фудбал

Дефанзивците „стрелаа“, ПСЖ лесно се справи со Оксер

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.

Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.

Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.


Тиквеш за нијанса подобар од Македонија ЃП, бодовите остануваат во Кавадарци

Фудбалерите на Тиквеш ја совладаа Македонија ЃП со 2-1 и ја забележаа втората победа во првенството. Тиквеш рано стигна до предност, Садик уште во деветтата минута го совлада гостинскиот голман Јанков, а на 2-0 зголеми Ивановски во 68. додека стрелец на единствениот гол за гостите беше Ѓорѓи Стоилов од пенал.

Во првото полувреме двата тима имаа можност да постигнат уште по некој погодок. Рамадани за малку не ја погоди сопствената мрежа при интервенција во петте метри и при тоа ја погоди гредата од голот на Стевковски. Веднаш на спротивната страна на асистенција на Миловановиќ, ударот на домашниот фудбалер Стојанов заврши во дирекот.

Во второто полувреме Абдула „од непосредна близина со глава шутира директно во Стевковски. Илиески на спротивната страна со глава шутира преку голот на Јанков.

Тиквеш до победата стигна во 68. минута, ударот Стојковски, голманот на гостите Јанков успеа да го одбрани, а топката стигна до Ивановски кој осамен само пласираше во празната мрежа.

Во обидот да израмни Македонија ЃП вреден за споменување е ударот на Глишиќ кој можеше и да асистира но реши да шутира, но беше изблокиран.


Хакими негира било каква поврзаност со скандалот за силување

Мароканскиот репрезентативец и десен бек на ПСЖ, Ашраф Хакими, за првпат јавно се огласи за обвиненијата за силување кои беа покренати против него во 2023 година.

Во интервју за францускиот Canal+, Хакими цврсто ги отфрли сите обвиненија против него.

Мароканскиот репрезентативец и десен бек на ПСЖ, Ашраф Хакими, за првпат јавно се огласи за обвиненијата за силување кои беа покренати против него во 2023 година.

Во интервју за францускиот Canal+, Хакими цврсто ги отфрли сите обвиненија против него.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ – Football Edition

„Сигурен сум дека обвиненијата се измислица. Знам кој сум, знам дека не сум сторил ништо и дека никогаш не би направил такво дело. Во секој момент бев достапен за полицијата и дури ги молев да разговараат со мене. Земаа и моја ДНК. За разлика од лицето што ме обвини, јас секогаш бев на располагање” изјави Хакими.

Тој додаде дека целата ситуација е особено болна за неговото семејство:

„Никогаш порано не сум доживеал нешто слично. Ми е тешко, а на моите им е уште потешко. Лажните написи повредуваат, најмногу моето семејство. Моите деца се уште се мали и не знаат да читаат, но еден ден ќе видат што се пишувало за нивниот татко. Тоа е болно и тоа не би го посакал никому,” беше искрен Хакими.

Хакими нагласи дека овие настани многу го промениле неговиот живот.

„Кругот на моите пријатели е сега толку мал што речиси никој повеќе не влегува во него,” изјави најдобриот десен бек во светот.

Да потсетиме, обвиненијата за наводно силување потекнуваат од февруари 2023 година, кога 24-годишна жена тврдеше дека Хакими ја натерал на сексуален однос во неговиот дом во париското предградие Булоњ-Бијанкур. Истата вечер случајот го пријавила во полицијата, иако на почетокот не поднела официјална тужба.


Анчелоти: Абрамович ме замени затоа што го заменив неговиот омилен фудбалер

Карло Анчелоти откри како Роман Абрамович му го скрати престојот во Челзи и зошто на крајот му ја одземал тренерската позиција.

Карло Анчелоти е еден од најуспешните фудбалски менаџери во историјата, но признава дека неговото време во Челси било поинакво од сите други.

Славниот италијански тренер откри во новата автобиографија дека животот под рускиот олигарх Роман Абрамович бил постојана борба која малку имала врска со фудбалската слобода. „Абрамович беше како постојана сенка која секој ден стоеше над мене“, напиша Анчелоти.

Абрамович бил опседнат со еден трофеј, Лигата на шампионите. „Јасно даде до знаење дека неговата цел е Европа. Лигата или домашните натпреварувања не му беа доволни“, додава Италијанецот.

Тешката ситуација ја влоши и фактот дека клубот пред Анчелоти го управуваше Жозе Мурињо, со кого Абрамович прекина односи во 2007 година. Сепак, Португалецот веднаш се потсети – токму неговиот Интер го исфрли Челзи од натпреварувањето во 2010 година.

„Триумфот на Мурињо беше проблем за мене. Требаше да бидам негова спротивност, доказ дека ерата на Мурињо заврши. Но натпреварите со Интер го покажаа спротивното и тоа ја ослаби мојата позиција“, призна Анчелоти.

Одлучувачкиот момент се случи година дена подоцна. Челси се соочи со Манчестер Јунајтед во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а Анчелоти одлучи да го замени Фернандо Торес на полувремето. Шпанецот, кој беше потпишан за рекордни 50 милиони фунти, беше надвор од форма.

„Торес се бореше сам со себе, главата и нозете му беа тешки“, се сеќава Анчелоти. „Знаевме дека му треба време. Но на мене ми требаше резултат.“ Абрамович го сметаше овој потег како лична навреда. „Заменувањето на Торес беше директен сигнал до сопственикот. На тоа време заборавив дека сопственикот никогаш не можеш да го победиш“, пишува тренерот.


Прв гол за Дориан Бабунски за новиот клуб во Унгарија

Македонскиот фудбалер Доријан Бабунски го постигна војот прв гол во дресот на Ниреѓихаза од Унгарија.

Бабунски стрелаше во натпреварот против Ујпешт кој заврши со реми 2-2. Македонскиот интернационалец го постигна првиот гол на натпреварот со кој донесе водство за својот тим по 12 минути игра.

На теренот Бабунски беше до 86. минута кога беше заменет.


Суспендирани седум малезиски фудбалери заради фалсификат

Дисциплинскиот комитет на ФИФА донесе строги мерки против Фудбалската асоцијација на Малезија (ФАМ) и седум интернационални фудбалери – Габриел Палмеро, Факундо Гарсес, Родриго Холгадо, Иманол Мачука, Жоао Фигеиредо, Џон Иразабал и Хектор Хевел – поради злоупотреба на документи и прекршување на Дисциплинскиот кодекс. Играчите имаат аргентинско, шпанско, бразилско и холандско потекло, а Гарсес настапува за шпанскиот тим Алавес од Ла Лига.

Според објавеното, ФАМ поднела лажни документи до ФИФА за овие играчи да можат да играат за Малезија против Виетнам во третото квалификациско коло за Азискиот куп на 10 јуни.

Како резултат на тоа, Малезија ќе треба да плати казна од 350.000 швајцарски франци, додека секој од фудбалерите ќе мора да уплати по 2.000 франци.

Покрај финансиската санкција, сите седум играчи се суспендирани од фудбалски активности на период од 12 месеци од денот на објавувањето на одлуката. Оваа одлука може да се обжали пред Апелацискиот комитет на ФИФА.


Отказ за Потер, Вест Хем ќе добие нов менаџер

Фудбалскиот стратег, Грем Потер, по само девет месеци заработи отказа на кормилото на Вест Хем. Тоа се случи пред дуелот со Евертон закажан за в понеделник.

„Резултатите и перформансите во втората половина од минатата сезона и почетокот на сезоната 2025/26 не ги исполнија очекувањата и одборот на директори верува дека е потребна промена“, се вели во соопштението на „чеканите“.

Дел од медиумите наведуваат дека поранешниот менаџер на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, е главниот кандидат да седне на клупата на англискиот состав.


Пелегрини сака нов договор во Бетис

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, сака да остане во шпанскиот прволигаш и да го продолжи договорот, објави денеска весникот „Естадио Депортиво“.

Според истиот извор, 72-годишниот чилеански стратег чека информации од раководството на клубот околу евентуално продолжување на соработката.

Пелегрини е на клупата на Бетис од 2020 година, а неговиот договор е со важност до 30 јуни 2026 година. На 263 натпревари под негово водство, Бетис има 123 победи, 68 нерешени и 72 порази. Претходно оваа недела, Бетис одигра нерешено 2-2 со Нотингем Форест во воведното коло од Лига Европа

Минатата сезона, тимот на Севиља загуби во финалето на Конференциската лига од Челзи 4-1.


Нови грижи за Луис Енрике, се повреди и капитенот

Капитенот на ПСЖ, Маркињос поради повреда нема да настапува во следните неколку недели. Тоа значи дека ќе пропушти неколку важни натпревари.

На тој начин Маркињос ја зголеми листата повредени во тимот на Луис Енрике, а од претходно се наоѓаат: Усама Дембеле, Дезире Дуе и Жоао Невеш.

ПСЖ игра натпревар против Оксер од домашното првенство, а во среда на 1.октомври ја пречекува Барселона во Лигата на шампионите. Маркињос со сигурност ќе ги пропушти овие два дуела.


Новиот клуб на Лаказет ги плаќа фановите да доаѓаат на трибините

Неом СЦ, новиот член на елитата во Саудиска Арабија, најде необичен начин да го реши проблемот со празните трибини. Решението го најде така што ќе им плаќа на навивачите по 11 долари за да дојдат на стадион.

Според информациите, фановите преку „WhatsApp“ добиваат упатства како да прават атмосфера и да навиваат за тимот. Очигледно е дека големите имиња како Александар Лаказет, Абдулаје Дукуре, Луис Максимилијан и тренерот Кристоф Галтие очекувале многу поживична публика, налик на онаа во Франција.

Со овој потег Неом стана главна тема во арапската јавност, а останува да се види дали платената поддршка ќе прерасне во вистинска навивачка култура.