фудбал

Романски тајкун ја купи Џенова

Романскиот бизнисмен Дан Суцу го презеде мнозинскиот сопственички удел на американската приватна инвестициска компанија „777 Партнерс“ во италијанскиот фудбалски клуб Џенова.

Суцу, кој веќе е сопственик на романски Рапид од Букурешт, контролира 77 отсто од акциите на Џенова откако презеде зголемување на капиталот од околу 45 милиони евра, додека компанијата „777“ останува како малцински акционер.

Новата сопственост претставува ново поглавје за Џенова, со надеж дека може да донесе економска стабилност и нови инвестиции за зајакнување на тимот и инфраструктурата, соопшти клубот.

Џенова, основана во 1893 година и најстар италијански фудбалски клуб, моментално е 13-та во Серија А, два бода над зоната за испаѓање.


Линделоф се повреди во поразот на „ѓаволите“ од Тотенхем

Покрај поразот и елиминацијата од Лига Купот по синоќешниот меч со Тотенхем, дополнителен проблем за тимот на Манчестер Јујнајтед е и новата повреда која ја заработи Виктор Линделоф.

Во самиот финиш на првото полувреме, дефанзивецот почувствува непријатност и беше принуден да го напушти теренот. Тој беше заменет со Џони Еванс.

Оваа сезона 30-годишниот играч одигра пет натпревари во Премиер лигата, а засега останува нејасно за каква повреда станува збор.


Два миланско-римски дуели во четвртфиналето на Купот

Откако Интер синоќа го победи Удинезе со 2-0 и се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија, веќе се позјати и комплетните двојки за оваа рунда. Во четвртфиналето на италијанскиот куп, шампионот Интер ќе се сретне со екипата на Лацио на гостински терен, додека Јувентус ќе биде домаќин против Емполи.

Милан за ривал ја доби Рома, додека Болоња ќе ја пречека Аталанта.

Сите четвртфинални дуели од Купот на Италија според информациите треба да се одиграат на 5 февруари 2025 година, иако конкретните времиња и датуми допрва треба да бидат официјално потврдени.


Синго му се извини на Донарума за страотната повреда на главата

Фудбалерот на Монако, Вилфрид Синго му се извини за опасниот старт на голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, кој се здоби со бројни исеченици и повреди на лицето за време на натпреварот од 16. коло на францускиот шампионат.

Фудбалерите на ПСЖ вчера го победија Монако на гостински терен со резултат 4:2 во натпреварот од 16. коло на францускиот шампионат, а во 17. минута Синго со копачката го удри Донарума во лицето, кој потоа мораше да биде заменет.

„Сакам искрено да му се извинам на Донарума. Мојот потег не беше намерен, но подоцна можев да видам дека се здобил со сериозна повреда. Ти посакувам брзо закрепнување“, порача Синго на социјалните мрежи.

ПСЖ по натпреварот објави дека Донарума ќе мора да паузира неколку дена, бидејќи „заработил повреди на лицето со бројни рани“. Во текот на денот ќе му бидат извршени подетални прегледи.


Барса има голем проблем, нема домашен терен за првата половина на 2025 година

Барселона се соочува со нови проблеми, бидејќи не знае каде ќе ги игра домашните натпревари од нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Со 15 освоени поени, две кола пред крајот и како второпласиран тим на табелата, Барселона е сигурен учесник во следната рунда од Лигата на шампионите. Но, проблемот е што Барселона во овој момент не е сигурна на кој стадион ќе ги игра натпреварите од елиминационата фаза на Лигата на шампионите.

Како што пишува Марка, УЕФА бара клубовите да го потврдат домаќинството на еден стадион пред почетокот на сезоната и пред периодот на елиминационата фаза, а Барселона во јануари не е сигурна кој стадион ќе го одбере.

Имено, реконструкцијата и работите на “Камп Ноу” се одолжија и некои извори пишуваат дека ќе биде невозможно стадионот да биде подготвен до крајот на оваа сезона. Од друга страна, Барселона има договор до почетокот на пролетта и нема да има право да организира европски натпревари на “Монжуик” при крајот на сезоната, бидејќи градската власт веќе се обврзала дека ќе биде домаќин на други активности по истекот на договорот со Барса.


Тотенхем го елиминира Јунајтед од Лига Купот во луд дуел со седум гола

Тотенхем со 4-3 го победи Манчестер јунајтед и се пласираше во полуфиналето од англискиот Лига Куп, Сон даде гол директно од корнер, но погодокот беше контроверзен.

Лондонскиот тим имаше одличен влез во мечот, по 15 минути игра Соланке даде гол за водство на Тотнем од 1-0. Тоа беше резултатот по првото полувреме.

На самиот старт од вториот дел Кулушевски зголеми на 2-0, а веќе во 54. минута беше 3-0 за Тотнем со нов гол на Соланке.

Манчестер јунајтед успеа да се врати во игра благодарение на две грешки на голманот Форстер. Во 63. минута погоди Зиркзе за 3-1, а Диало во 70. минута намали на 3-2.

Манчестер јунајтед по двата гола бркаше израмнување, напаѓаше, но во 88. минута Сон директно од корнер даде гол за 4-2.

На овој меч немаше ВАР технологија, а доколку имаше веројатно голот на Сон ќе беше поништен поради фаул врз голманот Бајиндир.

Во 94. минута Џони Еванс даде гол за Манчестер јунајтед за 4-3 и возбудливи последни минути од мечот кои сепак не донесоа уште еден погодок.


Челзи го декласира Шамрок, само реми за Фиорентина во Гимараеш

Челзи со убедливи 5-1 го победи Шамрок, Гију даде хет-трик, Јагелнија на Чурлинов одигра без голови против Олимпија Љубљана исто како и Борац Бања Лука на Николов и Шишковски која ремизираше со Омонија.

Чурлинов во игра влезе во 55. минута, Јагелонија одигра 0-0 на домашен терен против Олимпија Љубљана.

0-0 заврши и мечот меѓу Борац Бања Лука и Омонија. Николов во игра влезе во 88. минута, а голманот Шишковски од клупата го проследи целиот меч.

Челзи ја продолжува доминацијата во Конференциската лига забележувајќи ја шестата победа од шестиот меч. Овојпат со убедливи 5-1 го совалда Шамрок.

Гију даде хет-трик, по еднаш погодија Дјузбери-Хал и Кукуреља.

Фиорентина одигра 1-1 на гостувањето кај Гимараеш.


Сопствениците на Рома го купија Евертон

Групацијата Фридкин го заврши купувањето на мнозинскиот пакет акции во фудбалскиот клуб Евертон.

Како што објави Би-би-си во четвртокот, се верува дека договорот е вреден 400 милиони фунти, а Евертон стана десеттиот клуб од Премиер лигата во мнозинска сопственост на Американци.

Групацијата Фридкин постигна договор за преземање со Фархад Мосири уште на 23 септември.

Групацијата со седиште во Тексас исто така сопстврник на Рома, а претседателот Ден Фридкин има богатство проценето на 6,16 милијарди фунти.

Марк Вотс ќе биде извршен директор на клубот задолжен за менаџментот.


Синот на Здравко Мамиќ осуден на шеснаесет години затвор

Марио Мамиќ, син на Здравко Мамиќ, е осуден на една година и четири месеци затвор поради соучесништво во изнуда на пари од ГНК Динамо Загреб.

Пресудата е донесена врз основа на договор со обвинителството, во кој Мамиќ се изјасни за виновен за учество во злосторничко здружување.

Покрај затворската казна, Жупанискиот суд Осиек му изрече и дополнителна парична казна од 750 илјади евра. Исто така, ГНК Динамо Загреб како оштетен ќе добие отштета во износ од два милиони евра, додека Мамиќ ќе треба да плати и судски трошоци од 70 илјади евра.

Сандро Стипанчиќ, кој беше обвинет и во аферата „Динамо 2“ е осуден на 11 месеци затвор. Сепак, казната ќе му биде заменета со општокорисна работа. Дополнително, Динамо ќе треба да врати 113 илјади евра и да плати судски трошоци од 20 илјади евра.

Мамиќ и Стипанчиќ на рочиштето одржано во понеделникот ја признаа вината, прифаќајќи ги сите фактички наводи во изменетиот обвинителен акт. Нивната одбрана изјави дека постигнале договор со Динамо. Динамо треба да ги добие споменатите суми во рок од два и пол месеци.

Додека случајот против Марио Мамиќ е завршен, постапката против Здравко и Зоран Мамиќ, како и поранешниот директор на Динамо, Дамир Врбановиќ, се уште трае. Нивните адвокати на минатото рочиште најавија дека нивните клиенти негираат вина.

Здравко и Зоран Мамиќ моментално се во Босна и Херцеговина каде ја избегнуваат хрватската правда. Следното рочиште за нивниот предмет е закажано за 21 јануари.


Македонија 67-ма фудбалска сила на крајот на годината

Македонската фудбалска репрезентација го задржа 67. место на најновата ранг-листа на ФИФА која не донесе поголеми промени бидејќи немаше репрезентативни активности.

Ние годинава ќе ја завршиме со 1368.96 бодови, колку што имавме и на претходното рангирање.

Аргентина останува најдобра светска репрезентација пред Франција и Шпанија. Во топ 10 уште влегуваат и Англија, Бразил ,Португалија, Холандија, Белгија, Италија и Германија.