фудбал

Трап доби нов договор во Франкфурт до 2026 година

Кевин Трап го продолжи договорот со Ајнтрахт Франкфурт. Ова го соопшти прес-службата на тимот. Новиот договор е со важност до летото 2026 година. Сега голманот има 32 години. Постоечкиот договор на 32-годишниот фудбалер истекуваше во 2024 година.

Голманот настапува за својот сегашен клуб од летото 2018 година. Трап одигра 286 натпревари за Ајнтрахт Франкфурт и прими 426 гола. Заедно со тимот минатата сезона ја освои Лигата на Европа.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен контактирал со претставници на германскиот голман за да дознае дали е можен негов трансфер во нивните редови. Интерес кај Баерн Минхен имаше поради повредата на главниот голман Мануел Нојер. Самиот Трап не беше против преминот во големиот германски фудбалски гигант, но трансферот не се реализираше.


Калвин Филипс експресно го напушта Манчестер Сити

Манчестер Сити ова лето го доведе англискиот репрезентативец Калвин Филипс од Лидс за 50 милиони евра.

Филипс требаше да биде големо засилување за тимот на Гвардиола, но Англичанецот ретко добива шанса и не ги оправда очекувањата. Англиските медиуми пренесуваат дека иднината на Филипс на „Етихад“ е несигурна поради неговите неубедливи партии од стартот на сезоната.

Филипс е незадоволен, но Гвардиола е бескомпромисен и му порачал дека слободно може да си бара нов клуб.

Играчот за врска ќе има уште неколку месеци до крајот на сезоната да го промени мислењето на Гвардиола, во спротивно ќе биде продаден на лето.


Гундоган има три понуди од Италија, во јуни се сели во Серија А

Илкај Гундоган на крајот на сезоната може да ја промени средината и кариерата да ја продолжи во Серија А.

Гундоган влезе во последната година од договорот со Манчестер Сити и на лето ќе биде слободен агент. Германските медиуми пренесуваат дека нема најави за продолжување на соработката со „граѓаните“, а целата ситуација будно ја следат Милан, Интер и Јувентус.

Италијанските гиганти сакаат да го доведат Германецот без обештетување на лето, па наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент.

Гундоган е отворен за преселба во Серија А, па останува да видиме кој клуб ќе победи во трката за неговиот потпис.


Реал размислува за Почетино по заминувањето на Анчелоти

Реал Мадрид на лето би можел да направи тренерска смена, а прв избор на „кралевите“ за нов кормилар е Маурисио Почетино.

Анчелоти има договор до 2024 година, но доколку ја заврши сезоната без трофеј сигурно ќе биде отпуштен, а Реал веќе размислува за негова замена.

Прв избор е Маурисио Почетино, кој е слободен после отказот кој го доби во ПСЖ и секако дека не би одбил понуда од „кралскиот“ клуб.

Почетино во Шпанија со голем успех го предводеше Еспањол од 2009 до 2012 година после што се пресели во Премиер лигата каде што беше дел од Саутемптон и Тотенхем.


Јуве сака да го раскине договорот со вечно повредениот Пол Погба

Јувентус размислува да го раскине договорот со Пол Погба поради разочарувачкото враќање на Французинот во клубот. „Старата Дама“ е незадоволна од целата ситуација со Погба, кој поради повредите никако не успеа да се врати во тимот.

Јувентус веќе ги разгледува и можностите за продажба на Погба ова лето, но ако тоа не успее, клубот исто така е подготвен да го прекине договорот со Французинот. Погба во моментов има опција за преселба во МЛС лигата, но и за тоа треба да помине една рунда преговори со заинтересираните тимови.

Во моментов, договорот на Погба е до летото 2026 година.


Де Вриј по примерот на Шкрињар заминува од Интер

Интер на лето ќе треба да прави комплетна реконструкција на одбраната, бидејќи ќе остане без двајца многу важни фудбалери.

Веќе е јасно дека „нероаѕурите“ ќе останат без Милан Шкрињар, кој одби да го продолжи договорот и без обештетување ќе го напушти клубот. Во иста ситуација е и Стефан де Врај, а Интер одлучил да не му понуди нов договор и со него да се раздели на крајот на сезоната.

Атлетико Мадрид ја следи ситуацијата и наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент и сака да го доведе на лето како слободен агент.

Симеоне е во потрага по искусен стопер и верува дека Холанѓанецот ќе биде идеално засилување за тимот.


Милан не го пријави Ибрахимовиќ за Лигата на шампионите

Милан го очекува двомечот со Тотенхем во осминафиналето на Лигата на шампионите, но без Златан Ибрахимовиќ.

41-годишниот Швеѓанец не е дел од составот што Милан го пријави за нокаут фазата на престижниот турнир, што значи дека Ибра нема да игра во продолжението од ЛШ за „росонерите“.

Златан Ибрахимовиќ имаше операција на коленото минатата година и наводно се ближи до кам-бек, но Милан очигледно оцени дека се уште е рано да го очекува неговото враќање во првиот тим.

Милан и Тотенхем се среќаваат во Милано на 14 февруари, пред реваншот во Лондон на 8 март.


Истанбул Башакшекир нов клуб на Аднан Јанузај

Аднан Јанузај кариерата ќе ја продолжи во Истанбул Башакшехир. Иако секогаш игра во солидни клубови Аднан Јанузај никогаш не ги исполни очекувањата од почетокто на кариерата.

Дејвид Мојс во 2013 година му даде шанса да дебитира во дресот на Манчестер Јунајтед и тогаш се појавија најави дека Јанузај ќе биде некој кој може да биде лидер на „новиот Манчестер Јунајтед“, реалноста излезе далеку од тоа.

Ниту Мојс не се задржа долго во Јунајтед, а ниту Јанузај не продолжи онака како што јавноста очекуваше. На 27 години си ја проба среќата во Борусија Дортмунд и Сандерленд на позајмица, подоцна беше дел од Сосиедад и Севиља, никаде не блескаше.

Сега ќе потпише договор со Истанбул Башакшехир клубот кој во овој момент е четвропласиран во турскиот шампионат и повторно ќе биде дел од респектабилен клуб.


Џон Хејтинга ќе го води Ајакс до крајот на сезоната

Холандскиот тренер и поранешна клубска легенда Џон Хејтинга, ќе го води Ајакс до крајот на сезоната.

Хејтинга на клупата на Ајакс како привремено решение доаѓа на местото од Афред Шројдер кој претходно заработи отказ од клубот.

Хејтинга е поранешен играч на тимот од Амстердам за кој има запишано 215 натпревари, за потоа својата кариера да ја продолжи во Атлетико Мадрид.


Официјално: Мартинели го продолжи договорот со Арсенал

Габриел Мартинели потпиша нов договор со фудбалскиот клуб Арсенал, со кој ќе остане во клубот до 2027.година.

21-годишниот Бразилец, оваа сезона во дресот на „топџиите“, има запишано 27 натпревари со постигнати седум голови. Мартинели е член на Арсенал од 2019.година, а за првиот тим одиграл вкупно 111 натпревари.

Спортскиот директор Еду изрази задоволство од потписот со Бразилецот, истакнувајќи дека иднината на клубот е влогот во младите играчи, додека тренерот Артета се надева дека играчот ќе продолжи со своите одлични игри и натамошен развој на кариерата.