Барселона во зимскиот преоден рок одби понуда од 70 милиони
евра за Роланд Араухо, но не ја исклучува можноста да го
продаде на лето.
Араухо е лидер на одбраната на Барселона и се етаблираше како
еден од најдобрите дефанзивци на светот, а силен интерес за
него покажуваат неколку европски гиганти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е спремна да
слушне понуди за Араухо, но само од 100 милиони евра.
Компани ќе биде новиот тренер на Баерн
Баерн Минхен веќе подолго време е во потрага по нов тренер,
откако стана јасно дека Томас Тухел заминува на крајот на
сезоната.
Многу тренерски имиња се поврзуваа со клупата на Баерн, а
според последните информации Баварците постигнале договор
со Винсент Компани.
Ова е сигурно изненадувачка одлука со оглед на фактот што
Компани нема големо искуство, а и оваа сезона испадна со
Барнли од Премиер лигата.
Германските медиуми пренесуваат дека се е договорено и
наскоро Компани ќе биде и официјално промовиран во нов
тренер на Баерн Минхен.
Спалети ќе го води Фаџоли на Европското првенство
Играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли, кој штотуку
се врати од суспензија, најверојатно ќе се најде на списокот на
селекторот на Италија, Лучано Спалети, меѓу потенцијалните
патници на Евро 2024.
Се уште не е познато дали тоа навистина ќе се случи или не, но
според она што го објави „Скај Спорт Италија“ неговото име треба
да се најде на списокот на повикани играчи за натпреварувањето.
Според најавата, Спалети ќе го објави списокот во четврток и на
него ќе има околу 30 имиња кои ќе ги почнат подготовките за
настапот на Европското првенство.
Јунајтед го сака Почетино за наследник на Тен Хаг
Откако синоќа, малку и изненадувачки, доби отказ од тренерското
место во Челзи, Маурисио Покетино можно е многу брзо да добие
нова работа во Премеир лигата. Весникот „Сан“ денеска пишува
дека 52-годишниот стратег е во листата на кандидати за
функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед. Според извештајот,
Аргентинецот нема да паузира многу долго по заминувањето од
Лондон, затоа што Манчестер Ј. сигурно ќе преговара со него за
менаџерската позиција на „Олд Трафорд“.
Сопственик Сер Џим Ретклиф се уште нема одлучено дали ќе
направи промена на тренерското место, но „Мирор“ пишува дека
поранешните шефови на Јунајтед, Ричард Арнолд и Џон Муртоу,
разговарале со поранешниот менаџер на Тотенхем за преземање
на работата во Јунајтед, пред да се решат за Тен Хаг.
Сити го продава Едерсон во Саудиска Арабија
Голманот на Манчестер Сити, Бразилецот Едерсон би можел на
крајот на актуелната сезона да го напушти клуботѕ, пренесуваат
дел од странските медиуми.
Наводно во англискиот гигант имаат став според кој би му
дозволиле на Едерсон да замине во случај на адекватна понуда.
За голманот постоел интерес од сааудиските клубови и одлуката
за него би требало да биде донесена во наредниот период (две-
три недели).
Во редовите на Манчестер Сити, Едерсон пристигна пред седум
години од Бенфика за 40 милиони евра и стана еден од
најважните членови на тимот.
Со Манчестер Сити освои се што можеше да се освои и сезонава
на 43 натпревари прими 34 гола, додека на 16 натпревари успеа
да ја зачува својата мрежа.
Засега нема најави кој би пристигнал ако Едерсон навистина
замине, бидејќи не се очекува Ортега кој досега е замена за
Бразилецот да биде прв голман во случај на негово заминување.
Столе Димитриевски ќе застане на голот на Валенсија
Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, ќе си
замине од Рајо Валјекано и ќе потпише договор со Валенсија. Тоа
го објави експертот за трансфери во европскиот фудбал,
Фабрицио Романо.
Според него, Димитриевски ќе остане во Примера Дивизион и ќе
потпише договор до 2028 година. 30-годишниот голман ја започна
кариерата во Работнички а потоа го облече дресот на Гранада.
Една сезона беше на позајмица во Кадиз а во 2019 стана дел од
Гимнастик. Во екипата на Рајо Валјекано се активираше во 2018
година.
Саутгејт без Рашфорд на Европското првенство
Прес-службата на репрезентацијата на Англија на социјалната
мрежа Х го објави прелиминарниот состав на репрезентацијата
за ЕП 2024 година.
Голмани: Дин Хендерсон (Кристал Палас), Џордан Пикфорд
(Евертон), Арон Рамсдејл (Арсенал), Џејмс Трафорд (Барнли).
Дефанзивци: Џерад Брантвејт (Евертон), Луис Данк (Брајтон), Џо
Гомез (Ливерпул), Марк Гуехи (Кристал Палас), Езри Конса (Астон
Вила), Хари Мегваер (Манчестер Јунајтед, Џерел Квансах
(Ливерпул), Лук Шоу (Манчестер Јунајтед), Џон Стоунс
(Манчестер Сити), Киеран Трипие (Њукасл Јунајтед), Кајл Вокер
(Манчестер Сити).
Играчи од средниот ред: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул),
Џуд Белингем (Реал Мадрид), Конор Галагер (Челзи), Кертис Џонс
(Ливерпул), Коби Мајну (Манчестер Јунајтед), Деклан Рајс
(Арсенал), Адам Вартон (Кристал Палас).
Напаѓачи: Џерод Бовен (Вест Хем Јунајтед), Еберечи Езе
(Кристал Палас), Фил Фоден (Манчестер Сити), Ентони Гордон
(Њукасл Јунајтед), Џек Гралиш (Манчестер Сити), Хари Кејн
(Баерн), Џејмс Медисон (Тотенхем Хотспур) , Кол Палмер (Челзи),
Букајо Сака (Арсенал), Иван Тони (Брентфорд), Оли Воткинс
(Астон Вила).
Премиерлигашите го сакаат Педро Нето од Вулверхемптон
Манчестер Сити, Ливерпул и Њукасл на лето ќе водат голема битка за
играчот на Вулверхемптон, Педро Нето.
Педро Нето пристигна во Премиер лигата во 2019 година од Брага и
се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери на Островот.
Неговата вредност е околу 60 милиони фунти, сума која споменатите
клубови се спремни да ја платат.
Сити го следи веќе подолго време бидејќи во него гледа идеален
наследник на Бернардо Силва, кој сака да го напушти клубот.
Милан фаворит за потписот на Џошуа Зиркзе
Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубови, а во моментов најсилен интерес покажува Милан. 22-годишиот Зиркезе поникна во академијата на Баерн Минхен, а оваа сезона блеска во дресот на Болоња и го привлече вниманието на многу европски клубови. Милан покажува најсериозен интерес за Холанѓанецот и го посочил како главна трансфер цел за летниот преоден рок, бидејќи во Зиркзе гледа идеален наследник на Жиру. „Газета дело Спорт“ пренесува дека Зиркзе веќе му кажал ДА на Милан, кој за неговиот потпис е спремен да ја плати откупната клаузула од 40 милиони евра.
Гатузо се сели во саудискиот фудбал
Италијанскиот фудбалски стручњак Џенаро Гатузо најверојатно ќе
биде нов тренер на саудискиот прволигаш Ал Тавун.
Според италијанскиот печат, 46-годишниот Гатузо ги договорил сите
детали околу неговата преселба во Саудиска Арабија, а официјалното
соопштение се уште се чека.
Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец својата
последна работа ја имаше во Марсеј, со кој раководеше од септември
2023 година до февруари оваа година.
На две кола до крајот на саудиското првенство, Ал Тавун, кој
моментално го води Бразилецот Перикле Шамуска, е на четвртото
место.