фудбал

Два премиерлигашки тренери го одбиле Тотенхем

Ангелос Постекоглу ќе го напушти Тотенхем на крајот на оваа сезона. Прашање е само како, има договор до јуни 2027 година, но челниците на клубот не се задовлни како тимот изгледа оваа сезона.

Ниту освојувањето на Лига Европа не може да го спаси бидејќи досега во Премиер лигата Тотенхем на Постекоглу загуби 17 натпревари.

Англиските медиуми додека лицитираат со името на потенцијалниот наследник, објавија имиња на двајца тренери кои го одбиле Тотенхем. Андони Ираола објави дека нема намера да го напушти Борнмут. Слична е ситуацијата и со Марко Силва од Фулам, кој исто така не е расположен да го преземе Тотенхем. Сопственикот на Фулам, Тони Кан, сака Силва засекогаш да биде менаџер на Фулам.

Инаку, и Фулам и Бурнмат имаат по 11 бода повеќе од Тотенхем во моментов.


Вокер уште не знае каде ќе игра следната сезона

По осум години Кајл Вокер го напушти Манчестер Сити и замина на позајмица во Милан, меѓутоа прашање е дали ќе остане во Италија.

Вокер во последната година имаше многу проблеми со повредите, поради што го загуби местото во составот на Манчестер Сити. Поради тоа реши да го напушти „Етихад“.

Милан го донесе на позајмица до крајот на сезоната, сепак како што сега стојат работите нема да го задржат за следната сезона.

Причината повторно се честите повреди. Репрезентативецот на Англија поради повреда го пропушти дуелот со Удинезе во претходното коло, а претходно пропушти два меча на крајот на февруари исто така поради повреди.

Вокер сигурно нема да се врати во Манчестер Сити. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а „граѓаните“ не планираат да му понудат нов. Сега се поставува прашањето каде десниот бек ќе ја продолжи кариерата на лето доколку Милан реши да не го задржи.


Меси и Роналдо ќе играат во ист тим на прошталниот меч на Тевез

Карлос Тевез пред три години стави крај на фудбалската кариера, а сега најави дека ќе приреди спектакуларен проштален натпревар. Ќе настапат легендите со кои Тевез настапуваше во Бока Јуниорс, Коринтијанс, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и репрезентацијата на Аргентина.

„Ќе ги донесам Лео Меси и Кристијано Роналдо. Доколку треба лично ќе одам да ги земам, нивните броеви ги имам на WhatsApp“, најави Тевез кој играше со Роналдо во Јунајтед, а со Меси во репрезентацијата.

Аргентинските медиуми шпекулираат дека Роналдо и Меси би можеле за прв пат да играат заедно.

Тевез ги откри и останатите учесници во спектаклот:

„Ван дер Сар на едниот гол, Буфон на другиот. Стопери: Фердинанд, Видиќ, Кјелини, Бонучи. Мора да биде и мојот брат Евра. Што се однесува до играчите од средниот ред – Пирло, Сколс, Рикелме дефинитивно ќе бидат таму, Руни исто така. Треба само да најдеме термин кој им одговара на сите”.

Пред седум години, Тевез одговори на барањето на ESPN да го искаже своето мислење во вечната дебата кој е подобра Роналдо и Меси.

„Кристијано е сосема поинаков во споредба со Меси. Кога Лео почна да игра, тој не доаѓаше ни во теретана, а Роналдо цело време беше таму. Роналдо работеше напорно, а на Меси сето тоа му дојде природно. Мислам дека тоа е главна разлика меѓу двајцата најдобри фудбалери во светот“.


Флик: Не игравме добро, но најважно е што сме во полуфиналето

Најважното нешто по завршувањето на двата четвртфинални дуели во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд е конечниот збирен резултат и пласманот во топ 4 на најсилниот турнир во светот, смета првиот човек на Барселона, Ханзи Флик, откако ги елиминираше Германците. Барселона го загуби реваншот со 1-3, но тоа не беше важно поради нивната убедлива победа од 4-0 во првиот натпревар, со што вкупниот резултат беше 5-3.

„Ние сме во полуфинале. Пласманот го обезбедивме по подобриот резултат од двата натпревари, така што тоа го заслуживме. Борусија е прекрасен тим, не натераа да поминеме низ многу тешки моменти. Но, ние сме во следната фаза и тоа е фактот што е важен”, изјави поранешниот тренер на Баерн (Минхен).

Потоа се фокусираше на нивото на фудбал што го демонстрираше неговиот тим:

„Денес Барселона не го одигра својот најдобар натпревар, не го покажа својот најдобар фудбал. Но, ова е заслуга и на Борусија, која беше многу силна. Достигнувањата на нашиот тим во последната недела се навистина феноменални. Навистина сме на чекор до шампионската титула во Примера, но се уште сме далеку од конечната победа во Лигата на шампионите“ рече Флик.


Рома продава двајца напаѓачи ова лето

MONZA, ITALY – OCTOBER 06: Artem Dovbyk of AS Roma celebrates with his team-mate Lorenzo Pellegrini after scoring his team’s first goal during the Serie A match between AC Monza and AS Roma at U-Power Stadium on October 06, 2024 in Monza, Italy. (Photo by Marco Luzzani/Getty Images)

Артем Довбик и Лоренцо Пелегрини најверојатно ќе си заминат од Рома на крајот на сезоната. Високите плати на двајцата се една од причините поради која управата на Рома се подготвува за нивна продажба.

Украинскиот голгетер забележа пристојни бројки, но никогаш не беше влијателен во клучните натпревари на тимот. Раководството очекуваше малку повеќе со оглед на инвестицијата од 35 милиони евра.

Довбик и може да остане во Рома поради економски причини и немање алтернативи, но тоа ќе зависи од нивниот следен тренер, додека заминувањето на Пелегрини е далеку поизвесно. Пелегрини последен пат постигна гол на почетокот на јануари и тоа го направи само трипати во тековната сезона, а имаше и само две асистенции.


Гираси го собори рекордот на Халанд и Левандовски

Серу Гираси синоќа го собори рекордот на Халанд и Левандовски по бројот на постигнати голови за Борусија во Лигата на шампионите.

Репрезентативецот на Гвинеја вчера направи хет-трик на мечот со Барселона и дојде до бројката од 13 постигнати гола во ЛШ оваа сезона. Со тоа, голгетерот го собори клупскиот рекордот на Борусија Дортмунд.

Претходно, Роберт Левандовски во сезона 2012/13 и Ерлинг Халанд во сезоната 2020/21 постигнаа по 10 гола за клубот во една сезона од Лигата на шампионите.


Мбапе мина лесно, Французинот доби само еден меч казна за исклучувањето

Дисциплинската комисија на Шпанскиот фудбалски сојуз донесе одлука за казната за Килијан Мбапе, кој доби директен црвен картон за груб фаул на натпреварот против Алавес.

Се шпекулираше дека ќе биде суспендиран на најмалку два натпревари, а некои медиуми во Шпанија дури прогнозираа дека може да добие три или четири меча. Но… Мбапе ќе пропушти само еден натпревар.

Мбапе беше исклучен поради стартот врз Антонио Бланко. Според извештајот од натпреварот, употребил „прекумерна сила“.

Судијата во првиот момент му покажа жолт картон на Мбапе, но кога ја прегледа снимката, го исклучи.


Луис Енрике: Стравувавме, но заслужено славиме полуфинале

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике признава дека неговите играчи имале среќа, но смета дека заслужиле да се најдат меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Пари Сен Жермен се пласираа во полуфиналето и покрај поразот од Астон Вила. Реваншот на „Вила Парк“ заврши со победа на англискиот тим од 3:2, првиот меч во Франција заврши 3:1 за ПСЖ.

Тренерот на „свеците“ по реваншот призна дека неговите избраници по раното водство од 2:0, лесно влегле во продолжението на натпреварот и преживеале вистинската драма.

„Бевме премногу самоуверени, направивме работи што не требаше да ги направиме. Во одреден момент се тресевме од страв и примивме два гола за три минути, но мислам дека заслуживме да се пласираме во полуфиналето“, изјави Луис Енрике на прес-конференција.

Пари Сен Жермен во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Арсенал.


Симоне Инзаги добива нов договор како тренер на Интер

Раководството на Интер е задоволнo oд работата на Симоне Инзаги и ќе ја продолжи работата со тренерот.

Информацијата за договорот помеѓу двете страни пристигнува на еден ден пред реваншот со Баерн и исходот на истиот нема да влијаеа на одлуката на „нероаѕурите“.

Информациите на „Газета дело Спорт“ се дека се е договорено и Инзаги ќе потпише договор по натпреварот со Баерн.

Интер освен што стигна до завршницата од Лигата на шампионите, тимот се наоѓа и на првото место во Серија А, а на шест кола пред крајот има три бода повеќе од Наполи. Исто така тимот на Инзаги е во игра и за трофеот во Купот на Италија каде што се во полуфиналето.


Мурињо се враќа на клупата на Тотенхем?

Тотенхем ја има една од најлошите сезони во последните години – 15. место во Премиер лигата, елиминација од домашните купови, и само Лига Европа како последна надеж за трофеј. По ремито 1-1 во Лондон, реваншот со Ајнтрахт во Франкфурт ќе биде клучен за полуфинале.

Анге Постекоглу е пред отказ, а според италијанските медиуми, управата веќе размислува за нов тренер. Челниците немаат доверба во Австралиецот кој го води тимот.

Најсилен кандидат е Жозе Мурињо, кој моментално е во Фенербахче. Ако Португалецот се ослободи, можно е Тотнем ќе тргне во офанзива. Мурињо беше дел од клубот до 2021, кога доби отказ пред финале со Манчестер Сити во Лига купот.