фудбал

Мартинез, Боно и Куртоа финалисти за наградата најдобар голман според ФИФА

Меѓународната фудбалска федерација- ФИФА, соопшти дека Аргентинецот Емилијано Мартинез, Мароканецот Јасин Боно и Белгиецот Тибо Куртоа се финалисти за наградата најдобар голман во 2022.година.

Мартинез е освојувач на титулата од СП во Аргентина и беше прогласен за најдобар голман на турнирот.

Боно беше предводник на мароканската репрезентација која на Мундијалот во Катар го направи најголемото изненадување и стана првата афричка репрезентација која стигнала до полуфинале на Светско првенство.

Тибо Куртоа заедно со Реал Мадрид минатата година по 14-ти пат ја освои титулата во Лигата на шампионите, и може да се каже дека голманот беше еден од најзаслужните поединци за освојувањето на трофејот.

Церемонијата за доделување на ФИФА наградата ќе се одржува на 27.февруари во Париз.


Барселона ќе мора да го намали буџетот за 200 милиони евра

Челниците на шпанската Ла Лига ги известиле одговорните во Барселона дека клубот ќе мора да го намали својот буџет за плати за да не дојде во проблеми околу Финансискиот фер-плеј.

Ситуацијата во Барселона налага клубот да мора да го смали својот буџет за 200 милиони евра, а тоа ќе значи дека на лето ќе мора да продаде некои од своите играчи кои примаат високи плати.

Во центарот на вниманието се играчите Френки де Јонг, и Ансу Фати кои минатото лето беа трансфер мети на Манчестер Јунајтед.

Де Јонг има договор со клубот до 2026.година, и за негови плати во наредните сезони клубот ќе треба да идвои околу 88 милиони евра. Вредноста на Ансу Фати клубот ја проценува на 101 милион евра, а фудбалерот има неделна плата од 225 илјади евра.

Барселона ќе се обиде да го намали буџетот за плати и со заминувањето на Бускетс, Џорди Алба, Серхио Роберто и Франк Кеси.


Нкунку после пауза од три месеци повторно тренира со Лајпциг

Фудбалерот на Лајпциг Кристофер Нкунку, после пауза од скоро три месеци поради повреда на коленото, повторно се врати на тренинзите со екипата.

Нкунку се повреди на 15.ноември, поради што го пропушти настапот за Франција на Светското првенство во Катар. Францускиот напаѓач тренираше со своите соиграчи од Лајпциг, но уште не е познато кога точно ќе биде подготвен за натпревари.

Германските медиуми тврдат дека Нкунку би требало да се најде во тимот на Лајпциг за првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони со Манчестер Сити.

25-годишниот Нкунку е член на Лајпциг од 2019.година. а претходно играше за Париз Сен Жермен.


Бенитез кандидат за клупата на Лидс

Рафаел Бенитез, поранешниот менаџер на Ливерпул, Челзи, Реал Мадрид, Њукасл и Евертон, е меѓу потенцијалните кандидати за нов менаџер на Лидс.

62-годишниот Шпанец реално гледано, има биографија со која може да се пофали. Тој ја освои Лигата на шампионите на чело на Ливерпул и Лигата на Европа со Челзи.

Медиумите пишуваат дека за тренерската позиција во Лидс може да конкурираат и Карлос Корберан и Андони Ираола.


Бундеслигашот Хофенхајм назначи нов тренер

Германскиот фудбалски клуб Хофенхајм објави дека за нов тренер го постави Американецот Пелегрино Матарацо.

Матарацо кој е роден во Њу Џерси, од 2017. до 2019.година беше помошник тренер и тренер на младинските категории во Хофенхајм, после што го презеде водењето на првиот тим на Штутгарт.

Тој во октомври минатата година доби отказ на позицијата тренер во Штутгарт, а во Хофенхајм ќе го менува Андреа Брајтенрајтен кој беше сменет поради лошите резултати на клубот.

Хофенхајм се наоѓа на 14.место на табелата во Бундеслигата, со совоени 19 бодови.


„Чеканите“ одбиле сто милиони евра за Деклан Рајс

Вест Хем одбил понуда од Манчестер Јунајтед за Деклан Рајс од 100 милиони фунти минатото лето, открива „Сан“.

„Црвените ѓаволи“ беа во потрага по квалитетен играч за врска и понудиле 100 милиони евра за Англичанецот. Откако Вест Хем категорично ја одбил понудата Манчестер Јунајтед го купи Каземиро од Реал Мадрид за 80 милиони евра.

Договорот на 24-годишниот Рајс со Вест Хем истекува во 2024 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот, а веќе одби да ја продолжи соработката со „чеканите“.

Поради тоа Манчестер Јунајтед не се откажува и на лето повторно ќе се обиде да го доведе на „Олд Трафорд“.


Хуго Лорис надвор од фудбалските терени во наредните шест до осум недели

Голманот и капитен на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Хуго Лорис, поради повреда на коленото, ќе отсуствува од терените помеѓу шест и осум недели, и ќе го пропушти осминафиналниот дуел од Лигата на шампиони против Милан.

36-годишниот Французин ги повреди лигаментите од коленото на средбата помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити, кој заврши со победа на лондончани 1:0.

Лорис голот на Тотенхем го брани од 2012.година, а оваа сезона настапи на вкупно 27 натпревари за клубот.


Лебеф: Повеќе не сакам да го видам Кукурелја во стартниот тим на Челзи

Челзи продолжи да троши пари во овој јануарски преоден рок и достигна над 600 милиони евра во ерата на Тод Боли, но засега резултатите не се ниту одблиску задоволувачки и Грем Потер ќе има тешка задача да го воигра новиот тим.

Поранешниот фудбалер на Челзи, Франк Лебеф го загуби трпението со дефанзивецот кој пристигна од Брајтон за сума од 65 милиони евра, заклучувајќи дека Марк Кукурелја не поседува квалитет за да го носи синиот дрес на великанот од Лондон.

„Повеќе не сакам да го видам Марк Кукурелја во стартната постава на Челси, тој едноставно не е доволно добар за Челзи. Не може да се каже нешто поедноставно од ова. Вистинска лудница е што платија 60 или 70 милиони евра за ваков играч. Едноставно нема квалитет за да игра за Челзи“, потенцира Лебеф.


Мурињо ќе го замени Заниоло со Иско?

Иско во последните моменти од преодниот рок беше блиску до трансфер во Унион Берлин, но трансферот пропадна во последен момент.

Шпанецот во моментов е слободен агент и е во потрага по нов клуб, а неговиот агент стапил во контакт со Рома. Ситуацијата ќе се обиде да ја искористи Рома и да го доведе Иско на „Олимпико“.

Мурињо во него гледа идеална замена за Заниоло, кој денес ја напушти Рома и се пресели во Галатасарај.

Проблем може да биде платата на Шпанецот, па Рома сака да му понуди договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување.


Занети откри дека Интер преговарал со Меси по заминувањето од Барса

Лионел Меси веќе некое време преговара со ПСЖ за продолжување на соработката која почна пред 18 месеци, но има и такви страни кои се уште се навраќаат на летото во кое Аргентинецот шокантно си замина од Барселона.

Долгата врска меѓу Меси и Барселона прекина во 2021-ва година и ПСЖ беше најбрз и најдиректен во комуникацијата со претставниците на Лео, иако имало и други страни кои биле заинтересирани за потписот на аргентинскиот капитен.

„Бев навистина изненаден кога излезе информацијата дека Меси си оди од Барселона. Ние не можевме да се носиме со ПСЖ или клубовите од Премиер лигата, но поради нашиот однос, зборувавме дали постои шанса за премин во Интер“, открива Занети.