Хјеонг Мин Сон, играч на Лос Анџелес, наскоро би можел да пристигне на позајмица во Барселона.
Славниот Кореец, легендата на Тотенхем, ќе ја користи познатата клаузула воведена од Дејвид Бекам.
Тоа правило им овозможува на ѕвездите од МЛС да се преселат во друг клуб за време на паузата во лигата без да им биде раскинат договорот.
На овој начин, фудбалерите можат да ја одржат формата. Бекам беше на позајмица во Милан додека играше за Лос Анџелес.
Ендрик пред позајмица во Лион до крајот на сезоната
Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Ендрик, ќе ги напушти „кралевите“ во текот на зимата, така барем велат информациите од Шпанија.
Поминаа 163 дена откако Бразилецот одигра натпревар за Реал Мадрид и постои голема веројатност дека тоа нема да се промени наскоро.
Чаби Алонсо не смета на Ендрик и клубот е отворен да го испрати на позајмица во јануари.
Иако Олимпик од Марсеј се поврзуваше со него, тој во моментов не е блиску до Велодромо но Франција сигурно е. Фабрицио Романо објави попладнево дека Олимпик Лион започнал преговори со претставниците на Бразилецот и Реал Мадрид во врска со позајмица до јуни 2026 година.
На Лион му е потребно засилување од ваков тип повеќе од потребното бидејќи најпродуктивниот напаѓач на тимот, Малик Фофана, е повреден и ќе мора да се оперира.
Џоб Белингам нема да го замени Дортмунд со Манчестер
Фудбалерот, Џоб Белингам, кој силно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, нема желба да им се придружи на „Црвените ѓаволи“ на позајмица во јануари, тврди „Мирор“.
Според британскиот весник, младиот играч од средниот ред на Борусија Дортмунд, кој има само 20 години, сака во зимскиот преоден рок да се пресели во тим кој учествува во Лигата на шампионите на УЕФА.
Џоб нема да ја исклучи можноста за враќање во Англија, од каде што замина во летото, кога го напушти Сандерленд.
Пресврт во Белград: Пауновиќ ќе биде нов селектор на Србија
Вељко Пауновиќ ќе биде новиот селектор на српската фудбалска репрезентација. Иако нема потврда од куќата на српскиот фудбал, ниту од идниот селектор, „Спортклуб“, повикувајќи се на свои извори тврди дека двете страни постигнале договор.
Според овој извор, се очекува оваа информација официјално да биде потврдена во четврток.
Во мир, далеку од притисокот на јавноста, и со претходно зелено светло од Извршниот одбор на ФСС, генералниот секретар на Српскиот фудбалски сојуз, Бранко Радујко, во Мадрид, водел тивки преговори со единствениот сериозен кандидат. Конечно, по конкретни дискусии и решавање на посериозни пречки, позитивен одговор дојде од Шпанија.
Конечниот договор доаѓа пред дефинирањето на списокот за натпреварите со Англија и Латвија. Сепак според непотврдени информации, иако претставниците на ФСС, поточно генералниот секретар Бранко Радујко, ја застапуваа тезата за преземање на тимот веќе во претстојните натпревари, желбата на Пауновиќ била да започне нов мандат, однсно да го преземе националниот тим во јануари 2026 година.
Кристал Палас го исфрли Ливерпул од Карабао Купот
По четири последователни порази во Премиер лигата, фудбалерите на Ливерпул се елиминирани од Лига купот. На „Енфилд“ Кристал Палас го победи Ливерпул со 0-3.
Кризта во Ливерпул се продлабочува, екипата на Арне Слот, има шест порази на последните седум натпревари.
За поразот во Лига купот оправдување на холандскиот тренер не моѓе да му биде ниту фактот што играше со „шарен состав“.
Исмаила Сар со два гола во интервал од четири минути, во првиот дел ја најави елиминацијата на „црвените“.
Ливерпул го нокаутира Јереми Пино во финишот на натпреварот.
Реми во првите два натпревари од 11. коло на Првата лига
Првите два натпревара од 11.коло од Првата фудбалска лига завршија без победник. И на двата дуела водеа гостите: Работнички имаше и водство од 2-0 против Арсими, додека Башкими водеше со 1-0 против Македонија ЃП. Сепак домашните екипи стигнаа до нерешен резултат и еден бод.
Утре се играат натпреварите: Шкупи – Струга и Пелистер – Тиквеш, додека во петок на програмата се дербито меѓу Вардар и Силекс, како и дуелот Брера – Шкендија.
Фудбалскиот состав на Тотенхем е заинтересиран за напаѓачот на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд, наведуваат дел од медиумите.
Неговата транферна сума се движи околу 40 милиони евра. Лондонскиот клуб бара динамичен играч кој ќе ја зајакне напаѓачката позиција за наредната сезона.
Англичанецот кој има 24-години, досега забележа 12 настапи во сите конкуренции постигнувајќи осум голови и четири асистенции.
Јуве размислува да го продаде Копмајнерс
Јувентус бара замена за Копмајнерс кој пристигна во клубот во 2024 година откако беше купен од Аталанта за големи 60,7 милиони евра.
27-годишниот играч од средниот ред пристигна во Торино со големи надежи но, неговите досегашни перформанси не се на посакуваното ниво.
Според „Фудбал Италија“, раководството на клубот ќе донесе одлука за неговата иднина за време на зимскиот преоден рок.
Педри повреден, надвор од терените неколку недели
Асот во средината на Барса, Педри, ќе мора да направи пауза поради повреда. Каталонскиот клуб потврди дека младиот играч има парцијално кинење на дисталниот бицепс феморис во левата нога, што ќе го задржи надвор од терените најмалку 3 до 4 недели.
Овој период на опоравување значи дека Педри сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Елче во Ла Лига, гостувањето кај Клуб Бриж во Лигата на Шампионите, како и дуелот со Селта Виго. Неговото учество во мечевите со Атлетик Билбао и Челси останува под знак прашалник, зависно од текот на рехабилитацијата.
Отсуството на Педри е голем удар за тимот на Флик, особено во делот на креативноста и динамиката на средината на теренот. Барселона ќе мора да се потпре на другите играчи за да ја надополни енергијата и визијата што Педри ја внесува во играта, во период кога секој бод и секоја победа се клучни.
Саудиска Арабија гради стадион во небото за Мундијалот во 2034
Саудиска Арабија најави изградба на револуционерен стадион за Светското Првенство во 2034 година, „NEOM Sky Stadium“. Проектот предвидува 46.000 седишта, сместени на врвот на 350-метарски облакодер во футуристичкиот град Неом. Стадионот ќе биде првиот во светот кој ќе се наоѓа во небото, комбинирајќи иновативна архитектура со одржливост, користејќи исклучиво соларна и ветерна енергија. Изградбата треба да започне во 2027 година, со цел завршување до 2032, пред самото првенство.
Стадионот ќе биде централна атракција на новиот град Неом, кој се развива во северозападниот пустински регион на Саудиска Арабија. Посетителите ќе можат да пристапат до стадионот со високобрзи лифтови внатре во кулата, нудејќи уникатно искуство на висина над пустината. Планирано е стадионот да прими натпревари од групната фаза до четвртфиналето, станувајќи клучен дел од стратегијата на земјата за нови, модерни спортски објекти, со планирани 11 или повеќе нови стадиони за Светското Првенство.
И покрај амбициозната визија, експертите предупредуваат на големи технички и конструкциски предизвици поради висината и локацијата на стадионот. Инженерите веќе работат на решенија за овие комплексни проблеми. Проектот е дел од стремежот на Саудиска Арабија да ја помести границата на модерното инженерство со цел да остави трајно наследство во спортот и туризмот.