фудбал

Шеикот Ал Тани ќе достави нова понуда за купување на Манчестер Јунајтед

На неполни две недели до истекот на рокот за достава на третата и завршна понуда за купување на Манчестер Јунајтед, катарскиот Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани најави дека во следниве денови ќе ја достави финалната понуда која се очекува да биде нешто повисока од претходните пет милијарди фунти.

Медиумите во Британија истакнуваат дека Шеикот Ал Тани останува на намерата да откупи 100% од акциите што го прави главен фаворит за преземање на Манчестер Јунајтед.

Вториот најсериозен кандидат милијардерот Џим Ретклиф добил покана за доставување на нова понуда, но се уште нема информација дали тој ќе остане во трката бидејќи тој е заинтересиран да откупи 60% од акциите што е во спротивност на очекувањата на семејството Глејзер.

Според последните инфромации од трката се повлече финскиот бизнисмен Томас Зилкаус кој остана на последната понуда и одбива да влезе во третиот круг.

Разврската околу сопственоста на Манчестер Јунајтед влегува во завршна фаза, но постои и мал проблем во семејството Глејзер каде има различни идеи за натамошниот развој на клубот.


Чупо-Мотинг спремен за реваншот меѓу Баерн и Сити

Ерик Максим Чупо-Мотинг ги продолжи тренинзите со тимот во текот на денешниот ден и има шанса да игра во реваншот од Лигата на шампионите со Манчестер Сити во среда.

34-годишниот напаѓач беше доведен за резерва, но стана клучна фигура во нападот на тимот по продажбата на Роберт Левандовски.

Тој го пропушти поразот на неговиот тим од 3-0 на првиот натпревар во Англија пред една недела поради проблеми со коленото. Не играше на натпреварите со Фрајбург (1-0) и Хофенхајм (1-1) во шампионатот на Германија. Садио Мане дојде од Ливерпул во текот на летото, но напаѓачот не можеше да се наметне поради променливата форма, проблемите со повредите и сега конфликтот со соиграчот Лерој Сане.

Чупо-Мотинг има 10 гола за Баерн оваа сезона. Новиот тренер на Баварците, Томас Тухел, исто така го именуваше камерунскиот играч како стартер во неговиот прв натпревар и победата од 4-2 над Борусија Дортмунд.


Валенсија руши негативни рекорди, никогаш толку лоша скоро четири децении

Валенсија синоќа на домашен терен загуби од Севилја со 2:0 во натпревар од 29. коло на шампионатот на Шпанија.

„Лилјаците“ имаат 27 поени од 29 натпревари во Примера што е нивен најлош резултат од сезоната 1985/86, кога клубот освои 24 поени. Тогаш клубот испадна од највисоката дивизија на фудбалскиот шампионат на Шпанија.

Избраниците на Рубен Бараха оваа сезона се на 18. место. Најблискиот конкурент на Валенсија кој се наоѓа на „безбедно“ е Алмерија која има 30 бода.

До крајот на првенство во Шпанија остануваат уште девет кола.


УЕФА ги делегира Марчињак и Орсато за дуелите во Неапол и Лондон

Соочувањето на Наполи и Милан во Лигата на шампионите носи посебна тензија меѓу големите италијански ривали, а на првата средба на „Сан Сиро“ многу реакции предизвика и судијата Иштван Ковач.

На теренот во Неапол правдата ќе ја дели Шимон Марчинијак, полскиот судија кој во моментов ужива одличен статус во УЕФА и ФИФА, а потврда за тоа е и фактот дека го судеше финалето меѓу Аргентина и Франција на СП во Катар.

Главен судија на дуелот Челзи – Реал Мадрид ќе биде Италијанецот Даниеле Орсато.


Чави пронајде чудни изговори за ремито кај Хетафе

Барселона во една седмица забележа две реми средби во низа и овојпат се намали предноста во однос на Реал Мадрид, бидејќи „кралскиот клуб“ вчера победи во Кадиз со резултат 0-2.

„Високата и сува трева не ни одеше во прилиг, но го знаевме тоа. Вчера трениравме на сув терен во Барселона и знаевме што ќе не чека тука. Тешко е да се игра на ваков терен. Знам дека добивам многу критики кога се жалам за теренот, но на играчите им е најтешко да играат во вакви услови. Топката не се движи и тоа не е добро за никого, ниту за Хетафе.

Тоа не е изговор за резултатот, мора да пронајдеме поголема мотивација и подобра игра“, изјави Чави.


Терзиќ: Има причина зошто цела деценија само Баерн е шампион на Германија

Баерн Минхен е некарактеристично нестабилен оваа сезона и понуди многу шанси за конкуренцијата во Бундеслигата, но сепак и покрај сите киксови, баварскиот великан и натаму е прв и преживеа и после последниот лош резултат на домашен терен.

Штутгарт израмни на 3-3 во 97. минута, а ваквите случувања потполно го разбесните тренерот Терзиќ кој го искажа своето незадоволство и со зборовите кои ги употреби.

„Постои една причина поради која само еден тим е шампион на Германија десет години по ред. Сите гледаме зошто Баерн освојува, а другите не. На мечот со Штутгарт покажавме како можеме да упропативме што работевме напорно во последните неколку месеци, упропастивме се што правевме досега“, изјавил разочараниот Терзиќ.


Мане размислува експресно да се врати во Англија

По инцидентот во соблекувалната, ништо нема да биде исто во таборот на Баерн Минхен.

Според последните информации, ова лето Баерн Минхен ќе се обиде да издејствува трансфер на Сенегалецот Садио Мане, кој го смета за директен виновник за лошата атмосфера во клубот.

Англиските медиуми веќе тврдат дека тој е незадоволен од животот во Минхен и дека наскоро би можел да се врати во Минхен. Според неофицијални информации, тој сакал назад во Ливерпул, а „црвените“ би можеле да го откупат за половина од сумата за која го продадоа во Минхен.

Клоп во меѓувреме во Ливерпул донесе негова замена, пристигна Нуњез, тука е и Коди Гакпо, да не се заборави и Луис Дијаз, но сепак, мали би биле шансите за кам-бек на Мане во дресот на Ливерпул.

Исто така дел од медиумите тврдат дека и самиот Томас Тухел на лето ќе сака да се ослободи од Сенегалецот и на негово место да донесе соодветна замена.


Мароканецот Мазрауи се сели во Баерн во Интер

Интер е силно заинтересиран за десниот бек на Баерн Минхен и марокански репрезентативец, Нусер Мазрауи.

Мазрауи пристигна како големо засилување во Баерн од Ајакс, но не ги оправда во целост очекувањата. Мароканецот не добива голема минутажа во Минхен, па е спремен да ја промени средината, а Интер сака да ја искористи ситуацијата.

Интер поради финансиски проблеми сака на лето да го продаде Дамфрис, за кого има понуди од Премиер лигата, а во Мазраиу гледа идеална замена.

„Нероаѕурите“ ќе се обидат да го доведат на едногодишна позајмица со право на откуп за 20 милиони евра.


Мота: Да го промениме спортот ако ова што го доби Милан е пенал

Милан повторно не победи во Серија А и ремизираше со Болоња на гостувањето на „Ренато Далара“, но резултатот 1-1 предизвика доста нервоза кај „росонерите“, кои бараа два пенали од судијата Маса.

Поранешниот италијански судија Лука Марели кој сега работи како експерт за „ДАЗН“ нагласи дека посебно евидентен бил првиот пенал кога Ребиќ беше соборен во шеснаесетникот при резултат 1-0, но тврдење го налути Тиаго Мота кој како тренер на Болоња испрати нервозна порака.

Поранешниот играч за врска се чуди на поплаките од играчите на Милан и заклучокот на Марели, бидејќи според него, нагазнувањето над Ребиќ било преминимално за да се досуди најстрога казна.


Жота за Маунт е трампата која ја подготвуваат Ливерпул и Челзи

Ливерпул планира да направи ремонт на екипата на лето, а тренерот Јирген Клоп размислува кои позиции да ги засили.

Португалецот Диого Жота најверојатно ќе го напушти „Енфилд“, но Клоп сака да го искористи за да добие ѕвезда на Челзи.

Новинарот Педро Алмеида објави дека Жота ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“, а во спротивна насока ќе замине Мејсон Маунт.

Англискиот репрезентативец е во очајна форма и оваа сезона е непрепознатлив во дресот на Челзи, а Клоп во него гледа едно од најголемите засилувања за неговата екипа.