Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, му честиташе на Ливерпул за освоената титулата во Англија.
„Во мое име и во име на целиот клуб, сакам да му честитам на Ливерпул за титулата во Премиер лигата. Заслужено, тоа е фантастичен тим. Се надеваме дека догодина ќе бидеме подобри а сега честитките се за Ливерпул“, рече Гвардиола.
Неговиот тим колку-толку ќе може да ја спаси сезоната со евентуално освојување на пехарот во ФА Купот на Англија.
Астон Вила спремна да го откупи договорот на Асенсио
„Естадио Депортиво“ објави дека се во тек разговори помеѓу Астон Вила и Пари Сен Жермен во врска со трансферот на Марко Асенсио во летниот преоден рок.
Шпанскиот репрезентативец пристигна на „Вила Парк“ оваа зима, со опција Вила да го откупи неговиот договор. Асенсио ги оправда очекувањата, па Вила ќе ги плати бараните 15 милиони евра. колку што бара ПСЖ.
Поранешниот шпански репрезентативец во јули 2023 година без обесштетување од Реал се пресели во Париз. Не се снајде на „Паркот на принцовите“, одигра само 31 натпревар, постигна шест гола.
Кариерата ја започна во Реал во 2014, а првите две сезони ги мина на позајмици во Мајорка и Еспањол. За реал одигра 191 натпревар, постигна 37 голови.
Раниери: Заслуживме да го победиме Интер
Тренерот на фудбалерите на Рома, Клаудио Раниери, рече дека големата победа на теренот на Интер ја посветува на фановите на „римската волчица“ кои не можеа да присуствуваат на натпреварот во Милано.
„Дојдовме со решеност да ги направиме горди и да победиме. Интер е многу силен тим а ние се обидовме да поставиме добра одбрана.
Навистина сум среќен за навивачите и играчите, за сите жртви што ги направија. Дојдовме тука и го победивме лидерот“, потенцираше тренерот на Римјаните.
Фиго типува на ПСЖ во завршницата на Лигата на шампионите
Легендата на европскиот и светскиот фудбал Луис Фиго има фаворит во Лигата на шампионите. Интересно, Фиго кој во кариерата настапуваше за Барселона и Интер, не смета дека тие се фаворити за титулата.
„Мислам дека тоа ќе биде ПСЖ. Тимот е многу конзистентен во однос на резултатите и моментално е во одлична физичка форма“, рече Фиго.
Откако тренерот Луис Енрике го презеде тимот во 2023 година, многу работи се сменија во ПСЖ. Францускиот шампион, некогаш познат по своето големо его и гигантските трансфери, сега многу повеќе се потпира на функционална тимска структура.
Ривер го доби „Супер-класико“, Мастантуоно даде супер-гол
Франко Мастантуоно, 17-годишен талентиран напаѓач на Ривер Плејт, постигна неверојатен гол од слободен удар и му донесе победа на својот тим со 2-1 против Бока Јуниорс во Суперкласико!
Мастантуоно го отвори натпреварот со спектакуларен гол, испраќајќи ја топката во горниот агол на голот на Бока. Со 17 години и 257 дена, Мастантуоно стана најмладиот играч во историјата на Суперкласико кој постигнал гол.
Голот е уште еден момент на магија на младиот крилен напаѓач, кој веќе го привлекол вниманието на многу големи европски клубови, меѓу кои најозбилни се Реал и Манчестер јунајтед.
Македонските ветерани ја совладаа Бугарија во хуманитарен натпревар во Варна
Фудбалот е спорт кој секогаш обединува и носи насмевки на лицата на огромен број фанови ширум светот, па дури и во моменти на голема тага поради трагедијата која се случи во Кочани, легендите на Македонија и Бугарија (шампионскиот тим од СП во 1994. година) покажаа дека спортот знае да преовлада и за хуманитарни цели.
Натпреварот кој беше од хуманитарен карактер се одигра ова попладне во Варна, а легендарните играчи на двете земји се погрижија за извонредна фудбалска претстава во која видовме пет погодоци.
Христо Стоичков како капитен на домашниот тим доби дрес од македонската фудбалска репрезентација пред стартот на натпреварот, а потоа доби и громогласни аплаузи од публиката кога излезе од игра во 8-та минута.
Во услови на фудбалска ревија, резултатот беше во втор план, но сепак вреди да се одбележи дека избраниците на Ѓоко Хаџиевски кој денеска беше селелктор, на крајот извојуваа победа од 2-3.
Божинов, Пандев и Тасевски беа стрелци на погодоците за нашиот тим, додека Бугарија во два наврати израмнуваше на 1-1 и 2-2 преку Камбуров и Михтарски.
Собирот на легендите и на сите присутни фудбалски навивачи во Варна беше организиран со една јасна цел, а тоа е да се соберат финансиски средства за семејствата кои ги загубија најблиските во трагедијата во Кочани.
Реми на дербито во Тетово, Силекс не успеа да ја победи Струга
Лидерот Шкендија и второпласираниот Силекс не ја искористија предноста од домашниот терен и освоија по бод во денешното 29. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во рамки на кое не се доигра дуелот меѓу Гостивар и Работнички, откако домашниот тим го напушти теренот.
Гостивар се повлече од натпреварот со Работнички, му следи службен пораз
Минатата недела топ-тема беше повлекувањето на Воска Спорт на мечот со Вардар, а сега во 29. коло на ПМФЛ дојде до слична ситуација.
Имено, во 85. минута од натпреварот при негатива од 1-2 екипата на Гостивар се повлече во дуелот со Работнички. Овој тим со турска сопственичка структура во текот на неделата имаше жалби за дуелот со Струга минатиот викенд. Сега и на овој натпревар против Работнички веројатно одредени ситуации ги налутија гостиварци.
Пред повлекувањето на теренот дојде дури и газдата Енес Уста кој поразговара со судиите, а потоа ги „собра“ играчитет.
Играчите и тренерскиот тим се повлекоа во соблекувалните, а противничките фудбалери и судиите останаа на теренот.
Рома го освои „Сан Сиро“, Интер го загуби врвот на Серија А
Интер загуби од Рома со 0-1 во 34. коло од Серија А на „Џузепе Меаца“ и со тоа му ја отстапи пол-позицијата на Наполи во борбата за титулата.
Избраниците на Симоне Инзаги одиграа лош натпревар и кон средината на следната недела ќе се борат за финалето во Лигата на шампионите против Барселона.
Во првото полувреме потценување е да се каже дека Рома беше подобриот противник. Сосема заслужено „Вучица“ поведе во 22. минута откако одбраната на „нероазурите“ беше летаргична. Шомуродов му додаде на Суле кој го провери Зомер.
Сити пресилен за Форест, тимот на Пеп ќе игра за ФА Куп титулата
Фудбалерите на Манчестер сити вечерва се пласираа во финалето на ФА Купот откако на „Вембли“ го совладаа Нотингем Форест со 2-0.
Лошата сезона на Сити сепак би можела да заврши со барем еден освоен трофеј, бидејќи момците на Пеп Гвардиола ја оправдаа својата улога на фаворити против „шумарите“ кои 34 години чекаат на трофеј во англискиот фудбал.
„Граѓаните“ го започнаа натпреварот на идеален начин со оглед на тоа што поведоа во втората минута, убава тимска акција по додавањето од Ковачиќ ја круниса Рико Луис.
Второто полувреме започна со непрецизен шут на Еланга, веднаш потоа се истакна голманот на Нотингем, Силс, кој успеа да го одбрани ударот на Луис, а Белгиецот повторно забележа одбрана по ударот на Ковачиќ.
Сепак, Нотингем не беше во можност да го запре налетот на Сити, кој во 51. минута ја зголеми предноста преку Јошко Гвардиол.
Сити 14.пат ќе игра во финалето и ќе се обиде да го освои осмиот трофеј во ФА купот. Во финалето противник на „граѓаните“ ќе им биде Кристал Палас.