фудбал

Горецка: Едвај чекам да дојдат двата меча на Баерн и Сити

Манчестер Сити и Баерн Минхен на 11 и 19 април ќе ги одиграат двата меча во фазата на елиминации во Лигата на фудбалските шампиони.

Првата средба ќе биде на „Етихад“ додека реваншот ќе се реализира на теренот на Баварците. Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка, вели дека Манчестер Сити е најтешкиот противник со кој можеле да се соочат.

„Тоа е како финале пред финале. Сигурно ќе бидеме подготвени. Халанд? Интересно е како секогаш успева да се постави на вистинското место. Неговата способност за голови е запрепастувачка“, изјави Горецка.


Њукасл ќе прави обид за купување на Калвин Филипс

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити е заинтересиран за купување на фудбалерот на Манчестер Сити и репрезентативец на Англија, Калвин Филипс.

27-годишниот играч за врска, минатата година за 42 милиони фунти направи трансфер од Лидс во Манчестер Сити, меѓутоа поради бројните проблеми со повредите тој не се избори за местото првотимец и не доби многу шанси за настап покрај Родри.

Филипс досега забележа настап на само пет натпревари во Премиер лигата и тоа како резерва, па се поголеми се шпекулациите дека тој по завршувањето на сезоната ќе бара нова средина.

Како клуб кој најповеќе е заинтересиран за неговите услуги се споменува Њукасл Јунајтед, но интерес има и од Вест Хем, Лестер и Волвс.


Мурињо ќе остане верен на Рома уште една сезона

Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо нема да ја напушти Рома во текот на летото иако за неговите услуги се заинтересирани францускиот Пари Сен жермен и англискиот состав Њукасл.

60-годишниот тренер одлучил да остане во римскиот клуб барем до летото во 2024 година кога ќе му истече договорот. „Специјалниот“ седна на кормилото на „римската волчица“  во 2021 година и успеа да ја освои Конференциската лига.

Неговиот тим во сезонава во Серија А се наоѓа на петото место на табелата и се бори да обезбеди виза за Лигата на шампионите.


Абрамович тајно го финансирал холандски Витесе

Вчера протекоа документи во јавноста кои покажуваат дека поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович, тајно го финансирал холандскиот клуб Витесе за време на неговиот мандат на чело на „Стемфорд Бриџ“.

Финансиските информации во досиејата „Олигарх“, потекнуваат од кипарскиот давател на офшор услуги MeritServus, откриваат дека најмалку 117 милиони евра биле тајно финансирани од Абрамович во преземањето на Витесе.

Според „Гардијан“, документите покажуваат дека парите „течеле низ низа ентитети регистрирани во офшор даночни раеви“.

И Витесе и Абрамович постојано негираа дека Русинот е вмешан во холандскиот клуб, а врските првпат беа обелоденети во времето на нивното преземање во 2010 година.


Арсенал заинтересиран за Браим Дијаз

Според италијанските медиуми, челниците на премиерлигашот Арсенал, се за интересирани за фудбалерот на Реал Мадрид, Браим Дијаз, кој во моментов настапува на позајмица во Милан.

Клубот од Лондон за реализација на овај трансфер е подготвен да понуди сума од 30 милиони евра. Договорот на 23 годишниот Дијаз со Реал Мадрид истекува на 30.јуни 2025.година, а неговата позајмица во Милан завршува на 30.јуни оваа година.

Шпанскиот фудбалер во редовите на Реал пристигна во 2019.година од Манчестер Сити, а веќе следната година беше испратен на позајмица во Милан, каде има одиграно 31 натпревар и постигнато пет гола.


Венгер и Ферги први влегоа во „Куќата на славните“ на Премиер лигата

Алекс Фергусон и Арсен Венгер се примени во Куќата на славните во Премиер лигата. Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед и поранешен менаџер на Арсенал станаа првите луѓе кои беа примени во Куќата на славните во англиската лига во 2023 година.

Куќата на славните во Премиер лигата е основана во 2021 година. Покрај Фергусон и Венгер, во него се вклучени Алан Ширер, Тиери Анри, Ерик Кантона, Рој Кин, Френк Лампард, Денис Бергкамп, Стивен Џерард и Дејвид Бекам, Пол Сколс, Дидие Дрогба, Винсент Компани, Серхио Агуеро, Патрик Виеира, Вејн Руни, Јан Рајт и Питер Шмајхел.


Динамо го повлече дресот со број пет

Хрватскиот шампион Динамо од Загреб, го повлече од употреба дресот со број пет, кој досега го носеше капитенот на тимот Аријан Адеми, се додека играчот не одлучи да му каже збогум на фудбалот.

31-годишниот македонски репрезентативец, 13 години го носеше дресот на Динамо пред неговата објава на почетокот од месецов дека ќе замине во редовите на кинескиот Пекинг Гуан.

Динамо со овај потег сака да му се оддолжи на Адеми за се што досега направи за клубот.


Винициус ја одби понудата од Реал да го носи бројот седум

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор, ја одби понудата на клубот следната сезона да го носи дресот со број седум, кој во минатото го носеа голем број на клубски легенди.

Бразилскиот напаѓач сака да продолжи да настапува во дресот со број 20, кој го носи од почетокот на својата кариера.

Со потегот да му се понуди седумката на Винициус, челниците на Реал Мадрид сакале да оживеат репутацијата на овај број кој во минатото го носеле играчи Бутрагењо, Раул и Кристијано Роналдо.

После заминување на Роналдо, седумката во Реал ја носеа Маријано Дијаз и Еден Азар, меѓутоа тие двајца не ги оправдаа очекувањата.


Де Геа ја одбил првата понуда од Манчестер Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа ја одби првата понуда на клубот за нов договор, објави „Атлетик“.

Се истакнува дека во оваа фаза се очекува преговорите да дојдат до позитивен заклучок. Де Геа е најплатениот голман во светот од 2019 година, но сега, на 32-годишна возраст, мора да ја намали платата за да остане во клубот.

Според извори, Манчестер Јунајтед дал добра понуда, но сепак сега тоа не му одговара на Де Геа. Тој сака да продолжи на „Олд Трафорд“, но верува дека неговите перформанси оваа сезона сè уште го прават еден од најважните играчи на Ерик тен Хаг и треба да биде соодветно награден.


Милан го сака најдобриот фудбалер на Краснодар

Наполи минатото лето го донесе Кварацхелија и тоа се покажа како вистински потег, а сега и Милан сака да го повтори тој пример.

Имено, „росонерите“ покажуваат силен интерес за еден од најдобрите фудбалери од руската лига, Едуард Спертсиан. 22-годишниот Спертсиан игра одлично во дресот на Краснодар и беше избран за најдобар млад фудбалер во Русија.

Крилниот фудбалер на 19 меча оваа сезона постигна 9 гола и запиша 9 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти. Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе спремил понуда од 10 милиони евра за неговиот потпис.