Рамос пред договор со Рикелме и Гаго за трансфер во Бока
Легендарниот стопер на Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој набрзо ќе наполни 39 години, може да замине во фудбалскиот состав Бока Јуниорс.
Имено, претседателот на аргентинскиот клуб, Хуан Роман Рикелме и тренерот, Фернандо Гаго, одлично го познаваат Шпанецот и веруваат дека тој ќе биде од голема помош за претстојното Светско клупско првенство во 2025 година.
Рамос е слободен играч откако му заврши договорот со Севилја.
Баерн го пикирал Вербруген како замена за Нојер
Чуварот на мрежата на фудбалскиот состав Брајтон, Барт Вербриген, влегува во радарот на Баерн Минхен, наведуваат дел од медиумите.
Холанѓанецот треба да биде замена за ветеранот, Мануел Ноер, кој во еден период се измачуваше со повреди и сега не ги прикажува очекуваните партии.
Се претпоствува дека луѓето од – „Алијанц арена“, може да испратат понуда за Вербриген во летниот трансфер период. Тој на 14 сезонски натпревари прими 21 гол.
Гати ќе добие нов договор во Јувентус
Фудбалерот, Федерико Гати, може да ја продолжи соработката со Јувентус, наведуваат денеска медиумите во Италија.
26-годишниот централен дефанзивец се наметна како главен столб во одбраната на „бјанконерите“. Неговиот договор е валиден до 2028 година но, „старата дама“ сака да му го продолжи за уште една или две години.
Гати беше донесен во Јувентус од екипата на Фросиноне во 2022 година за 9 милиони евра. Тој има одиграно 81 натпревар и постигнато 6 голови.
Бадиашил се предомисли, сега сака да остане во Челзи
Беноа Бадиашиле кој се појави на 12 средби во тековнава сезона во дресот на Челзи, нема да биде ставен на трансфер-листата, велат последните информации од фудбалска Англија.
Французинот иако не добива голема минутажа нема да го напушти стадионот – „Стемфорд Бриџ“ . За 26-годишниот централен бек е заинтересиран составот на Олимпик Марсеј.
Фудбалерот во 2023 година го напушти Монако за речиси 40 милиони еври и го облече дресот на „сините“.
Сколс импресиониран од младиот Кенан Јилдиз
Јувентус се избори за победа во дерби соочувањето со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, средба која заврши со 2-0 со головите на Душан Влаховиќ и Вестон МекКени во второто полувреме.
Со ова „старата дама“ ја прекина серијата на нерешени натпревари или по точно еден месец се радуваше на победа, додека пак Сити продолжи да тоне и најдобар доказ за тоа е само едната остварена победа на последните десет средби во сите конкуренции.
Пресметката во Торино со внимание ја испратил и легендарниот англиски ас, Пол Сколс кој имаше една интересна реакција и тоа за играчот кој дефинитивноо го импресионирал.
„Кој по ѓаволите е овој Јилдиз“, порача Сколс алудирајќи на 19-годишниот Кенан кој беше асистент на првиот гол на „бјанконерите“.
Челзи пресилен за првакот на Казахстан, Амановиќ настапи деведесет минути
Фудбалерите на Челзи ја совладаа Астана со 1-3 во натпреварот од петтото коло на Конференциската лига.
Тренерот на „сините“ Енцо Мареска реши да ги одмори своите најголеми ѕвезди со оглед на оддалеченоста до Казахстан и за да ги има подготвени з викенд кога „сините“ ќе играат во Премиер лигата.
Марсека шанса им даде на младите сили предводени од Марк Гуиу, поддржани од малку поискусните Педро Нето, Аксел Дисаси, Тосин Адарабио, Филип Јоргенсен и Друсбери-Хол, кои беа единствените сениори во стартните 11.
Шпанецот го предводеше англискиот тим до победа постигнувајќи два погодоци во првите 20 минути, а Ренато Веига по третпат да ја погоди мрежата во 39. минута.
Голот за домашните го постигна хрватскиот фудбалер Марин Томасов непосредно пред одморот. За казахстанскиот тим цел натпревари одигра македонскиот интернационалец Алекса Амановиќ.
Челзи го забележа петтиот триумф во исто толку пет натпревари, а во следното коло го пречекува Шамрок.
Јунајтед го слави Хојлунд, Рома пресилна за Брага
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, ПАОК и Рома забележаа триумфи во натпреварите од шестото коло во Лига Европа.
Јунајтед во Пилсен ја победи Викторија со 1-2.
„Црвените ѓаволи“ не можат да фатат ритам и со новиот тренер Рубен Аморим. Сепак на крајот Португалецот ја запиша првата победа на гостински терен.
Голманот на Јунајтед, Андре Онана гим подари гол на гостите во 48.минута, пораз спречи резервистот Расмус Хојлунд со два гола.
Рома се доближи до место во Топ 8 откако полесно од прогнозите ја победи Брага со 3-0. Головите за „волчицата“ ги постигнаа Пелегрини, Абдулхамид и Марио Хермосо.
Семејството Берлускони ја продава Монца
Семејството Берлускони бара партнер или купувач за италијанскиот фудбалски клуб Монца, кој стигна во Серија „А“ за време на шест години на чело на семејството, изјави Пјер Силвио Берлускони.
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој претходно беше сопственик на Милан, ја презеде контролата врз Монца преку семејната холдинг компанија „Фининвест“ во 2018 година, кога тие играа во третото ниво на Италија во зделка, наводно, вредна само 3 милиони евра.
-Во Монца, целта е да се најде некој кој, заедно со нас или сам, ќе може да се грижи за Монца како што ние би сакале. Фудбалот е луд свет во денешно време, рече Пјер Силвио Берлускони, еден од акционерите на „Фининвест“ и член на управниот одбор на брифингот.
Гласините за можна продажба на Монца од страна на семејството Берлускони се интензивираа по смртта на поранешниот премиер во јуни 2023 година.
Предводена од поранешниот шеф на Милан, Адријано Галијани, Монца, со седиште во истоимениот град северно од Милано, освои промоција во Серија „А“ за прв пат во 2022 година. Тие се мачат оваа сезона и се на претпоследното 19. место во поредокот.
Клубот забележа загуба од 60,3 милиони евра во 2023 година, додека приходите се удвоија на 68,3 милиони евра.
Мбапе нема да игра во финалето на Интерконтиненталниот Куп
Килијан Мбапе се повреди и ќе отсуствува од терените на неодредено време, соопшти денеска шпанскиот клуб. Асот на гигантите од Мадрид се повреди на натпреварот со Атланта во Лигата на шампионите, па ја напушти играта во првото полувреме и не се врати на теренот.
Неколку дена се шпекулираше дека Французинот е повреден, а денеска стигна потврда од Реал. Иако во соопштението од Мадрид не се наведува степенот на повредата на напаѓачот, се шпекулира дека се работи за нешто полесен случај, додека шпанските медиуми наведуваат дека тој ќе биде надвор од тренинг процесот најмалку 10 дена.
Инаку, Реал без целосна помош на Мбапе ја совлада Аталанта во Бергамо со 3:2. Францускиот напаѓач сезонава одигра 22 натпревари на кои постигна 12 гола.
Тој ќе го пропушти гостувањето во Рајо Ваљекано во шпанското првенство, како и Интерконтиненталниот куп кој е закажан за следната недела.
Миле Тодоров по шест години се врати во Работнички
Работнички го обезбеди првото засилување за вториот дел на сезоната. Фудбалерот за врска, Миле Тодоров, потпиша двегодишен договор со клубот и се врати по шест години во Дебар Маало.
Станува збор за искусен фудбалер кој потекнува од тимот од Градски Парк.
По прва епизода во Работнички, тој играше во Хрватска и БиХ, а по враќањето во Македонија настапуваше за Победа, ФК Скопје и за Тиквеш.