фудбал

Арсенал нуди 50 милиони евра за бисерот на Болоња

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиумите на Апенините.

22-годишиот Зиркзе поникна во академијата на Баерн Минхен, но бидејќи не можеше да се избори за место во тимот беше испраќан на позајмици. Зиркзе блеска оваа сезона во Болоња и беше избран за откритие на сезоната во Серија А, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Арсенал сака да ја победи конкуренцијата бидејќи Зиркзе е голема желба на Артета и спреми понуда од 50 милиони евра.


Бензема: Сите пишувања за мене се лага!

Со денови се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата легендарниот Карим Бензема. Медиумите го преселија во Челзи, Арсенал, Лион, вчера се појави информација дека и Манчестер Јунајтед го сака…

За сето ова време Французинот кој има астрономски договор со Ал Итихад не се огласи, а синоќа реши да стави крај на сите овие гласини и јасно стави до знаење дека нема намера да ја напушти Саудиска Арабија, иако тренерот Марсело Гаљардо не го однесе на мини – подготовките за Дубаи.

„Чиста лага! Француските медиуми веќе не знаат што да измислат. Колку е поголема лагата, толку подобро“, одговори синоќа Бензема на прашањето дали ќе го напушти Ал Итихад.

Францускиот напаѓач минатата година по 14 сезони го напушти Реал Мадрид и се пресели во Ал Итихад, каде не пружа игри на кои се навикнати љубителите на фудбалот.


Ливерпул и Челзи петти пат во финалето на Лига Купот во последните дваесет години

Ливерпул и Челзи петти пат во финалето на Лига Купот во последните дваесет години

Ливерпул и Челзи по петти пат во последните 20 години ќе се сретнат во финалето на домашeн куп. „Сините и црвените“ ќе играат во одлучувачкиот натпревар за Купот на ЕФЛ (Карабао куп) на стадионот „Вембли“ на 25 февруари.

Да потсетиме, синоќа Ливерпул одигра нерешено на реваншот од 1/2 финалето на Лига купот против Фулам и обезбеди пласман во финалето. Челзи претходно го победи Мидлсброу со 6-1 во реваншот полуфинале и исто така го резервира своето патување на Вембли.

Ливерпул и Челзи претходно играа меѓусебно во финалињата на домашните купови во сезоните 2004/2005 (ФА Куп), 2011/2012 (ФА Куп), 2021/2022 (Англиски Лига Куп) и 2021/2022 (ФА Куп). Ливерпул досега го освоија Лига купот девет пати, што е рекорд на турнирите.


Димитриевски добива нов договор во Рајо Ваљекано

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред потпишување на нов договор со Рајо Валјекано.

Актуелниот договор на чуварот на мрежата истекува на крајот на оваа сезона, а Столе Димитриевски секако напомена дека прво ќе разговара со сегашниот клуб за продолжување на соработката.

„Ел Чирингито“ тврди дека Столе Димитриевски многу брзо ќе стави потпис на нов договор, а ќе добие зголемување на годишната плата.


Осимен најави трансфер во Англија ова лето

Виктор Осимен готово сигурно налето ќе се пресели во Премиер лигата.

Осимен неодамна стави потпис на нов договор со Наполи, но во него има откупна клаузула.

После лошата сезона на Наполи, Осимен јавно потврди дека е спремен да следен чекор во кариерата и дека има донесено одлука.

„Веќе ја донесов мојата одлука за следниот чекор што треба да го направам на крајот од сезоната. Веќе имам се јасно во мојот ум, веќе го имам мојот план. Знам што сакам да правам, следниот избор што сакам да го направам е веќе донесен. Премиер лигата е една од најголемите лиги во светот. Сакам да ја завршам сезоната со Наполи најдобро што можам и тогаш ќе дојде конечниот избор“, изјави Осимен.


Милан спремен да го откупи договорот на Лука Јовиќ

Лука Јовиќ ова лето пристигна во Милан на позајмица од Фиорентина, но „росонерите“ имаат опција да го задржат на крајот на сезоната.

Јовиќ лошо ја отвори сезоната, но како што одминуваше сезоната Србинот игра се подобро и моментално е во одлична форма.

Милан има опција во договорот да го задржи на крајот на сезоната без обештетување, бидејќи Јовиќ во Фиорентина пристигна како отстапен од Реал Мадрид.

Раководството на Милан е задоволно од неговиот учиник во тимот и е спремно да му понуди 3-годишен договор, па двете страни се блиску до договор.

Милан на лето сака да доведе врвен голгетер, а Јовиќ ќе остане како втора опција во нападот.


Жоелингтон успешно опериран, се враќа на терените по четири месеци

Њукасл објави дека фудбалерот,  Жоелинтон, имал операција  на препоните. Бразилецот се повреди на натпреварот од ФА Купот против Сандерленд одигран на 6 јануари.

Хируршката интервенција беше успешна и фудбалерот ќе започне со процесот на опоравување. Се очекува тој да биде подготвен за настап во почетокот на мај. Одличниот играч за врска пристигна во Њукасл во 2019 година.

Тој има 23 настапи со 3 гола и исто толку асистенции. Договорот на Бразилецот со клубот од „Сент Џејмс Парк“ е до 2025 година.


Видал се врати дома, потпиша за Коло Коло

Артуро Видал пронајде нов клуб и тоа во неговата татковина Чиле.

36-годишниот Чилеанец кој во Европа беше дел од гиганти како: Јувентус, Баерн, Барселоан и Интер минатата сезона го носеше дресот на Атлетико Параненсе во Бразил.

Видал сега се враќа во татковината и ќе го носи дресот на Коло-Коло каде што ќе настапува со бројот 23 на грбот. Во својата кариера Видал успеа да освои и две титули на Копа Америка со Чиле.


Барса одлучи да го откупи договорот на Жоао Кансело

Барселона донесе одлука на крајот на сезоната да го откупи договорот на Жоао Кансело, пренесуваат шпанските медиуми.

Кансело во летниот преоден рок пристигна во Барселона на позајмица, а клубот е задоволен од она што досега го прикажа. Манчестер Сити за услугите на Кансело бара оштета од 25 милони евра.

Барселона донела конечна одлука и е спремна да плати 25 милиони евра за откуп на договорот.


Барса одлучи да го откупи договорот на Кансело

Барселона донесе одлука на крајот на сезоната да го откупи договорот на Жоао Кансело, пренесуваат шпанските медиуми.

Кансело во летниот преоден рок пристигна во Барселона на позајмица, а клубот е задоволен од она што досега го прикажа. Манчестер Сити за услугите на Кансело бара оштета од 25 милони евра.

Кансело ги оправда очекувањата на Чави и игра одлично на „Камп Ноу“, па приоритет ќе биде негово останувањ во тимот.

Барселона донела конечна одлука и е спремна да плати 25 милиони евра за откуп на договорот.