фудбал

Реал спремен да испрати понуда за Кејн од следната сезона

Реал Мадрид на лето е спремен да направи „бум“ на трансфер пазарот и ќе има голем буџет за трансфери.

Примарна цел на „кралевите“ ќе биде доведување на нова ѕвезда во нападот, кој ќе биде наследник на Бензема. Шпанските медиуми пренесуваат дека првото име на списокот е ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн.

Кејн и претходно се поврзуваше со заминување од Тотенхем, но „спарси“ бараа 150 милиони евра за неговата слобода, па до трансфер не дојде.

Кејн се уште не ставил потпис на нов договор, сака нов предизвик, па би можел да ја промени средината на лето.


„Волците“ спремни да го откупат Куња

Вулверхемптон ќе треба да му исплати 50 милиони евра на Атлетико Мадрид за услугите на Матеуш Куња.

Кон крајот на 2022 година Куња пристигна во Вулверхемптон на позајмица, но многу брзо се активираше по малку бизарната клазула во неговиот договор.

Имено, во договорот помеѓу двата клуба се додала клазула според која Вулверхемптон треба да му плати 50 милиони евра после три настапи на Куња. За трите настапи на Куња во Вулвс потребни беа само две недели. Тој настапи против Астон Вила, Ливерпул и Нотингем, па сега „волците“ ќе треба да платат 50 милиони евра.


Муококо мамел за својхата возраст

Јусуфа Моукоко кој е на мета на европските гиганти немал 18
години туку четири повеќе, се сомневаат германските медиуми.
Моукоко се пресели во Германија во 2014 година, а е роден во
Камерун. Минатата недела во текот на припремите на
камерунската репрезентација до 17 години откриено е дека дури
21 од 30 пријавени фудбалери немаат право за настап за тој тим
затоа што се постари.
Селекторот Жан Пјер Фиала брзо реагираше и го промени
составот. Но, проблемите не застанаа тука затоа што и помеѓу
новите повикани фудбалери имаше уште 11 кои се престари за тој
тим.


Жиру добива нов договор на „Сан Сиро“

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру сака да го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 2025 година. Според италијанскиот новинар Николо Шира, раководството на Милан ќе се сретне со агентот на Жиру во следните неколку недели за да разговараат за продолжување на договорот.

Двете страни се заинтересирани за продолжување на соработката. Платата на Французинот според новиот договор би можела да биде 4 милиони евра, а самиот француски напаѓач сакаше да потпише договор до 2025 година.

Жиру (36) е во Милан од 2021 година и веќе постигна 23 гола и запиша девет асистенции на 60 натпревари за „росонерите“.


Сопственикот на Евертон побара поддршка од навивачите за тренерот Лампард

Сопственикот на премиерлигашот Евертон, Фархад Мошири, ги повика навивачите на клубот да му
дадат поддршка на тренерот Френк Лампард.
„Понекогаш само треба да бидеме стрпливи. Ги отпуштивме Мартинез, Силва, Куман. Секој од нив
беше добар тренер. Мислам дека треба да му се даде поголемо време на тренерите. Лампард е
вреден и добар тренер, и ние мора да го поддржиме“, изјави Мошири.
Екипата на Евертон во моментот се наоѓа на 18.место на табелата во Премиер лигата со освоени
15 бода, и клубот нема победа на последните осум меча во сите натпреварувања.


Познати номинациите за ФИФА наградите во февруари

ФИФА ги објави номинациите во повеќе категории за најдобри во
2022 година. На церемонијата оваа година ќе бидат прогласени
најдобрите за сезоната 2021/2022, но и посебно најдобрите на
Светското првенство во Катар.
Во битката за најдобар фудбалер конкурираат: Нејмар, Халанд,
Алварез, Белингам, Бензема, Де Брујне, Хакими, Винициус,
Левандовски, Мане, Модриќ, Салах.
За признанието најдобар тренер во игра се: Гвардиола, Анчелоти,
Реграуги, Скалони, Дешамп. Гласањето ќе биде отворено на 3
февруари и ќе трае до 27 февруари.


Платини е кандидат за претседател на Фудбалската Федерација на Франција

Француските медиуми пренесуваат дека поранешниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини, се
наоѓа меѓу кандидатите за претседател на Фудбалската Федерација на Франција.
Досегашниот претседател на ФФФ, Ноел ла Гре, си поднесе оставка на позицијата после
состанокот со Извршниот одбор на федерацијата.
Во информациите на медиумите се истакнува и дека претседателот на Франција, Емануел Макрон,
лично го прашал Платини дали е заинтересиран за лидерското место во францускиот фудбал.
67-годишниот Платини беше претседател на УЕФА од 2007.година, до 2015.година. Тој пред
половина година беше ослободен од судот во швајцарија, од обвиненијата за злоупотреба на
должноста и корупција.


Милан го продолжи договорот со Бенасер

Калчолигашот Милан објави дека официјално го продолжи договорот со фудбалерот Исмаел
Бенасер.
Новиот договор со алжирскиот фудбалер е со важност до 2027.година. Тој ќе заработува по 4,2
милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси. Од 2024 година ќе стане активна и откупната
клаузула за фудбалерот која ќе биде во износ од 50 милиони евра.
Бенасер е играч на „росонерите“ од 2017.година кога беше доведен од Емполи за сума од 17
милиони евра.


Почетино спремен да го преземе Челзи ако Потер добие отказ

Поранешниот менаџер на ПСЖ и Тотенхем, Маурисио Почетино е
подготвен да го преземе Челзи. Според „Сан“, 50-годишниот
фудбалски стручњак не би имал ништо против да стане селектор на
лондонскиот тим доколку управата го отпушти Греам Потер и го
повика на тренерската позиција.
Потер стана менаџер на Челзи во септември 2022 година. Во
натпреварот од третото коло од ФА Купот, тимот беше поразен од
Манчестер Сити (0-4) и е елиминиран од турнирот. Во Премиер
лигата „сините“ се на 10. место во Премиер со 25 бода од 17
натпревари.
Последното место на работа на Покетино беше ПСЖ. Тој беше
отпуштен од функцијата главен тренер на тимот во јули 2022 година.


Меси доби неморална понуда од Ал Хилал

Лионел Меси може да му се придружи на Кристијано Роналдо во
првенството на Саудиска Арабија.Според „Мундо Депортиво“, Ал-
Хилал сака да го ангажира напаѓачот на ПСЖ и е подготвен да понуди
плата од 300 милиони долари годишно. Значителен дел од оваа сума
ќе биде издвоен од државната каса. Договорот на Аргентинецот со
неговиот сегашен клуб е пресметан до крајот на оваа сезона. ПСЖ е
во преговори за продолжување.
Да потсетиме дека претходно Кристијано Роналдо се пресели во Ал-
Наср кој е главен ривал на Ал-Хилал во Саудиска Арабија.
Саудијците се надеваат дека потпишувањето на двајца играчи од оваа
големина значително ќе го зголеми интересот за лигата, а тоа, пак, ќе
ги зголеми шансите на земјата да биде домаќин на Светското
првенство во 2030 година.