фудбал

Колашинац сериозно се повреди, го чека долга пауза

Аталанта го победи тимот на Болоња (2-0) во борбата за Лигата на шампионите преку Серија А.

Сепак, оваа победа дојде со цена бидејќи тешка повреда заработи Сеад Колашинац. Босанскиот бек беше заменет во текот на мечот, а повредата се покажа дека е од посериозна природа.

Колашинац го повреди левото колено и тоа потешко, скинати се вкрстените лигаменти. Поради ваква повреда Босанецот го очекува пауза од најмалку половина година.

Кам-бекот на Колашинац би можел да биде на почетокот на следната сезона, а проблем за него е тоа што договорото со Аталанта му истекува налето.


Мектоминеј стрелец на два гола, Наполи лесно го совлада Емполи

Два гола на Скот Мектоминеј, две асистенции и погодок на Ромелу Лукаку за триумф на Наполи над Емполи со убедливи 3-0.

Наполи ја продолжува трката со Интер по Скудетото, денеска тимот на Конте ја оправда фаворитската улога против Емполи кој се бори за опстанок.

Во 18. минута Лукаку се избори за една топка и додаде до Мектоминеј кој биеше од далечина за водство на Наполи од 1-0.

По десет минути игра во второто полувреме одлична акција на Наполи која овојпат со гол ја заврши Лукаку за предност од 2-0.

Пет минути подоцна Лукаку запиша нова асистенција и оваа до Метоминеј. Шкотскиот фудбалер погоди со глава за конечни 3-0.


Ваљадолид го намачи Атлетико, но сепак загуби на „Ванда Метрополитано“

Ваљадолид кој веќе реално е испаднат иако не и теоретски, му пружи силен отпор на Атлетико Мадрид на Ванда Метрополитано, сепак домаќинот успеа да слави со 4-2.

Резултатот го отвори Сиља во 21. минута кога погоди од пенал за водство на Ваљадолид од 1-0. Студен туш за домаќините.

Но, некоја минута подоцна беше покажан пенал и за Атлетико Мадрид кој го реализираше Алварез за израмнување на 1-1.

Веќе во 27. минута Симеоне даде гол за комплетен пресврт и водство на Атлетико од 2-1.

По десет минути игра во второто полувреме Санчез даде гол од слободен удар со помош на живиот ѕид на Атлетико Мадрид за израмнување на 2-2. Повторно непријатна ситуација за домаќинот.

Во 71. минута беше досуден нов пенал за Атлетико Мадрид, и овојпат реализираше Алварез за предност од 3-2.

Осум мунути подоцна Сорлот ги постави конечните 4-2 за Атлетико со што ги реши сите дилеми околу победникот.

Само прашање на време е кога Ваљадолид и теоретски ќе испадне од Ла Лига, а Атлетико Мадрид уште се надева дека може да ги стигне Реал Мадрид и Барселона.


Мбапе се извинил за дивјачкиот потег и црвениот картон против Алавес

Килиан Мбапе поцрвене уште во првото полувреме во победата на Реал Мадрид кај Алавес (0-1) во 31. коло на Ла Лига.

Французинот со отворена копачка го удри Антонио Бланко од таборот на ривалот. Иако во прв момент судијата Цезар Сото Градо не покажа картон, по ВАР провека му го покажа патот кон соблекувалната на Мбапе.

По натпреварот краток коментар за ситуацијата даде Бланко кој можеше да доживее и потешка повреда.

„Тоа беше старт кој можеше да заврши лошо. По натпреварот Мбапе дојде до соблекувалната и ми се извини за невнимателноста, а тоа е најважно во спортот“, прокоментира асот на Алавес.


Белингем и Рудигер се степале на тренингот на Реал

Дебаклот на Реал кај Арсенал (3-0) во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите остави голема трага во соблекувалната на актуелниот шампион на Шпанија и Европа.

Шпанските медиуми пишуваа дека капитенот Лука Модриќ му посочил на тренерот Карло Анчелоти дека некои од неговите соиграчи не вложуваат доволно напори.

Еду Агире, новинар и инсајдер на Реал, вели дека Џуд Белингам и Антонио Рудигер, се степале на тренингот во петокот:

„Ова беше една од најнапнатите недели во соблекувалната на Реал. Од средата играчите се чувствуваа како да мора да поминат низ тоа. Тие чувствуваат дека нивната сезона може да се урне во само неколку дена. Ми кажаа дека имало гензија меѓу двајцата играчи на тренингот во петокот како резултат на тие тензии. Имало тепачка помеѓу Белингем и Рудигер“.

Новинарот додаде дека ваквите конфликти се вообичаени во многу тимови, но дека тука се важни тајмингот и контекстот, пред клучните натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите, особено пред реваншот против Арсенал во среда.

„На крајот се добро се заврши. Ми кажаа дека потоа се ракувале, но тоа доволно покажува дека постои тензија меѓу играчите на Реал“, додаде Агире.


Конте апелира на претпазливост пред дуелот со Емполи

Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, верува во успех на денешниот меч со Емполи во рамките на Серија А.

„Секој меч до крајот на сезоната може да биде опасен. Секој тим има цел која мора да ја постигне, без разлика дали е тоа борба за опстанок, учество на европски турнири или скудето. Секогаш е потешко во вториот дел од сезоната. Ние сме големиот конкурент на Интер и ќе се обидеме да го ставиме под притисок“, вели Конте.


Севиља го смени тренерот Гарсија Пимиента

Гарсија Пимиента повеќе не е тренер на Севиља, соопштија од клубот.

Утрово тој беше известен за одлуката на раководството, донесена неколку часа по четвртиот последователен пораз во Ла Лига од Валенсија. Тимот се наоѓа на 13. место во поредокот со 36 бодови.

„ФК Севиља му се заблагодарува на Гарсија Пимиента за неговата работа во последните неколку месеци, како и за неговиот професионализам и му посакува успех во неговите идни напори“, напишаа од клубот.


Барони: Лацио заслужи да победи во римското дерби

Градското дерби на „Олимпико“ меѓу фудбалерите на Лацио и Рома заврши нерешено 1-1 а тренерот на лацијалите, Марко Барони, вели дека неговиот состав заслужил да победи.

„Рома не стави под притисок кога поведовме но, не создаде многу шанси. Штета што не победивме. Можеби ни недостигаше малку среќа да дојдеме до заслужена победа.

Мислам дека не попречи заморот од гостувањето во Норвешка. Навивачите беа неверојатни. Нашиот тим е млад и се развива. Играме добар фудбал“, вели тренерот на Лацио.


Гросо го врати Сасуоло во Серија А

Фудбалерите на Сасуоло по едногодишно отсуство обезбедија враќање во Серија А. На пет кола до крајот на сезоната во Серија Б, Сасусоло стекна недостиѓна предност во однос на ривалите.

Сасуоло, предводен од клупата од поранешниот италијански репрезентативец Фабио Гросо, има недостижни 16 бода предност пред третопласираната Специја. Директен пласман во Серија А ќе изборат најдобрите две екипи од Серија Б, а екипите од третото до шестото место ќе играат плеј-оф и потоа ќе биде познат и третиот патник во најфисокиот ранг на италијанскиот фудбал.

Минатата сезона Сасуоло заврши претпоследен, 19-ти во Серија А, а Гросо го презеде клубот во јуни 2024 година.

Претходно, Гросо го водеше Олимпик Лион три месеци (септември – ноември 2023 година), а во тој период забележа со само една победа во седум првенствени натпревари и повреда што ја заработи кога клупскиот автобус беше каменуван на патот кон стадионот во Марсеј.

Гросо во 2006 година со репрезентацијата на Италија го освои светскиот шампионат во Германија.

Оваа сезона Гросо го предводи тимот до 23. победи и само четири порази во Серија Б.


Бруно: Разочаран сум од себе и соиграчите

Капитенот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, не крие дека е крајно разочаран по тешкиот пораз на вчерашното гостување кај Њукасл во меч од Премиер лигата на Англија.

„Речиси сите голови беа резултат на нашите грешки. Разочаран сум од моите соиграчи само затоа што знам колку е тешко да се претставува овој клуб“, рече Португалецот.

„Црвените ѓаволи“ в четврток ги очекува реваншот со Лион во четвртфиналето на Лига Европа. Првиот натпревар во Франција заврши 2:2.