фудбал

Тах ја одбрал Барса пред Баерн

Дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Та ќе се приклучи на Барселона како слободен играч во летото 2025 година, ова го објави „Мундо Депортиво“.

Според изворот, фудбалерот ја избрал Барселона пред другите понуди, вклучително и од Баерн. Претходно беше објавено дека Та би можел да потпише договор на пет сезони, но се истакнува дека во Барселона се уште ништо не е конечно решено.

Во тековната сезона од германскиот шампионат, 29-годишниот Џонатан Та има одиграно 20 натпревари на кои постигна два гола. Дефанзивецот одигра и осум натпревари во Лигата на шампионите и четири во Купот на Германија.

Во дресот на Баер Леверкузен игра од 2015 година.


Роси организира проштален натпревар, ќе дојде и големиот Фергусон

epa06403992 Genoa’s forward Giuseppe Rossi greets supporters before the Italian Serie A soccer match Genoa Cfc vs Benevento Calcio at Luigi Ferraris Stadium in Genoa, Italy, 23 December 2017. EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Сер Алекс Фергусон ќе му оддаде почит на Џузепе Роси со тоа што ќе присуствува на прошталниот натпревар на 38-годишниот Роси. Поранешниот италијански репрезентативец се повлече од фудбалот во летото 2023 година, но сега одлучи и официјално да се збогува со фудбалот. Натпреварот се игра на 22 март во Фиренца, каде Роси играше за Фиорентина од 2013 до 2017 година.

„Тоа ќе биде ден полн со изненадувања. Ќе одиграме одличен натпревар со моите поранешни соиграчи. За мене Фиренца е втор дом и секогаш кога ќе се вратам овде се чувствувам одлично. Имавме многу одлични моменти и внатре и надвор од стадионот. Многу сум горд што Сер Алекс Фергусон, мојот прв менаџер во професионалниот фудбал, ќе биде на натпреварот. Ќе дојдат и поранешниот најдобар стрелец на Фиорентина, Лука Тони, мојот соиграч Антонио Касано, Борха Валеро, Себастијан Фреј, како и одличниот Габриел Батистута“, откри Џузепе Роси.

Роси е роден е во САД, но неговата професионална кариера започна во Манчестер Јунајтед. Покрај за Фиорентина има настапувано и за Њукасл, Парма, Виљареал, Леванте, Селта и Џенова. За Италија има 30 настапи и седум гола.


Џони Хејтинга ќе го води Ливерпул против Вулверхемптон

Тренерот на Ливерпул Арне Слот доби директен црвен картон по дербито со Евертон кое на Гудисон Парк заврши 2-2. По пресметката меѓу „сините“ и „црвените“ на овој стадион, дојде до инциденти меѓу играчите на двата тима.

Во целата мешаница црвени картони добија Арне Слот, неговиот помошник Спајк Хулсоф, како и играчите Кертис Џонс и Абдулај Дукур.

Токму порди ова, Ливерпул ќе биде предводен од нов тренер на следниот натпревар од Премиер лигата, бидејќи Арне Слот и неговиот помошник Спајк Хулсоф ќе бидат суспендирани.

Во недела, Ливерпул е домаќин на Вулверхемптон на „Енфилд“, а Слот и Хулсоф ќе мора да бидат на трибините, додека тимот ќе го води Џони Хејтинга. Секако и самиот Хејтинга ќе има можност да добива инструкции од Слот за време на натпреварот преку телефон.


Салах сруши уште еден рекорд, Енди Кол замина во историјата

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна гол и асистенција на презакажаниот натпревар од 15. коло на англискиот шампионат против Евертон (2-2).

Натпреварот се одигра синоќа на „Гудисон Парк“ во Ливерпул.

Сега Салах има 13 гола и девет асистенции на 13 гостувања оваа сезона. Триесет и двегодишниот Египќанец стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал 22 поени (голови + асистенции) на гостински терен во една сезона.

Салах го собори рекордот на фудбалерот на Њукасл, Енди Кол од 21 поен (гол и асистенции) на гостински натпревари поставен во сезоната 1993/94.


Андреј Тодоровски ја засили ТСЦ Бачка Топола

Mакедонскиот фудбалски интернациналец Андреј Тодороски не е повеќе член на Спартак Суботица и кариерата ќе ја продолжи во таборот на ТСЦ Бачка Топола.

За овој трансфер се зборуваше иште од почетокот на преодниот рок. Андреј Тодороски беше голема желба на ТСЦ, но преговорите со Спартак не одеа лесно.

Напаѓачот на Спартка Суботица имаше понуди и од Русија и Украина, но сепак на крајот од зимскиот преоден рок, Спартак и ТСЦ се договорија, Тодороски оди во Бачка Топола во трансфер вреден 450.000 евра и 20 % од следната продажба.

Наддавањето почна со 200.000 евра на почетокот на преодниот рок, бидејќи Тодороски беше голема желба на тренерот на ТСЦ, Јован Дамјановиќ, кој во него гледа решение за десната крилна позиција. Се очекуваше дека зделката ќе се забрза кога Тополчани ги продадоа Александар Ќирковиќ и Ифет Ѓаковац, заработувајќи добро во текот на зимата, но сепак се покажаа како тешки преговарачи.


Слот казнет заради испадите по градското дерби

Англиската Премиер лига експресно го казни менаџерот на актуелниот лидер во лигата Ливерпул, Арне Слот.

Холанѓанецот синоќа доби црвен картон по завршвањето на дербито со Евертон, а попладнево дозна дека нема да може да го води тимот во наредните два натпревари.

Судијата на натпреварот Мајкл Оливер му покажа црвен картон на Слот поради „агресивен, навредлив и погрден јазик“.

Слот ќе ги пропушти натпреварите против Вулверхемптон и Астон Вила.

Ова беше второ исклучување за Слот оваа сезона, тој исто така доби црвен картон против Фулам. Тогаш беше суспендиран од еден натпревар.

Инаку, синоќа заедно со Слот исклучен беше и неговиот помошник Сипке Хулшоф.


Кубарси добива нов договор во Барселона

Младиот дефанзивец Пау Кубарси ќе потпише нов договор со Барселона. Ова не е изненадување со оглед на тоа што тој е еден од најталентираните дефанзивци во светот.

Младиот шпански дефанзивец минатото лето веќе го продолжи договорот на максимум три години, со оглед на тоа што беше малолетен, а минатиот месец наполни 18 години, затоа челниците на Барселона побрзаа да му дадат петгодишен договор.

Според извори од клубот, Кубарси наскоро ќе ја продолжи соработката до 2030 година.

Кубарси е фантастичен играч, а иако има само 18 години, доминира против многу постари фудбалери во Ла Лига.


Барса и Реал се избегнаа во полуфиналето на Купот на Кралот

Во Шпанија денеска беа извлечени паровите за полуфиналето во Купот на Кралот. Барселона и Реал Мадрид се избегнаа, па така „Ел Класико“ во случај да слават победи би гледале во финалето.

Реал Мадрид ќе се соочи со Реал Сосиедад, додека избраниците на Ханси Флик ќе имаат потешка задача против Атлетико Мадрид.

Првите натпревари ќе се играат од 25 до 27 февруари, додека реваншите се планирани за од 1 до 3 април.


Фиорентина преговараше, но одби да потпише со Погба

Судот за спортска арбитража во Лозана му ја намали казната на францускиот фудбалер Пол Погба по позитивниот допинг-тест, па така Погба се врати на фудбалските терени.

Италијанските медиуми пишуваат дека Погба ѝ бил понуден на Фиорентина, но екипата од Фиренца не сакала да го ангажира.

Погба претходно играше за Јувентус, но пред повеќе од три месеци го прекина договорот со „старата дама“.


Левандовски и догодина во дресот на Барса

Роберт Левандовски се договори со Барселона за продолжување на соработката.

Полскиот напаѓач има договор до крајот на оваа сезона, а според новиот истиот ќе биде продолжен на уште една година. Немаше дилеми дали Левандовски ќе остане во клубот, двете страни се задоволни од соработката и до договор се стигна брзо и лесно.

Оваа сезона Левандовски постигна 31 погодок и три асистенции на 33 натпревари во сите натпреварувања.

Можеби ќе ве интересира
Ван Дајк: За Евертон ова беше мечот на годината, како куп финале!
Мурињо иронично: Икарди е ГОАТ, преголем е за да му одговорам! (ВИДЕО)
Консеисао: Имаме технички квалитетен тим, но ни требаат и други карактеристики
Тепачка по дербито во Ливерпул: Се „грабнаа“ Џонс и Д