фудбал

Диего Коста потпиша за бразилски Гремио

Иако е во поодминати фудбалски години, Диего Коста и понатаму игра на високо ниво.

Во текот на својата кариера Коста настапуваше за: Брага, Пенафиел, Селта, Албасете, Ваљадолид, Атлетико Мадрид, Рајо Ваљекано, Челзи, Атлетико Минеиро, Вулс и Ботофаго, а сега има нов клуб.

Стави потпис темпераментниот голгетер на договор со бразислкиотт Гремио. Во Гремио Коста доаѓа откако претходно помина само четири месеци во Ботофаго.

Коста во кариерата освои две титули со Атлетико, со Челзи две во Премиер лигата, меѓутоа никогаш не успеа да ја освои Лигата на шампионите.


Саутгејт добива нов договор со Англиската федерација

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, најверојатно ќе го продолжи договорот со ФА кој му истекува во декември во 2024 година, велат денешните информации од „колевката на фудбалот“.

Тие наведуваат дека 53-годишниот стратег кој го презеде кормилото во 2016 година, ќе остане на чело кај „Гордиот Албион“  најмалку до 2026 година. Саутгејд ќе ги води Англичаните на претстојното Европско првенство во Германија. Таму во првата групна фаза ќе го очекуваат пресметките селекциите на Словенија, Данска и Србија.

Англија и беше противник на Македонија во квалификациите за ЕП. Првиот меч го загубивме со 7-0 а во вториот во Скопје одигравме 1-1.


Наполи се вклучува во трката по Џошуа Зиркзе

BOLOGNA, ITALY – SEPTEMBER 02: Joshua Zirkzee of Bologna FC looks on during the Serie A TIM match between Bologna FC and Cagliari Calcio at Stadio Renato Dall’Ara on September 02, 2023 in Bologna, Italy. (Photo by Alessandro Sabattini/Getty Images)

Наполи покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиумите на Апенините.

22-годишиот Зиркезе поникна во академијата на Баерн Минхен, но бидејќи не можеше да се избори за место во тимот беше испраќан на позајмици.

Зиркзе блеска оваа сезона во Серија А и на 21 меча постигна 8 гола и 4 асистенции, па е главна трансфер цел на Милан.

Наполи сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со агентот на Холанѓанецот, па е спремен да ја понуди 45 милиони евра за неговиот потпис.


Сопствениците на Њукасл ја купуаат Рома

Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија сака да го купи и италијанскиот гигант Рома, откриваат италијанските медиуми.

Според италијанскиот весник „Либеро“, арапскиот инвестициски фонд бил спремен да инвестира скоро 1 милијарда евра за римскиот клуб.

Рома во момонтов има американски сопственици, но понудата од 900 милиони евра може да го натера да го продадат клубот.

ПИФ сака после Њукасл да има и клуб од Серија А, па веќе преговараат со соптвениците на Рома.


Ндиди од Лестер бесплатно се сели во Барселона

Барселона е заинтересирана за дефанзивниот играч за врска на Лестер, Вилфред Ндиди, пренесуваат медиумите на Островот.

На Барселона и е потребен еден играч од средниот ред со дефанзивни карактеристики, но клубот нема голем буџет на располагање.

Ндини игра одлична сезона со Лестер во Чемпионшип, а договорот со Лестер му истекува на крајот на сезоната и ќе замине како слободен агент.


Де Јонг размислува за заминување, Барса мора да продава

BARCELONA, SPAIN – MARCH 19: Frenkie de Jong of FC Barcelona looks on during the LaLiga Santander match between FC Barcelona and Real Madrid CF at Spotify Camp Nou on March 19, 2023 in Barcelona, Spain. (Photo by Alex Caparros/Getty Images)

Во Барселона неодамна силно одекна веста дека Чави Ернандез си заминува на крајот од сезоната, меѓутоа тој веројатно нема да биде единствениот кој ќе ги напушти редовите на каталонскиот гигант.

Од претходно се најавува дека клубот ќе го напуштат Рафиња, Торес, Араухо и Кристенсен, меѓутоа ново име на оваа листа е Френки Де Јонг. Наводно Холанѓанецот изразил желба да ја напушти Барселона.

Од друга страна извори блиски до Барселона наводо тврдат дека Барселона и би можела да му дозволи да замине доколку за него пристигне адекватна понуда.

Во договорот на Де Јонг има откупна клазула во износ од 400 милиони евра и јасно е дека тоа е премногу, сумата која се споменува е околу 100 милиони евра.

Интерес за Де Јонг претходно покажал тимот на Манчестер Јунајтед.


ПСЖ му нуди нов побогат договор на Мбапе

Сагата околу иднината на Килијан Мбапе никако да престане бидејќи ПСЖ не се откажува од намерата да го задржи во своите редови.

Медиумите изминатите денови со голема сигурност објавија дека Мбапе на лето како слободен агент ќе се пресели во Реал Мадрид, па дури открија и детали од договорот.

Меѓутоа, ПСЖ не се откажува и според последните информации спремил последна понуда и се надеваат дека ќе успеат да го убедат да се предомисли и да остане.

„Паризиен“ објави дека управата на клубот му понудила на Мбапе нов двегодишен договор според кој би заработил 160 милиони евра и сега се чека одговор на Французинот.


Фратези се повреди, ќе пропушти два натпревари во Серија А

Фудбалерот на Интер, Давиде Фратези, има повреда на мускулот и веројатно ќе ги пропушти наредните два меча во Серија А.

Тој нема да биде достапен за саботното дерби со Рома на Олимпико како и за мечот со Салернитана на 16 февруари во Милано. Фратези во сезонава одигра 19 натпревари и постигна два гола.

Фратези би можел да се врати во тимот на 20 февруари кога Интер ќе го пречека Атлетико Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.


Тони Крос е идеалното засилување за Јуве ова лето

Toни Крос се приближува кон крајот на својот договор со Реал Мадрид, Германецот влезе во последните шест месеци и прашаање е дали ќе остане во овој клуб и наредната сезона.

Реал Мадрид се уште не донел одлука за Крос кој веќе има 34 години. Јасно е дека најдобриот фудбал во кариерата е зад Крос, но далеку од тоа дека тој не е способен да одигра уште некоја сезона на високо ниво.

По последните информации интерес за Крос, покажал Јувентус. Во минатото „старата дама“ знаеше да „погоди“ со доведувањето на бесплатни засилувања, меѓутоа тоа беше најмногу благодарение на Бепе Марота кој денес работи одлично во Интер.

Крос сезонава одигра 30 натпревари за Реал Мадрид, а во нив постигна еден гол и подели седум асистенции. „Газета дело Спорт“ додава дека во овој момент се работи само за интерес од Јувентус и немало некои посериозни контакти.


Даглас Луиз од Астон Вила магнет за европските гиганти

Европските гиганти покажуваат силен интерес за играчот на Астон Вила и бразилскиот репрезентативец, Даглас Луиз.

Даглас Луиз е еден од најдобрите поединци во Астон Вила, неодамна го продолжи договорот, но е спремен да ја промени средината.

Тој игра фантастична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата.

Неколку европски гиганти го сакаат Бразилецот, но главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Арсенал и Манчестер Јунајтед.