фудбал

Омерагиќ и Пандев гости на Германската федерација во Лајпциг

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ и директорот на национални репрезентации, Горан Пандев беа гости на Фудбалската федерација на Германија по повод одбележувањето 125 години од основањето на германскиот Сојуз.

На свеченоста што се одржа во Лајпциг, на присутните гости им се обрати германскиот канцелар Олаф Шолц, а меѓу бројните гости беа претседателите на ФИФА, Џани Инфантино и УЕФА, Александар Чеферин, многу легендарни асови на германскиот и светскиот фудбал Руди Фелер, Јирген Клинсман, Лотар Матаус, Филип Лам, Андреј Шевченко…како и семејството на легендарниот Франц Бекенбауер.

Првите луѓе на македонскиот фудбал ја искористија можноста да разговараат со раководството на УЕФА и други национални асоцијации, беа разменети првични искуства за претстојните предизвици во Лигата на нации и почетокот на квалификациите за СП 2026, како и тековни проекти во рамки на ФФМ.


Барса му даде седум гола на немоќната Валенсија

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Валенсија на домашен терен со 7-1 во 21. коло од шпанската Ла Лига.

Каталонците маестрално влегоа во мечот и поведоа во третата минута кога Ламин Јамал го пригра Френки Де Јонг за 1-0.

Само пет минути подоцна гол постигна Феран Торес кој погоди на асистенција на Алехандро Балде.

По 15 минути игра Барселона веќе имаше убедливо водство од 3:0, бидејќи и Рафиња постигна гол по додавањето на Фермин Лопез.

Асистентот за третиот гол, Балде, го постигна четвртиот гол во 24.минута. Барселона кратко застана, а потоа во четвртата минута од судиското надополнување, Фермин Лопез постигна уште еден гол за убедливи 5-1.

Валенсија имаше малку подобар почеток во вториот дел, бидејќи Уго Дуро погоди на асистенција на Диего Лопез.

Сепак, Барселона ја направи победата уште поубедлива, бидејќи само седум минути подоцна погоди Роберт Левандовски, а Сезар Тарега во 75. минута кога си постигна автогол за Барселона за 7-1.

Каталонците се на третото место во Ла Лига со 42 освоени бода, додека Валенсија е на претпоследното место со 16 бода.


Нејмар дал согланост, се враќа во матичниот Сантос

Одбројани се деновите на Нејмар во Ал Хилал, веќе еден месец се зборува за враќање во родниот Бразил, во Сантос каде ја започна кариерата.

Нејмар наводно кажал дефинитивно „да, бидејќи тој сака да се врати во татковината.

Сега следува потешкиот дел од работата. Клубовите треба да се дооворат. Претходните вести укажуваа дека Бразилецот е подготвен да замине, но само доколку Ал Хилал го исплати до крајот на договорот. Станува збор за сума од околу 65 милиони евра.

Се очекува работите да се забрзаат во наредните денови, бидејќи во интерес на сите три страни е успешно да се стави крај на оваа сага. Ал Хилал да го растерети буџетот, Нејмар да оди некаде за да почне да се враќа во форма за да има шанса да си го исполни сонот да го води Бразил на Светското првенство следната година, а Сантос што поскоро да добие големо засилување.


Мбапе: Можам да играм на сите позиции во нападот

Фудбалерот, Килијан Мбапе, вчера го реализираше првиот хет-трик во дресот на Реал Мадрид. Неговите три гола му донесоа победа на „кралскиот“ клуб на теренот на Валјадолид со 3-0 во рамките на Примера Дивизион.

„Тоа е убаво чувство, многу сум среќен. Но, пред се, среќен сум поради победата. Почнавме многу добро и вршевме притисок врз противникот. Првиот гол беше постигнат благодарение на добрата колективна акција“ – вели Французинот.

„Веќе кажав дека можам да играм на сите три позиции во нападот. Морав да се адаптирам, но, сега можам да играм секаде. Мојата адаптација е завршена“ – нагласи играчот на „белите“.


Бенитез кандидат за клупата на Ботафого

Шпанскиот фудбалски тренер, Рафа Бенитез, може да го предводи составот на Ботафого, пренесуваат денеска дел од медиумите.

Според наводите, бразилскиот тим има тројца кандидати меѓу кои влегува и трофејниот стратег. Засега Бенитес не се изјаснил дали ќе се пресели во Јужна Америка. Тој нема ангажман од претходниот март кога ја напушти Селта Виго.

Шпанецот беше тренер на Реал Мадрид, Наполи, Интер, Валенсија и Ливерпул. Со „црвените“ ја освои Лигата на шампионите во 2005 година.


Сити потроши богатсво оваа зима и не планира да застане

И покрај тоа што во актуелниот преоден рок потроши 152 милиони евра на засилувања, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, сака да доведе уште тројца фудбалери од италијанската Серија А, објавија во петокот британските медиуми.

Манчестер Сити за 75 милиони евра потпиша со египетскиот напаѓач Омар Мармуш. Од Ленс за 40 милиони евра приситгна 20-годишниот узбекистански централен бек Абду Кусанов, а за 19-годишниот бразилски централен бек Витор Реис, кој пристигна од Палмеирас, клубот издвои 37 милиони евра.

Според англиските медиуми преодниот рок за Манчестер Сити се уште не е завршен. Гвардиола сака да донесе тројца играчи од СеријаА.

Прв на листата на желби на Гвардиола е играчот од средниот ред на Јувентус, Андреа Камбијасо (24), кого „старата дама“ не сака да го пушти среде сезоната доколку не дојде „понуда што не можеш да ја одбие“. Ова, според британските медиуми, би можело да значи дека Јуве би попуштил доколку им бидат понудени сто милиони евра.

Камбијасо може да игра како коректор на средниот ред или како лев офанзивен дефанзивец. Во март минатата година тој дебитираше за италијанската репрезентација на пријателскиот натпревар против Венецуела и досега има 13 настапи и постигнато два гола. Тој во Јувентус пристигна во јули 2022 година од Џенова за 13 милиони евра, а во мај минатата година го продолжи договорот со Јуве до јуни 2029 година.

Гвардиола сака да го подмлади и средниот ред на Сити во кој моментално се Илкај Гундоган (34), Кевин Де Брујне( 33) и Бернардо Силва (30).

Стратегот на англискиот шампион сака да доведе двајца Бразилци, Даглас Луиз (26) од Јувентус и Едерсон (25) од Аталанта.

Даглас Луиз помина две години во Сити, кој го продаде на Астон Вила за 17 милиони евра во летото 2019 година.

Во јули минатата година Луиз се пресели во Јувентус во трансфер вреден 51 милион евра.

Едерсон го носи дресот на Аталанта од јули 2022 година, кога пристигна од Салернитана за 23 милиони евра. Неговиот договор со клубот од Бергамо е со важност до јуни 2027 година


Барди потпиша за Бодрумспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, го напушти Трабзон, но ќе остане во Турција. Барди потпиша договор со Бодрум.

Барди за Трабзон последниот меч го одигра кон крајот на октомври минатата година. Во ноември, тренерот Шенол Ѓунеш нему и на уште тројца играчи им забрани да тренираат со првиот тим.

Изборот на клубот претставува изненадување, бидејќи Барди се поврзуваше со враќање во Шпанија (Ваљадолид“ и Хајдук Сплит.

Бодрум до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок. Клубот забележа само четири победи во првите 19 натпревари. Бодрум се наоѓа на 16.место на табелата со 16 бода, четири помалку од првиот тим кој се наоѓа во безбедната зона.


Нагелсман доби нов договор, ќе остане селектор до 2028 година

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз до крајот на Европското првенство во 2028 година.

Нагелсман имаше договор до крајот на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

„Сите ние, навивачите, тимот и стручниот штаб, создадовме нешто што сега сакам заедно успешно да го развиваме. Сакаме заедно да освојуваме титули“, рече Нагелсман.

Поранешниот тренер на Хофенхајм и Баерн Минхен ја презеде германската репрезентација во септември 2023 година и тогаш се наведуваше дека ќе го води тимот само на Европското првенство во Германија минатото лето, но набрзо соработката беше продолжена.

Со Германија стигна до четвртфиналето на Европското првенство, во кое селекцијата загуби со 1-2 по продолженијата од Шпанија, која подоцна ја освои титулата.


Валенсија и Лајпциг се договорија за позајмица на Елмас

Германскиот новинар Флоријан Платенберг синоќа објави дека прашање на време е кога ќе се затвори позајмицата на Елиф Елмас од РБ Лајпциг во екипата на Валенсија. Нашиот репрезентативец кој не успеа да се наметне во бундеслигашот, по се изгледа ќе оди на 6-месечна позајмица во Ла Лига, тимот во чии редови настапува и нашиот голман Столе Димитриевски.

Утрово од локалните медиуми од Валенсија пишуваат дека откако пред 48 часа стана јасно дека Енцисо од Брајтон нема да пристигне на „Местаља“, управата на Валенсија ја продолжува потрагата по Андре Алмеида, кој сега е прв „пик“ на тренерот Карлос Корберан. Ако Валенсија не успее и со него, трета опција е нашиот Елмас.

Како што велат во Шпанија, Валенсија е навикната да ги затвора зделките на крајот од зимските пазари, а договорот на Елмас исто така може да трае до крај.


Соланке се повреди, шест недели ќе биде надвор од терените

Тренерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, по победата на неговиот тим кај Хофенхајм со 2-3 во Лига Европа, објави колкава пауза го чека првиот напаѓач Доминик Солеанке.

Поради повредата што ја заработи на натпреварот против Арсенал, Соланке ќе отсуствува шест недели. Во дербито на северен Лондон, Соланке го повреди коленото.

Соланке летово им се приклучи на Спарс од Бурнмут, постигна седум гола во Премиер лигата, а додаде и три асистенции на 18 настапи. Постекоглу нема да може да смета на него во важен период, а неговото враќање се очекува на почетокот на март.

Тотенхем има огромни проблеми со повреди. Надвор од тимот се Бисума, Џонсон, Одобер, Регуилон, Ромеро, Сар, Удоги, Ван де Вен, Викарио и Вернер.