фудбал

Ренато Марин нов голман на европскиот првак ПСЖ

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен трансфер на младиот голман на Рома и младински репрезентативец на Италија, Ренато Марин. 19-годишниот голман потпиша договор до 2030 година со освојувачот на тројната круна од минатата сезона.

Марин е родум од бразилскиот мегалополис Сао Пауло, но во 2020 година се преселува со своето семејство во Рим и започнува да игра за младинските и јуниорските тимови на Рома. Најверојатно, тој ќе биде трет голман во тимот на Луис Енрике по Џанлуиџи Донарума и Матвеј Сафонов.

На 7 јануари 2024 година, Ренато Марин првпат седнува на клупа за првиот тим на Рома во натпреварот против Аталанта. Вкупно за тимот на “волците” до 20 години одигра 50 натпревари во кои прими 59 гола и имаше 15 чисти мрежи.

Неговите добри настапи не останаа незабележани, и постепено стана младински репрезентативец на Италија, запишувајќи 13 настапи за тимот на “скуадра адзура” до 19 години.


Наполи се пофали со потписот на Ноа Ланг

Ланг пристигна од ПСВ во трансфер вреен 25 милиони евра и плус три кои ќе бидат исплатени пеку бонуси. Холандскиот интернационалец допатува во Италија во понеделеникот каде што ги помина леркарските прегледи во Рим.

Откако беше потврдено дека се е во најдобар ред потпиша договор на пет години. ПСВ освен споменатата сума обезбеди и 10% од потенцијалниот нареден трансфер на Ланг.

Зад себе Ланг има 14 настапи за холандската репрезентација во кои постигна три гола и подели две асистенции.


Арсенал Тиват поднесе жалба по драконската казна за местење натпревари

Eкипата на Арсенал Тиват во текот на вчерашниот ден заработи суспензија од УЕФА на дури десет години, а денеска првата реакција од клубот ја имаше претседателот Дејан Кнадиќ.

Претседателот на клубот иако призна вина, сепак порача и дека клубот ќе приложи жалба до судот во Лозана.

„Ние ја почнавме оваа борба и поднесовме кривични пријави по реваншот со Алашкерт. Убедени сме дека органите на УЕФА ќе ја разгледаат првичната одлука или на крај во Лозана ќе ја ублажат казната“, кажа Кандиќ.

Оваа казна на црногорскаа екипа потсети и на ситуацијата со Победа која во 2004 година беше суспендирана на осум години за наводноо местење во натпреварот со Пјуник.


Силекс и Работнички елиминирани, само Вардар остана во Конференциската лига

Фудбалерите на Вардар влегоа во второто квалификациско коло за Конференциска лига откако го елиминираа составот на Ла Фиорита со вкупни 5-2 .

Денеска во реваншот во Сан Марино кој заврши 2-2 , за домаќинот реализираше Фелипе а Јанкулов си постигна авто-гол додека стрелци за „црвено-црните“ беа Мато и Омерагиќ.

Екипата на Работнички го заврши настапот во истата конкуренција откако и на реваншот во Скопје загуби од Торпедо со голот на Алфред уште во 14 минута. Белорусите одат натаму со вкупни 4-0. Силекс оствари пирова победа против Дечиќ со 2-1 во крајно интересен и возбудлив меч. Црногорците поведоа во 3-та минута преку Стриковиќ а Кратовци направија пресврт со головите на Алиќ во 28-та и Хрвановиќ во 80-та минута. Сепак, тоа не беше доволно да се анулира негатива од два гола од првиот меч.


Деко преговара со РБ Лајпциг за враќање на Симонс во Барса

Фудбалскиот клуб Барселона би можел во своите редови да го врати – Чави Симонс.

Доверливи каталонски извори открија денес дека спортскиот директор на каталонскиот клуб Деко денес се сретна со агентот на Чави Симонс во еден хотел во Барселона.

Деко сакал да ја испита ситуацијата, а за време на состанокот му била соопштена јасната желба на Холанѓанецот да се врати во матичниот клуб.

Интересно, Чави Симонс беше капитен во сите помлади категории на Барселона, но потоа во 2019 година како тинејџер под наговор на Мино Рајола како слободен замина во академијата на Пари Сен Жермен.

Таму никогаш не доби вистинска шанса, па одеше на позајмици во ПСВ и РБ Лајпциг, кој потоа го откупи во јануари оваа година за 50.000.000 евра.

Сепак, неговото заминување нема да биде едноставна операција, бидејќи РБ Лајпциг очекува обештетување од најмалку 70.000.000 евра, што во моментот е преголем залак за Барселона.


Њукасл се вклучи во трката по Дарвин Нуњез

Уругвајскиот голгетер Дарвин Нуњез кој во изминатиот викенд беше стрелец во пријателскиот натпревар против Престон би можел да го напушти „Енфилд“ по ти години поминати во клубот.

Според последните информации, Њукасл покажал интерес да го доведе во своите редови. Имено, клубот од „Сент Џејмс Парк“ има одличен голгетер со Александар Исак, но неговата иднина не е сигурна, па се разгледуваат разни опции.

Се споменуваше Екитике од Ајнтрахт, но тој во овој момент е поблику токму до Ливерпул. Нуњез има договор до летото 2028 година, меѓутоа се почесто се шпекулира ека ќе замине.

За поранешниот голгетер на Бенфика се распрашуваше и Наполи, но од тоа не излезе ништо и изгледа во Неапол веќе не се толку заинтересирани.


Роналдо прогласен за играч на сезоната во Саудиска Арабија

Португалскиот репрезентативец и член на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч во сезоната 2024/25 во првенството на Саудиска Арабија.

Роналдо освои најмногу гласови во изборот на навивачите на тимовите од тамошната лига.

Четириесетгодишниот Португалец одигра 30 натпревари во текот на сезоната, од кои на 15 беше прогласен за најдобар играч. Постигна 25 гола и имаше три асистенции.

Во јуни, Роналдо го продолжи договорот со Ал-Наср до 2027 година.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на Роналдо на 12 милиони евра.


Мбапе обвинет за поткуп на полицајци

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е вклучен во случај во кој полицајци добиле големи суми пари додека ја обезбедувале француската репрезентација.

Според „RMC Sport“, во 2023 година, вкупно 180.300 евра биле префрлени од сметката на фудбалерот на пет полицајци. Четири вработени добиле по 30 илјади евра, а нивниот претпоставен добил 60.300 евра.

Според фудбалерот, тој едноставно сакал да ги награди луѓето кои се грижеле за безбедноста на фудбалерите.

Мбапе е подготвен да соработува со органите за спроведување на законот.

Истрагата се однесува за случајот од пред две години кога Мбапе за време на приватни патувања во Франција и во Африка бил обезбедуван од полицајците кои биле финансиски наградени.


Арбин Зејнулаи се врати во матичниот клуб

Шкендија се пофали со потписот на Арбин Зејнулаи, повратник во редовите на македонскиот првак.

Овој 26-годишник настапуваше за тетовчани од 2016 до 2021 година пред да направи прв интернационален трансфер во Локомотива од Загреб. Потоа настапуваше за Работнички во ПМФЛ, а последните три години ги мина во редовите на албанска Егнатија.

Сега пред Зејнулаи е враќање во матичниот клуб, каде што ќе се бори за минутажа и ќе игра во евро-квалификациите.


Еквадорецот Инкапие му се нуди на Реал Мадрид

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Пјеро Инкапие е понуден на Реал Мадрид како решение за дефанзивните проблеми на „кралевите“.

Светското клупско првенство покажа дека Реал Мадрид и понатаму има доста проблеми во одбраната, па затоа и ангажман на нов дефанзивец е еден од приоритетите во следните месеци.

Како што пренесува ЕСПН, фудбалерот на Баер Леверкузен, Пјеро Инкапие е понуден на „кралевите“.

Солиден, брз, способен да даде прецизно додавање, плус одлично се снаѓа и во одбрана со четворица и петмина, левоногиот Инкпие е профил што добро се надополнува со оној на Дин Хујсен.

Тој добро ги познава тактичките барања на Чаби АЛонсо, па може брзо да се прилагоди на новата средина во Мадрид.