фудбал

Вардар преговара со Словенецот Јака Малус

Ракометниот клуб Вардар е на пат да договори уште едно засилување, овојпат за бековската линија. Станува збор за словенечкиот ракометар од редовите на Слован Љубљана, Јака Малус.

28-годишникот зад себе има и бундеслигашко искуство, а во редовите на тимот на Урош Зорман има централна улога и е меѓу лидерите на тимот.

Според информациите од словенечките медиуми, Вардар е пред потпис со Малус и останува да се договорат само детали за овој трансфер да се реализира.

Во својата кариера освен за Слован средниот бек Малус играше и во Лигата на шампионите за матичниот Целје и белоруски Мешков Брест, додека настапуваше уште за шпански Синфин и бундеслигашот Гепингем.

Малус би бил петто засилување на „црвено-црните“ за следната сезона, откако тимот досега ги примовира Виктор Јанковски, Милош Валах, Марек Марчињак и Мамаду Кеита.


Аморим: Сите фудбалери сакаат да играат за Јунајтед

Сезоната полека се ближи кон крај, а Манчестер Јунајтед ја игра една од најтешките во Премиер лигата. Сепак, за конечна оценка ќе се чека исходот во Лига Европа, каде „црвените ѓаволи“ сè уште се во игра за трофеј.

На Олд Трафорд веќе се планираат крупни промени, а тренерот Рубен Аморим првпат ќе има шанса сам да го скрои тимот за новата сезона. Летниот преоден рок ќе биде исклучително важен за иднината на клубот.

„Многу фудбалери сакаат да играат за овој клуб. Тоа е мојот впечаток. Сепак, ова е Манчестер Јунајтед – сите сакаат да бидат дел од овој клуб“, изјави Рубен Аморим.

Дали навистина е така ќе се види летово, а многу ќе зависи и од тоа дали Јунајтед ќе успее да ја освои Лига Европа и да обезбеди место во Лигата на шампионите – што би го направило клубот уште попривлечен за потенцијалните засилувања.


Два гола на Митревски во победата на Вараждин над Локомотива

Фудбалерите на Вараждин забележаа победа над Локомотива Загреб од 2-1 во 32. коло на ХНЛ.

Оваа победа беше инспирирана и осигурана од страна на македонскиот репрезентативец Димитар Митровски. Крилниот фудбалер беше двоен стрелец за својата екипа и донесе пресврт-победа и три бода.

Локомотива успеа да поведе по половина час игра по голот од пенал на Мудражија. Овој резултат беше активен точно половина час, а тогаш Митровски ја изведе првата мајсторија. Македонецот стрела директно од слободен удар со помош на стативата (1-1).

Потоа течеше 83. минута кога Митровски доби проигрување од Маглица, одлично се снајде и со движењето се ослободи од чуварите, па убаво погоди за пресврт (2-1).


Барса по продолженија го сруши Реал и го освои Купот на Кралот

Фудбалерите на Барселона го освоија трофејот во Купот на Кралот, откако во финалето во Севилја го победија Реал Мадрид со резултат од 3-2 (1-0).

Барселона со тоа го освои вториот трофеј во сезоната, откако во јануари го победи Реал Мадрид со 5-2 во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Претходно, во првиот дел од сезоната, тие го победија својот најголем ривал на „Сантијаго Бернабеу“ со 4-0.

Хројот на Барселона е Жил Кунде кој го постигна голот за победа во 116.минута.

Лука Модриќ испрати лошо додавање до Брахим Диас, Кунде ја пресече топката,шутираше на прва и го постави конечниот резултат.


Селтик ја освои 55-тата титула првак на Шкотска

Шампионската трка во шкотското фудбалско првенство денеска официјално заврши, откако Селтик извојува гостинска победа од 5-0 над Данди јунјатед и стекна недостижна предност пред второпласираниот Глазгов.

Селтик има 84 бодови, 18 повеќе и натпревар повеќе од второпласираниот Глазгов Ренџерс.

За Селтик ова е 55 шампионска титула во историјата, а четврта во серија.

На денешниот дуел во составот на Данди јунајтед во завршните 30 минути се најдоа македонските репрезентативци Давид Бабунски и Кристијан Трапановски


Серхио Франциско ќе го води Реал Сосиедад следната сезона

Шпанскиот фудбалски прволигаш Реал Сосиедад го назначи тренерот на резервниот тим, Серхио Франциско, за главен тренер од следната сезона, на местото на Иманол Алгуасил, кој ја напушта позицијата на крајот од тековната сезона. Алгуасил, кој седна на клупата на Сосиедад во 2018 година, го освои Купот на кралот во 2020 година и го предводеше Реал на европската сцена пет сезони по ред. Во четврток, тој го информираше клубот дека ќе ја напушти тренерската должност на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот.

Неговиот наследник Франциско (45) потпиша договор до 2027 година.

Реал Сосиедад е десеттопласиран на табелата во Ла Лига со 42 бодови и сè уште има шанси повторно да се квалификува за европските натпреварувања. /МИА


Голема победа на Челзи, Џексон го урна Евертон

Фудбалерите на Челзи го победија Евертон со резултат од 1-0 во натпреварот од 34-то коло од Премиер лигата.

Ттимот на Енцо Мареска стигна до важни три бода со голот на Николас Џексон во 27.минута од натпреварот.

Џексон ја затресе и мрежата на гостите во 85.минута, но тој гол беше поништен веднаш и без проверка во ВАР собата поради офсајд.

Со овој триумф, „Сините“ ги престигнаа Нотингем Форест и Њукасл и моментално се четврти со 60 бода, но и натпревар повеќе од овие два тима.

Во следната рунда, Челзи го пречекува Ливерпул во можеби клучен натпревар во борбата за Лигата на шампионите, додека Евертон ќе игра дома против Ипсвич.


Воска Спорт се повлече од Првата фудбалска лига

Управата на ФК Воска Спорт официјално соопшти дека донела одлука да се повлече од настапите во Првата македонска фудбалска лига.

Оваа одлука доаѓа откако Фудбалската федерација на Македонија жестоко го казни клубот за напуштањето на теренот на натпреварот против Вардар во минатото коло на ПМФЛ и му одзеде девет бода на прволигашот кој се бореше за опстанок во елитата.

Според управата на Воска Спорт, тимот бил оштетен во неколку наврати со судиските одлуки во текот на сезоната и затоа била донесена одлука за повлекување од најсилното фудбалско првенство.

Покрај одземените бодови, беа казнети и претседателот Нефи Усеини и тренерот Клодиан Арбри, кои добија двегодишна суспензија, а клубот дополнително ќе треба да плати парична казна во висина од 7,500 евра.


Бетис и Јунајтед преговараат за нова позајмица на Антони

Aнтони може да остане во Бетис и во следната сезона 2025/2026, пишува „Телеграф“. Бразилскиот крилен напаѓач настапува за шпанскиот тим како позајмен од Манчестер Јунајтед.

Бетис е подготвен да достави понуда за продолжување на позајмицата на играчот за сезоната. Клубот од Севиља е подготвен да го преземе поголемиот дел од платата на aнтони. Во моментов, Шпанците плаќаат 84% од платата на фудбалерот плус бонуси. Aнтони ќе започне предсезонски тренинзи со Манчестер Јунајтед доколку дотогаш не биде завршен договорот.

Aнтони му се приклучи на Бетис во јануари 2025 година. Бразилецот одигра 18 натпревари, постигна пет гола и четири асистенции.


Финалето во Купот ќе се игра на Арената „Тодор Проески“

Денес во „куќата на фудбалот“ се одржа седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на која беа донесени повеќе одлуки:

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука финалето од Купот на Македонија да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Финалниот натпревар меѓу екипите на Вардар и Струга Трим Љум ќе се одигра на 21. мај со почеток во 20:00 часот.