фудбал

Тер Штеген оди на уште една операција?

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Марк андре тер Штеген размислува за операција на грбот, повреда поради која ќе паузира со месеци, на Барселона и одговара едно вакво сценарио и ќе ја искористи ситуацијата за да го регистрира Жоан Гарсија.

Иднината на Марк андре тер Штеген на Камп Ноу е под голем знак прашалник откако пристигна Жоан Гарсија, а тренерот Ханси Флик го извести својот сонародник дека повеќе нема да биде стартер.

Голманот изминативе денови работеше индивидуално и дополнително ги разгоре шпекулациите за негово заминување.

Но медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека Тер Штеген всушност се мачи со повреда на грбот и размислува за операција.

Доколку Германецот замине под нож, ќе паузира со месеци, одредени извори пишуваат за пауза од 4 до 6 месеци.

Колку и да звучи лошо, на Барселона и одговара едно вакво сценарио бидејќи привремено ќе може да ја суспендира регистрацијата на Тер Штеген и да искористи 80% од неговата плата.

Голманот има бруто плата од околу 16 милиони евра, па Барса ќе може да го регистрира Жоан Гарсија, како и да се отвори простор за додатни засилувања.


Белингам успешно опериран, го чека пауза од три месеци

Од Реал Мадрид официјално објавија дека предвидената операција на левото рамо на играчот од средниот ред на тимот, Џуд Белингам, која се изврши денес во Лондон, беше успешна.

Иако од клубот не дадоа информации за тоа колку долго ќе трае опоравувањето на англискиот репрезентативец, локалните медиуми се категорични дека станува збор за период од околу три месеца.

Се очекува Белингам да се врати на теренот дури на почетокот на октомври, при што ќе пропушти најмалку 6-7 натпревари во првенството, како и стартот на Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

До денешната интервенција дојде откако во текот на 20 месеци офанзивниот фудбалер беше мачен од болки поради исчашување на левото рамо, поради што постојано играше со голема преврстка, но секогаш ја одлагаше операцијата поради долгото време за опоравување. Така, околу 100 натпревари по повредата добиена на 5 ноември 2023 година, Белингам конечно го реши својот долготраен здравствен проблем.


Ханси Флик не смета на пет фудбалери

Ова лето во Барселона може да донесе неочекувани заминувања, некои предвидливи, додека други не толку многу.

Ханси Флик ќе прави промени во тимот, главно поради финансиските потреби на клубот. Барселона конечно успеа да го стабилизира финансискиот дел и сега има намера да се ослободи од фудбалерите кои не се повеќе неопходни.

Најголемото изненадување (можеби и не е толку големо) е Марк-Андре тер Штеген. Флик реши дека германскиот голман веќе не е потребен. Тер Штеген имаше сериозна повреда поради која пропушти значителен дел од минатата сезона, а сега е на трансфер листата. Другиот голман, Инаки Пења, исто така е дел од листата, иако тој не доби многу шанси да се докаже.

Многу беше дискутирано и за тоа дали Андреас Кристенсен ќе остане, но се чини дека најверојатно ќе замине. Флик го отпишал од своите планови и му напоменал дека може да бара нова средина.


Де Пол на чекор до трансфер во Интер Мајами

Американскиот клуб Интер Мајами е во процес на финализирање на трансферот на 31-годишниот играч од средниот ред, Родриго Де Пол.

Според извештаите, Интер Мајами е подготвен да го позајми играчот од средниот ред, со откупна клаузула од околу 15 милиони евра плус бонуси.

Атлетико Мадрид ќе го продолжи договорот на играчот за една година за да го олесни преминот, што значи дека неговиот договор ќе истече во летото 2027 година, а не следното лето.

Родриго Де Пол игра за Атлетико од сезоната 2021/22. Минатата сезона одигра 34 натпревари во Ла Лига , постигнувајќи 3 гола и запишувајќи 5 асистенции.


ПСЖ му нуди намален нов договор на Донарума

Францускиот Пари Сен Жермен е во тешки преговори со голманот на тимот, Џанлуиџи Донарума, за продолжување на неговиот договор. Ова го објави новинарот и инсајдер Николо Шира на социјалната мрежа X.

Според изворот, парискиот клуб му понудил на 26-годишниот италијански голман да го продолжи договорот со намалување на платата. Се забележува дека актуелниот договор на Донарума, кој истекува во летото 2026 година, предвидува негова заработка од 12 милиони евра годишно. Се тврди дека страните сè уште не постигнале договор, иако самиот фудбалер има намера да остане во тимот.

Претходно стана познато дека Манчестер Сити и Баерн Минхен му се придружија на Челзи во борбата за потписот на Донарума. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот „Трансфермаркт“, е 40 милиони евра. Минатата сезона, Џанлуиџи одигра 47 натпревари во сите турнири, прими 43 гола. Италијанецот имаше и 17 натпревари без примен гол.


Евертон достави понуда за Даглас Луиз

Евертон се чини дека е решен да го потпише играчот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луиз, а извештаите од Италија сугерираат дека „Карамелите“ веќе дале понуда од 30 милиони евра за Бразилецот.

Сепак, „Бјанконерите“ бараат пакет вреден 40 милиони евра, обидувајќи се да надоместат поголем дел од 50-те милиони евра што ги платија на Астон Вила за Луиз минатото лето.

Според информациите објавени на „Тутомеркатовеб“, Јувентус би можел да се согласи на опција од 30 милиони евра, плус уште 10 милиони евра во додатоци.

Уште еден англиски клуб, Вест Хем Јунајтед, е заинтересиран за Даглас Луиз, кој исто така се поврзува со трансфер на 26-годишниот бразилски играч од средниот ред.


Реал по секоја цена сака да го продаде Давид Алаба

Реал Мадрид има намера да се раздели со австрискиот дефанзивец, Давид Алаба, ова лето со цел да го ослободи фондот за плати и да ослободи средства, објави популарното издание „АС“.

Според изворот, самиот играч не е подготвен да го напушти клубот и сака да го одработи својот договор, кој важи до 30 јуни 2026 година, за да биде во добра форма за Светското првенство, кое започнува следното лето.

Се забележува дека одлуката за иднината на 33-годишниот Алаба зависи од рехабилитацијата и закрепнувањето на фудбалерот. Претходно беше објавено дека Австриецот би можел да отсуствува еден месец поради повреда на мускулот на листот на левата нога, добиена кон крајот на јуни.

Алаба е втор најплатен дефанзивец во Европа и трет најплатен играч во мадридскиот клуб по Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор. Според медиумските извештаи, Австриецот заработува повеќе од 415.000 евра неделно (1,88 милиони евра месечно и 22,6 милиони евра годишно пред оданочување).


Адемола Лукман е прва трансфер желба на Киву во Интер

Медиумите од Италија пренесуваат дека Интер се договори со Адемола Лукман, „нероаѕурите“ сега ќе треба да најдат заеднички јазик и со Аталанта.

Интер сака да ангажира нов напаѓач, изминатиов период се шпекулираше со неколку имиња, а утрово се појавија информации кои велеа дека Адемола Лукман е идентификуван како топ засилување.

Како што пренесуваат медиумите попладнево, Интер веќе се договорил со Адемола Лукман, и сега ќе треба да најдат заеднички јазик со Аталанта.

Се верува дека клубот од Бергамо бара околу 50 милиони евра за продажба на Нигериецот, додека пак Интер верува дека може да го купи напаѓачот за 40 милиони евра.


Барса доби нова десетка, Ламин Јамал потпиша до 2031 година

Каталонскиот клуб го продолжи договорот со тинејџерската фудбалска сензација до 2031 година – и одржа мала церемонија на стадионот за да го одбележи овој настан.

На церемонијата присуствуваше целото семејство на фудбалерот, вклучувајќи ја и неговата баба, која Ламин ја држеше за рака додека одеа кон салата за церемонија.

Јамал ќе добие и нов број на дресот – култната „десетка“ што ја носеа само неколкумина избрани во Барса.


Јуве и Порто договорија откуп на Чико Консеисао

Франциско Консеисао ќе биде нов фудбалер на Јувентус. „Старата дама“ постигна договор со Порто за траен трансфер на португалскиот офанзивец.

Како што објави Фабрицио Романо, зделката е вредна над 30 милиони евра, а плаќањето ќе се одвива во четири рати. И покрај интересот од клубови од Премиер лигата, Консеисао инсистирал на преселба во Торино каде што играше веќе како позајмен и не сакал да чуе за други понуди.

Со ова е исполнета големата желба на тренерот Игор Тудор кој јасно побара задржување на Консеисао во тимот.