фудбал

Шчесни ќе добие нов договор во Барселона

Војчех Шчесни минатата есен излезе од пензија за да и помогне на Барселона во преостанатиот дел од сезоната, откако тешка повреда доживеа Марк-Андре тер Штеген. Полскиот голман веројатно и самиот не веруваше дека доживее ренесанса и ќе му биде понуден нов договор.

Шчесни настапи на 16 натпревари во сите натпреварувања, оставајќи одличен впечаток кај сите во клубот, кои решија да му понудат нов двегодишен договор.

Се очекува да го прифати тоа и да заборави на претстојното пензионирање бидејќи е јасно дека има уште многу да му понуди на фудбалот, но и на Барселона.

Шчечин се раздели со Јувентус во август минатата година, замина во пензија, од која се врати на 2.октомври кога Барселона му понуди договор.


Македонија со минимални шанси за директен пласман на Мундијалот

По четвртфиналните натпревари од Лигата на нациите, шпознат е конечниот изглед на квалификациските групи во европската зона за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Популарната платформа „Фудбал Митс Дејта“, даде проценка како ќе изгледа конечниот пласман во квалификациските групи.

За нас најинтересна е прогнозата за Ј групата, во која покрај Македонија партиципираат и Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Македонија во саботата со победа кај аутсајдерот Лихтенштајн ги започна квалификациите.

Македонија има 11 отсто шанси дс го освои првото место во групата, а 24 отсто да избори пласман во баражот за Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Според „Фудбал Митс Дејта“, Македонија има 48 отсто шанси да го освои третото место во групата.

Логично, според рејтингот Белгија е најголем фаворит во групата. Белгија има 55 отсто шанси да го освои првото место, наспротив Велс (33 отсто). Предвидувањата на платформата се дека, кога се работи за второто место Белгија има 31, а Велс 42 отсто шпанси.

Најголеми шанси за директен пласман на СП има Шпанија (85 отсто), потоа Германија (84 отсто), Франција (82 отсто), Холандија (82 отсто), Португалија (81 отсто), Англија (73 отсто), Австрија (70 отсто), Хрватска (68 отсто), Италија (58 отсто), Белгија (55 отсто)…


Дешамп го пофали новиот капитен Мбапе

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп го оцени придонесот на напаѓачот и капитен на репрезентацијата Килијан Мбапе во победата над Хрватска во полуфиналето на Лигата на нации на УЕФА.

„Мбапе блеска. Цела недела беше голем лидер. Тој се покажа како одличен играч и одличен капитен на овој тренинг камп“, изјави Дешамп.

Да потсетиме, синоќа беше одигран реваншот од 1/4 финалето на Лигата на нации на УЕФА, во кој се сретнаа селекциите на Франција и Хрватска. Екипите играа на „Стад де Франс“ во Париз. Франција победи по подобро изведување на пенали (5:4) откако во рекуларниот дел и продолженијата беше 2:0 за Франција.


Нов Зеланд обезбеди пласман на Светското првенство во фудбал

Селекцијата на Нов Зеланд стана петтиот учесник на претстојното Светско првенство. Нов Зеланд во финалето од квалификацискиот циклус ја совлада Нова Каледонија (3-0) и добија билет за завршниот дел од турнирот.

Треба да се напомене дека Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Вообичаениот формат на турнирот ќе биде променет: репрезентациите ќе бидат поделени во 12 групи по четири селекции, каде секоја селекција ќе одигра по три натпревари во групната фаза.

Првопласираните две екипи од секоја група и осумте најдобри третопласирани екипи ќе се пласираат во плеј-оф фазата.

Најголемиот дел од натпреварите ќе се одиграат во САД, каде што ќе се одржат 60 од 80-те натпревари, вклучувајќи ги сите фази од четврт-финалето па до финалето. Канада и Мексико ќе бидат домаќини на по 10 натпревари.


Вардар ги одреди цените за хуманитарниот меч со Црвена Звезда

Фудбалскиот клуб Вардар објави информации за продажбата на билети за закажаниот меч против Црвена Звезда.

Македонскиот и српскиот гигант ќе одиграат пријателски натпревар на 16 април кој ќе биде од хуманитарен карактер, а сите приходи од продажбата на билетите ќе бидат донирани за жртвите и повредените во трагедијата во Кочани.

Вардар на својот официјален веб-сајт објави информации за билетите. Ќе се продаваат два вида на влезници, односно на јужната и северната трибина билет ќе чини 200 денари, а за западната и источната по 100.

Од Вардар најавија бесплатен влез за децата од основните училишта од Кочани.


Мексико првпат ја освои Лигата на нации на КОНКАКАФ

Фудбалерите на Мексико за првпат во историјата го освоија трофејот на КОНКАКАФ Лигата на нации. Мексиканците до победа во финалето стигнаа против Панама со 2-1 пред 70.000 гледачи во Калифорнија.

Уште во осмата минута од мечот Раул Хименез донесе предност со глава. Панамците успеаја да се вратат во игра со голот на Адалберто Караскиљо од белата точка, а на сличен начин и Мексико стигна до победата.

Сите чекаа крај и продолженија, а Кордоба играше со рака. Одговорноста ја презеде Хименез и реализира за 2-1 и прв трофеј на Мексиканците. Со ова беше запрена доминацијата на САД кои ги освоија сите три турнири во Лигата на нациите од нејзиното основање.

Инаку, САД загуби во „малото финале“ од Канада со 2-1.


Велс доаѓа со 2.000 гледачи во Скопје

За мечот на Арената „Тодор Проески“, во Скопје најавено е дека ќе има околу 2.000 гостински навивачи кои ќе даваат поддршка за Велс.

За фановите од Велика Британија е стандардно да ги бодрат своите национални тимови без разлика каде играат.

Во квалификациски дуели во Скопје досега гостувале Велс, Шкотска, Република Ирска и секогаш имало гостински фанови, па така треба да биде и во вторник.


Роналдо четврти пат влезе во Гинисовата книга на рекорди

Кристијано Роналдо пред реванш мечот меѓу Португалија и Данска во четвртфиналето во Лигата на Нации прими, и официјални влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако ја прими наградата за 132 победи во репрезентативната кариера, најмногу во историјата на фудбалот.

За Роналдо ова четврта награда за влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако претходно доби за најдобар стрелец, прв играч кој постигнал 100 гола во ЛШ и за најследен Инстаграм профил.


Ламин Јамал најмлад стрелец во историјата на ЛН

Во реваншот од четвртфиналето на Лигата на нации на УЕФА, во кој се сретнаа репрезентациите на Шпанија и Холандија, крилниот напаѓач на Шпанија, Ламин Јамал постигна гол и постави историски рекорд во ова натпреварување.

Ламин Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на турнирот. Во моментот на натпреварот Шпанецот имаше 17 години и 258 дена. Претходно, рекордот му припаѓаше на сонародникот на Јамал и соиграч во Барселона, Гави. Тој постигна гол на 17 години и 304 дена.

Да потсетиме, домашната екипа победи по пенал серијата (3-3, 5-4 пен.) и се пласираше во полуфиналето на турнирот. Репрезентацијата на Шпанија е актуелен победник на Лигата на нации на УЕФА.


Србија опстана во Лига А, Турција пак ја надигра Унгарија

Србија избори опстанок во А-дивизијата, а Турција се пласира во елитната дивизија во Лигата на нации. Србија во Белград ја победи Австрија со 2-0 и со 3-1 го доби двомечот, додека Турција ја декласира Унгарија во Будимпешта со 3-0.

Србија одигра лош натпревар, Австријците доминираа на теренот се до 56.минута и катастрофалната грешка, по која Максимовиќ го постигна првиот гол. Траунер во 68.минута доби директен црвен картон и од тој момент Србите дојдоа до својот ритам.

Живковиќ ја погоди статовата, на Влаховиќ му беше поништен гол поради минимален офсајд, а во 90. минута напаѓачот на Јувентус стави тошка на натпреварот.

Куриозитет на овој дуел е што главниот судија беше заменет на полувремето. Наместо Санчез вториот дел го судеше Руиз.

Турците за две минути го решија дуеот во Будимпешта. Чалханоглу погоди од пенал во 37., а две минути подцна Гулер зголеми на 2-0. Конечните 3-0 ги постави Баркдачки во 90.минута.