фудбал

Ал Итихад го изостави Бензема од тимот за ЛШ

Карим Бензема не се најде во составот на Ал Итихад за претстојното гостување кај узбекистанскиот Навбахор од осминафиналето на азиската Лига на шампиони 

На овој меч тренерот на екипата Марсело Гаљардо може да смета на пет странци, и според „Ас“ тој се одлучил за Хегази, Канте, Фабињо, Ромарињо и Хамдалах, па така нема место за Французинот.

Бенезема поминува низ фрустрирачки период во саудискиот клуб, а неодамна влезе и во конфликт со тренерот.

Како што е познато, 36-годишниот фудбалер го пропушти тренинг кампот на својот тим во Дубаи и продолжи со тренинзите дури минатата недела, па тренерот смета дека не е уште подготвен.


ПСЖ ќе има полна каса за следниот преоден рок

Челниците на ПСЖ од ден во ден стануваат се посвесни дека налето ќе останат без својот најдобар играч, Килијан Мбапе, кој треба да се пресели во Реал Мадрид, и веќе ги одредија неговите наследници.

Според италијанскиот весник „Ла република“, емирот на Катар кој е сопственик на ПСЖ, налето сака да купи двајца елитни напаѓачи кои играат во Серија А и веќе подготви 240 милиони евра за нивните трансфери.

„Ла република“ пишува дека ПСЖ налето ќе тргне по потписите на Виктор Осимен од Наполи и Рафаел Леао од Милан и за двајцата планира да понуди по 120 милиони евра.

Токму 120 милиони евра изнесува откупната клаузула за Осимен и за очекување е ПСЖ да го победи Челси во трката за потписот со напаѓачот.

Далеку потешко би одела реализацијата на евентуалниот трансфер на Леао бидејќи откупната клаузула за Португалецот изнесува 175 милиони евра, сума која ПСЖ нема намера да ја плати.


Се повреди Бубакар Камара, Емери без Французинот до крајот на сезоната

Астон Вила претрпе разочарувачки пораз од Манчестер Јунајтед викендов, а покрај се остана и без уште еден првотимец. Малерите кои го снајдоа во последно време тимот на Унаи Емери никако да запрат. Нов удар за Вила е повредата на играчот за врска Бубакар Камара.

Фудбалерот вчера бил на прегледи при што е потврдено дека Камара ги скинал предните вкрстени лигаменти во второто полувреме против „црвените ѓаволи“ и се очекува да ја пропушти цела втората половина од сезоната 2023/24.

Клубот планира да направи и дополнителни прегледи, но се очекува Французинот да биде надвор од терените од пет до шест месеци.


За Фердинанд Букајо Сака уште не е светска класа

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, истакна дека напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, не  е играч од светска класа.

„Не е уште но, се прашувам што е „светска класа“? Видовте, не се покажа во Лигата на шампионите , нели? Мислам на најважните фази. Сака е добар, само толку“ – вели Фердинанд.

22-годишниот Сака успеа да дојде до 50-от гол за „топчиите“ и да стане најмладиот играч во клубот во последниве 46 години кој ја достигнал таа бројка.


Влаховиќ експресно се врати на тренинзите

Фудбалерот, Душан Влаховиќ, кој поради повреда го пропушти вчерашниот меч со Удинезе во Серија А, денес работел полесна програма на тренингот на Јувентус.

„Старата дама“ која заостанува зад Интер во трката за титулата, се подготвува за гостувањето кај Верона на 17 февруари.

Влаховиќ кој има 24 години, од почетокот на сезоната има постигнато 12 гола на 23 натпревари во сите натпреварувања.


Само Анелка има подолга серија од Хојлунд во Премиер лигата

Расмус Хојлунд конечно почнува да прикажува настапи какви што се очекуваат од него.

Хојлунд ја започна својата голгетерска серија и изагледа дека Тен Хаг повеќе нема потреба да се грижи за ефикасноста на екипата. Данскиот 21-годишен фудбалер постигна гол и за викендот против Астон Вила и така продолжи да ги реди противниците против кои беше прецизен.

Сега е во низа од пет натпревари на кои погодуваше, започна токму против Астон Вила на „Боксинг деј“, продолжи против Тотенхем, Вулвс и Вест Хем, а сега повторно погоди против Вила.


Пиоли: Тео е нов лидер на нашиот тим

Стефано Пиоли изгледа преживеа уште еден кризен период во Милан и успеа да го изнесе тимот на вистинскиот пат. Атмосферата на „Сан Сиро“ сега е многу подобра по серијата од шест победи на последните седум натпревари во првенството.

Во овој момент „росонерите“ се на третата позиција и можат да размислуваат за битка за второто место, посебно откако Милан славеше во дербито со Наполи.

Натпреварот беше тврд со многу тактички надмудрувања, а човек на одлука беше Тео Ернандез кој погоди во првото полувреме.

„Тео се стави на располагање на тимот во критичниот период и одлично одговори како стопер. Но, неговата природна позиција е лево и тој има одлична конекција со Леао. Сметам дкеа Тео се мачеше минатата сезона поради разочарувањето на Мундијалот.

 Светското првенство се играше во средина на сезоната и тоа не влијаеше добро врз него. Се плшаев како ќе одговори ментално сезонава, меѓутоа тој е максимално позитивен. Тој е играч кој не зборува премногу, меѓутоа со однесувањето е пример за останатите и вистински лидер“, изјави Хернандез.


Ламин Јамал руши рекорди во Ла Лига

Барселона направи уште еден голем кикс откако одигра 3-3 против Гранада, позитивно од вчерашниот дуел за Каталонците може да биде само настапот на младиот Ламине Јамал.

Јамал стана најмладиот фудбалер кој постигнал два гола на еден натпревар од Ла Лига.

Тој исто така стана најмладиот фудбалер во Шпанија кој стигнал до 10+ голови и асистенции заедно.

Јамал има само 16 години и 213 дена.


Интер веќе обезбеди нови засилувања за следната сезона

Од фудбалскиот клуб Интер официјално објавија дека клубот веќе обезбеди две звучни имиња со кои ќе го засили тимот за наредната сезона.

Нови играчи кои ќе го носат дресот на нероазурите од идното лето се Пјотр Зјелински и Мехди Тареми.

Полјакот Зјелински е ново засилување за средината на теренот и во Интер ќе пристигне од екипата на Наполи. Тој веќе го потпишал новиот договор кој е со важност до 2028.година со плата од 4,5 милиони евра по сезона. Второ име кое е најавено како важно засилување е напаѓачот на Порто, Иранецот Мехди Тареми кој во Интер доаѓа како слободен играч.


Мората се повреди во најнезгоден момент на сезоната

Напаѓачот на шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид, Алваро Мората, го истегна внатрешниот страничен лигамент на десното колено во вчерашниот пораз (0-1) од Севиља, соопшти денеска мадридскиот клуб.

Мората во солзи во 46. минута го напушти теренот, а Атлетико не прецизираше во клупското соопштение колку долго тој ќе отсуствува.

„Претпладнево му беше извршена магнетна резонанца за да се утврди степенот на повредата. Го чека натамошно лекување“, соопшти Атлетико.

Капитенот на шпанската репрезентација сезонава е прв стрелец на Атлетико со 13 голови на 22 натпревари.

Атлетико Мадрид идната недела го пречекува Лас Палмас во рамки на шпанското првенство пред гостувањето во Милано и првиот осминафинален натпревар против Интер во Лигата на шампиони.