фудбал

Баптиста се врати како тренер во Реал Мадрид

„Марка“ објави дека раководството на Реал (М) дало зелено светло за ангажирање на Жулио Баптиста како тренер и тој ќе работи во некоја од категориите во младинската академија на шпанскиот клуб.

Популарниот „Ѕвер“ своевремено дојде во Реал како напаѓач во 2005 година и за него на Севилја и беа платени 20 милиони евра, a остана на „Бернабеу“ до 2008 година.

Според „Марка“, иако не помина многу години во Реал, тој со својот однос и начинот на кој се раздели со мадридскиот состав си оставил отворена врата и останал во одлични односи со менаџментот.


Де Брујне се согласил на трансфер во Наполи

Кевин Де Брујне, попладнево ќе го одигра последниот натпревар за Манчестер сити, а потоа ќе го напушти клубот чии дрес го носеше цела деценија. Сити гостува кај Фулам, со победа ќе заврши на третото место со пласман во Лигата на шампионите.

Светските медиуми објавија дека Де Брујне, кариерата ќе ја продолжи во Наполи. Клубот од југот на Италија, во петокот ја освои четвртата титула во клупската историја.

Фабрицио Романо, објави дека преговорите меѓу Де Брујне и претставниците на Наполи траеле цела ноќ.

Нивната последна понуда за Де Брујне е тригодишен договор, а дури е познато и колку ќе заработува Белгиецот во новиот клуб.

Во првите две сезони, Де Брујне ќе има плата од шест евра годишно, а во третата сезона ќе има пет евра, а ќе добие и бонус за потпис на договорот.


Сандерленд последен избори место во Премиер лигата

Екипата на Сандерленд денес на „Вембли“ успеа да стигне до пласман во Премиер лигата следната сезона, откако славеше со пресврат од 2-1 против екипата на Шефилд Јунајтед.

Големиот камбек на „црните мачки“ дојде во второто полувреме. Шефилд денес беше подобриот противник, имаше неколку шанси, постигнаа втор гол (кој беше дискутабилно поништен), беа на дофат на 2-0 во неколку ситуации, и на крајот – загубија!

Кембел ги донесе фудбалерите на Шефилд до водство од 1-0, а пресвртот на Сандерленд го најави во 76. минута со голот на Мајенда.

Длабоко во судиското продолжение една голема грешка на средината направија фудбалерите на Шефилд Јунајтед, а тоа го искористи младиот Вотсон кој погоди за 1-2.


Тетекс, Шкендија Арачиново и Слога Виница обезбедија учество во Втората лига

Шкендија Арачиново, Слога Виница и Тетекс се последните патници во Втората фудбалска лига на Македонија. Денеска на бараж-натпреварите, најинтересно беше во Кавадарци, каде пред 5.000 гледачи Шкендија Арачиново со 2-1 успеа да слави против Осогово и со тоа следната сезона ќе игра во ВМФЛ.

На теренот на Фудбалската федерација на Македонија, Слога Виница беше убедлива против Преспа и славеше со 3:0, додека на стадионот во Ѓорче Петров гледавме вистинска драма.

Тетекс до 87. минута имаше сигурни 2:-0, за да тимот на Горно Коњари со два гола за три минути да израмни на 2-2. Мечот заврши со пенали по кои Тетекс славеше со 3-1.


Елмас: Во Торино се чувствувам како дома

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас имаше квалитетни настапи во дресот на Торино оваа пролет, но се уште не се знае дали ќе продолжи кај „биковите“ со оглед на тоа што е позајмен играч од Лајпциг со кого е под договор до 30 јуни 2028 година.

Меѓутоа повеќе од јасно е дека оваа средина и Италија како држава повеќе му лежи на Елмас и тоа самиот го признава.

„Се чувствувам одлично во Торино, храната е добра и животот е добар, враќањето во Италија беше прекрасно. Тука е поинаку отколку во Германија, таму се се затвора во 18 часот и нема никој надвор што за мене беше чудно. Мојата адаптација во Торино беше брза и одлична благодарение на моите соиграчи и навистина топлите фанови, веднаш се почувствував како дома. Така е кога ќе се сретнеш со вистински луѓе“, порача офанзивецот кој за калчолигашот постигна 4 гола на 12 натпревари.


Конте го израмни рекордот на Капело во Серија А

Наполи го победи Каљари (2-0) синоќа во 34. коло и стана шампион на Италија.

Тренерот на „наполитанците“, Антонио Конте, сега е еден од двајцата тренери кои го освоиле италијанското првенство со три различни клуба.

Во сезоните 2011/12, 2012/13 и 2013/14, тој ја освои Серија А со Јувентус, а во сезоната 2020/21 со Интер.

Претходно, само Фабио Капело успеа да го направи ова, водејќи ги Јувентус, Милан и Рома до победи во италијанското првенство.

Сепак, шампионските титули на тимот од Торино во сезоните 2004/05 и 2005/06 беа поништени поради корупциски скандал.

Конте е прогласен за најдобар тренер за сезоната 2024/25 во Серија А.


Салах е фудбалер на сезоната во Премиер лигата

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, е прогласен за најдобар играч во сезоната 2024/25 во Премиер лигата, соопшти прес-службата на лигата.

Триесет и двегодишниот Египќанец одигра 37 натпревари, постигна 28 гола и имаше 18 асистенции.

На едно коло до крајот на првенството, Салах е лидер во трката за најдобар стрелец и асистент во Премиер лигата.

Салах стана петтиот фудбалер во историјата кој ја освоил наградата повеќе од еднаш. Тиери Анри, Кристијано Роналдо, Немања Видиќ и Кевин де Брујне сите го постигнале ова во минатото.


Гарначо дефинитивно заминува од Манчестер Јунајтед

Ремонт го очекува Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Англиските медиуми тврдат дека сите играчи, со исклучок на Буно Фернандеш се на продажба. Има и незадоволни кои најавија заминување.

Алехандро Гарначо, крилниот напаѓач, беше исклучително лут по поразот на Јунајтед од Тотенхем во финалето на Лига Европа, бидејќи одигра само 20 минути. Токму ова е причината зошто Гарнасио сака да го напушти клубот.

Дури и пред овој натпревар, Гарначо имаше одредена доза на незадоволство, а одлуката на Аморим да го внесе Маунт во почетниот состав наместо него во финалето беше само шлаг на тортата.

Сега Аргентинецот бара излез од клубот.

Гарначо одигра 36 натпревари во Премиер лигата, постигна шест гола и додаде две асистенции, но често започнуваше од клупата, на другата страна, но и кога беше стартер, најчесто тој беше првата измена што ја правеше Аморим.

Минатата зима се шпекулираше дека Аргентинецот може да го напушти „Олд Трафорд“, сега се чини дека ќе истрае во намерата да го смени клубот.


Чави: Не брзам со изборот, чекам сериозен проект

Поранешниот тренер на Барселона, Чави Хернандез, не планира да се врати на работа пред 2026 година.

Чави го напушти „Камп Ноу“ во мај 2024 година по турбулентен период.

Во својата прва сезона на клупата на Барселона, тој го освои шпанското првенство, а во последните месеци од неговиот мандат беше опкружен со негативна енергија и притисок.

Шпанецот истакна дека има желба за нов предизвик, но дека сè уште чувствува огорченост поради целата ситуација, пред се начинот на кој што си замина од Барселона.

„Не брзам, но би сакал вистински проект, нешто како.

„Подготвен сум повторно да „страдам“, но не мислам дека некогаш ќе страдам како што страдав во Барселона. Таму сè беше премногу емотивно, особено затоа што бев навивач на клубот“, искрено рече Чави.


Квича Кварацхелија стана шампион на Италија и Франција во една иста сезона

Наполи синоќа го победи Каљари (2:0) и стана шампион на Италија за сезоната 2024/25.

Така, напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Квича Кварацхелија е победник на Серија А и француската Лига 1 во една сезона.

Дваесет и четиригодишниот Грузиец ја започна сезоната во Наполи, а во зима се пресели во ПСЖ, со кого го освои француското првенство.

Оваа сезона во Серија А, Кварацхелија одигра 17 натпревари, постигна пет гола и имаше три асистенции.

Кварацхелија ќе има можност сезонава да дојде и до трофејот во Лигата на шампионите, бидејќи ПСЖ на 31 мај го очекува финале со Интер.