фудбал

Борусија Дортмунд го отпушти Нури Сахин

Германскиот тим Борусија Дортмунд веднаш реагираше и утрово му даде отказ на својот досегашен тренер Нури Сахин.

Одлуката на управата на клубот од „Сигнал Идуна Парк“ е донесена по поразот против Болоња, а од клубот најавија дека наскоро ќе биде објавено името на новиот менаџер кој ќе го предводи клубот.

Серијата на лоши резултати на Борусија Дортмунд кулминираше со вчерашниот пораз од Болоња во ЛШ со 2:1, а претходно Борусија беше во серија од 3 порази во Бундеслигата од Баер Леверкузен, Холштајн Кил и Ајнтрахт Франкфурт.

Борусија Дормтунд во Лигата на шампионите се наоѓа на 13.место со 12 освоени бодови, со 4 победи и 3 порази, но во Бундеслигата падна на 10.место со 25 освоени бодови.


Гвардиола: Кој напаѓач сега би дошол да биде замена за Халанд?

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, објасни зошто „граѓаните“ не можат да ангажираат напаѓач од типот на Мбапе.

„Ѕвездените голгетери нема да дојдат кај нас да го заменат Халанд. Треба да најдеме млад играч кој ќе ја прифати оваа улога или играч како Боб, Мекаити, Фоден. Не можеме да одиме да го купиме, на пример, Мбапе“ , изјави Гвардиола.

„Граѓаните“ денес ги чека меч со францускиот ПСЖ во новата рунда во Лигата на шампионите.


Бруно Лаж бесен на Дани Мекеле по дуелот со Барса

Тренерот на фудбалерите на Бенфика, Бруно Лаж, не е незадоволен од судењето на Дани Мекеле на вчерашниот меч со Барселона во Лигата на шампионите.

„Да се ​​постигнат четири голови и да се прикаже таков фудбал е одлично но, начинот на кој загубивме е фрустрирачки.

Во 94 минута, мислам дека беше груба грешка на судијата. Тој мора да ги толкува таквите ситуации идентично, ако досудите пенал во корист на противникот, тогаш досудете го и тука“, рече тренерот на Бенфика.


Јармоленко со два гола го спаси Динамо од пораз против Галатасарај

Во првиот натпревар од седмото коло во Лигата на Европа на УЕФА немаше победник во дуелот меѓу Галатасарај и Динамо Киев. Украинците го освоија првиот бод во групната фаза, натпреварот заврши 3-3.

Домашните двапати имаа водство од два гола, но на крајот Украинците успеаја да освојат бод.

Галатасарај поведе со 2-0 по нешто повеќе од 20 минути со головите на Дејвисон Санчез во шестата минута и Абдулкерим Бардакчи во 21. минута. Сепак, во последната минута пред паузата, гостите намалија со голот на Владислав Ванат.

Виктор Осимхен ја врати предноста од два гола на турскиот клуб во 53. минута, но ветеранот на Динамо, 35-годишниот Андриј Јармоленко постигна два гола во 68. и 81. минута.

Галатасарај е петти во поредокот на Лига Европа со 13 бода. Динамо Киев е последен со еден бод.


Барса лудо го освои Лисабон во натпревар со девет гола

Комплетирани се првите натпревари од седмото коло од групната фаза. Барселона по нереален пресврт оствари спектакуларна победа во Лисабон против Бенфика. Каталонците губеа 1-3 и 2-4, на крајот славеа 5-4 со голот на Рафиња во 96.минута.

Со пресврт победи и Атлетико и ја прекина серијата од 11 победи на Баер Леверкузен. „Јоргнаџите“ играа со фудбалер помалку од 25. минута. Баер постигна гол во судиското надополнување на времето во првиот дел. Во второто полувреме, Хулијан Алварез изедначи во 52. минута. Леверкузен во 76. минута остана со фудбалер помалку. Втор жолт картон доби стрелецот на голот Хинкапије. Голот за победа на Атлетико го постигна Алварез во 90. минута


Челзи се врати на победите, „волците“ немоќни на „Стемфорд бриџ“

Фудбалерите на Челзи го совладаа Вулверхемптон со 3-1 во последниот натпревар од 22. коло на Премиер лигата.

„Сините“ влегоа во мечот против „волците“ со серија од пет натпревари без победа во англиската Премиер лига. И гостите беа во слична форма, два последовни порази, од вечерва три, по што според англиските медиуми сериозно е загрозена позицијата на тренерот Витор Переира кој пред два месеци пристигна во клубот.

Дефанзивецот Тосин Адарабијо, најдобро се снајде пред голот на Вулведхемптон во 24.минута и го отвори резултатот.

Тоа требаше да биде единствениот гол во првото полувреме, но Мет Доерти мислеше поинаку. Се играше петтата минута од судиското надополнување кога Роберт Санчез реагираше очајно по ударот од корнер, дозволувајќи му на Ирецот да израмни.

Во вториот дел на теренот постоеше само еден тим. Марк Кукуреља ја започна и ја заврши акцијата на домашните во 60. минута, додека конечниот резултат шест минути подоцна го постави Нони Мадуеке.

Со оваа победа, Челзи се врати на четвртото место, по 22 кола имаат 40 бода. Во следното коло му гостуваат на Сити на „Етихад“ во директна пресметка за четвртото место.

Вулверхемптон е прв над „линијата“ со ист број на бодови и подобра гол разлика од Ипсвич. Во следното коло ги очекува тешка задача бидејќи на „Молињу“ ќе гостува Арсенал.


ПСЖ испрати понуда за Дуран, Вила веднаш ја одби

Продолжуваат преговорите меѓу Пари Сен Жермен и Астон Вила за трансфер на колумбискиот напаѓач Џон Дуран, јавува новинарот Матео Морето. Според него, англискиот клуб бара повеќе од 70 милиони евра за напаѓачот, но ПСЖ во оваа фаза не е подготвен да ја исплати оваа сума.

Оваа сезона 21-годишниот Дуран одигра 27 натпревари за Вила на сите турнири, на кои постигна 12 гола. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2030 година.

Според некои информации од Франција, парижани во првата понуда до Астон Вила за Дуран понудиле 40 милиони евра, што е далеку од сумата која ја бара англискиот премиерлигаш.


Анчелоти потврди дека заминува од Реал во јуни

Карло Анчелоти одлучи да го напушти Реал Мадрид по крајот на сезоната. Според изворот, главниот тренер на „кралевите“ решил да поднесе оставка без оглед на постигнатите резултати.

Во текстот се наведува дека Италијанецот не сака да се повлече од фудбалот но, нема да ја води бразилската репрезентација.

Медиумите пишуваат дека главен кадидат да го наследи Анчелоти е сегашниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.


Флорентино Перез ќе биде реизбран за претседател на Реал

Флорентино Перез е реизбран за претседател на Реал Мадрид до 2029 година. Тогаш неуништливиот газда на „кралскиот клуб“ ќе има 81 година.

Како што објави познатиот италијански новинар и инсајдер Фабрицио Романо, првиот човек на клубот Флорентино Перез е реизбран за претседател на Реал Мадрид Овој познат бизнисмен доби нов четиригодишен мандат.

Перез првиот мандат го имаше во периодот од 2000 до 2006 година, а потоа од 2009 година до денес.

За време на неговото владеење, Реал Мадрид освои дури 65 трофеи како спортски клуб – 37 во фудбал и 28 во кошарка, вклучувајќи седум титули во Лигата на шампионите во фудбал и три титули во кошаркарската Евролигата.


Анчелоти: Мбапе е најдобар светски напаѓач

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е задоволен од играта на Мбапе во синоќешната победа од 4-1 над Лас Палмас, во која францускиот напаѓач постигна два гола. Успехот го искачи шпанскиот шампион на првото место во поредокот.

Италијанецот истакна дека никогаш не се сомневал во квалитетите на 26-годишниот Мбапе и покрај неговиот тежок старт во Реал.

-Мбапе е најдобриот централен напаѓач во светот, во тоа не треба да има сомнеж кога игра на таа позиција. Тој е одличен напаѓач и е многу добар во центарот, како и на крилата бидејќи е брз и технички поткован, изјави Анчелоти.

По тешката недела во која загубија од Барселона со 2-5 во финалето на Суперкупот, а потоа одиграа продолженија со Селта Виго за пласман во четвртфиналето на Купот, Реал Мадрид доживеа шок на стартот од мечот против Лас Палмас, при што противникот го отвори резултатот во 25. секунда. Сепак, со головите и асистенциите на Мбапе, тимот го искористи поразот на Атлетико Мадрид од Леганес и се врати на врвот.

-Има критики и критики. Свирежите на „Сантијаго Бернабеу“ болат затоа што навивачите не се задоволни, но тоа и не мотивира. Во фудбалот е така, но јас сум збунет бидејќи велат дека играме лош фудбал, но ние сме лидери, изјави Анчелоти.