата откупна клаузула изнесува толку. Тоа е ситница за врвен напаѓач кој се уште е шпански репрезентативец, па неколку европски гиганти покажуваат силен интерес.

Мората сака да се врати во Серија А, каде интерес за неговите услуги покажуваат Милан, Јувентус и Наполи.


Рудигер се повреди, ќе го скокне осминафиналето на ЕП

Антонио Ридигер се повреди на натпреварот од третото коло од групата А против Швајцарија (1-1), кој се одигра синоќа во Франкфурт. Ридигер го повредил грбот.

„Не изгледа драматично, но мали се шансите Антонио да игра во сабота“, изјави за „Билд“ спортскиот директор на германската репрезентација Руди Фелер.

Натпреварот од осминафиналето ќе го пропушти уште еден стопер на Германија, Џонатан Та, кој ќе паузира поради жолти картони.


Швеѓанецот Ѓокереш прва желба на Арсенал за следната сезона

Виктор Ѓекереш е еден од фудбалерите кои привлекуваат внимание на поголемите европски клубови.

Напаѓачот со шведски пасош кој игра за Спортинг Лисабон би можел да се пресели во Премиер лигата, а во посредувањето наводно се вклучил и познатиот агент Жорге Мендеш.

Тој ќе се обиде да помогне во трансферот трансферот во Арсенал, а според англиските медиуми ваквото сценарио не е далеку од реализација.

Ѓекереш има ослободителна клаузула која е 100 милиони евра, но Арсенал сака да го купи за сума која е 10 милиони подолу, но со бонуси за освојување трофеи таа може да се искачи на 120 милиони евра. Во изминатата сезона Ѓекереш постигна 36 гола на 44 натпревари, а според многумина токму таков играч недостасува во овој тим на Арсенал.


Премиер лигата е иднината на Џошуа Зиркзе

Холандскиот фудбалер, Џошуа Зиркзе, е пред трансфер во Манчестер Јунајтед, најавија дел од медиумите во Англија.

Според нив, „црвените ѓаволи“ се подготвени да одвојат 40 милиони евра за 23-годишниот фудбалер. Зиркзе во последната сезона одигра 34 натпревари во Серија А. Тој успеа да даде 11 гола и да направи пет асистенции.

Младиот фудбалер е дел од селекцијата на Холандија која настапува на Евро-шампионатот во Германија.


Емери плати 45 милиони за левиот бек на Дортмунд

Јан Матсен е нов фудбалер на Астон Вила.

Левоногиот фудбалер ги договорил сите услови со клубот од Премиер лигата, додека Челзи ја прифатил понудата од 45 милиони евра, па така нема пречки трансферот да се реализира.

Овој фудбалер играше на позајмица во Борусија Дортмунд со која стигна и до финалето на Лигата на шампионите, има само 22 години и се очекува да биде големо засилување за Астон Вила која ќе игра и во елитното европско натпреварување.

Фудбалерот кој може да игра како лев бек и лево крило потпиша договор до 2030 година. Трансферот наскоро треба да е и официјално потврден, преостанува клубовите да завршат одредени формалности.


Левандовски е сонот на Мурињо во Фенербахче

Mинатата сезона Фенербахче го освои второто место во турската Суперлига, па така летово подготвуваат тим со кој сака да ја врати титулата.

За тренер беше доведен Жозе Мурињо, а со него има и најави за нови засилувања.

Последната информација е дека Роберт Левандовски би можел да биде новото име во нападот на Фенер за наредната сезона.

Неколку пати претходно Левандовски зборуваше дека сака да остане во Барселона, меѓутоа Мурињо смета дека може да го убеди Левандовски да се пресели во Турција.

Останува да видиме во наредниот период, веројатно по завршувањето на настапот на Полска на ЕП дали нешто ќе се случува.


Дешамп: Мбапе полека се навикува на маската на носот

Дидие Дешамп проговори за закрепнувањето на Килијан Мбапе по повредата на носот. Напаѓачот на Реал Мадрид го скрши носот на мечот со Австрија (1-0) на ЕП 2024 и сега тренира со маска.

„За настап на Мбапе треба да почекаме. Засега се оди како што треба, се опоравува од ударот. Има хематом кој секој ден е се помал. Се навикнува на маската, која малку му го менува погледот. Но добро е“, изјави Дешамп.