фудбал

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди Камавинга

Real Madrid’s French midfielder Eduardo Camavinga grabs his knee after being injured during the Spanish league football match between Real Madrid CF and Getafe CF at the Santiago Bernabeu stadium in Madrid on May 13, 2023. (Photo by Thomas COEX / AFP) (Photo by THOMAS COEX/AFP via Getty Images)

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга има повреда на левото бедро, како што покажаа денешните медицински тестови, соопштија од неговиот клуб.

Францускиот репрезентативец повредата ја заработи при синоќешната победа над Селта во продолжението од 5-2 во Кралскиот Куп. Тој се појави како замена во 70. минута од натпреварот.

Ова е негова трета повреда сезонава, откако ги пропушти првите осум натпревари на неговиот тим во оваа кампања, а минатиот месец отсуствуваше уште четири меча. Според шпанските медиуми, Камавинга сега ќе биде надвор од терените околу 3 недели. Така, сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Лас Палмас, РБ Салцбург, Ваљадолид, Брест и Еспањол, а се очекува да се врати за градското дерби со Атлетико Мадрид на 9 февруари.

Оваа сезона 22-годишниот играч од средниот ред одигра 16 натпревари со 1 гол и 2 асистенции во сите натпреварувања.


Халанд потпиша договор со кој ќе ја заврши кариерата во Сити

Ерлинг Халанд ќе остане во Манчестер сити до крајот на кариерата. Водечкиот британски фудбалски „инсајдер“ Дејвид Орнштајн, утрово објави дека англискиот шампион постигнал и 24-годишниот напаѓач се согласиле актуелниот договор на Халанд да биде продолжен до 2034 година.

Исто така, споредено со претходниот договор што го потпиша кога пристигна на Островот во јули 2022 година во трансфер вреден 60 милиони евра, сите излезни клаузули се отстранети, па во следните девет и пол години Сити ќе одлучува дали напаѓачот ќе биде ставен на продажба и за која сума.

Ривалот на Орнштајн, Фабрицио Романо, сепак вели дека ќе има излезни клаузули, но клаузулите ќе почнат да важат од 2029 година и дека „цената ќе биде многу висока“.

Јасно е дека со новито договор, Халанд ќе добие и повисока плата но Орнштајн не откри колку ќе заработува Норвежанецот.

Според актуелниот договор неговата неделна плата изнесува 2,1 милион фунти, на годишно ниво тоа се 25,3 милиони фунти.


Валенсија спремна да го позајми Елмас од РБ Лајпциг

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, веројатно ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Еламс сезонава ретко игра, од тренерот Марко Росе доби 44 минути во Бундес лигата и 15 во Лигата на шампионите.

Кон крајот на ноември минатата година, кога Елмас се повреди против Латвија, водечкиот германски медиум „Билд“, објави дека Лајпциг е подготвен да го продаде македонскиот репрезентативец за 24 милиони евра.

Интерес за Елмас покажа Валенсија, последнопласирниот тим во шпанската Примера. По 19 одиграни натпревари Валенсија има само 13 бодови. Член на Валенсија е репрезентативниот колега на Елмас, Столе Димитиревски.

Инаку, Валенсија го бара Елмас на позајмица до крајот на сезоната.


РБ Лајпциг ги откупи Артур Вермерен од Атлетико Мадрид

Бундеслигашот Лајпциг по само шест месеци реши да го откупи договорот на Артур Вермерен од Атлетико Мадрид.

Вермерен е еден од најтелентираните белгиски фудбалери и најмлад капитен во историјата на Антверпен.

19-годишникот, минатата година на 26 јануари од Антверпен се пресели во Атлетико за 18 милиони евра. Не доби многу можност да игра од тренерот Симеоне, настапи на само пет натпревари.

Во летниот преоден рок Атлетико реши да го испрати на шозајмица во Лајпциг. Во дресот на Лајпциг во првиот дел од сезоната одигра 14 натпревари. Тренерот Маро Росе е задоволен од изнадијата на малдиот Белгиец, поради што клубот реши да ја искористи можноста и да го откупи од Атлетико за 20 милиони евра.


Нов пораз на Борусија Дортмунд, Ајнтрахт го испрати Мармуш со победа

Во првиот натпревар од 18. коло на Бундес лигата, Ајнтрахт Франкфурт ја победи Борусија Дортмунд со 2-0. Ајнтрахт се зацврсти на третото место во поредокот. Со натпревар помалку заостануваат два бода зад Баер и шест зад лидерот Баерн. Борусија Дортмунд продолжи катастрофалните резултати на гостувањата. Клубот од Дортмунд се уште нема победа во 2025 година. Сезонава ова е шести пораз за клубот од Дортмунд на деветтото гостување во Бундеслигата.

Домашните поведоа во 18. минута кога по десната страна се проби Расмус Кристенсен, а неговата асистенција ја претвори во гол Хуго Екитике. Кај гостите Гуираси ја пропушти најубавата шанса во првото полувреме кога топката заврши во стативата. Резултатот остана 1:0 до 92. минута кога Оскар Хојлунд постигна гол за 2-0.

Ајнтрахт овој натпревар го одигра без Египјанецот Омар Мармуш, напаѓач кој се пресели во Манчестер Сити.


Алегри го презема Ал-Ахли?

Трофејниот италијански тренер Масимилијано Алегри од следната сезона ќе го води Ал-Ахли од Саудиска Арабија.

Двете страни постигнаа договор, а оваа информација ја пренесе Фабрицио Романо.

Алегри е без работа од минатата сезона, кога на крајот на сезоната доби отказ во Јувентус.

Тој ќе го предводи тимот кој моментално е петти на табелата со 14 бода помалку од лидерот Ал-Хилал. Ал Ахли три пати беше шампион на Саудиска Про лига, последен пат во 2016 година.

Алегри, покрај Јувентус, со кого пет пати беше шампион на Италија, исто толку пати освојувач на купот, два пати освојувач на Супер купот и два пати финалист во Лигата на шампионите, раководеше со Милан со кој победи Серија А и Супер купот, а ги водеше и Каљари, Сасуоло, Гросето, СПАЛ и Аланезе.


Солскер го презема Бешикташ

Оле Гунар Солскјер тренерската кариера ќе ја продолжи во Турција. Норвежанецот ќе го преземе тимот на Бешикташ. Солскјер со Бешикташ ќе потпише договор со крајот на сезоната.

Оле Гунар Солскјер тренерска кариера ја започна во 2008 година како менаџер на У-21 тимот на Манчестер јунајтед. Три години подоцна го презеде Молде и остана таму, со кратка пауза во која се испроба како тренер на Кардиф Сити, до 2018 година.

Врв на неговата тренерска кариера беше преземањето на Јунајтед, кој во сезоната 2020/21 го донесе до финалето на Лига Европа.

Солскјер во Бешикташ доаѓа на местото на Џовани ван Бронкхорст, кој минатиот месец мораше да ја напушти клупата. Норвешкиот стручњак е без работа од ноември 2021 година кога го напушти „Олд Трафорд“.


Аморим: Диало треба да продолжи да работи, има огромни квалитети

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, имаше само пофални зборови за младиот напаѓач, Амад Диало, кој со три гола на вчерашниот меч со Саутемптон донесе голем пресврт на стадионот – „Олд Трафорд“.

„Тој заврши одлична работа но, има уште многу да се подобри. Денеска играше на друга позиција и ги искористи квалитетите.

Тој има иста одговорност како и секој друг играч на Јунајтед. Тој мора да продолжи да работи“ , изјави Аморим.


Кварацкелија се збогува со фановите на Наполи

Квича Кварацкелија, кој направи трансфер во францускиот гигант ПСЖ, ги искористи социјалните мрежи и се прости од италијанскиот Наполи.

„Неапол беше мојот дом, сè уште размислувам за патувањето низ кое поминавме заедно и тоа ми носи многу емоции.

„Сакам да им се заблагодарам на сите вработени во клубот, тренери, секој член на персоналот, партнери и навивачи“, беа дел од зборовите на Кварацхелија


Вилфред Канга го засили Динамо Загреб

Динамо Загреб најде центарфор за пролетниот дел од сезоната, а тоа е Вилфрид Канга од Брегот на Слоновата Коска.

Станува збор за напаѓач на Херта кој е на позајмица во Кардиф. Тој треба да потпише тригодишен договор со Динамо.

Неговата вредност според „Трансфермаркт“ е околу 3,5 милиони евра, тој е класичен напаѓач, висок 189 сантиметри, а го опишуваат како силен и брз.

Целата зделка ќе го чини Динамо околу три милиони евра, откако Извршниот одбор на клубот даде зелено светло за реализиција на трансферот.

Очигледно Динамо сакаше да го донесе Канга на позајмица, но напаѓачот сакаше комплетен трансфер.

Работите не му одеа најдобро во Кардиф во есенскиот дел од сезоната. Одигра 15 натпревари, но само на почетокот беше во стартниот состав, а потоа доби мала минутажа.

Во текот на кариерата, покрај за Кардиф и Херта, играше и за Јанг Бојс, Стандард, Анже, Кајзериспор.