фудбал

Ламин Јамал се повреди, го чека пауза од неколку недели

Учеството на крилниот напаѓач на Барселона Ламин Јамал во натпреварот од 18. коло на шпанското првенство против Атлетико Мадрид е доведено во прашање, пренесува „Мундо Депортиво“.

Според шпанскиот весник, 17-годишниот фудбалер се повреди на синоќешниот натпревар против Леганес (0-1).

Забележано е дека тој го повреди истиот зглоб на десната нога што го принуди да биде надвор од терените минатиот месец.

Се уште не е позната тежината на повредата на играчот. На Јамал денес ќе му биде извршен преглед за да се утврди видот на повредата. Се наведува дека играчот од средниот ред има силни болки.

Оваа сезона Јамал одигра 20 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и 12 асистенции.


Нејмар повторно тренира, наскоро се враќа на терените

Бразилскиот фудбалер и член на Ал Хилал, Нејмар, почна да тренира по закрепнување од повредата, објави саудискиот клуб на социјалните мрежи.

На 4 ноември, 32-годишниот Нејмар се здоби со кинење на тетивата во натпревар од Лигата на шампионите во Азија со Естеглал (3-0) и беше надвор од терените.

Пред ова, Бразилецот една година се опоравуваше од повредата на вкрстените лигаменти на коленото и скинат менискус, по што учествуваше на само два натпревари и повторно се повреди.

Претходно се појави информација дека Ал Хилал ја разгледува можноста да го раскине договорот со бразилскиот напаѓач.

Нејмар се пресели во клубот од Саудиска Арабија од ПСЖ во летото 2023 година. Францускиот клуб доби 90 милиони евра за трансферот на играчот.


Витор Переира пред промоција во Вулверхемптон

Раководството на Вулверхемптон вчера официјално го отпушти досегашниот менаџер Гери О’Нил, а медиумите веќе најавуваат дека се во напредни преговори за негов наследник.

Слабата резултатска серија вчера кулминираше со пораз од Ипсвич на домашен терен, резултат преку кој менаџментот не можеше да помине и му испорача отказно решение на досегашниот предводник од клупата.

Според последните информации, експресно ќе биде промовиран и новиот менаџер на „волците“ и тоа се очекува да биде Витор Переира.

Португалецот во моментов го предводи тимот на Ал Шабаб во Саудиска Арабија, но очигледно е расположен за промена среде сезона и деби во Премиер лигата.

Претходно, Переира ги водеше и Порто, Олимпијакос и Фенербхче, a беше тренер и во Бразил и Кина.


Барса пронајде лев бек, го купува Карерас од Бенфика

Eкипата на Барселона има проблеми оваа сезона, а една од проблематичните позиции е левата бековска.

Причина се слабите настапи на Алехандро Балде, па Барселона ќе тргне во потрага по бек по своите стандарди.

Според последните информации таков профил на фудбалер, каталонскиот гигант пронашол во Бенфика. Во прашање е Алваро Фернандез Карерас за кого челниците на Барселона и Бенфика веќе имале разговори.

Ова момче има 21 година, а со него се поврзуваа и екипите на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Во целата ситуација проблем би можела да претставува откупната клазула на фудбалерот која изнесува 42 милиони евра.


Гвардиола: Не успевам да најдам решение, загубивме премногу натпревари

Манчестер Јунајтед го победи Манчестер Сити со 1-2 на гостински терен во 16. коло од Премиер лигата.

Актуелниот шампион на Англија водеше до 88. минута со голот на Јошко Гвардиол, но не успеаја да победат. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола по натпреварот изјави:

„Вакви работи почнаа да ни се случуваат премногу често. Нашиот начин на игра не беше добар. Порано сè се одвиваше така глатко, сега се мачиме. Има многу порази оваа сезона. Тешко е да се прифати дека на крајот примивме два гола и загубивме. Не сме имале толку порази во претходните две сезони, загубивме премногу натпревари.

Мислам дека овој пораз не беше најлошиот во последните девет години. Во Лигата на шампионите поразите се многу потешки. Но во моментов ни требаат резултати за да го подигнеме расположението. Се е полошо и полошо. Морам да најдам решение. Досега не сум успеал и тоа е вистината“.

Сити во следното коло ќе гостува кај Астон Вила.


Велез Сарсфилд е нов шампион на Аргентина

Велез Сарсфилд ја освои титулата во Аргентина по 11-ти пат во нивната историја, откако на домашен терен го совлада Хуракан со 200 во натпревар од последното коло. Триумфот за тимот предводен од Густаво Кинтерос доаѓа 11 години по претходната титула и 30 години по освојувањето на Копа Либертадорес и Интерконтиненталниот куп.

Овогодинешниот шампионат беше доста интересен, бидејќи пред последните натпревари дури три екипи имаа шанси за првото место. Талерес отпадна од игра по поразот на домашен терен од Њуелс Олд Бојс со 3-1. Тимот од Кордоба беше во серија од пет победи, но потфрли против противникот кој заврши на 25. место во конечниот пласман.

Хуракан можеше да стане и шампион доколку успееше во директната битка против Велез. Двата тима влегоа во решавачкиот дуел со два разлика во корист на домашните. Тие ќе беа задоволни со нерешено благодарение на голот на Талерез, но наместо тоа го добија решавачкиот натпревар и ги воодушевија навивачите на преполниот стадион „Хозе Амалитифани“ во главниот град Буенос Аирес.

Клаудио Акино го отвори резултатот во корист на Велез во 30. минута. Непосредно пред паузата домашните постигнаа втор гол, а стрелец беше Демијан Фернандез.


Саутемптон го смени менаџерот по дебаклот од Тотенхем

Челниците на Саутемптон го отпуштија менаџерот Расел Мартин по синоќешниот дебакл на домашен терен од Тотенхем. На „Сент Мери“, гостите од Лондон славеа со 0-5. Сите голови ги постигнаа во првото полувреме.

„Светците“ имаат само една победа, во досегашните 16 натпревари, забележаа 13 порази и две нерешени и се убедливо последени со само пет бода.

Расел Мартин има 38 години и важи за еден од најперспективните британски тренери. Тој пристигна во Саутемптон на почетокот на минатата сезона од Свонси и успеа да ги врати „светците“ во Премиер лигата откако го совлада Лидс во плеј-офот.

Сепак, оваа сезона неговиот тим бележи катастрофални резултати во елитната лига.

Единствената победа на шкотскиот менаџер во Премиер лигата беше против Евертон минатиот месец.

Тимот привремено ќе го води Симон Раск, тренер на младинската екипа на Саутемптон (до 21 година), додека не се најде трајно решение.

Неговиот прв натпревар ќе биде четвртфиналето на Лига купот против Ливерпул во среда.

Инаку, Мартин е четвртиот менаџер од Премиер лигата кој доби отказ оваа сезона по Стив Купер во Лестер, Ерик тен Хег во Манчестер јунајтед и Гери О’Нил во Вулверхемптон.


Џенова го расипа роденденот на Милан и му откина бод од „Сан Сиро“

Фудбалерите на Милан ремизираа 0-0 со Џенова на „Сан Сиро“ во 16. коло од италијанската Серија А.

Росонерите вечерва ја прославија 125-години од основањето на клубот, трибините беа исполнети со бројни легенди кои оставија длабока трага во дресот на Милан, дури и дресот беше специјално дизајниран за оваа прилика.

Сепак, актуелниот тим предводен од Пауло Фонсека е далеку од најдобрите тимови во Серија А оваа сезона.

Домашните имаа три добри во првите дваесет минути, но гол не успеаја да постигнат Емерсон, Ејбрахам и Чуквуезе.

Најдобрата шанса Милан ја имаше преку Мората, ударот на Шпанецот заврши во гредата.

До крајот екипата на Патрик Виера го издржа притисокот и освои важен бод кај фаворизираниот Милан.


Барса пак се лизна на домашен терен, Леганес носи три бода од Каталонија

Сензационален резултат го обележа последниот натпревар од 17.коло во Примера. Леганес на „Монжук“ ја победи Барселона со 0-1. Херпј на натпреварот беше поранешниот голман на српската репрезентација, Марко Дмитровиќ.

Каталонците беа апсолутни фаворити против 17. пласираната екипа на табелата, која во претходните 16 натпревари забележа само три победи, ниту една на гости, но на крајот тие со наведнати глави го напуштија теренот.

Леганес поведе во четвртата минута, стрелец беше капитенот Серхио Гонзалес Поаре.

Од тој момент играчите во сино-црвените дресови постојано напаѓаа, шанси пропуштаа Роберт Левандовски и капитенот Рафиња, но Дмитровиќ успеа се да одбрани.

Барселона очигледно западна во резултатска криза, со само една победа во последните шест натпревари. Тие се уште се први на табелата, но сега имаат ист број на бодови и натпревар повеќе од Атлетико Мадрид и само еден бод повеќе од Реал Мадрид.

Во следното коло избраниците на Ханси Флик ги очекува дерби против Атлетико Мадрид.


Челзи не запира, победен Брентфорд и петто славје по ред

Фудбалерите на Челзи и Тотенхем забележаа победи во последните неделни натпревари од 16. коло во Премиер лигата. Челзи го победи Брентфорд со 2-1, а Тотенхем во Саутемптон го декласира домаќинот со 50-5.

Марк Кукуреља го постигна својот прв гол во сезоната во 43. минута со што му донесе предност на Челси.

Тимот на Енцо Мареска е во серија од пет победи и моментално го држи второто место со 34 бода, два помалку и натпревар повеќе од лидерот Ливерпул.

Брентфорд моментално е 12. на табелата со 23 бода.