фудбал

Пиоли верува дека Милан може да ја одбрани титулата

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли се уште верува дека тимот може
да ја одбрани титулата во Серија А и покрај тоа што има осум бода
помалку од водечкиот Наполи. „Росонерите“минатата сезона го
осбоија Скудетото за првпат од сезоната 2010/11 година.
„Мора да продолжиме да веруваме дека можеме да станеме шампиони
оваа сезона, тоа е вистинскиот пат. Ако Наполи продолжи во исто
темпо, тогаш може да стигне и до 100 бода и секако тогаш ќе им
честитаме, но мора да размислуваме за освојување многу бодови во
продолжението на сезоната. Минатата година ни требаа 86 за титула,
можеби ќе треба повеќе оваа година. Имаме уште 69 бода на
располагање. Тоа се многу шанси, но мора сериозно да почнеме да
притискаме на педалата за гас и секако мораме да веруваме во тоа“,
вели Пиоли.


Дејли Блинд го раскина договорот со Ајакс

Репрезентативецот на Холандија и фудбалер на Ајакс, Дејли Блинд, го раскина договорот со
клубот од Амстердам. Блинд имаше договор со Ајакс до крајот на сезоната.
Спортскиот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар, соопшти дека во последните неколку денови е
постигната заедничка согласност за раскин на договорот до Блинд. Од Ајакс се надеваат дека
фудбалерот ќе пронајде нов клуб во кој успешно ќе ја заврши играчката кариера.
32-годишниот Дејли Блинд е член на Ајакс од 8 годишна возраст. Четири години настапуваше за
Манчестер Јунајтед, но во 2018. година повторно се врати во Ајакс со кој има освоено 11 трофеи.


Арсенал испрати понуда за Украинецот Мудрик

Англискиот фудбалски клуб Арсенал е сериозно заинтересиран за доведување на крилниот
напаѓач од Шахтјор, Михаило Мудрик.
Лондончани веќе ја испратија и првата официјална понуда во обид за ангажман на младата
украинска звезда. Според информациите од медиумите понудата на Арсенал е во висина од 45
милиони евра плус дополнителни бонуси од 25 милиони евра.
Челниците на украинскиот клуб Шахтјор каде настапува 21-годишниот Мудрик, наводно не биле
задоволни од понудата и бараат зголемување на истата за 30 милиони евра.
По се изгледа дека на крајот двете страни ќе дојдат до прифатливо решение и се очекува Мудрик
да го облече дресот на Арсенал и да настапува во Премиер лигата.


Белингем спремен да го одбие Ливерпул за да премине во Реал Мадрид

Џуд Белингам е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот и
на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.

Неколку европски гиганти се силно заинтересирани за неговиот
потпис, а Борусија за неговата слобода ќе бара најмалку 100 милиони
евра. Шпанска „Марка“ пренесува дека Реал е во пол-позиција за
неговиот потпис, па поради тоа Ливерпул се откажал од
Англичанецот и се насочил кон Енцо Фернандез од Бенфика.
Белингам сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид и веќе го
известил својот агент за одлуката. „Кралевит“ спремаат договор на 5
години и плата од 12 милиони евра по сезона.


Крос одлучил да ја заврши професионалната кариера

MADRID, SPAIN – OCTOBER 30: Toni Kroos of Real Madrid looks on during the LaLiga Santander match between Real Madrid CF and Girona FC at Estadio Santiago Bernabeu on October 30, 2022 in Madrid, Spain. (Photo by Angel Martinez/Getty Images)

Како што пренесуваат шпанските медиуми на крајот на сезоната Лука
Модриќ и Тони Крос ќе го напуштат Реал Мадрид.
Тоа ќе значи и крај на една ера, бидејќи Модриќ и Крос заедно со
Каземиро го сочинуваа „јадрото“ на Реал долги години и беа
најзаслужни за големите успеси. Договорите на двајцата ветерани
истекуваат на крајот на сезоната, а Реал Мадрид веќе размислува за
нивни замени.
Реал сака да го продолжи договорот со Крос и веќе испратил понуда
до неговиот агент, но Германецот сериозно размислува за крај на
кариерата.
„АС“ пренесува дека Крос наскоро ќе донесе конечна одлука, но тоа
најверојатно ќе биде повлекување од фудбалот.


Нигериецот Осимен фаворит за напаѓачката улога во Манчестер Јунајтед

Првите луѓе на Манчестер Јунајтед планираат да испрата понуда за
фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен.
23-годишниот напаѓач во тековнава сезона одигра 14 мечеви со ефект
од 10 голови и три асистенции. Неговата вредност е околу 70 милиони евра.
Нигерискиот голгетер се претвори во значајна фигура во тимот кој се
бори за шампионската титула во Серија „А“. Наполи по 15 кола е
лидер на табелата со 41 бод пред Милан кој има 33.


Барса се вклучи во трката за Адриен Рабио

Барселона се вклучи во трката за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио, пренесуваат италијанските медиуми.

Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент. Челзи, Тотенхем и Ливерпул покажуваат силен интерес за Французинот, а сега и Барселона се вклучи во трката.

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска, бидејќи Кеси се покажа како промашување, а Де Јонг може да си замине на лето.

Поради тоа Каталонците наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Рабио, особено поради фактот што можат да го доведат без обештетување.

Чави останал импресиониран од настапите на Французинот на Мундијалот и го сака во својот тим.


Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го доведе Осимен од Наполи

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед ќе ги насочи своите капацитети во обид да го доведе во своите редови напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

23-годишниот Нигериец се планира да биде главен напаѓач во тимот, и замена за Кристијано Роналдо кој го напушти клубот од „Олд Трафорд“ пред почетокот на Мундијалот во Катар.

Осимен го носи дресот на Наполи од 2020.година, и според информациите тој не изразува желба да го напушти клубот во скоро време. Според порталот Трансфермаркт, вредноста на Осимен на фудбалскиот пазар изнесува околу 70 милиони евра.


Белгиецот Тилеманс пред потпис со Арсенал

Приоритет на Арсенал во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за врска, а најголема желба на Артета е Јури Тилеманс.

25-годишниот Белгиец влезе во последната година од договорот и одбива да ја продолжи соработката со Лестер бидејќи сака промена на средината. Токму тоа може да биде причината Лестер да ја прифати понудата на Арсенал бидејќи во спротивно ќе го загуби играчот без обештетување.


Де Брујне: Халанд е опседнат со постигнување голови

Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, изјави дека неговиот соиграч Ерлинг Халанд може да стигне до бројка од 800 голови во својата кариера.

22-годишниот Халанд, кој во Манчестер Сити стигна на почетокот од сезоната, досега одигра 19 натпревари, а постигна 24 гола за тимот. Норвешкиот напаѓач во својата кариера досега постигнал 179 гола.

„Ерлинг е опседнат со постигнување голови. Тој веќе има околу 200, и мислам дека може да стигне до бројката од 700 или 800 гола, доколку остане во форма и работи правилно. Халанд е голгетер од врвна класа. Тој не се разликува од останатите луѓе, фудбалер е како и сите други, но ништо не сфаќа премногу озбилно. Јасно е само дека тој обожава да постигнува голови и тоа е нешто што го издвојува од останатите.