фудбал

Јунајтед ја плаќа клаузулата за Бремер од Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на
Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат медиумите на Островот.
Бремер пред две години пристигна во Јувентус и се наметна како
столб на одбраната на „старата дама“ со што го потврди статусот за
еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
Меѓутоа, Бразилецот сака да ја промени средината и преферира да
игра во Премиер лигата, а во неговиот договор има откупна клаузула
од 51 милиони фунти.
Таа сума воопшто нема да биде проблем за Манчестер Јунајтед, кој на
лето сака да донесе дефанзивец бидејќи планира да се раздели со
Мегваер и Линделоф.


Почетино го сака Облак на „Стемфорд бриџ“

Челзи е заинтересиран за Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Словенија, пренесуваат шпанските медиуми.

Облак е во Атлетико Мадрид од 2014 година и има договор до 30 јуни 2028 година.

Шпанските медиуми пишуваат дека Атлетико би можел да го продаде словенечкиот репрезентативец во летниот преоден рок за да обезбеди пари за трансфери на нови играчи.


Ројс ја менува Борусија Дортмунд со клуб од МЛС лигата

Марко Ројс на крајот од сезоната ја напушта Борусија Дортмунд, а кариерата би можел да ја продолжи во САД.

Според Фабрицио Романо, Ројс е заинтересиран да се пресели во МЛС и да го доживее животот во Америка, Саудиска Арабија не го привлекува.

Не се знае кој клуб би можел да го донесе Ројс, но откако ќе заврши финалето во Лигата на шампионите, сигурно ќе имаат време да преговараат и да ја изберат најдобрата дестинација.

МЛС стана особено популарна лига по доаѓањето на Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба во Интер Мајами, иако не треба да заборавиме дека Оливие Жиру пристигнува во Лос Анџелес, па Америка станува ветената земја за играч како Марко. Ројс.


Одбиена жалбата на Нотингем Форест

Англискиот фудбалски прволигаш Нотингем Форест не успеа во својата жалба да го поништи одземањето четири бодови поради нивното прекршување на правилата за профит и одржливост на Премиер лигата во сезоната 2022/23, објави денеска лигата.

Форест поднесе жалба откако казната во март ги доведе во опасност од испаѓање. Клубот сега е на 17. место на табелата со 29 бодови, три бодови над опасната зона на само две кола до крајот на сезоната.

„Независниот совет за жалби ја потврди одлуката на Комисијата да одземање четири бодови на Нотингем Форест поради прекршување на правилата за профитабилност и одржливост на Премиер лигата‘, се вели во соопштението на лигата.

Форест в сабота го пречекува Челзи, а сезоната ќе ја заврши на гостински терен против Барнли на 19 мај.


Флик се враќа на клупата на Баерн?

И понатаму е во тек потрагата околу новиот тренер на Баерн Минхен, а епилогот би требало да биде наскоро познат.

Баерн досега не успеа да ги убеди Јулијан Нагелсман, Роберто Де Зерби и Рафл Раггник, додека одби да остане и сегашниот тренер Томас Тухел.

Токму затоа Баерн сега според последните информации одлучил да тргне по потписот на Ханси Флик кој со гигантот од Минхен ја освои Лигата на шампионите.

Информациите на германските медиуми се дека Флик покажал знаци дека може да се врати во таборот на тимот од Минхен. Флик го водеше Баерн од 2019 до 2021 година и успеа да ја освои тројната круна во сезоната 2019/20.


Барса го сака Дарвин Нуњез од Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез може да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува „Сан“.

Според британскиот весник, Барселона е заинтересирана за 24-годишниот Уругваец. Каталонскиот клуб го гледа напаѓачот како замена за Роберт Левандовски.

Оваа сезона Нуњез одигра 52 натпревари, постигна 18 голови и 13 асистенции.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 70 милиони евра.


„Златната топка“ на Марадона ставена на аукција во Париз

„Златната топка“ која му беше доделена на аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона за најдобар играч на Светското првенство во 1986 година, ќе се најде на аукција во Франција во јуни, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Ова е првата „Златна топк“а што ќе се продава на аукција, а нејзината вредност допрва треба да се утврди. Аукциската куќа очекува да достигне милионски износ на денот на продажбата на 6 јуни.

Марадона, кој почина во 2020 година, ја освои наградата откако ја предводеше Аргентина до триумф на Светското првенство во Мексико, постигнувајќи пет голови на турнирот, на кој играше на сите натпревари без да биде заменет. Турнирот веројатно најдобро се памети по двата гола на Марадона против Англија во четвртфиналето. 

Првиот гол подоцна стана познат како „божја рака“, а вториот беше избран за гол на векот. Дресот кој Диего Марадона го носеше тој ден, како и топката со која се одигра натпреварот, веќе беа продадени на аукција. 


Два европски гиганти го сакаат младиот Мастантуоно

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плата, Франко Мастантуоно.

Мастантуоно има само 16 години и досега има девет настапи за првиот тим на Ривер, па со тоа го привлече интересот на себе.

Клаузулата во неговиот договор изнесува 45 милиони евра, сума која Реал е спремен да ја плати.


Погба заплови во актерските води

Францускиот фудбалер Пол Погба стана актер, пренесува денеска весникот Паризиен.

Според истиот извор, играчот од средниот ред бил дел од актерската екипа во комедијата „4 нули“. Погба во филмот глуми човек кој тренира млади фудбалери.

Премиерата на филмот е закажана за на пролет 2025 година. Поранешниот француски репрезентативец во февруари оваа година доби четиригодишна суспензија од фудбалот поради кршење на антидопинг правилата.

Погба е четирикратен шампион на Италија, два пати освојувач на Купот на Италија и освојувач на Лига Европа, а со Франција ја освои титулата светски првак.


Ван Дајк ги разгледува понудите, летово заминува од Ливерпул?

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да го напушти тимот од „Енфилд“. За фудбалерот се заинтересирани неколку големи клубови, пренесува новинарот Екрем Конура.

Самиот фудбалер би сакал да го продолжи договорот со својот тим.

Според Конура, за фудбалерот се заинтересирани Милан, Интер, Атлетико, Ал-Хилал и Ал-Наср, а пријавен е интерес и од екипи од Премиер лигата.

32-годишниот Ван Дајк игра за Ливерпул од почетокот на 2018 година. Актуелниот договор на Холанѓанецот е до крајот на следната сезона.

Во тековната сезона Ван Дајк одигра 34 натпревари во Премиер лигата на кои постигна два гола и две асистенции.