фудбал

Волвс не го пушта Куња оваа зима

Челниците на Вулверхемптон немаат намера да го продадат Матеус Куња во зимскиот преоден рок.

За 25-годишниот фудбалер се заинтересирани Арсенал и Нотингем Форест но, „волците“ се решени да ги одбијат сите понуди. Куња во сезонава одигра 21 натпревар во Премиер лигата со ефект од 10 голови и 4 асистенци.

Неговиот состав се наоѓа на 17-то место на табелата и до крајот ќе води жестока битка за опстанок.


Португалецот Веига на позајмица од Челзи во Јуве

Јувентус веќе го обезбедил и трансферот на португалскиот фудбалер од екипата на Челзи, Ренато Веига, објави Фабрицио Романо. Според изворот, „Старата Дама“ платила 5 милиони евра за шестмесечна позајмица на Вегига, без право на откуп.

Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота има намера да го користи Веига како централен дефанзивец.

21-годишниот Португалец игра за Челзи од минатото лето. За тоа време, фудбалерот одигра 18 натпревари на сите турнири, на кои постигна два гола и даде една асистенција Договорот на играчот со Челзи е до летото 2031 година со можност за продолжување на уште една сезона.


Аморим потврди, Гарначо заминува зимава од „Олд Трафорд“

Менаџерот на Манчестер Ј. Рубен Аморим ја потврди веројатноста Алехандро Гарначо да го напушти Манчестер Јунајтед до крајот на месецот. Деновиве беше објавено дека крилниот напаѓач би можел да се пресели во Челзи или Наполи пред да се затвори зимскиот преоден рок.

„Ќе видиме што ќе се случи во наредните денови. Тој е играч на Манчестер Јунајтед и беше многу важен за нас денес. Мислам дека тој се подобрува во сите аспекти на играта. Денеска делуваше подобро во центарот, играше и крило, ги менуваше позициите, почна подобро да работи во одбраната. Понекогаш покажува незадоволство, а тоа е добро – тоа значи дека сака повеќе. Тој има потенцијал да стане многу подобар во сите аспекти“, рече менаџерот на Манчестер Јунајтед. Останува клубот да одлучи за неговата судбина, но голема е веројатноста да му дозволи да замине барем на 6-месечна позајмица.


Руди Гарсија е нов селектор на Белгија

Францускиот стручњак Руди Гарсија е нов селектор на фудбалската репрезентација на Белгија. Како што денеска потврдија од Белгиската федерација, тој ќе биде наследникот на Доменико Тедеско кој доби отказ на селекторското место.

60-годишниот Руди Гарсија ќе ги предводи Белгијанците на мечевите со Македонија во рамките на квалификациите за СП 2026. Претходно, Французинот беше тренер на Наполи, Ал-Наср, Лион, Марсеј, Рома и Лил.


Девет екипи веќе загубија шанси за нокаут-фаза на Лигата на шампионите

По одигрувањето на натпреварите од 7. коло од фудбалската Лига на шампиони, познати се девет екипи кои нема да можат да влезат во плејофот.

Без шанси за следната фаза во елитното фудбалско натпреварување се: Болоња, Спарта, Лајпциг, Жирона, Црвена ѕвезда, Штурм, Салцбург, Славија и Јанг Бојс.

Моментално се во зоната на плејофот, се ПСВ, Клуб Бриж, Бенфика, ПСЖ, Спортинг и Штутгарт, но три од нив можат да бидат елиминирани.

Што се однесува до пласман во Топ 24, имаат и Манчестер сити, односно Динамо Загреб кои се на 25. односно 26. место.

Последното коло од првата фаза од ЛШ ќе се одигра следната недела, на 29 јануари.


Араухо добива договор до 2030 година со Барса

Првиот кој ќе го продолжи договорот со Барселона до 2030 година е Уругваецот и дефанзивец Роналд Араухо.

„Мундо Депортиво“ пишува дека се чека еден од агентите на фудбалерот да дојде во Барселона и да почне финалниот дел од преговорите. Инаку, Араухо има договор до летото 2026 година и беше на мета на екипата на Јувентус.

Освен со Араухо, Барса е блиску до постигнување договор за нова соработка и со младиот Педри.


Гвардиола: Ако не го победиме Бриж не заслужуваме плеј-оф на ЛШ

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, ги оцени шансите на тимот за пласман во плејофот по синоќешниот пораз од ПСЖ (2:4) во 7. коло од Лигата на шампионите.

„Елиминација од Лигата на шампионите? Ова може да се случи. Ако не го победиме Клуб Бриж во последното коло, не заслужуваме да одиме во плејофот. Спортинг е тежок, ПСЖ е тежок, Јувентус исто така, сите наши гостувања беа тешки. Ова е реалност. Не освоивме доволно поени. Последниот натпревар против Бриж ќе ни покаже до каде сме“, изјави Гвардиола.

На едно коло до крајот на првата фаза, Манчестер Сити се наоѓа на 25. место на првенствената табела со 8 бодови. Два бода повеќе има Штутгарт кој е на 24. место.

Последното коло во елитното фудбалско натпреварување ќе се игра на 29 јануари.


Нигериецот Бонифејс пред трансфер во Саудиска Арабија

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс, може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, најавија дел од медиумите.

Наводно, клубови од Блискиот Исток размислуваат за можен трансфер на напаѓачот на „фармацевтите“ кој вреди околу 50 милиони евра.

Тој во сезонава има осум голови и една асистенција. За потписот на 24-годишниот интернационалец од Нигерија се заинтересирани и неколку екипи од Англија.


Монца го добива Лука Јовиќ на позајмица

Лука Јовиќ е блиску до потпис за Монца, која моментално е на последното место во Серија А.

Милан му дозволи на српскиот напаѓач да го напушти клубот без обештетување, а претседателот на Монца, Адријано Галијани му постави 48-часовен ултиматум да одлучи дали сака да потпише за најлошиот тим во Италија, откри италијанскиот фудбалски инсајдер Николо Скира.

Оваа сезона, Јовиќ одигра четири натпревари (88 минути) и нема постигнато гол.

Во јануари беше поврзуван со Монако, чиј тренер е Австриецот Адолф Хитер го тренираше во Ајнтрахт. Јовиќ играше за клубот од Франкфурт од 2017 до 2019. Во сезоната 2018/2019. имаше 27 гола и седум асистенции на 48 натпревари, со што избори трансфер во Реал Мадрид за 63 милиони евра.

Во Реал не се снајде, ниту пак покрај Карим Бензема доби вистинска шанса, поради што замина на во Ајнтрахт, постигна осум гола и донекаде ја оживеа кариерата. Како слободен играч во 2022 година, тој замина во Фиорентина и постигна 13 гола на 50 натпревари за нив.

Тој ја напушти Фиренца подоцна во сезоната и потпиша со Милан, кој повеќе не смета на него. Според „Трансфермаркт“, вредноста на Јовиќ е четири милиони евра.


Гринвуд одбра да игра за Јамајка

Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд во иднина ќе игра за репрезентацијата на Јамајка.

Според англиските медиуми, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед има право на јамајканско државјанство бидејќи неговиот татко е роден во таа земја.

Ова ќе биде големо засилување за тимот на Стив Мекларен, кој ја презеде репрезентацијата на Јамајка.

Гринвуд оваа сезона одигра 20 натпревари за Марсеј, постигна 13 гола и запиша четири асистенции.

Фудбалерот со англиско потекло ќе има право да и се приклучи на националниот тим на Јамајка, иако во кариерата ги минал сите младински селекции на Англија.