фудбал

Реал во јуни го продава Ферлан Менди

Ферлан Менди според многумина е „најслабата алка“ во овој тим на Реал Мадрид и „кралевите“ на лето ќе се обидат да му пронајдат замена.

„Марка“ пишува дека Реал Мадрид одбил да му го продолжи договорот кој му истекува во 2025 година и логично е поради тоа Французинот да не е негов приоритет. Напротив, Менди на лето ќе биде на трансфер листата. Французинот игра слабо обаа сезона, не беше повикан и на СП, а во вчерашниот пораз од Виљареал беше директен виновник за првиот гол на „жолтата подморница“.

Шпанските извори тврдат дека Менди сигурно ќе биде продаден и Анчелоти на лето ќе бара нов лев бек.


Лапорта негира дека Барса ќе купува во зимскиот преоден рок

Жоан Лапорта во интервју за каталонските медиуми ги коментираше
сите актуелни теми во клубот.
Лапорта призна дека се уште не се во линија со параметрите за

Финансиски фер-плеј и потврди дека нема да има трансфери во
јануари.
„Нема да правиме трансфери во јануари, освен ако не се случи нешто
неочекувано. Ја завршивме работата во летото и имаме тим кој е
способен да се бори за титули. Осман Дембеле не е на продажба исто
како и Ансу Фати. Што се однесува до Бернардо Силва ние нема да
дадеме 80 милиони евра за него. Морав да ги поставам интересите на
Барселона над најдобриот играч во историјата. Немав можност да го
задржам и тоа беше најдобрата одлука за клубот. Сега Меси е дел од
ПСЖ и не би сакал да зборувам за него, фокусиран сум на
Барселона“, изјави Лапорта.


Елмас: За доброто на Наполи би играл и голман

Елиф Елмас имаше значително влијание во победата на Наполи синоќа против Сампдорија на гостувањето, каде победија со 0-2.

Македонскиот интернационалец беше стрелец на вториот гол, погоди од пенал и ја потврди одличната форма, негова и на клубот, а со овие бодови, Наполи се промовираше во есенски шампион во Серија А.

Очигледно дека расположен, позитивен и во форма Елмас, им е потребен на Наполи.

„Беше тешко, но ги заслуживме бодовите. Пенал шутира тој кој е сигурен дека ќе погоди, јас бев сигурен во тоа. Тренерот ми дава задачи на повеќе позиции и јас немам проблем со тоа. Доколку тренерот ме стави и на голманската позиција, нема да имам проблем и да бидам голман, секогаш ќе го дадам максимумот за овој тим“, порача Елиф Елмас.


Бенфика под полициска истрага за местење натпревари

Португалскиот фудбалски гигант Бенфика, е под истрага на полицијата од оваа земја поради сомневање за наместени натпревари од 2016. и 2020. година.

Основа за започнување на истрагата биле информациите кои стигнале во јавноста после хакерските напади на голем број клупски документи. Под истрага се сите членови на управата на Бенфика од тој период, меѓу кои и актуелниот претседател Руи Коста, како и поранешниот челник Луис Фелипе Вијеира.

Според информациите од португалската полицијата, истрагата е започната на 3.јануари оваа година.


Гвардиола му даде поддршка на Потер по дуелот во ФА Купот

Манчестер Сити го елиминира Челзи од ФА Купот со 4-0 во натпревар во кој лондонскиот клуб дозволи само еден удар кон противничкиот гол.

Гневните навивачи на Челзи го скандираа името на поранешниот менаџер Томас Тухел, разочарани од настапите на тимот под водство на Греам Потер, а во одбрана на Потер дојде менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

„Му треба време. Би му рекол на сопственикот на Челзи, Тод Боли дека мора да му даде време на Греам. Знам дека резултатите се важни во големите клубови, но дајте му време на човекот. На сите тренери им треба време. Особено во првата сезона. Имав резултати во Барселона, но јас го имав Лионел Меси и тоа е доволно“, изјави Гвардиола.

Потер го презеде Челзи во септември и во 18 натпревари претрпе шест порази со осум победи. Челзи моментално е на десеттото место во Премиер лигата и заостанува 10 бода зад Манчестер Јунајтед кој го држи местото кое води во Лигата на шампионите.


Арсенал убеден во договор со Михаило Мудрик

Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо изјави дека лондонски Арсенал е сигурен во потписот на напаѓачот на Шахтјор, Михаило Мудрик во зимскиот преоден рок.

„Секако дека Арсенал е уверен и Артета исто така е сигурен во овој договор. Но, постигнувањето договор со Шахтјор е клучно. Тие беа толку силни во преговорите дури и во август кога одбија 30 милиони евра од Евертон, што беше одлична понуда. Во овој момент од преговорите, не беше спомената временска рамка, тие продолжуваат“, напиша Фабрицио Романо во својата колумна.

Да напоменеме дека лондонскиот тим се нарекува главен претендент за потписот на 21-годишниот фудбалер. Самиот Мудрик е исто така заинтересиран за преселба во Арсенал, во кој е неговиот сонародник Александр Зинченко.


Кудус последна желба на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Ајакс,
Мохамед Кудус, пренесуваат медиумите на Островот.
„Црвените ѓаволи“ ги следеле настапите на 22-годишниот напаѓач на
Светското првенство, каде одигра одлични партии за селекцијата на
Гана. Кудус игра одлична сезона за Ајакс и оваа сезона постигна 4
гола во Лигата на шампиони, па го провлече вниманието на многу
еврпопски гиганти.
Манчестер Јунајтед е во потрага по нов напаѓач па веќе започнале
преговори со Ајакс.
Меѓутоа, трансферот е тежок за реализацуја бидејќи Јунајтед го сака
напаѓачот на позајмица со право на откуп.


Абрахам: Чувствував дека ќе постигнам гол против Милан

Фудбалерот на Рома, Тами Абрахам, не крие дека е задоволен со вчерашното реми кај Милан (2-2) остварено во рамките на Серија А.

„Волчицата“ имаше негатива до 88 минута кога прво Ибањез а малку подоцна и Абрахам постигнаа голови за изедначување.

„Чувствував дека ќе дадам гол. Моравме да играме трпеливо и да ја чекаме нашата шанса. Реагирав добро по ударот на Матиќ“, вели напаѓачот на Рома.


Челзи останува неколку недели без Кристијан Пулишиќ

Тренерот на фудбалскиот клуб Челзи, Греам Потер, објави дека крилниот напаѓач, Кристијан Пулишиќ поради повреда ќе отсуствува најмалку две недели. 

Американскиот репрезентативец повредата ја заработи на натпреварот со Манчестер Сити во Премиер лигата, кој лондончани го загубија со резултат 0:1.

„Кристијан пред неколку дена имаше силен удар во коленото и се уште ја анализираме неговата состојба. Претпоставувам дека тој ќе биде надвор од терените неколку недели“, изјави тренерот Потер после уште еден пораз од Сити, овој пат со 4:0 во рамките на ФА Купот.


Килијан Мбапе: Зидан е Франција

Еден од најдобрите светски фудбалери, Французинот Килијан Мбапе, излезе со своја реакција на скандалозната изјава на претседателот на Француската фудбалска федерација, кој рече дека нема ниту да му одговори на телефон на Зинедин Зидан доколку тој се јави за да се понуди за работа како селектор.

Оваа изјава на челникот на Федерацијата воопшто не му се допадна на Мбапе. Познатиот фудбалер кој е член на ПСЖ преку социјалните мрежи испрати порака со поддршка за Зидан и постира дека Зидан е Франција, и недопустлив е таков однос кон една легенда.

Зидан во минатиот период одбил неколку понуди, чекајќи да ја преземе функцијата селектор на Франција. Сепак, на крајот францускиот фудбалска федерација се одлучи да му го  продолжи договорот на актуелниот селектор Дидие Дешам.