фудбал

Коби Мејно сигурно заминува од Манчестер Јунајтед зимава

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Коби Мајно, е трансферна желба на Вест Хем и на Евертон кои сакаат да го ангажираат на позајмица до крајот на сезоната.

20-годишникот во сезонава одигра само 11 натпревари во Премиер лигата и тоа на сите влезе од клупата.

„Карамелите“ и „Чеканите“ се подготвени да го привлечат Мајно кој исто така сака да си замине бидејќи ја нема посакуваната минутажа.


„Финалисима“ има термин и домаќин: Аргентина – Шпанија на 27 март во Доха

Шпанија и Аргентина, како актуелни шампиони на Европа и Јужна Америка, ќе се соочат на 27 март идната година во Катар во второто издание на „Финалисима“, објави денеска Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Во 2021 година, УЕФА и Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) одлучија да го обноват соочувањето меѓу шампионите на двата континента, а една година подоцна се одржа првата „Финалисима“ на Вембли во Лондон, во која Аргентина ја победи Италија со 3-0.

Второто издание ќе се игра на стадионот Лусаил, на 20 километри од Доха, кој беше домаќин на финалето на Светското првенство во 2022 година во кое Аргентина ја освои својата трета светска титула, совладувајќи ја Франција со 4-2 на пенали (по продолженијата беше 3-3).

Дуелот во Доха ќе биде 15 меѓусебен дуел на Аргентина и Шпанија, а двете репрезентации досега имаат по шест победи. Последен пат се соочија во март 2018 година во пријателски натпревар во Мадрид, кога Шпанија победи со 6-1.


Шкендија и со пораз се пласира во плеј-офот на Конференциската лига

Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1-0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.

Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.

Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.

Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4-5.

Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.


Луис Енрике: Првпат гледам голман да одбрани четири пенали

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, го пофали настапот на рускиот голман Матвеј Сафонов по победата над Фламенго синоќа во финалето на Интерконтиненталниот куп.

По основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1-1. Во пенал серијата европскиот шампион беше поуспешен со 2-1, благодарение на Сафонов кој одбрани четири удари од 11 метри.

„Ова е прв пат да видам голман да одбрани четири пенали по ред. ние сме среќни што продолжуваме да освојуваме трофеи. ПСЖ ја заслужи оваа победа. Сега е време да го прославиме овој трофеј, да им честитаме на сите – на оние што играа и на оние што не – и да се радуваме за нашите навивачи. Сакаме да продолжиме да создаваме историја. Сега само треба да уживаме во овој момент“, изјави Енрике за „Canal Supporters“.

Сафонов одбрани четири последователни пенали и беше прогласен за играч на натпреварот. Рускиот голман го освои својот шести трофеј со парискиот клуб.


Икарди потврди дека заминува од Галатасарај

Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди, би можел да ја продолжи кариерата во Италија или Шпанија, објавија италијанските медиуми, додавајќи дека неговиот менаџер е во контакт со Милан, Комо и Рома.

Икарди, во Галатасарај пристигна пред четири години, досега постигна 69 гола и додаде 22 асистенции.

Со доаѓањето на Виктор Осимен, а потоа и на крилниот напаѓач Лерој Сане, целосно се смени статусот на Икарди.

Иако постигна осум гола на 21 натпревар оваа сезона, тој беше во почетниот состав само шест пати. Бидејќи неговиот договор со Галатасарај истекува на крајот од оваа сезона, можно е тој да се пресели во нов клуб веќе во зимскиот преоден рок.

Италијанските медиуми објавуваат дека покрај италијанските, интерес за Аргентинецот покажале шпанските клубови Елче и Овиедо.

За време на неговата кариера, Икарди играше и за Сампдорија, Интер и ПСЖ. Најдлабока трага остави во Интер, за кој постигна 124 гола на 219 натпревари.


Датумот на Финалисима потврден: Меси против Јамал — предавањето на круната

Messi and Yamal

ФИФА откри една од најочекуваните судирни средби во меѓународниот фудбал за 2026 година: „La Finalissima“ меѓу актуелните светски прваци Аргентина и шампионот на Европа, Шпанија. Средбата ќе се игра на 27 март 2026 година на стадионот Лусаил во Доха, Катар, со почеток од 21:00 часот локално време.

„La Finalissima“ не е само обичен натпревар, туку судир на стилови: јужнокамериканска елеганција против европска фудбалска решителност. Навивачите од целиот свет ќе го следат со внимание, а билетите се очекува брзо да се распродадат.

Во центарот на вниманието се два играчи: Лионел Меси, вечниот маестро на Аргентина, и тинејџерската сензација на Шпанија, Ламин Јамал. На 38 години (39 до денот на натпреварот), Меси ќе одигра едно од неговите последни интернационални шоу. Јамал, 18-годишниот талент на Барселона, кој продолжува да блеска за клуб и држава, ја претставува новата генерација со својот дриблинг и брзина.

Овој дуел не е само ретроспектива, тоа е симболичен пренос на круната од една легенда кон иднината. Меси со своите визионерски додавања ќе го тестира притисокот на Шпанија, додека Јамал со брзите контри ќе ја предизвика одбраната на Аргентина.

Стадионот Лусаил, со капацитет од 80.000 гледачи, ќе создаде неизбежна атмосфера под ноќното небо на Доха. Овој дуел изгледа како вистински фудбалски театар кој може да ги обликува ривалствата за години напред.


Њукасл – Сити во полуфиналето на Карабао Купот

Извлечена е ждрепката за полуфиналето на Англискиот Лига Куп за сезоната 2025/2026.

Полуфинални натпревари од Англискиот Лига Куп:

Челзи – Арсенал/Кристал Палас;
Њукасл Јунајтед – Манчестер Сити.

Првите полуфинални натпревари ќе се играат на 12 јануари, а реваншите на 2 февруари.


Нови проблеми за Алегри, се повреди Сантијаго Хименез

Напаѓачот на Милан, Сантијаго Хименез, ќе биде подложен на операција поради проблеми со глуждот. Процедурата ќе се одржи дененска, објави „Газета дело Спорт“.

Бидејќи лигаментите и ‘рскавицата се недопрени, Милан се надева дека играчот ќе може да се врати на теренот за приближно шест недели. Максималното време за закрепнување се проценува на два месеци.

Во тековната сезона во Серија А, мексиканскиот фудбалер одигра 9 натпревари и се уште нема постигнато гол.


Христов: Психолошкиот момент беше клучен, напролет очекувам уште подобри резултати

Екипата на Тиквеш на крајот од првиот дел на сезоната може да се окарактеризира како позитивна. Со оглед на тоа како почна прволигашот од Кавадарци, резултатите на крајот може да добијат позитивна оценка.

Со смената на тренерското место на кое по заминувањето на Ѓорѓи Мојсов пристигна Борче Христов, работите тргнаа во позитивна насока.

Осмото место и осумнаесетте бода на контото ветуваат добра стартна позиција за напролет, барем што се однесува до опстанокот. Иако истиот мора да се заработи ан терен.

„Реално кога пристигнав во Кавадарци, екипата беше во резултатска и играчка криза. Тој шокантен пораз од Арсими кој се случи непосредно пред моето пристигнување имаше оставено сериозен психолошки траг. Далеку од тоа дека екипата е на квалитативно ниво на кое што јас ја затекнав во моментот кога пристигнав. Овој тим има голем потенцијал, квалитет. Единствено на што мораше, и требаше да се поработи на психолошки момент. Да се врати тимот мотивациски што се вели. Се останато беше на сосема завидно ниво. Физички, тактички, екипата беше и повеќе од задоволително подготвена. Тој кризен период со тренинзи, разговори и нормално мечеви, го надминавме. Имаме пред нас уште доста но задоволен сум од она што досега го направивме”, истакна шефот на стручниот штаб, Христов.

Во продолжението од првенство, Тиквеш очекува неизвесна битка за опстанок во елитата.

“Што се однесува до остатокот од сезоната, очекувам уште повисоко ниво на игри и резултати. Со самиот факт што нема премногу да менуваме во тимот, значи дека со селекцијата сум задоволен. Следува период на подготовки и на дополнителна санација на аномалиите и недостатоците. Тиквеш ќе биде сосема во ред“, рече стратегот на кавадарчани.


Шкемби: Струга Трим Лум имаше речиси перфектен прв дел од сезоната

Со 13 победи во 16 натпревари, фудбалерите на Струга Трим Лум имаа речиси совршена есен. На табелата се веднаш зад лидерот Вардар, со само бод заостанување, и сигурно дека напролет ќе ја продолжат трката за шампионската титула.

Тренерот Бледи Шкемби е задоволен од постигнатото и изразува благодарност до сите кои го поддржувале тимот во овој период.

Шкемби несомнено е еден од најуспешните тренери што ја воделе Струга Трим Лум, а со резултатите постигнати како дебитант, тој е и рекордно успешен на клупата на клубот. Меѓутоа, покрај овие достигнувања, тренерот останува скромен и успехот го припишува на фудбалерите и на управата која постојано го поддржувала.

„Најпрво, целта ни беше да создадеме силен и сплотен тим, бидејќи од минатата сезона имаше многу промени. За среќа, успеавме да формираме тим кој од тренинг во тренинг се подобруваше, а самодовербата растеше од натпревар во натпревар. Не случајно сме на второто место“, вели тренерот на Струга Трим Лум.

Шкемби нагласи дека најзаслужни за досегашниот успех се играчите и управата, кои го поддржувале во секој момент.

„Не го гледам ова како личен успех. Најпрво, голема благодарност до играчите, тие се професионалци во секој момент. Благодарност и до клубот за коректноста и спокојот што ни го обезбеди. Тие заедно ми го олеснија дебито во Првата лига на Македонија. Со бодовите сум многу задоволен, мислам дека направивме сè што можевме. Тимот не згреши во ниту еден момент од сезоната“, анализира Бледи Шкемби.

Тој исто така се осврна и на борбата за титулата која ќе следи напролет.

„Мислам дека за шампионската титула ќе се борат првите четири екипи, бидејќи до крајот има уште многу натпревари. Ќе се подготвиме добро за вториот дел од првенството.“